Познатиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, пред неколку дена стана татко по втор пат. Неговата свршеница Анамарија Голтес роди девојче, а овој пат одлучиле да се породи во Словенија. Кошаркарот сега сподели фотографија од својата ќерка и откри кое име го избрале. – Оливија – напиша Лука едноставно со емотикон во форма на срце во описот на фотографијата од девојчето. View this post on Instagram A post shared by Luka Doncic ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Откријте кои 5 хороскопски знаци се родени за луксуз и имаат најсилни астролошки предиспозиции за финансиски успех. Родени за луксуз – тоа е идеја што интригира и го поставува прашањето: Дали некои луѓе се навистина предодредени за финансиски успех, додека други мора да вложат натчовечки напор? Набљудувањето на ...

Францускиот филм A Private Life (Vie privée, 2025), новото остварување на режисерката Ребека Злотковски, веќе се издвојува како едно од најкоментираните европски филмски проекти на годината. Со впечатлива актерска екипа предводена од неповторливата Џоди Фостер, овој црн комичен трилер успеа да го привлече вниманието и на критиката и на публиката. A Private Life ја имаше својата светска премиера на 20 мај 2025 година, во програмата „Out of ...

Овој колач е подготвен со состојки што повеќето од нас ги имаме во кујната Состојки: 3 јајца една чаша (од 200 мл) шеќер 1 чаша мелени ореви 1 чаша гриз 1 прашок за пециво 60 мл масло 100 мл јогурт 100 г накиснато суво грозје 1 кесичка ванилин шеќер Подготовка: Матете ги белите со шеќерот додека смесата не стане пенаста. Додадете масло и млеко. Потоа додадете гриз измешан со прашок за пециво, мелени ореви и изматени жолчки. Сè добро измешајте со ...

На 7 декември 1967 година, во студиото на Stax Records во Мемфис, Отис Рединг застана пред микрофонот за да ги сними вокалите за песната што подоцна ќе стане неговиот најголем хит – „(Sittin’ On) The Dock of the Bay“. Никој тогаш не можеше да претпостави дека ова ќе биде неговата последна снимка. Само три дена подоцна, Рединг трагично загина во авионска несреќа, на само 26 години. Песната почнала да се создава неколку месеци претходно, во август ...

Љупка Арсова-Џундева е родена на 11 јули 1934 година во Скопје. Таа беше истакната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар, Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата глумци кои ја завршиле Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година, иако и по пензионирањето продолжува да биде активна во театарот. Деството го ...

Наум Петрески е роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Со музика се занимавал од самото детство. Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб. Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу ...

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ? живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ? беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а ...

Искусен американски кардиохирург споделил клучен совет за секој над четириесет години кој сака да обезбеди долг и здрав живот. Д-р Џереми Лондон посочил една навика од која треба да се откажете за да ги зголемите шансите за здрава старост, пишува порталот vt.co. Кога неговиот син го прашал, д-р Лондон без двоумење одговорил: алкохолот. „Првото нешто би бил алкохолот, а тоа важи за секоја возраст“, објаснил тој. „Ако навистина сакате да поставите ...

ЈАЈЦАТА се една од оние намирници што ќе ги најдете во речиси секој фрижидер. Тие се неопходен дел од појадокот, но се користат и во бројни солени јадења за ручек и вечера и како клучна состојка во десертите. Со оглед на нивната широка примена, многумина ги консумираат секојдневно. Но, дали е здраво, со оглед на спротивставените информации за јајцата и нивните хранливи материи што често ги слушаме во медиумите? Експертите откриваат што навистина ...

КИВИТО е хранливо овошје богато со влакна кои го намалуваат холестеролот и витамин Ц кој го зајакнува имунитетот, што го прави одличен додаток на здравата исхрана. Но, за целосно да уживате во неговиот вкус, клучно е да изберете совршено зрело. За да купувате попаметно во иднина, ви донесуваме совети од двајца сертифицирани диететичари за тоа на што треба да обрнете внимание при изборот на најслаткото киви, пишува Health.com. На што да обрнете ...

Еден австралиски пар останал со непријатно изненадување по ручекот во италијански ресторан во Сиднеј кога забележале автоматски додаден бакшиш на сметката. Иако постоела опција да се одбие, тие морале конкретно да го замолат персоналот да го стори тоа, што предизвикало жестока дебата на интернет, пишува Daily Mail. Парот ручал во „Ragu Italian Pasta & Wine Bar“ во трговскиот центар Вестфилд во Сиднеј оваа среда. Откако изеле две тестенини и ...

На денешен ден, 6 декември 1969 година, речиси 300.000 љубители на музиката се упатија кон Altamont Speedway во областа на заливот Сан Франциско, со надеж дека ќе бидат дел од уште едно историско музичко случување. Фестивалот, замислен како бесплатен концерт предводен од The Rolling Stones, беше најавуван како „Woodstock на Западот“ и продолжение на еуфоријата и идеалите на контракултурата од 60-тите. Поставата беше навистина импресивна: ...

Нашата млада пејачка Тамара Стојковска ја претстави својата најнова песна „Да те сакам лесно е“, придружена со впечатлив спот кој веќе привлекува внимание на социјалните мрежи и YouTube. Премиерно објавена на 4 декември 2025 година, песната носи свеж, искрен и интимен музички израз – препознатлив печат на Тамара, која од видео до видео создава свое мало музичко засолниште за сите што сакаат емотивна и топла музика. „Да те сакам лесно е“ е ...

Раскошниот епски филм „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон е прогласен за најдобар филм на годината во анкетата на списанието „Sight and Sound“ за 2025 година, објавува „Deadline“. Режисерот не го криел своето задоволство од ова големо признание. „Искрено, ова ми го одзема здивот“, рекол Андерсон во писмена изјава. „Се сеќавам дека го читав „Sight and Sound“, како и сите нас, од многу мала возраст, а сега мојот филм е прогласен за ...

ДЕНСЕС таа област ја нарекуваат „внатрешно море на државата“. Одлично вино, меланхолично фадо, прекрасни плажи и опуштен начин на живот – сето ова совршено ја опишува Португалија, една од најатрактивните туристички дестинации во Европа. Лисабон, Порто, Синтра, Мадеира и Азорските Острови долго време ги освојуваат посетителите, но во сончевиот регион Алентехо се крие уште еден бисер – браната „Алкева“, зграда која целосно го трансформираше ...

Експертите за говор на телото и проценка на личноста со децениско искуство научиле дека едноставните гестови, како на пример како стоиме, можат да дадат длабок увид во тоа кои сте. Интригантниот свет на говорот на телото – без разлика дали вашите стапала се раздвоени додека стоите, едната нога е напред или прекрстена – може да каже нешто за вас во секојдневниот живот, работата, врските и финансиите. Погледнете ја сликата погоре и проверете како ...

Хали Бери го критикувала гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, затоа што неговата политика ги игнорира жените. Добитничката на Оскар, Хали Бери, вчера зборувала на самитот „Dealbook“ во Линколн центарот во Њујорк и остро го критикувала гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, тврдејќи дека овој политичар ги занемарува жените и дека никогаш не треба да стане следниот претседател на Америка, што е негова цел. „Во мојата прекрасна држава ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Некои луѓе можат да простат и да продолжат понатаму, но има и такви кои, по разочарувањето, повеќе не гледаат поента да се вратат. Во астрологијата, постојат неколку знаци кои многу сериозно ги сфаќаат емоционалните граници. За нив, вториот обид е најчесто знак на повторување на истата приказна што веќе ја искусиле ...

ОВАА торта е лесна за подготовка, а нејзините богати вкусови сигурно ќе ги импресионираат сите гости. Тортата е лесна за подготовка и може да се направи претходниот ден, што ја прави идеаллна за празнична трпеза. Состојките за корите вклучуваат мелени ореви, брашно, шеќер, прашок за пециво, минерална вода и масло. Филот е направен од растително млеко, згуснувачи, шеќер, темно чоколадо, мелени ореви и суво овошје. Сè се става во три кори, кои се ...

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој беше еден од најпопуларните македонски пејачи на фолклорна музика. Гоце уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и ...

Син на кнезот Јарослав. Од малечок со срцето свртен кон Бога. Ги победи Швеѓаните на реката Нева, на 15 јули 1240 година, заради што е наречен Невски. Во таа прилика на еден војвода на Александар му се јавија светителите Борис и Глеб и му ја ветија својата помош на великиот кнез, којшто им беше роднина. Во Златната Орда татарска Свети Александар не сакаше да им се поклони на идолите ниту да помине низ оган. Заради неговата мудрост и телесна ...

Андријана Јаневска е родена на 6 декември 1981 година во Скопје. Таа е позната македонска пејачка и музичарка. Андријана Јаневска е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст – отсек ...

Ѕвездата на OnlyFans, Софи Рејн, која тврди дека е невина, открила дека заработила повеќе од 95 милиони долари на платформата за возрасни за две години, предизвикувајќи реакции. Таа сподели снимка од екранот од својата заработка на социјалните мрежи и напишала: „Благодарна сум за двете години што ги поминав тука“. По ова следеле коментари од нејзините следбеници кои беа воодушевени од оваа бројка. „Нема шанси да заработи повеќе од Леброн Џејмс“, ...

Често зборуваме за тоа како да го забрзаме метаболизмот, но не и за тоа која храна го забавува. Постојат голем број производи кои го забавуваат метаболизмот. Затоа, ако не сакате да го забавите метаболизмот, обрнете внимание на следниве производи. Замрзнати производи Поточно, нискокалорична замрзната храна. Многу често, како дел од слабеењето, користиме замрзната храна, која има ниска содржина на калории. Но, оваа храна го забавува метаболизмот, ...

Со доаѓањето на постудените денови, нашето тело поминува низ низа промени – троши повеќе енергија за одржување на телесната температура, а имунитетот е изложен на поголем предизвик поради честите инфекции. Токму затоа е важно да ја прилагодите вашата исхрана на зимските услови. Треба да избереме храна што ќе ја обезбеди потребната енергија, ќе го зајакне одбранбениот систем и ќе придонесе за општото здравје. Зимата не мора да биде период на ...

Поранешната хип-хоп танчерка и учесничка во реалното шоу „Country Ever After“ Крисила Андерсон починала на 46 години по долга борба со рак на цревата. Веста за нејзината смрт ја објавила на Инстаграм нејзината блиска пријателка Линдзи Вилаторо, која споделила емотивна порака и последните зборови што Крисила ги напишала пред нејзината смрт. „Ми го крши срцето што го споделувам ова. Ѝ ветив на Крисила дека ќе одам по овој пат со неа секогаш кога ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија Голтес се породила во Словенија, каде Лука го прославил раѓањето на своето второ дете опкружен со семејство и пријатели, објавува словенечкиот портал 24ur.com. Лука Дончиќ и Анамарија Голтес се познаваат од детството, а нивната љубовна приказна започнала во 2016 година. По неколку години врска, тие се преселиле во Америка, каде што изградија ...

Денес во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата на слики од Мирослав Живковиќ, уметник од Србија. Изложбата е дел од меѓународната активност на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата ја отвори м-р Каролина Мицевска, која посочи дека делата од Мирослав Живковиќ пренесуваат топлина, сонце и енергија која грее и предизвикува емоции. – Во делата на Живковиќ се ...

Толкувањето на ознаките на амбалажата често знае да биде предизвик за потрошувачите, особено кога два производа изгледаат речиси идентично, но носат различни нутритивни тврдења. Една од најчестите дилеми е разликата меѓу ознаките „без шеќер“ и „без додаден шеќер“. Во Македонија, како и во европските држави, производителите имаат законска обврска транспарентно да го наведат вкупното количество шеќер и неговиот извор. Токму поради тоа, на ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1025
weather icon

Загреб

13ᴼ / 8ᴼ
1.03
69%
1025
weather icon

Софија

13ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1029
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.4
66%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.79
80%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
69%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
59%
1025
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
67%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.68
93%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1026
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Рутениум

29192.88

Злато

139298.91

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Калај

43.15

Иридиум

145787.60

Паладиум

53788.20

Сребро

2105.58

Платина

62683.26

Алуминиум

2.92

Кобалт

58.42

Бакар

10.93