Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Добивај вести на Viber Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, јави грчката новинска агенција АНА-МПА. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија ...
Добивај вести на Viber Според најновата анализа на Еуростат, објавена деновиве, Македонија се наоѓа на дното на европската листа според трошоците за основните потрошувачки производи. Истовремено, тоа значи дека земјата е и најевтина во Европа кога станува збор за храната, безалкохолните пијалоци и тутунот. Податоците на Еуростат се однесуваат на 2019 година, но јасно ја прикажуваат разликата меѓу европските држави во однос на цените на ...
Добивај вести на Viber „Мојата желба е младите кои го завршуваат образованието и кои ги преземаме кај нас на работа да останат во својата држава и тука да ја градат својата професионална кариера“, истакна Штефан Павлињек, стопанственик и директор на групацијата „Рото“, во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб плус“ со Бранко Азески. Павлињек потенцира дека од исклучително значење е она што се изучува на факултетите да се примени во ...
Добивај вести на Viber Летото беше време на авантури и зголемена физичка активност за многумина од нас, но нашата кожа, мускули и зглобови не секогаш уживаа во тие предизвици. Престојот на сонце, во вода и секојдневниот напор на високи температури може да има последици врз нашето тело и кожа. Есента пристигна побрзо отколку што очекувавме, а со неа и периодот кога ќе се појават последиците од тоа интензивно лето. Сега е време да се грижиме ...
Добивај вести на Viber Берлин денес ќе биде домаќин на „судбоносниот“ ден за мирот во Украина. Лидерите на Британија, Франција и Германија ќе се сретнат со специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стивен Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, во присуство на претседателот на Украина, Владимир Зеленски. Не е исклучено на неа да дојде уште некој европски политичар. Тоа ќе биде обид да се усогласи заеднички приод за конечна ...
Добивај вести на Viber Понудата на Украина да се откаже од членството во воениот сојуз на НАТО веројатно нема значително да го промени текот на мировните преговори, изјавија американските експерти за безбедност, објави Ројтерс. За време на разговорите со американските претставници за мировен договор меѓу Украина и Русија, претседателот Володимир Зеленски во неделата понуди да се откаже од аспирациите на Украина за НАТО. „Тоа не менува ништо. ...
Добивај вести на Viber Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување. Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат ...
Добивај вести на Viber Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. - На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното ...
Добивај вести на Viber На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром - Стокхолм - ...
Добивај вести на Viber Група пратеници бараат одлагање на примената на Законот за административни службеници донесен во јули 2025 година. Дел од одредбите од овој закон требаше да почнат да се применуваат од почетокот на следната година, а друг дел од 1 јануари 2027 година. Условите и класификација на работните места на административните службеници и Плати, надоместоци и додатоци на административните службеници трабаше да се применуваат од 1 ...
Добивај вести на Viber Има или нема „Мега Луна 25“ дозвола за лунапарк во Скопје - Ова прашање се отвори откако инспекторите тврдат дека треба да биде затворен, а сопственикот Панде Димов преку фирмата дека „Зимзоленд“ ги има сите дозволи и дека ќе работи. На „Зимзоленд“ за кој државните институции тврдат дека има низа пропусти, си продолжуваат настаните. Синоќа настапи и актерот Игор Џамбазов, а се плаќаат и познати личности да го ...
Добивај вести на Viber Креирани се мапи кои покажуваат кои се најпопуларните сувенири во земјите во светот и некаде тоа се кломпи, некаде часовници, беретки, џемпери, чоколади, украсени јајцa, а за Македонија блогерите навеле дека најпознати сувенири се бисерите, филигранот, рачните изработки, но ги набројуваат и зачините, ајварот, ракијата, сирењата и слично. Магнети, разгледници, локум, чанти се дел од работите кои странците ги купуваат ...
Добивај вести на Viber Владата минатата недела службено го усвои и го објави првиот годишен енергетски инвестициски план на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и според тоа познато е кои инвеститори ќе ги изградат првите батериски системи за складирање на електрична енергија. „Доставени се вкупно 37 иницијативи за изградба на изолирани складишта на електрична енергија, со цел приклучување на електродистрибутивниот ...
Добивај вести на Viber Судот го прифатил барањето на Обвинителството и на поранешниот јавен правобранител, Фахми Стефа му е определен притвор во времетраење од триесет дена, поради опасност од бегство и влијание на сведоци, велат од Основниот кривичен суд. Судот го прифатил предлогот на Обвинителството, откако претходно денеска, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа оти тој дека во периодот ...
Добивај вести на Viber Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, потврди дека двајцата вооружени лица кои убија 15 лица и ранија уште десетици на плажа во Сиднеј се татко и син. Навид Акрам (24) претрпел сериозни повреди и останува во болница под полициска заштита. Неговиот педесетгодишен татко беше убиен од полицијата. Двајцата пукале во еврејска заедница чии припадници се собрале за да прослават настан на плажата Бондај. ...
Добивај вести на Viber Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Австралија за време на прославата на еврејскиот празник Ханука се искачи на 16, вклучувајќи и едно дете, изјави министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк. Тој изјави за телевизијата Еј-Би-Си дека меѓу жртвите е и еден од двајцата напаѓачи. Тој истакна дека 38 лица повредени во нападот се уште се во болница. Полицијата претходно соопшти дека еден од осомничените ...
Добивај вести на Viber Од 17:30 часот сообраќајот на ГП Богородица (Евзони) е затворен за секаков тип на возила, соопшти АМСМ. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, ...
Добивај вести на Viber Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва повторно апелира пратениците да ја потпишат предлог-резолуцијата поднесена од неговата партија за да се елиминираат, како што истакна, сите сомнежи за примање мигранти од Велика Британија во Македонија. Филипче во гостување на ТВ Сител рече дека темата за мигрантите ја наметнаа релевантни британски медиуми, а Владата не ги демантирала. -Зошто не ја потпишуваат нашата ...
Добивај вести на Viber Мерките на Владата во областа на туризмот даваат резултати и затоа во првите 10 месеци од годинава имаме повеќе од 5 проценти зголемување во вкупна бројка на туристи и близу 9 проценти странски туристи, но и околу 3 милиони преноќувања. Затоа ќе продолжиме со ваквите политики, бидејќи туризмот е многу значаен за помала земја како нашата и за промоција но и за кеш пари за македонската економија, вели премиерот Христијан ...
Добивај вести на Viber Меѓународниот аеродорм Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и број на нови понудени места, се вели во најновата анализа на специјализираниот веб сајт за авиосообраќај - „exyuaviation.com". Како што соопшти Министерството за транспорт, за првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром нуди 316 528 повеќе седишта споредено со истиот квартал од 2025 година, што го прави апсолутен лидер во регионот. Зад ...
Добивај вести на Viber Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, е задоволен од тест периодот за „Сејф Сити“, и дека сега граѓаните забавиле со возењето, и дека е намален број на сообраќајки и на телесни повреди. „Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Македонските граѓани покажаа дека и во тест период кое ќе се вметне едно решение, сфатија и го забавија возењето во рамки на главниот град. Покажаа дека ...
Добивај вести на Viber Во Берлин започна средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, со учество на германскиот канцелар Фридрих Мерц, како дел од дипломатските напори за наоѓање излез од војната во Украина. Во објава на Фејсбук, украинскиот претседател објави фотографии на кои се гледа како се ракува со Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како и други фотографии на кои се гледаат ...
Добивај вести на Viber Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе ...
Добивај вести на Viber Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишиле од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информира МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50 000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да ...
Добивај вести на Viber Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски. На крајот од обраќањето по повод двегодишнината на ЗНАМ, Димитриевски потенцира дека на иста линија се и останатите коалициски партнери. -Македонија својата мигрантска приказна ја заврши во 2000 година, со завршувањето на косовската криза. Нема простор за отворање мигрантски ...
Добивај вести на Viber Професорката Ана Чупеска, реагира на информацијата за затварањето на трезорот на 15 декември. Според неа, тоа не е домаќинско работење. „КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Затворањето на трезорот на 15-ти декември е јавно признание за финансиски крах, а не мерка за „дисциплина“! За првпат во модерната историја на Македонија, Владата става катанц на Буџетот уште на средина на ...
Добивај вести на Viber Министертвото за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го привело поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. -Во текот на вчерашниот ден МВР во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка превзема дејствија ...
Добивај вести на Viber Русија не очекува позитивен исход од разговорите за прекин на огнот во Украина што се одржуваат во Берлин, изјави денеска за руската државна телевизија денеска. Јуриј Ушаков, помошник на претседателот Владимир Путин за надворешна политика. Ушаков во забелешките снимени во петокот, но емитувани денеска, рече дека придонесите од Украина и европските сили на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп „тешко ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е ликвиден и оти тековно се извршуваат сите обврски. Датумот 15 декември бил поставен како рок, не за затворање на трезорот, туку како датум кога институциите треба да ги достаат сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат до година. Добро е, според него, институциите да го почитуваат рокот, но ако некој дојде ...
Добивај вести на Viber Во Хрватска е потврден изолиран случај на лепра, хронична заразна болест позната уште од библиски времиња. Станува збор за странски работник, а властите нагласуваат дека ситуацијата е под контрола и дека нема причина јавноста да се грижи, информираа од Министерството за здравство за RTL. Лепрата, позната и како лепра , е хронична заразна болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium leprae . Најчесто ги зафаќа ...