Светските берзи бележат остар пад, додека цената на нафтата надмина 100 долари за барел, поради стравувања дека ескалацијата на војната меѓу САД и Израел со Иран може подолгорочно да го наруши транспортот на енергенси низ Ормускиот Теснец. Иран вчера го именуваше Моџтаба Хамнеи за наследник на неговиот татко Али Хамнеи на функцијата врховен лидер, што според аналитичарите покажува дека тврдокорната струја во земјата останува на власт и по ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало во февруари во однос на јануари годинава изнесува 99,7. Како што наведува ДЗС, индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од 2,9 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од ...

Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и Филипче – Андреј Жерновски. Овој човек без грам кредибилитет пред да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, треба прво сам да се погледне во огледало. Тој е истиот оној кој лажеше дека трибина од стадион кај и да е ќе падне, па еве 15 години по тоа уште стои. Како пред 15 години, така и денес – ...

Иран во понеделник го именуваше Моџтаба Хамнеи за врховен лидер, сигнализирајќи дека тврдокорните поддржувачи остануваат цврсто на власт, додека еднонеделната војна меѓу САД и Израел со Иран предизвика скок на цените на нафтата, а азиските берзи доживеаа пад. Иранските институции и политичари, од Министерството за надворешни работи до пратениците, издадоа соопштенија во кои ја изразуваат својата верност кон новиот врховен лидер на земјата, ...

По повод 83 години од депоратацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка, собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе на споменици во Штип, Битола и Скопје, информираат од македонското Собрание. Собраниска делегација, во чиј состав се Никола Мицевски, Душко Иванов и Благој Бочварски денеска во 11 часот ќе положат цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип. Утре собраниска делегација предводена од потпретседателот на ...

Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена ќе престојува во САД, каде ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот и ќе се обрати и на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026″, заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас. – Николоски ќе зборува на тема „Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките пан-европски коридори во ...

На 18 и 19 април во Македонска опера и балет по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Омилените „Поточиња“, заедно со незаменливиот водител Поки (актерот Мартин Јорданоски) подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 детски песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат. По успешното издание Поточиња 2025 и голем број гостувања на детски манифестации во Скопје, низ Македонија и гостување на ...

Милан синоќа го победи Интер со 1:0 во дербито на 28. коло од Италијанското фудбалско првенство. Единствениот гол го постигна еквадорскиот интернационалец во редовите на домашниот тим, Первис Еступињан во 35-тата минута. Двата тима имаа по два удари во рамките на голот. Милан со 60 бода по 28 натпревари е втор на табелата во Серија А и ги зачува шансите за освојување на шампионскиот трофеј. Интер собра 67 бода и е лидер на табелата. Во ...

Израел утринава започна нов бран напади врз цели во Иран и Либан, соопшти израелската армија, пренесе ДПА. „Израелските одбранбени сили започнаа дополнителен бран напади врз инфраструктура на иранскиот терористички режим во централниот дел на Иран“, се наведува во соопштението објавено на платформата Телеграм. Израелската армија соопшти и дека погодила цели на проиранската групација Хезболах во Бејрут. Претходно денеска израелската војска ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде краток коментар по веста дека Моџтаба Хамнеи е избран за нов врховен лидер на Иран, изјавувајќи во интервју за „Тајмс оф Израел“: „Ќе видиме што ќе се случи“. Трамп рече дека одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе ја донесе „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но притоа навести дека конечниот збор ќе биде негов. – Мислам дека (одлуката) ќе биде заедничка… донекаде. Ние ...

Долгоочекуваното судење по обвинение за корупција и организиран криминал против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, се очекува да започне денеска. Тој беше приведен на 19 март 2020 година, а на 23 март 2025 година беше уапсен и оттогаш е во затвор во Силиври, во близина на Истанбул. Денот пред неговото притворање, му беше одземена дипломата за високо образование, што му го одзема правото да се кандидира за претседател во ...

Цените на суровата нафта Брент надминаа 100 долари за барел за прв пат по повеќе од три и пол години, бидејќи производството и транспортот на Блискиот Исток беа сериозно нарушени од војната со Иран. Суровата нафта Брент достигна 101,19 долари за барел кратко време по продолжувањето на тргувањето на Чикашката стоковна берза, што е зголемување за 9,2 проценти од просечната цена на затворање од 92,69 долари во петокот. Суровата нафта Западен ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпадне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пред неговото патување на Кипар денеска за „зајакнување на безбедноста“ околу земјата-членка на ЕУ во источниот Медитеран. „Ја нагласив потребата Иран веднаш да ги прекине нападите врз земјите во регионот“, рече францускиот претседател, првиот западен лидер кој разговараше со својот ирански ...

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство. Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. – Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. Мојата ...

Д-р Питер ЛЕЈН (дел од интервју) Умот на некој начин има свој сопствен ум, односно мозокот не ве контролира целосно. Ако вие сте вашиот мозок, тогаш ако се отстранат многу неврони, би очекувале тоа да има драматичен ефект врз вашиот ум. Ако вие сте вашиот мозок, тогаш вашиот ум на крај мора да се објасни во рамките на физиката. И ако умот се состои од мозочни клетки и се отстранат многу од нив, тогаш би очекувале умот повеќе да не постои. ...

Македонија ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓани, велат од Владата по забраната која адвокатот Тони Менкиновски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години. Менкиновски за ТВ 24 вели дека од утре стартува со како што наведува легална и легитимна правна офанзива пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите ...

Лишени од слобода три лица и повикани на службен разговор две лица во Скопје, физички ги нападнале или агресивно се однесувале кон нивни сопруги, партнерка, ќерка и снаа, информираат денеска од МВР. Синоќа во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил ...

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите Арапски Емирати почна евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови. Како што информира денеска Министерството за надворешни ...

– Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, објави нова порака до Украинците на X, барајќи објаснување за големите суми готовина што, според него, поминале низ Унгарија. – Сè уште чекаме одговор: зошто 900 милиони долари и 420 милиони евра готовина беа префрлени преку Унгарија? За што се искористени и во чиј интерес? Колку од нив беа потрошени во Унгарија и во чија корист?“, напиша Сијарто. Објавата доаѓа по инцидентот што ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека телефонски разговарал со својот ирански колега, Масуд Пезешкијан, и го повикал Иран да ги запре нападите врз други земји во регионот и да го отвори Ормускиот теснец. „Разговарав со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Го информирав дека безбедноста и враќањето на Сесил Колер и Жак Париз во Франција, кои моментално се наоѓаат во просториите на француската амбасада, остануваат ...

Ицо НАЈДОВСКИ ПЕРИН Јас, д-р Ицо Најдовски Перин, активист и уредник на Македонската програма на 3ZZZ, упатувам јавно обвинување за ЧИН НА ПРЕДАВСТВО до Управата на ФОМКУД. Додека нашето свето македонско сонце од Кутлеш е под директен напад во Мелбурн, Управата на ФОМКУД излезе со срамен „Проглас“. Нè убедуваат да седиме дома и да ги оставиме „на раат“ да работеле. Ова не е дипломатија – ова е почеток на крајот на нашето постоење во ...

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, ги покани своето семејство и пријателите на дербито со Интер. Натпреварот од 28. коло во Серија А на „Сан Сиро“ се игра вечер со почеток во 20:45 часот. Според „Скај Спорт Италија“, Модриќ купил 60 билети за миланското дерби, за своето семејство и пријатели. Меѓу поканетите на натпреварот бил и поранешниот соиграч на Лука од Хрватска, Марио Манџукиќ. Манџукиќ играше за Милан во сезоната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД или „нема да трае долго“. – Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа. Не сакам луѓето за пет години да мораат да се враќаат и ...

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи, денеска изјави дека на иранскиот народ е да го избере својот лидер, a не на американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за американската телевизиска мрежа NBC, Арагчи реагираше на изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека тој мора да биде вклучен во изборот на наследник на врховниот ирански лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен 28 февруари, на почетокот на ...

Во 2025 година, жените држеа 33,6% од местата во националните парламенти низ ЕУ, што претставува зголемување од 5,4 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат. Најголем удел на жени во своите парламенти имаат Финска Финска (46,0%), Шведска (44,8%) и Данска (44,7%), додека Кипар ...

– Правата на жените не значат ништо ако не можеме да ги одбраниме. Меѓународниот ден на жената годинава доаѓа во време кога правосудните системи се под притисок. Конфликтите, репресијата и политичките тензии го ослабуваат владеењето на правото. Резултатот – жените и девојките имаат само 64 проценти од законските права на мажите, се нагласува во пораката на ОН по повод Денот на жената – 8 Март, што годинава се одбележува под мотото „Права. ...

– Меѓународниот ден на жената – 8 Март, и оваа година го надминува симболичниот гест на подарени цвеќиња и комерцијални црвено-розови понуди, потсетувајќи дека неговата суштина лежи во долгогодишната борба за економска, политичка и општествена еднаквост. И покрај поместувањата во законодавството и политиките за родова еднаквост, податоците за Северна Македонија покажуваат дека жените и понатаму се соочуваат со сериозни структурни бариери како ...

Билјана БАБИЌ за Република.мк Денеска ќе ми подадат ружа. Ќе ми кажат „среќен празник“. Ќе ми зборуваат за силата на жена. А јас мислам на жените што не го дочекаа овој ден. На жена што седум години била кршена – полека, систематски, пред очи на институции што „постапувале“. Седум години. Седум 8-ми Мартови во страв. На жена кон која се пука во сопствениот дом. На ќерка и татко убиени од поранешен партнер, па уште една смрт во истиот круг на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
54%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
48%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.63
49%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
51%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
49%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
46%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
48%
1015
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0157

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Бакар

12.64

Цинк

0.00

Алуминиум

3.50

Платина

66101.93

Калај

54.78

Иридиум

253540.09

Сребро

2583.47

Рутениум

51376.89

Злато

151875.00

Паладиум

48065.37