Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
text size Иако САД и Јапонија покажаа ретко единство во настојувањата да го зајакнат јенот, суштинското несогласување меѓу Скот Бесент и Санае Такаичи околу Банката на Јапонија се заканува да ги поткопа нивните напори. Во изминатата година, американскиот министер за финансии сигнализираше дека смета дека заострувањето на монетарната политика е клучно за справување со слабоста на јапонската валута. Премиерката Такаичи, од друга страна, долго ...
text size Глобалните резерви на нафта ќе се намалуваат во текот на овој квартал со повеќе од двојно побрзо темпо од претходно проценетото, бидејќи конфликтот со Иран повторно ескалира, иако негативното влијание од високите цени врз побарувачката продолжува да се продлабочува, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Според месечниот извештај на агенцијата, светскиот нафтен пазар се соочува со недостиг од 1,8 милиони барели дневно, ...
text size Ретко целосно затемнување на Сонцето во среда ќе помине над дел од Европа, привлекувајќи илјадници посетители кои ќе имаат можност да го набљудуваат феноменот при кој Месечината целосно го покрива Сонцето гледано од одредени делови на Земјата. Настанот го претвора денот во темнина слична на ноќ и предизвикува пад на локалната температура. Руралните населби во Шпанија и Исланд, каде што затемнувањето ќе биде највидливо, се ...
text size Шест од најголемите имиња во финансискиот свет помагаат на „Енвидија“ да ја намали загриженоста кај инвеститорите што со недели се зголемува поради растечките обврски на компанијата за поддршка на бумот во вештачката интелигенција (ВИ). Првите знаци на олеснување дојдоа откако извршниот директор на компанијата, Џенсен Хуанг, во понеделникот објави дека коалиција од големи инвестициски фирми, меѓу кои „Блекрок“ и „Голдман“ ...
text size Претседателот Доналд Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз Ормускиот Теснец“, додека Вашингтон и Техеран ги заострија своите ставови во преговорите за водниот пат, кои беа во ќорсокак. „Ние сме сопственици“, им рече Трамп на новинарите во заедничката база „Ендрус“ надвор од Вашингтон доцна во вторникот. „И во одреден момент, можеби ќе направат нешто, а потоа ќе бидат разнесени“. Неговите коментари дојдоа откако ...
text size „Иуте Македонија“ успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, обезбедувајќи го целиот износ од три милиони евра за рекордни четири дена. Од компанијата велат дека со тоа, јавната понуда е целосно затворена, а „исклучителниот интерес од инвеститорите претставува силна потврда за довербата во компанијата, нејзиниот стабилен бизнис модел и долгорочната стратегија за раст“. По добиеното ...
text size Русија почна да увезува бензин дури од Индија, бидејќи украинските напади врз нејзините рафинерии предизвикуваат сериозен недостиг на домашниот пазар. Ова е првпат Москва да увезува моторно гориво од оваа јужноазиска земја, покажуваат податоците на „Кплер“ (Kpler), а потребата бензинот да помине толку долг пат укажува на тоа колку сериозна станува кризата. Првата пратка била примена на 5 август, а можно е да пристигнат и други, ...
text size Европските пазари силно напредуваат оваа година, спротивно на мрачните прогнози дека војната во Иран ќе го втурне регионот во стагфлација. Индексот Stoxx Europe 600 порасна за околу 12 отсто во 2026 година, додека берзанските индекси во Германија, Италија и Франција достигнаа рекордни нивоа. Германските државни обврзници остваруваат подобри резултати од американските државни обврзници, додека еврото е блиску до највисокото ниво во ...
text size По децении освојување на кинеските купувачи со својот германски инженеринг, „Мерцедес“ (Mercedes-Benz Group AG) направи понизен чекор минатата есен со партнерството со синџирот за брза храна „Мекдоналдс“ (McDonald’s) за да го промовира својот најнов автомобил. Во кампањата „Вистински Мек-Бенц“ (So Mc-Benz), „Мерцедес“ дозволи фигурина од чизбургер да го заземе местото на традиционалната трикрака ѕвезда на целосно електричниот ...
text size Биткоинот, судејќи според сѐ, ќе влезе во претстојната есен со значително поинаква пазарна структура отколку во претходните циклуси. Иако последниот квартал историски често носеше силни скокови на највредната криптовалута, овој пат инвеститорите следат различни фактори. Монетата моментално е на приближно половина од вредноста на рекордното ниво од октомври минатата година, кога надмина 126.000 долари, но за разлика од претходните ...
text size Бројот на регистрирани патнички автомобили на крајот на минатата година изнесувал 615.382, што е за околу 35.000 автомобили повеќе отколку во 2024 година и двојно повеќе во однос на 2012 година, кога на македонските патишта имало нешто повеќе од 301.000 патнички автомобили, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Карактеристично за македонскиот возен парк во изминативе години е тоа што како што расте бројот на ...
text size Автомобилските производители се соочуваат со криза. Доналд Трамп дополнително им ги отежна условите со воведувањето царини, додека Кина ги погоди со забавување на побарувачката и појавата на нови конкуренти. До пред неколку години, Кина беше убедливо најважниот поединечен пазар за германските премиум производители. Денес, сепак, сè повеќе купувачи се префрлаат кон локалните производители на електрични возила, а дополнителен притисок ...
text size Акциите на „Он Холдинг АГ“ (On Holding AG) паднаа во вторник по разочарувачката продажба во вториот квартал. Швајцарскиот бренд, имено, воочи освежувањето на својата понуда се воздржа од снижувањето на цените на постарите модели на патики на исклучително промоциски насочениот американски пазар. Компанијата, поддржана со инвестиција и од поранешната тениска ѕвезда Роџер Федерер, во вторникот изјави дека нејзината нето продажба по ...
text size Колумбискиот извоз на кафе е во голема мера запрен откако катастрофалниот земјотрес ги прекина операциите во главното пристаниште на земјата и предизвика блокади на патиштата по клучните автопати, според раководителот на група извозници на кафе. Буенавентура, главното пристаниште за извоз на кафе во Колумбија, е ефективно недостапно поради неколку блокади на патиштата, особено околу тунелите по автопатот Кали-Буенавентура, клучен ...
text size Џенифер Бејли од „Епл“ (Apple Inc.), долгогодишна раководителка на услугите за плаќање „пеј“ (Pay) и „волет“ (Wallet), се пензионира по повеќе од две децении во компанијата, што значи голема промена во топ менаџментот на компанијата производител на „ајфон“. Шефот на секторот за услуги на „Епл“, Еди Кју, го објави нејзиното заминување во меморандум за персоналот што го виде „Блумберг Њуз“. Бејли, која е потпретседател на „Епл Пеј“ ...
text size Втор ден од напорите за пребарување и спасување е во тек откако силен земјотрес ја погоди западна Колумбија, закопувајќи луѓе во урнатини и предизвикувајќи непроценлива штета во нејзиниот тихоокеански регион и централните Анди. Бројот на жртви од земјотресот со магнитуда од 7,4 степени се искачи на преку 220 лица до моментот на пишување на овој текст, во вторник попладне по македонско време. Се очекува бројот да продолжи да расте ...
text size Новата влада на Унгарија поднесе кривична пријава поради наводно прекумерно трошење средства за содржини на социјалните мрежи на Виктор Орбан, што претставува еден од најзначајните правни потези досега поврзани со најблискиот круг на поранешниот премиер. Кабинетот на премиерот Петер Маѓар во вторник соопшти дека поднел пријава за сомнежи за несовесно управување со јавни средства и злоупотреба на службената положба во врска со ...
text size Цената на нафтата ги избриша претходните добивки откако Пакистан сигнализираше дека САД и Иран се блиску до постигнување договор што би можел да ги намали тензиите кои ги потресуваат енергетските пазари. Нафтата брент се тргуваше близу 88 долари за барел, бришејќи ги добивките откако претходно во текот на денот достигна 90 долари за барел. Фјучерсите беа исклучително чувствителни на вестите за евентуален напредок кон договор за ...
text size Извозот на автомобили од Кина повторно забележа силен раст, обезбедувајќи спас за производителите кои се соочуваат со пад на домашниот пазар предизвикан од повисоките трошоци за гориво и ослабена доверба кај потрошувачите. Според Кинеската асоцијација за патнички автомобили (PCA), извозот во јули пораснал за 88 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 918.000 возила. Тоа значи дека 41 отсто од автомобилите произведени во земјата биле ...
text size Европските пазари силно напредуваат оваа година, спротивно на мрачните прогнози дека војната во Иран ќе го втурне регионот во стагфлација. Индексот Stoxx Europe 600 порасна за околу 12 отсто во 2026 година, додека берзанските индекси во Германија, Италија и Франција достигнаа рекордни нивоа. Германските државни обврзници остваруваат подобри резултати од американските државни обврзници, додека еврото е во близина на највисокото ...
text size Цените на електричната енергија на интрадневниот пазар во Франција и Германија за вторник навечер нагло растат, бидејќи новиот бран екстремно високи температури ја зголемува побарувачката за струја, а во исто време го ограничува производството. Според податоците на EPEX Spot, цените ќе достигнат врв од околу 228 евра за мегават-час во Германија и 229 евра за мегават-час во Франција во периодот од 20:00 до 21:00 часот по локално ...
text size „Интел“ (Intel Corp.) собра 20 милијарди долари преку зголемена продажба на акции, што е за една третина повеќе од износот што компанијата планираше да го обезбеди кога ја објави трансакцијата во понеделникот наутро. Производителот на чипови ја утврди цената на понудата на 95 долари по акција, се наведува во соопштението на компанијата. Тоа е за 6,5 отсто пониска цена од цената на затворањето во петокот, според пресметките на ...
text size Главниот извршен директор на „Мета Платформс Инк.“, Марк Закерберг, ги истакна своите ставови за вештачката интелигенција во есеј од 6.500 зборови објавен во понеделникот, нагласувајќи го своето верување дека поширокиот пристап до моделите на вештачката интелигенција е клучен за иднината на индустријата. „Идејата дека вештачката интелигенција е толку опасна што единствениот безбеден пат е екстремна концентрација на моќ изгледа по ...
text size Цената на алуминиумот порасна седми ден по ред, бидејќи намалените изгледи за брз договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец ги поттикнаа загриженостите дека резервите од Блискиот Исток ќе останат ограничени во догледна иднина. Фјучерсите во Лондон се искачија за дури еден процент на највисоко ниво од 23 јуни, откако претседателот Доналд Трамп во понеделникот постави нови обемни барања до Иран, вклучително и компензација за ...
text size „Антропик“ (Anthropic PBC) склучи договор вреден 9,1 милијарда долари со „Риот платформс“ (Riot Platforms Inc.), компанија за рударење биткоин која неодамна почна да продава капацитети во центри за податоци за ВИ, изјавија лица запознаени со ова прашање, што ги нагласува напорите на креаторот на Клод да обезбеди доволно компјутерска моќ за да ја задоволи побарувачката на своите клиенти. „Риот“ претходно во понеделникот објави дека ...
text size Малку им олесна на возачите во Македонија - од денеска плаќаат пониски цени за горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 5,81 отсто. Најголемо е намалувањето кај дизелот, кој поевтинува за осум денари за литар и од 00:01 часот на 11 август се продава по 91,50 денари. Цените на двата бензина се намалуваат за по четири денари, ...
text size Кога инвеститорот вели дека инвестирал во S&P 500, повеќето замислуваат диверзифицирана кошничка од 500-те најголеми американски компании, каде што ниту една акција не може значително да го потресе целокупниот резултат. Реалноста, сепак, е малку поинаква, со оглед на тоа што стандардниот S&P 500 денес е многу поконцентриран отколку што изгледа на прв поглед, и поради оваа причина сè повеќе инвеститори разгледуваат ...
text size Група американски инвестициски гиганти се приближуваат кон партнерство со „Енвидија“(Nvidia Corp.) за финансирање од 500 милијарди долари за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција, според луѓе запознаени со ова прашање. „Аполо Глобал Менаџмент“ (Apollo Global Management Inc.), „Блекстоун“ (Blackstone Inc.), „Блекрок“ (BlackRock Inc.), „Брукфилд асет Менаџмент“(Brookfield Asset Management), „Голдман Сакс“ (Goldman ...
text size Милијардерот Сергеј Брин досега вложил над 100 милиони долари во својата борба за спречувањето на оданочувањето на богатите во Калифорнија. Според поднесената пријава во петокот, коосновачот на „Гугл“ донирал дополнителни 20 милиони долари во организацијата „Да изградиме подобра Калифорнија“ (Building a Better California), со што неговите вкупни придонеси во групата достигнаа 102 милиони долари. Организацијата се фокусира главно ...
text size „Мајкрософт“ планира „значително“ да го зголеми производството на своите чипови за вештачка интелигенција од следната генерација, објави „Информејшн“ (Information). Компанијата е во преговори со добавувачот „Тајван Семикондактор“ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.) за да обезбеди производствен капацитет за над 300.000 чипови за испорака во 2027 година, објави веб-страницата за технолошки вести во понеделник, повикувајќи се на ...