Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи ...

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид), а против него поведена е и постапка за – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 1 март, во семејниот дом, во присуство и на друго лице, при вршење семејно насилство, тој со умисла се ...

Секогаш кога нема одговори за скандалите кои ја тресат криминалната власт ВМРО-ОКГ се обидува да ја дефокусира јавноста, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Нема одговорност за криминалните тендери. Нема одговор за Адамовиќ од сестринската партија на ВМРО- СНС и неговите врски со Москва. Нема одговор за 5 тони дрога што поминаа преку граница, која завршува исто кај луѓе блиски до ...

Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. -Поранешниот вицепремиер во Владата и потпретседател на СДС, Фатмир Битиќи, отворено кажува дека СДС немаат никакви шанси за добар резултат на следните избори кога и да бидат. Ве поканувам да го проследиме видеото. Почитувани, Додека од една страна, Филипче бара предвремени избори, Битиќи и останатите ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неделава се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител. -Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот, рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Премиерот Христијан ...

Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДС сè повеќе наликува на секта, а не на политичка партија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Исти фрази, исти напади, исти координирани настапи и очајнички обиди да се создаде вештачка атмосфера на хаос во јавноста. Кога една политичка структура ќе почне да функционира како затворен круг кој живее од сопствени заблуди и постојано ги повторува истите ...

-Kако минуваат деновите на војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна, како и деновите во кои останува затворен Ормутскиот теснец низ кој минува 20 отсто од светската трговија со енергенси, така раснат „апокалиптичните“ сценарија за цената на гасот и нафтата, а со тоа и цената на бензините во светот, а кај нас. Се разбира, тоа создава погодно тло за пропагандни манипулации на домашен терен кои најчесто немаа врска со вистината. ...

Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок но и бес. Во последната трагедијата во Карпош, згаснаа животи на мајка и малолетна ќерка, изјави Каја Шукова – претседателка на Форумот на жени на СДСМ, на прес-конфренција, што МИА ја пренесува интегрално. МВР на Панче Тошковски не ги заштити. 12 пријави имало за две години, за семејно, ...

Хатка СМАИЛОВИЌ Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста ...

Во 2025 година, жените држеа 33,6% од местата во националните парламенти низ ЕУ, што претставува зголемување од 5,4 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат. Најголем удел на жени во своите парламенти имаат Финска Финска (46,0%), Шведска (44,8%) и Данска (44,7%), додека Кипар ...

Во период кога цените на горивата повторно бележат раст во речиси сите земји во регионот, Македонија се издвојува како една од државите со најниски цени на нафтените деривати, како на Балканот, така и пошироко. Според последните споредбени податоци, просечната цена на горивата во Македонија се движи околу 1,35 долари за литар, што е пониско во однос на повеќето соседни земји како Грција, Бугарија, Косово и Србија. Во споредба со Македонија, ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија се осврна на повеќе актуелни безбедносни прашања, при што ја нагласи решителноста на институциите во борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата од доследно почитување на владеењето на правото. Тошковски истакна дека Министерството за внатрешни работи во континуитет работи на зајакнување на ...

Иран негира дека целосно го затворил на Ормускиот теснец, витална глобална рута за извоз на сурова нафта, јави ДПА. Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, синоќа на државната телевизија изјави дека Ормускиот теснец не е блокиран. – Сите бродови имаат дозвола да поминат, освен американските и израелските бродови. Тие немаат работа таму, рече Шекарчи. Сепак, тој призна дека во време на војна е невозможно да се гарантира дека ...

Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Инфраструктурата на аеродромот веќе беше погодена во американско-израелските напади во изминатите денови. Израелската војска најави „нов бран големи воздушни напади“ врз владини цели во Техеран, каде што голем број луѓе се собраа во петокот на првата молитва по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени. Утре и во понеделник претпладне ќе преовладува ...

Камен-темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје денеска свечено ќе биде поставен на локацијата на универзитетот (поранешна касарна „Илинден“), во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати на настанот. УМТ соопшти дека на настанот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорот на Универзитетот, Беким Фетаји, првиот вицепремиер Беким Сали, градоначалникот ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 февруари. Денеска е Наоѓање на моштите на св. маченици што пострадаа во Евгенија. Во времето на императорот Аркадиј (395-408), на некојси клирик Никола Краснописец Бог му го откри местото каде се наоѓаа моштите на неколкумина маченици. Тоа место се наоѓаше во градот Евгенија. Се претпоставува дека меѓу нив се и моштите на свети Андроник и Јунија, кои апостолот Павле ги спомнува во ...

Денеска е 22 февруари (според стар стил), Наоѓање на моштите на св. маченици што пострадаа во Евгенија Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша ...

Забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга се укинува, соопшти попладнево на официјалната фејсбук страница јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Информацијата ја сподели и Општина Струга. Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на анализата на примероците од водата од изворот „Шум“ во последните денови. Според најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Охрид, извршени на примероци од ...

Новинари на американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“ направија репортажа за состојбата во Иран, во која констатираат дека состојбата во Исламската република е стабилна и покрај масовните американско-израелски бомбардирања. -Сè е мирно во Иран, продавниците се полни, нема редици на бензинските пумпи. И нема протести против владата (што значи дека нема илјадници демонстранти наводно убиени од владата)“, констатира новинарот на „Си-Ен-Ен“, ...

Министерот за европски прашања, Беким Сали, во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека посветеноста на Владата на реформската агенда е голема, и постојано се зголемува особено по завршувањето на локалните избори. Сали вели дека сите чекори од реформската агенда ќе бидат завршени до јуни. И реформската агенда ја тераме со зголемена динамика. Имаме почести координации на ниво на Влада и меѓуинституционална комуникација за исполнување на ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање. Процесот е целосно координиран од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во ...

Цените на нафтата денеска повторно нагло пораснаа, бидејќи ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните енергетски текови. Цената на суровата нафта Брент скокна за повеќе од седум проценти на околу 91 долар за барел, што е највисоко ниво од април 2024 година, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) порасна за повеќе од 10 проценти на околу 89 долари за барел, објави Трејдинг Економикс. ...

Солидарност со мојот пријател и патриот, премиерот Виктор Орбан, кој отсекогаш бил на чело на одбраната на слободата и правата на своите граѓани и патриоти низ цела Европа. Загриженост и цврста осуда на мешањето и заканите од странски земји. Наскоро ќе бидам во Будимпешта, претставувајќи ги италијанските патриоти, за да ја изразам нашата солидарност и поддршка – напиша на социјалните мрежи италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини. Неговата ...

-Дами и господа, извинете што доаѓам тука дури сега, иако сум во културниот дом веќе подолго време. Не е убаво политичарите да расипуваат убави прослави, но морам на почетокот да кажам нешто поради што доцнам неколку минути – се обрати синоќа словачкиот премиер Роберт Фицо на еден културен настан во главниот град на неговата земја по повод една изјава на украинскиот претседател Зеленски која се однесуваше на премиерот на Унгарија Виктор Орбан ...

УЕФА донесе одлука за делумно затворање на стадионoт „Сантијаго Бернабеу“ за еден натпревар и за глоба за Реал Мадрид поради „расистичко однесување од навивачите“ за време на реваншот против Бенфика во плејофот на Лигата на шампионите. Одлуката за затворање ја опфаќа јужната трибина, но засега е условно одложена, тоа значи дека ќе се спроведе само во случај на повторно прекршување. Клубот ќе може да го користи целиот капацитет на стадионот за ...

Почитувани, Ве известуваме дека утре 07.03.2026 година (сабота) во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (поранешна касарна „Илинден“). Предвидено е свое обраќање пред присутните да има премиерот Мицкоски, се вели во соопштението на Владата. Почитувани, Ве известуваме дека утре ...

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека седум вработени во две возила за превоз на готовина биле уапсени додека превезувале готовина помеѓу Австрија и Украина. Тие превезувале девизи и банкарски метали помеѓу австриската Рајфајзен банка и украинската Ошчадбанк во сума од 40 милиони долари, 35 милиони евра и 9 кг злато. Според ГПС податоците, возилата се наоѓаат во центарот на Будимпешта, во близина на една од безбедносните ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес го отвори настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот на обновливите извори на енергија и енергетските заедници. Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетската транзиција е процес кој директно ги засега луѓето, заедниците и економскиот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Цинк

0.00

Паладиум

48065.37

Платина

66101.93

Калај

54.78

Сребро

2583.47

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Бакар

12.64

Алуминиум

3.50

Злато

151875.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09