Централните банки го забрзаа купувањето на злато во третиот квартал. Тие купија 220 тони злато во периодот јули-септември, што е зголемување од 28 проценти во однос на претходниот квартал и запирање на забавувањето во почетокот на годината, според извештајот на Светскиот совет за злато. Националната банка на Казахстан беше најголемиот поединечен купувач, додека централната банка на Бразил купи злато за прв пат по повеќе од четири години. ...

Биткоинот продолжи да губи на вредност по изјавите на претседателот на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, кои го намалија очекувањето за ново намалување на каматните стапки оваа година. Најголемата светска криптовалута падна за 3,1 отсто, под нивото од 108.000 долари, пред делумно ги надомести загубите во четвртокот. Падот следеше по одлуката на Фед да ја намали референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени на опсег од 3,75 до 4 ...

Санкционираниот руски производител на нафта „Лукоил“ ја прифати понудата од трговецот со енергија „Гунвор груп“ (Gunvor Group) за купување на неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, се вели во соопштението на компанијата. „Лукоил“ претходно објави планови за продажба на своите меѓународни операции откако беше погоден од санкциите на САД минатата недела. „Гунвор“ даде понуда за „Лукоил Интернешнл“, која компанијата ја прифати и ...

Акциите се движеа без јасен правец, а златото поскапе додека инвеститорите ги анализираа изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за средбата со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, чија цел беше да се намалат трговските тензии меѓу двете најголеми светски економии. Фјучерсите на американските берзански индекси паднаа за 0,1 отсто, откако Трамп изјави дека имал „одлична средба“ со Џјинпинг и дека веднаш ќе ги намали царините за фентанил од ...

Акциите се движеа без јасен правец, а златото поскапе додека инвеститорите ги анализираа изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата средба со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, по самитот чија цел беше да се намалат трговските тензии меѓу двете најголеми светски економии. Фјучерсите на американските берзански индекси паднаа за 0,1 отсто, откако Трамп изјави дека имал „одлична средба“ со Џјинпинг и дека веднаш ќе ги намали ...

Тие што вчера беа дел од конференцијата на „Блумберг Адрија“ во Скопје знаат колку плодни дискусии се развија од експертите и претставниците на бизнис секторот и тоа на повеќе теми. За тие што не беа во можност да присуствуваат во детали ги пренесуваме клучните поенти. Со вицегувернерката Ана Митреска зборувавме за инфлацијата, за која Народната банка веројатно ќе направи нагорна корекција во рамки на своите прогнози во следниот извештај, а ...

Ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и тандемот Русија–Кина по сѐ изгледа ја затекна Европската Унија (ЕУ) недоволно подготвена, при што најголемиот удар го претрпува европската автомобилска индустрија, веќе начната од помалата побарувачка, високите трошоци и поевтината кинеска конкуренција. Тоа што Кина го ограничи извозот на ретки метали, чипови и суровини за батерии, по воведувањето на американските царини и откако Холандија одлучи ...

Јавно-приватните партнерства не се само можност, туку треба да бидат задолжителен модел за финансирање на проекти од јавен интерес кои ќе донесат економски раст во Македонија. За тоа е потребно да се зајакнат капацитетите на државните институции и внимателно да се изберат проекти коишто ќе бидат одржливи. Ова е главната пораката од панел дискусијата „Фискални мерки и задолжување во геополитички турбуленции: Поинаков поглед на финансиските ...

„Енвидија“ е на пат да стане првата компанија со пазарна вредност од 5 билиони долари, откако серијата зделки што ги склучи извршниот директор Џенсен Хуанг ја издигнаа еуфоријата околу вештачката интелигенција (ВИ) на ново ниво. Акциите на компанијата пораснаа за 3,5 отсто, достигнувајќи 208,05 долари во преттргувањето, што укажува дека „Енвидија“ ќе го премине историскиот праг со почетокот на редовната берзанска сесија. Поминаа само четири ...

Бакарот достигна нов рекорд на берзата во Лондон, а изгледите за скорашно ублажување на тензиите меѓу САД и Кина обезбедија нов катализатор за силен раст изграден врз падовите во снабдувањето со рудници и трговските нарушувања предизвикани од царините. Тримесечните фјучерси денеска се искачија на 11.146 долари за тон на Лондонската берза за метали, надминувајќи го претходниот врв што беше поставен во 2024 година. Од почетокот на годината ...

Многу е веројатно Народната банка да направи нагорна корекција на проекциите за инфлацијата, која што во моментов е над очекувањата, а стабилизација и нејзино враќање на посакуваните два отсто се очекува на среден рок, рече вицегувернерката Ана Митреска. Таа посочи дека растот на цените значително се смири споредено со двоцифрените нивоа од крајот на 2022 година и, со такви шокови, беше очекувано да се видат сериозни ефекти. „Имајќи го предвид ...

Пазарот на трудот е двигател на економијата, а земјава токму на тој план се соочува со тектонски промени во последните години. Излезот од кризата, која е глобална кога станува збор за недостигот од кадар, треба да се бара во зголемување на продуктивноста, а во тој контекст од помош ќе биде вештачката интелигенција. Ова го констатираа говорниците на панел-дискусијата „Плати, инфлација, пазар на трудот, продуктивност и ризици: Колку е опасен ...

„Енвидија“ е на пат да стане првата компанија со пазарна вредност од 5 трилиони долари, откако серијата зделки што ги склучи извршниот директор Џенсен Хуанг ја издигна еуфоријата околу вештачката интелигенција на ново ниво. Акциите на компанијата пораснаа за 3,5 отсто, достигнувајќи 208,05 долари во преттргувањето, што укажува дека „Енвидија“ ќе го премине историскиот праг со почетокот на редовната берзанска сесија. Поминаа само четири месеци ...

Бакарот достигна нов рекорд на берзата во Лондон, а изгледите за скорешно ублажување на тензиите меѓу САД и Кина обезбедија нов катализатор за силен раст изграден врз падовите во снабдувањето со рудници и трговските пореметувања предизвикани од царините. Тримесечните фјучерси денеска се искачија на 11.146 долари за тон на Лондонската берза за метали, надминувајќи го претходниот врв поставен во 2024 година. Од почетокот на годината, металот што ...

Глобалната неизвесност и непредвидливост веќе половина деценија се неизбежен дел од нашите макроекономски проекции, рече Ана Митреска, вицегувернерка на Народната банка на Македонија (НБРМ). Во рамките на нејзиното излагање на конференцијата на „Блумберг Адрија“, под наслов „Back to Business“, која се одржува денеска во Скопје, освен на проекциите за инфлацијата, вицегувернерката се осврна и на геополитичките ризици и нивното влијание на ...

Деновиве во Стокхолм официјално беше отворена Шведско – македонската стопанска комора, чија основна цел е, како што кажаа основачите, продлабочувањето на трговските и бизнис врските помеѓу двете земји и зголемувањето на инвестициските иницијативи, како во Шведска, така и во Македонија. „Нашата цел е да изградиме мост меѓу шведските и македонските компании и институции – да создадеме можности за нови партнерства, инвестиции и иновации. ...

Акциите на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) го продолжија драматичниот раст и достигнаа рекордно ниво, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара со кинескиот лидер Шји Џјинпинг за процесорите „Блеквел“ (Blackwell) на компанијата, наменети за вештачка интелигенција. „Ќе разговараме за ‘Блеквел’,“ изјави Трамп во средата, во пресрет на неговата долгоочекувана средба со Шји што ќе се одржи кон крајот на оваа недела. Тој го ...

Глобалната неизвесност и непредвидливост веќе половина деценија се неизбежен дел од нашите макроекономски проекции, рече Ана Митреска, вицегувернерка на Народната банка на Македонија (НБРМ). Во рамките на нејзиното излагање на конференцијата на „Блумберг Адрија“, под наслов „Back to Business“, која се одржува денеска во Скопје, освен на проекциите за инфлацијата, вицегувернерката се осврна и на геополитичките ризици и нивното влијание на ...

Глобалната неизвесност и непредвидливост веќе половина деценија е неизбежен дел од нашите макроекономски проекции, рече Ана Митреска, вицегувернерка на Народната банка на Македонија (НБРМ). Во рамки на нејзиното излагање на конференцијата на „Блумберг Адрија“ под наслов „Back to Business“, која што се одржува денеска во Скопје, освен на проекциите за инфлацијата, вицегувернерката се осврна и на геополитички ризици и нивното влијание на ...

Претседателот на Здружението на професионални менаџери за управување со ризиците во БиХ (УПРМБиХ) и член на Управниот одбор на „Шпаркасе банка БиХ“, Игор Јокиќ, зборува за влијанието на вештачката интелигенција врз банкарскиот сектор, новата парадигма на управувањето со ризиците и претстојната конференција „Банкарството во ерата на вештачката интелигенција: Можности и предизвици“, која на 28 ноември во Сараево ќе ги обедини водечките експерти од ...

Ако ја погледнеме пошироката слика, можеме да кажеме дека Северна Македонија сè уште покажува побавна конвергенција кон нивото на поразвиените земји во регионот и Европската Унија. Додека Србија, Хрватска и Црна Гора бележат силен раст во последните десет години, Северна Македонија се движи со побавно темпо, посочи Михаел Блажековиќ, тим лидер на аналитика во „Блумберг Адрија“ во своето обраќање на денешната конференција „Бек ту бизнис“ (Back to ...

Добивката на „УБС груп“ во третиот квартал ги надмина очекувањата, поттикната од зголемените приходи во инвестициското банкарство и пониските пправни трошоци од очекуваните.. Банката со седиште во Цирих соопшти дека нето-добивката во трите месеци до септември изнесувала 2,5 милијарди долари, наспроти консензусот од 1,4 милијарди долари. Резултатот беше поддржан од ослободување на резерви поврзани со порамнување на случај за даночно затајување ...

„Опен еј-ај“ (OpenAI) ѝ додели на „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) удел од 27 отсто како дел од планот за реструктурирање што се преговараше речиси една година, со што се отстрани голема неизвесност за двете компании и се отвори патот производителот на „ЧетЏПТ“ (ChatGPT) да стане профитна компанија. Според ревидираната спогодба, „Мајкрософт“ ќе добие удел во „Опен еј-ај“ вреден околу 135 милијарди долари, соопштија компаниите во вторникот. ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на создавање паневропска берза што би служела како заеднички пазар за тргување со акции низ целиот континент. Долго време поделениот пазар на капитал во Европската Унија се смета како пречка за раст и иновации во блокот од 27 земји, каде што инвестициите заостануваат зад оние во САД и Кина. Регионoт моментално има десетици примарни берзи – од делумно државната берза во Варшава до БМЕ (BME) во Шпанија, ...

Во време на глобални економски и геополитички турбуленции, кога нестабилните пазари го обликуваат секојдневието, има ли начин на кој компаниите можат да испорачаат стабилен раст? Од каде пари и како да се задоволи апетитот за профит не игнорирајќи ги ризиците? Ова се само дел од прашањата на кои ќе бараме одговори на една од најзначајните регионални конференции оваа есен. Денеска, во Скопје ќе се одржи новата конференција „Back to Business“, ...

Економски раст од 3,8 отсто, инфлација од 2,5 отсто и буџетски дефицит од 3,5 отсто планира Владата со предлог-буџетот за следната година Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,1 милијарди евра), а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари (6,7 милијарди евра). Дефицитот ќе изнесува 39,2 милијарди денари (637 милиони евра) што е за 0,5 п.п. помалку од оваа ...

Американскиот технолошки гигант „Амазон“ (Amazon.com Inc.) најави дека ќе отпушти околу 14.000 работници во голема реорганизација на компанијата. Оваа одлука, која е дел од поопширните напори за намалување на бирократијата и оптимизирање на организацијата, беше потврдена од Бет Галети, потпретседателка за луѓе и технологија во „Амазон“, во денешна објава. „Отпуштањата што ги објавуваме денес се продолжение на нашите напори да станеме посилни, ...

Златото падна за повеќе од два отсто на берзата во Лондон, продолжувајќи го стрмниот пад што од вчера е карактеристика за пазарите на скапоцени метали, а како последица на тоа што напредокот во трговските разговори меѓу САД и Кина ја намали побарувачката за засолништа. GOLDS:COM GOLD SPOT $/OZ 3.911,49 USD -70,72084375 -1,78% почетна цена 3.984,23 претходна цена на затворање 3.982,21484375 промена од почетокот на годината 48,706039245571% ...

Претседателот Доналд Трамп ја пофали сојузничката врска меѓу САД и Јапонија, потврдувајќи ги односите со долгогодишниот партнер и изразувајќи поддршка за новата премиерка Санае Такаичи и нејзините планови за зголемување на трошоците за одбрана за време на нивната средба во Токио. „Сакам само да знаете дека секогаш кога ќе имате прашање, сомнеж, нешто што ви треба, некоја услуга, сè што можам да направам за да ѝ помогнам на Јапонија — ние ќе ...

Времето истекува за поволните цени на „Ролекс“ (Rolex) – обидете се со „Картие“ (Cartier) или „Јегер-ЛеКултр“ (Jaeger-LeCoultre). Шокантната царина од 39 отсто што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп на увозот на швајцарски часовници во САД ги зголемува цените на луксузните модели. Додека некои купувачи се обидуваат да ги избегнат давачките со избор на половни часовници, вредноста на вториот пазар повторно расте. Но сè уште може ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.86
84%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
8.23
83%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
89%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Паладиум

45879.12

Кобалт

55.67

Бакар

10.76

Калај

40.11

Алуминиум

2.89

Родиум

255598.44

Никел

471972.96

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60