Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на тимот во осминафиналето на ФА Купот против Њукасл. Натпреварот се одржа вчеравечер на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл и заврши 3:1 во корист на „Граѓаните“. Омар Мармуш постигна два гола за Сити, а Савио додаде уште еден. – Беше фантастично. Кога се обидовме да создадеме комбинации, бевме многу ефикасни, особено Савињо и Доку. Тоа беше нашиот најдобар настап на овој стадион откако ...

Командата на здружените сили на НАТО во Неапол објави дека ќе одржи вежба со српската армија во мај. Командата на својот профил на социјалната мрежа X објави дека вежбата ќе се одржи на покана на Србија. „Ја поздравуваме можноста српскиот и сојузничкиот воен персонал да тренира заедно во Србија овој мај. Вежбата ќе се одржи на воениот полигон Боровац во Србија, што српските вооружени сили интензивно го користат за подготовка на единици за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Вашингтон официјално ја призна актуелната венецуелска влада за легитимна, јави ДПА. Ова шефот на државата го истакна во своето обраќање пред лидерите на земјите од Латинска Америка и Карибите, собрани на самит во американската сојузна држава Флорида. – Задоволство ми е да објавам дека оваа недела официјално ја признавме венецуелската влада. Всушност, законски ја признавме – рече Трамп ...

Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне денеска, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да ...

Времето денеска ќе биде облачно и тивко, попладне и во текот на ноќта со услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со караткотрајни сончеви периоди и услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 16 степени. Според прогнозата на ...

Соединетите Американски Држави почнаа да ги користат британските воени бази за одредени операции против Иран, соопшти денеска Владата во Лондон. Британското Министерство за одбрана прецизираше дека американските сили ги користат локациите за „одбранбени операции за да го спречат Иран во истрелувањето проектили во регионот“. Британскиот премиер Кир Стармер првично одбиваше каква било вклученост во војната што започна на 28 февруари, што ...

Александар НИКОЛОСКИ “Вистината е секогаш најлесна…” фраза која често ја користам. Само кога се кажува вистината се стига до целта! Некогаш потешко, но секогаш сигурно! Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за “мигранти за пари”. Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е историско постигнување за Македонија. Откако лагите се распрснаа, ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлива победа од 33-28 над Белгија и на тој начин речиси сигурно ќе го освои третото место во квалификациската група и ќе се надева на пласман на Европското првенство. Марија Јанкуловска со осум гола беше најефикасна во нашите редови, додека Младеновска, Кипријановска и Стефаноска постигнаа по шест погодоци. Во борбата за пласман на Европското првенство како една од најдобрите четири ...

Европската комисија упати остри критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговите неодамнешни закани упатени кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи го таквиот вокабулар „неприфатлив“. Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ е многу јасна по ова прашање и дека не смее да има закани против земји-членки. Реакцијата на Брисел уследи по изјавата на Зеленски во која тој сугерираше дека доколку Орбан не го ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор на сопругот осомничен за физичко малтретирање и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана Јовановски. Одлуката ја донел судија на претходна постапка, кој ги прифатил аргументите на обвинителството дека постојат законски основи за изрекување на најстрогата мерка за обезбедување присуство. Според информациите од Судот, притворот е ...

Влијателни застапници на цврстата линија од иранските верски кругови повикаа на итен избор на нов врховен лидер на Исламската Република, стравувајќи дека привремениот тричлен совет не е доволен за водење на земјата во услови на американски и израелски напади. Ајатолахот Насер Макерем Ширази и ајатолахот Хосеин Нури Хамедани побараа од Собранието на експерти да го забрза процесот по убиството на ајатолахот Али Хамнеи. Иако Уставот предвидува ...

Силни експлозии се слушнале денеска во Манама, главниот град на Бахреин, во услови на продолжени ирански напади врз соседни арапски земји од Персискиот Залив, како одговор на израелско-американската офанзива. Медиумите известуваат дека во градот се слушнале најмалку пет експлозии. Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со нов бран напади со дронови и ракети од страна на Иран. „Противвоздушната одбрана на ...

Проектот продолжува да постигнува добар напредок и потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8. Портпаролот на Бехтел-Енка на барање на МИА во врска со отказите кои беа врачени на педесетина вработени, одговори: – ...

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија. Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во ...

Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, ги демантира тврдењата дека постои или дека постоел договор меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакна дека британската влада ниту водела преговори со македонските власти на оваа тема, ниту пак има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за Владата во Скопје. „Таков договор не постои и никогаш не постоел“, нагласи ...

Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената МИА разговараше со три жени, лидери во своите области за улогата на жените во нашето општество. Секоја од свој агол и искуство зборува за жените и како да се справат со нивните предизвици. Професорката по социологија на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ Ганка Цветанова нагласува дека прашањето за положбата на жената не е само прашање на родова еднаквост, туку ...

Тим на Министерството за внатрешни работи со хеликоптер евакуираше повреден италијански државјанин од непристапен терен на подрачјето на СВР Тетово, откако претходно била добиена пријава од Центарот за управување со кризи. Како што потврдуваат од МВР за „Курир“, по добиената информација за повредено лице на тешко достапна локација, бил ангажиран полициски хеликоптер кој извршил спасувачка интервенција. Повредениот италијански државјанин е ...

Косово би можело повторно да оди на предвремени парламентарни избори во април, доколку опстане указот на претседателката Вјоса Османи за распуштање на парламентот, објави КосоваПрес. Доколку се одржат, тоа ќе бидат трети парламентарни избори во последните 14 месеци, предизвикани од неспособноста на политичките партии да конституираат парламент, да формираат влада и да изберат претседател. Османи вчера го распушти парламентот откако ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Од кривичната пријава како и од ...

Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека турските вооружени сили се подготвени навремено да ја неутрализираат секоја закана насочена кон Турција уште на нејзиниот извор, оценувајќи притоа дека ризикот од директен воен судир меѓу Турција и Израел во моментот е „многу мал“, јави информативниот портал „Туркије тудеј“. Во интервју за весникот „Поста“, посветено на проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, Ѓулер истакна дека ...

Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30 дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат – објави пред малку министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на сцијалните мрежи. Тој посочи дека како министер за ...

Повеќе работници во „Бехтел и Енка“ утрово протестираа пред влезот на кампот на компанијата во близина на автопатот Тетово-Гостивар. Тие се жалат дека се отпуштени без претходна најава (отказен рок), иако како што посолуваат, имаат важечки договори. Причина за отпуштањата како што им било кажано е тоа државата не префрлила средства за проектот на кој компанијата работи.Тие бараат да бидат прогласени за технолошки вишок за да можат да остварат ...

Повеќе работници во „Бехтел и Енка“ утрово протестираа пред влезот на кампот на компанијата во близина на автопатот Тетово-Гостивар. Тие се жалат дека се отпуштени без претходна најава (отказен рок), иако како што посолуваат, имаат важечки договори. Причина за отпуштањата како што им било кажано е тоа државата не префрлила средства за проектот на кој компанијата работи.Тие бараат да бидат прогласени за технолошки вишок за да можат да остварат ...

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март што требаше да се одржи утре во Богданци и се приклучува на протестот „Нема да не снема“, соопшти денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Како што истакна Филипче на прес-коференција, СДСМ утре ќе биде со граѓаните. -И оваа година требаше да го одбележиме 8 Март, но трагичниот настан во Скопје, смртта на мајката и детето, длабоко не потресе. Ова не е индивидуална трагедија, туку уште ...

Иранската револуционерна гарда соопшти дека ги „чека“ Американците, откако министерот за енергетика на САД Крис Рајт изјави дека морнарицата се подготвува да ги придружува трговските бродови низ стратешки важниот Ормуски теснец, каде што поморскиот сообраќај е практично парализиран поради војната во регионот, објави иранската новинска агенција Фарс. – Ги чекаме. Препорачуваме Американците, пред да донесат какви било одлуки, да се сетат на ...

Судски пресуди во Србија покажуваат дека група српски државјани предизвикувале немири во Франција и Германија по налог на руските служби, објави Радио Слободна Европа (РСЕ) врз основа на пресудите до кои имал пристап. Како што е наведено, документите покажуваат дека тројца осудени за шпионажа и поттикнување расна дискриминација склучиле договор за признавање на вина со Високиот суд во Смедерево. Според пресудите доставени до РСЕ, се наведува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба е на работ на колапс, оти наскоро ќе падне и затоа бара договор со САД. – Куба ќе падне наскоро, рече Трамп тој во телефонско интервју за американската телевизија Си Ен Ен во петокот. Трамп, исто така, кажа дека Хавана сака договор со Вашингтон. – Тие сакаат да постигнат договор, па затоа ќе го испратам [државниот секретар] Марко [Рубио] таму и ќе видиме како тоа ќе функционира. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Иран бил жестоко нападнат, тврдејќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади. Трамп вели Иран им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека нема повторно да ги нападне. – Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел, напиша Трамп. Тој додаде и дека Иран претходно ...

-Kако минуваат деновите на војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна, како и деновите во кои останува затворен Ормутскиот теснец низ кој минува 20 отсто од светската трговија со енергенси, така раснат „апокалиптичните“ сценарија за цената на гасот и нафтата, а со тоа и цената на бензините во светот, а кај нас. Се разбира, тоа создава погодно тло за пропагандни манипулации на домашен терен кои најчесто немаа врска со вистината. ...

Денеска поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект, денес поставуваме темел на иднината, рече Мицкоски. -Со започнувањето на изградбата на новиот модерен кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја потврдуваме нашата цврста определба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование, рече премиерот Мицкоски. Мицкоски рече дека проектот претставува стратешка инвестиција во иднината на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Сребро

2583.47

Рутениум

51376.89

Паладиум

48065.37

Калај

54.78

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

12.64

Платина

66101.93

Злато

151875.00

Алуминиум

3.50