Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) утринава соопшти дека тие ќе „го одредат крајот на војната“, отфрлајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во кои се сугерира дека конфликтот со Иран наскоро би можел да заврши. „Ние сме тие што ќе го одредат крајот на војната“, се наведува во соопштението на ИРГК, кое го пренесе иранската агенција Тасним. „Условите на бојното поле и крајот на војната се во рацете на ...
Претседателот на Европскиот совет Антониу Кошта повика на дипломатско решение за тековниот конфликт на Блискиот Исток и предупреди дека досега единствениот добитник од војната е Русија. Говорејќи на годишниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел, Кошта изјави дека Европската Унија стои со народот на Иран. – Европската Унија е на страната на долго страдалниот народ на Иран. Го поддржуваме нивното право да живеат во мир и сами да ја ...
СДС повторно играат на картата дека македонскиот народ има меморија на златна рипка. За нивна жал, дека не е така македонските граѓани покажаа на последните 4 избори, а ќе покажат и на следните, пишува Курир во врска со денешните партиски соопштенија на СДС и ДУИ кои сега глумат регулаторна комисија и бараат намалување на акцизите на горивата, а додека беа на власт на тоа не се сетија. Не дека сознанието ќе ги спречи пи-арџиите со бели носиња ...
Иранските здравствени власти денеска соопштија дека девет болници во земјата ќе престанат со работа поради воздушните напади на САД и Израел. Од почетокот на тековната војна оштетени се и 18 одделенија за итни случаи, 25 здравствени центри, а уништени се 14 амбулантни возила, изјави членот на здравствената комисија, пратеникот Мохамад Џамалијан. Тој истакна дека Иран има стратешките резерви на лекови за шест месеци, а веќе е регистриран ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари. Премиерот по увидот даде изјава за медиумите а воедно одговараше новинарски прашања за моменталите зголемувања на цените на нафтата. -Факт е дека како држава имаме убедлино најниска цена на нафтата и тоа во мементот е и можеби добро од еден ...
Наместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат. ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме ...
Израел ги постигна своите цели во Иран пред предвиденото, изјави денеска израелскиот амбасадор во Франција, Јехошуа Зарка. Зарка го наведе слабеењето на иранскиот режим како една од целите, за да може иранскиот народ да ја земе својата судбина во свои раце. Во Либан, либанската влада сè уште не успеа да го разоружа (либанското шиитско движење) Хезболах, изјави израелскиот амбасадор во интервју за француската телевизија БФМ ТВ. фото: Архива ...
Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава. -Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и С. Македонија, се наведува во објавата на Фексбук на Амбасадата на Словачка во земјава. Од ...
Фудбалската федерација на Македонија преку соопштение се обрати до ФК Шкендија која смета дека федерацијата го фаворизира Вардар. Тетовци вчера „киксираа“ со АП Брера играјќи нерешено 1:1, додека Вардар го совлада Силекс со 1:0, па се пожалија на нееднаков третман од страна на судиите и се заканија дека ќе ја известат УЕФА. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на ФФМ: – ФК Шкендија денеска се јави со добро познатото ...
До четири од 10 случаи на рак во светот би можеле да се спречат со свесност за причините, според новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и нејзината Меѓународна агенција за истражување на ракот (МАИР). Во новите испитувања се опфатени 30 фактори на ризик на коишто може да се влијае – почнувајќи од употребата на тутун до загадувањето на воздухот. Пушењето е најголема причина што може да се спречи, сочинувајќи удел во 15 ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во интервју за телевизијата ПБС ијзави оти не верува дека „прашањето за преговори со Американците или повторни преговори со Американците ќе биде ставено на дневен ред“, објави „Џерусалем пост“. Според Арагчи, САД го пропуштиле потенцијалот за идни преговори со постојано напаѓање на Иран за време на дипломатските разговори – прво во јуни минатата година и сега. „Оваа година се обидоа да нè ...
Северна Кореја ќе го зајакне пријателството и врските со Кина, се вели во телеграмата испратена од лидерот на земјата Ким Џонг-ун до кинескиот претседател Шји Џинпинг. Ким Џонг-ун му се заблагодари на својот кинески колега за честитките за неговиот повторен избор за генерален секретар на Работничката партија на Кореја на 9-тиот Конгрес на партијата. „Да се продолжи со зајакнување и развивање на традиционалното корејско-кинеско пријателство во ...
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека секоја арапска или европска земја што ќе ги протера амбасадорите на САД и Израел од својата територија ќе може слободно да поминува низ Ормускиот Теснец. Кризата на Блискиот Исток го наруши поморскиот сообраќај и извозот на енергенси преку Ормускиот Теснец – клучна поморска рута низ која минува околу една петтина од глобалните испораки на нафта и природен гас. Стотици бродови остануваат закотвени од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае доволно“ за нападот врз основно училиште во Иран, за кој Техеран тврди дека во него загинале најмалку 168 лица, но додаде дека е подготвен да „живее“ со резултатот од американската истрага за инцидентот. Видео-снимка направена од блиска зграда за време на нападот на САД во таа област, објавена од иранските медиуми, покажува како ракета од американско производство „томахавк“ удира во ...
По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија. Цените на светските берзии паднаа а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата, се наведува во соопштението од СДСМ, што го пренесуваме интегрално. Зошто граѓаните да плаќаат поскапо? Или владата намерно им зема повеќе пари на граѓаните. Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а ...
Европската Унија поради „премногу идеолошки обоена политика во Брисел“ го изгуби своето влијание во светот и ѝ е потребна нова енергија, која може да ја донесат земјите од Западен Балкан, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Говорејќи на форум посветен на Балканот, Сијарто оцени дека регионот може да внесе нова динамика во Европската Унија. Осврнувајќи се на енергетиката, тој им се заблагодари на Србија, ...
Градоначалникот на австралискиот град Мелбурн Николас Рис, како и градскиот Совет, издадоа Директива според која учесниците на градскиот фестивал „Мумба 2026“ може да носат само официјални знамиња на државите од кои потекнуваат. Со тоа, на македонските играорни групи им бил поставен услов да може да го користат само официјалното државно знаме, но не и знамето со ѕвездата од Кутлеш. Тоа предизвика револт и разочарување меѓу македонското ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се закани дека ќе го удри Иран „многу посилно“ ако властите во Техеран одлучат да го блокираат снабдувањето со нафта во регионот. „Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да го спречи снабдувањето со нафта. Ако Иран направи нешто такво, ќе бидат погодени многу, многу посилно“, рече американскиот претседател на прес-конференција во Флорида. „Ако сакаат да ...
Градоначалникот на австралискиот град Мелбурн Николас Рис, како и градскиот Совет, издадоа Директива според која учесниците на градскиот фестивал „Мумба 2026“ може да носат само официјални знамиња на државите од кои потекнуваат. Со тоа, на македонските играорни групи им бил поставен услов да може да го користат само официјалното државно знаме, но не и знамето со ѕвездата од Кутлеш. Тоа предизвика револт и разочарување меѓу македонското ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран започнала откако Техеран почнал да работи на нов објект за производство на материјали за нуклеарно оружје. Трамп рече дека новиот објект требало да ги замени постројките што САД ги бомбардирале минатата година. – Но тие почнаа да работат на друг објект – поинаков објект, различен тип објект, заштитен со гранит – изјави тој. Според Трамп, Техеран се обидувал да ја искористи ...
Како последица на војната во Иран, вчера Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, зголемени, цени на горивата во Македонија. Иако кај цената на дизелот се бележи драстично поскапување, сепак Македонија останува држава со најевтини горива во регионот. Од ноќеска на полноќ, дизелот во Македонија се продава по цена од 85,5 денари или 1,39 евра. Погледнете ги цените во другите држави во регионот: БиХ – 86.38 денари (1,4 евра). ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот руски колега Владимир Путин за војната во Украина и за состојбата на Блискиот Исток. Трамп синоќа им рече на новинарите дека претходно во текот на денот имал „многу добар разговор“ со Путин. – Има огромна омраза меѓу претседателот Путин и (украинскиот) претседател Володимир Зеленски. Двајцата не можат ни да се погледнат, но сметам дека разговорот на оваа тема беше ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ...
СДС на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на СДС и политичкиот хаос во кој се наоѓаат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме интегрално. СДС и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 февруари. Денеска е Св. Тарасиј Цариградски. Свети Тарасиј беше ракоположен за цариградски патријарх во 783 година. Тоа е време кога беснееше иконоборечката ерес. Пред тоа Тарасиј беше сенатор и царски советник, а беше избран за патријарх по советот на неговиот претходник, патријархот Павле, кој тајно се повлече од катедрата во еден манастир. Свети Тарасиј беше претседател на ...
Денеска е 25 февруари (според стар стил) и се слави Св. Тарасиј, патријарх Цариградски. Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната ...
На 10 март 1878 година во гевгелиското село Мачуково е роден Леонид Јанков, македонски револуционер и војвода. Песната „Трба, трби гевгелиска“ е посветена на овој 27-годишен војвода. Тој е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Роден е од татко Трајко и мајка Ката. Јанков влегува во ВМОРО во својата младост и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за американската телевизија CBS News изјави дека смета оти војната со Иран е во голема мера завршена. – Мислам дека војната е многу завршена, речиси целосно – рече Трамп во телефонско интервју, пренесе ДПА. – Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили. Нивните ракети се сведени на поединечни истрели. Нивните дронови се разнесуваат насекаде, вклучително и нивните ...
Цените на нафтата денеска се вратија на ниво под 100 долари за барел по скокот на отворањето, бидејќи главните производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по нарушувањата во транспортот во Ормускиот Теснец. Така, нафтата брент е во пораст од околу осум отсто и е на ниво од околу 99,5 долари за барел, а американската сирова нафта WTI (West Texas Intermediate) за околу четири отсто и се движи околу 95 долари за барел, ...
Унгарската влада ќе ги ограничи цените на бензинот и дизелот на бензинските пумпи, почнувајќи од полноќ по локално време, изјави премиерот Виктор Орбан во Будимпешта. Овој потег доаѓа како резултат на скокот на глобалните цени на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран, која започна на 28 февруари, а која влијае на клучните земји и инфраструктура за производство и транспорт на нафта и гас. Во видео што го објави на ...