Белград
0ᴼ /
0ᴼ
Кандидатот за градиначалним на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека учествувал на панел-дискусија посветена на решенијата за „Дрисла“ и другите депонии. На лошото управување со отпад му доаѓа крај, затоа што нема да дозволиме повеќе половични решенија и институционална негрижа, наведе во објавата. -Во мојата програма имаме јасен и одржлив план за „Дрисла“, рече Ѓорѓиевски. „Ќе ја трансформираме во европски центар за третман на отпад, ...
Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски утрово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го означи стартот на овогодинешната најмасовна атлетска манифестација во Македонија, „Виз Ер“ Скопски маратон. Повеќе од 14.000 учесници од повеќе од 50 земји низ светот го исполнија нашиот главен град со енергија, спортски дух и насмевки. Прекрасна глетка што покажува колку Скопје живее и дише со спортот, објави Ѓорѓиевски. Тој ...
Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор што го имал со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска-Давкова пишува државната информативна агенција на Бугарија, БТА. „Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во ...
Министерот за одбрана и носителот на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на митингот во Куманово на кој беа претставени кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, потенцираше дека градот заслужува да биде „град на можности, град на развој и град што се гради со љубов, посветеност и визија“ -Вечерва сум тука со вас да испратиме порака. Куманово заслужува да биде град на можности, град на развој и град кој се гради со ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на црвените линии на Венко Филипче за кои рече дека се тројанскиот коњ. -Ќе се осврнам и на политичките настани. Триковите веќе не поминуваат. Погледнете каков подарок од СДСМ сега спремаат за Бугарија. Тој ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека украинските специјални служби дејствуваат на унгарска територија со поддршка на Брисел, со цел да влијаат врз внатрешната политика на земјата. Во интервју за порталот „Хетек“, Орбан рече дека унгарските безбедносни служби ги следат овие активности и преземаат мерки за заштита на државата. Тој истакна дека Брисел и Киев дејствуваат заедно за да ја ослабат унгарската влада и да ја поддржат опозицијата, ...
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање. ,,Сакам уште една работа да одговорам околу неговата „чесност“. Ја слушам и гледам една валкана кампања која ја тераат неговите прокси играчи и дебело платени мегафони со украдените пари. Слушаме ...
Соопштение за јавност Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, која четири години не успеала да реализира ниту еден капитален проект. „Градот стагнира, проектите стојат, ветувањата останаа само на хартија. Нема донесен Генерален урбанистички план. Не е реконструирана зградата на ...
Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја истакна програмата содржана од 140 проекти поделена во сите сегменти на жителите во Ѓорче Петров. „На овие избори настапуваме со програма од 140 проекти поделени во сите сегменти коишто го зафаќаат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на милитантната палестинска организација Хамас по нивната реакција на неговиот мировен план за војната во Газа и повика на брза акција, пренесе ДПА. „Хамас мора да дејствува брзо, или сите облози ќе бидат поништени“, објави Трамп на својата платформа Truth Social во саботата. „Нема да толерирам одложување, за кое многумина мислат дека ќе се случи, или каков било исход каде што Газа повторно ...
Лидерот на политичкото движење АНО, Андреј Бабиш, прогласи победа на парламентарните избори во Чешка, а актуелниот премиер Петр Фиала вечерва му честиташе на изборниот успех. „Исклучително сум задоволен и сакам да им се заблагодарам на сите што излеговте на гласачките места. За тоа се боревме, за слободни избори каде што луѓето можат да одлучат“, рече Бабиш, пренесува порталот 24. Тој рече дека неговото политичко движење АНО „има најдобри ...
Со сигурност можам да кажам дека во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи како никогаш до сега. Ви благодарам за вашата поддршка, вашата посветеност, Скопје да го направиме градот кој повторно ќе биде нашата гордост, истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од народниот собир во Ѓорче Петров. -Вечерва сум тука пред вас не само да ви ја побарам поддршката, туку и да ви го дадам мојот збор дека по изборите секој еден од ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва се обрати пред присутните граѓани на масовниот народен собир во Ѓорче Петров. Од таму порача дека овие избори се одлука дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. -Изборот е лесен, препознатлив, но и во такви моменти одлуката е многу важна да се донесе и да се излезе да се гласа. Во оваа битка сме заедно, рамо до рамо и го споделувам и го живеам секој ваш проблем и секоја ваша мака. Не ...
Соопштение за јавност Шукова: Урбанизмот мора да стане транспарентен, граѓаните да имаат збор „Мора конечно да се стави крај на хаотичната урбанизација во Скопје,“ истакна Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, говорејќи за потребата од нов Генерален урбанистички план, за Радио Слободна Европа. Таа најави дека новиот ГУП ќе се изработува со вклученост на јавноста и дигитална транспарентност, преку алатки што ќе ...
Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на работата на Димитар Костадиновски, кандидат за општина Јегуновце. „Диме е неуморен, не се плаши од критика, од проблеми, напротив запознаен е со се и знае што може, а што не може и кажува зошто не може. Во Јегуновце нема ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на увид на ново изградениот булевар. Се работи за проект кој го работиме заедно со Светска Банка и се работи за проект со вредност околу 24 милиони денари кои што беа инвестирани, изјави Николоски. Проектот опфаќа поплочување на тротоари, поствување на комплетно нов асфалт, хортикултурно ...
Според првичните резултати темелени на 10 проценти од преброените гласови на изборите за Долниот дом на чешкиот Парламент, што завршија во 14 часот денеска, во водство е популистичката партија АНО на чешкиот милијардер Андреј Бабиш со освоени 39,7 проценти од гласовите, додека коалицијата „Сполу“ (Заедно), предводена од актуелниот премиер на земјата, Петр Фијала, се наоѓа на второто место со 19,1 процент од гласовите. Британските медиуми ...
Израелската војска (ИДФ) соопшти дека ќе ги забрза подготовките за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Газа и враќање на преостанатите заложници, откако Хамас изјави дека прифаќа делови од предложениот договор и е подготвен да преговара за остатокот. Според соопштението на ИДФ, израелската Влада им наложила да се подготват за спроведување на планот на Трамп, јавуваат американските медиуми, ...
Сарај ќе добие монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на главната улица и уште многу други проекти, најави денеска кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. – Денес сум помеѓу мојот народ во едно од најубавите места не само во Скопје и Македонија, туку и во целиот свет, Сарај и Матка. Оваа општина нема повеќе да биде заборавена. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно ...
На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што потенцираше дека е убеден дека граѓаните во голем број ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ќе гласаат за бројот 9 за да продолжи Македонија да се развива и гради. Понатаму ...
Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за втор мандат, Билал Касами, денеска пред членовите на Здружението на пензионерите истакна дека на почетокот од својот мандат го затекнал градот во хаос и дека не било работено за никого, туку само за тесен круг на интереси. -На почетокот од мандатот, Тетово го затекнав во состојба на хаос. Не беше работено ниту за Албанците, ниту за Македонците, ниту за младите, ниту за повозрасните, ниту за било ...
Центар мора да биде најбезбедната општина во Скопје. За жал, сликата денес е поинаква – темни и небезбедни улици, сообраќаен хаос и чувство на несигурност кое секојдневно го чувствуваат граѓаните, наведува во изјава кандидатот за градоначалник на Центар од Движењето За Наша Македонија – ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, која МИА ја пренесува интегрално: Тој нагласи дека безбедноста на граѓаните е основа за квалитетен живот и дека токму затоа во својата ...
РЕАКЦИЈА НА пресот на СДС Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС. ИРД не е фирмата на Сотир Ампов, ниту фирмата која од фирма за долна облека станала надзор, туку фирмата која била во конзорциум со истата. Тоа што МЖ Инфраструктура овозможила фер и транспарентна постапка во која може да добие и фирма со која СДС ја искористила во правење на разни ...
Портпаролот на Локалниот изборен штаб на ВРЕДИ во Чаир, Сабри Азири, реагираше на скандалозните злоупотреби со јавни пари во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, предводено од директорот на ДУИ, Сабахудин Рустеми, нагласувајќи дека градот Скопје и општина Чаир се соочуваат со последиците од партискиот коруптивен и лош менаџмент, се наведува во соопштението на ВРЕДИ кое МИА го пренесува интегрално: „Вчера им ги претставивме на граѓаните на ...
Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го претставија еден од клучните приоритети на изборната програма, изградбата на Младинскиот центар, проект кој има за цел да им го овозможи на младите просторот кој им недостига за развој, креативност и иновации. „Со задоволство го претставувам еден од најзначајните и најдрагите проекти за мене лично, Младинскиот ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со градоначалникот на Тетово Билал Касами беше на увид на работите на реконструкција на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. -Денес заедно со градоначалникот на Тетово, Билал Касами бевме во посета на активностите за реконструкција на училиштето „Кирил Пејчиновиќ” како и повеќе градежни активности за проекти во Ајдучкото маало во Тетово. Да работиме за напредок на Тетово, за ...
Крива Паланка ќе добие нова енергија и нов развој со победата на Оливер Алексовски за градоначалник и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори – порача денеска Ѓорѓија Сајкоски. „Промените се неминовни. Крива Паланка заслужува повеќе – нова инфраструктура, економски развој, подобро образование и поквалитетно здравство. Сето ова ќе биде возможно со тимот кој го предводи нашиот кандидат за градоначалник, Оливер Алексовски“, ...
Овој месец, почетокот на следниот месец ќе биде избран Изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани и доколку дозволат временските услови веднаш ќе се започне со изградба, најави денеска од Кичево, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – До среда е рок за достава на понуди на автопатот Кичево – Букојчани. Тој го работиме заедно со ЕБОР. Вредноста е проценета на околу 123 милиони евра, истите ги имаме обезбедено во ...