Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите на важноста од редовно ажурирање на личните податоци во банката, со цел непречено користење на банкарските производи и услуги. Од Банката посочуваат дека секоја промена на телефонскиот број, електронската пошта, адресата на живеење или личната карта треба навремено да биде пријавена. „Променет телефонски број или е-mail можеби изгледа како мала работа, но токму тие податоци се важни за да ги ...

Халкбанк АД Скопје информира дека во рамки на понудата „Cashless Bitola“, бизнисите покрај Halk Mobi POS без надомест, добиваат и Visa Business Debit Card без годишна членарина во првите 12 месеци од нејзиното издавање. Од банката ги повикуваат заинтересираните бизниси да се пријават во филијалата на Халкбанк во Битола и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата. Понудата е достапна до пополнување на предвидените места. Халкбанк ...

Nvidia поседува речиси 123 милиони акции во SpaceX, удел чија моментална вредност се проценува на околу 17 милијарди долари, покажуваат податоците од регулаторната пријава на компанијата до американската Комисија за хартии од вредност и берзи. На крајот на јуни, акциите што ги поседувала Nvidia биле проценети на речиси 21 милијарда долари, но нивната вредност се намалила по падот на цената на акциите на SpaceX по излегувањето на компанијата ...

Цената на златото го продолжи растот во последното тргување, поддржана од стабилното задржување над нивото од 4.380 долари, кое обезбеди дополнителен позитивен импулс за благородниот метал. Според анализата на Economies.com, краткорочниот тренд и натаму е нагорен, а цената се движи долж линија на раст која го поддржува понатамошното поскапување. Дополнителна поддршка доаѓа и од 50-периодниот експоненцијален подвижен просек, ЕМА50, кој ...

Goldman Sachs ја зголеми 12-месечната цел за европскиот берзански индекс STOXX 600 од 660 на 695 поени, што е околу шест проценти над неговото последно ниво на затворање. Истовремено, американската инвестициска банка ја зголеми прогнозата за растот на добивката на европските компании во 2026 година од 10 на 15 проценти. Аналитичарите на Goldman Sachs ја опишуваат Европа како „скриен победник“ на пазарите, пред сè благодарение на силните ...

Растот на цените на нафтата повторно внесе нервоза на глобалните финансиски пазари, при што акциите се под притисок, а приносите на државните обврзници растат поради обновените стравувања од инфлација. Цената на нафтата „брент“ повторно се искачи над 90 долари за барел, откако тензиите меѓу САД и Иран повторно се засилија. Поради тоа, берзите во азиско-пацифичкиот регион се движеа во негативна територија, додека фјучерсите на американските и ...

Инфлацијата во Македонија во јули се намали на 2,3%, што претставува значително забавување во однос на претходните месеци – во јуни изнесуваше 3,4%, а во април високи 5,7%. Сепак, пониската инфлација не значи дека производите поевтинеле. Таа покажува дека цените сега растат со побавно темпо, додека поскапувањата од претходните години и натаму се вградени во цените на храната, домувањето и останатите основни трошоци. Според Државниот завод за ...

Подемот на вештачката интелигенција предизвика силен раст на технолошкиот сектор и ги крена берзанските вреднувања на нивоа што потсетуваат на периодот на „dot-com“ балонот, а економисти предупредуваат дека евентуален пад на американските технолошки акции би можел сериозно да се одрази и врз еврозоната. Во анализа објавена на блогот на Европската централна банка се наведува дека вреднувањата на американскиот пазар на акции, мерени преку ...

Од 18 август 2026 година ќе важат новите цени на нафтените деривати во земјава, според објавениот ценовник. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 91,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 93,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98 денари за литар. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 98,5 денари за литар. Новата цена на мазутот М-1 HC ќе изнесува 43,726 денари за килограм. ...

Биткоинот се тргува околу 63.500 долари и на прв поглед пазарот изгледа мирно, но податоците за приливите покажуваат дека интересот на институционалните инвеститори повторно се засилува. Американските спот биткоин ЕТФ-фондови привлекле повеќе од 14.000 биткоини во период од пет дена до 7 август, што е најсилниот прилив од мај, изјави Јусуф Фахро, партнер во ARP Digital, во анализа за CoinDesk. Според него, во третиот квартал досега се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини до 100 отсто за увоз на дронови и делови за дронови, со цел да се поттикне домашното производство во сектор кој има сè поголемо значење во современото војување. Производителите од Европската Унија ја избегнаа највисоката царинска стапка и за нив ќе важи царина од 15 отсто. За компаниите од Обединетото Кралство стапката ќе изнесува 10 отсто. Вашингтон ја образложува одлуката со потребата од ...

Тргувањето на Македонската берза значително ослабе во периодот од 10 до 14 август, при што вкупниот промет на официјалниот пазар изнесуваше 40,5 милиони денари, односно околу 658 илјади евра. Во споредба со претходната недела, прометот е намален за 53,78 отсто. Во текот на неделата биле реализирани 214 трансакции, преку кои се истргувале 3.819 акции и 1.843 обврзници. Најголем промет оствариле акциите на Комерцијална банка Скопје, со 13,5 ...

Највисоките животни трошоци не значат автоматски и најдобар квалитет на живот. Податоците на Numbeo за 2026 година покажуваат значителни разлики меѓу светските метрополи, при што дел од европските градови успеваат да понудат висок животен стандард по пониска цена од најголемите глобални финансиски центри. Меѓу градовите што се издвојуваат со поволен однос меѓу трошоците и квалитетот на живот е Прага. Чешката престолнина има релативно висок ...

Цената на златото ја започна неделата со нов раст, откако во текот на последното тргување го проби клучното ниво на отпор од 4.380 долари. Според анализата на Economies.com, растот е поддржан од тоа што цената продолжува да се движи над 50-периодниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), кој обезбедува позитивен моментум. Златото претходно најде поддршка токму околу ова ниво, по што започна посилен нагорен бран. Краткорочниот тренд и ...

Американските стратешки резерви на нафта паднаа под 300 милиони барели, првпат откако беа наполнети во раните 1980-ти години, а експерти предупредуваат дека натамошното празнење може да ја загрози инфраструктурата во која се складира суровата нафта. Според податоците на американското Министерство за енергетика, резервите се намалуваат поради ослободувањето на 172 милиони барели како одговор на нарушувањата во снабдувањето предизвикани од ...

Американските берзански индекси ја започнуваат новата недела без јасен правец, откако индексот S&P 500 минатата недела забележа трет последователен неделен раст и повторно достигна рекордни нивоа. Фјучерсите на Dow Jones Industrial Average во понеделникот наутро паднаа за 59 поени, односно 0,11 отсто, додека оние на S&P 500 пораснаа за 0,1 отсто. Технолошкиот Nasdaq 100 бележеше нешто посилен раст од 0,35 отсто. Мешано расположение ...

Европа се соочува со сè поголеми економски последици од екстремните горештини, кои веќе влијаат врз енергетиката, земјоделството, транспортот и туризмот. Според проценка на холандската банка „Triodos“, жешкото лето годинава би можело да ја чини европската економија околу 180 милијарди евра, или приближно еден отсто од БДП. Најголемиот удар се очекува преку намалената продуктивност на трудот, но проблемите се чувствуваат и во производството на ...

АД ЕСМ ја ангажираше кинеската компанија POWERCHINA Jiangxi Electric Power Construction за изградба и управување со нови соларни фотоволтаични капацитети со вкупна моќност од 30 мегавати во Северна Македонија, објави Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Според известувањата на ЕБОР, ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година. Првиот договор, ...

Европската унија сè поинтензивно работи на намалување на зависноста од странски платежни системи како Visa и Mastercard, а паралелно со развојот на дигиталното евро се поврзуваат и приватни европски системи за плаќање. Според податоците на Европската централна банка, Visa и Mastercard учествуваат со околу 61 отсто во картичните плаќања во еврозоната и во речиси сите прекугранични трансакции. Загриженоста во Брисел е дека големата зависност од ...

Албанија има најсилна сајбер-заштита во светот, покажуваат податоците од Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI), кој ја оценува подготвеноста на државите да спречат и да одговорат на сајбер-напади. На ранг-листата што ја изработува естонската Академија за е-управа се опфатени 155 држави и територии, а Албанија го освои првото место со 98,33 од максимални 100 поени. Со овој резултат, балканската земја зад себе остави некои од ...

На европските берзи во петокот претпладне се тргуваше претпазливо, и покрај растот на Волстрит претходниот ден и новото рекордно ниво на американскиот индекс S&P 500. Индексот STOXX 600, кој ги следи водечките европски компании, околу 9:30 часот беше речиси непроменет во однос на претходниот ден. Лондонскиот FTSE се намали за 0,12 отсто, на 10.758 поени, додека германскиот DAX порасна за 0,55 отсто, на 26.445 поени. Парискиот CAC забележа ...

Европската унија го заврши првото полугодие од 2026 година со дефицит во стоковната размена со остатокот од светот од 14,9 милијарди евра, откако во истиот период минатата година имаше суфицит од 74,1 милијарда евра, покажуваат најновите податоци на Евростат. Тоа значи дека трговскиот биланс на ЕУ за една година се влошил за дури 89 милијарди евра. Од јануари до крајот на јуни, извозот на стоки од ЕУ во земјите надвор од Унијата изнесувал ...

Секој што некогаш ја изгубил или му е украдена картичката го знае стравот од ненадејно губење на сите тешко заработени пари. Но, опасноста демне дури и ако вашиот ПИН е доволно едноставен за некој да може да го погоди. ПИН-кодот е една од основните заштити на платежната картичка, но изборот на едноставна комбинација може значително да го зголеми ризикот од неовластен пристап. Изборот на добар ПИН може да биде предизвик ПИН кодот треба да биде ...

Готовината и натаму е широко прифатен начин на плаќање во еврозоната, но навиките на потрошувачите и понудата на компаниите постепено се менуваат во корист на дигиталните решенија, покажува најновото истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Истражувањето, во кое биле опфатени 8.205 компании од 21 земја во еврозоната, покажува дека 92% од компаниите сè уште прифаќаат плаќање во готово. Сепак, компаниите сè повеќе инвестираат во ...

Иако во 2026 година официјално е објавена само една докапитализација и се реализираше една емисија на корпоративна обврзница од банка, аналитичарите оценуваат дека во следните години дел од македонските банки би можеле повторно да посегнат по свеж капитал. Најголемиот потег годинава го направи Халкбанк АД Скопје, која во мај објави докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени од нејзиниот мнозински сопственик Halkbankası Türkiye. ...

Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза. Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години. Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит ...

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина. Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година. Тогаш ...

Превозниците од земјите од Западен Балкан би можеле повторно да ги блокираат граничните премини кон земјите од Шенген зоната доколку до почетокот на септември не биде постигнат напредок во разговорите со Европската унија околу примената на системот EES. Претседателот на Здружението на превозници на Црна Гора, Ѓорѓије Љешњак, за весникот „Дан“ изјави дека одлуката била донесена на состанок на превозници од регионот одржан во Скопје, на кој ...

Разликата во цената на бакарот меѓу американскиот COMEX и Лондонската берза за метали сè повеќе се користи како показател за очекувањата на инвеститорите околу можните нови американски царини за рафиниран бакар, објави CNBC. Бакарот, кој често се смета за важен показател за состојбата на глобалната економија поради неговата широка употреба во градежништвото, електрониката и транспортот, бележи силен раст повеќе од една година. Минатата недела ...

ВФП Пензиско Друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза извести за промена во составот на Управниот одбор. „Согласно одредбите од член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартиите од вредност, Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП Пензиско Друштво АД Скопје известува дека има промена во органот за управување. Имено, по одлука на Надзорниот одбор на Друштвото и одобрение на Агенцијата за супервизија на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42