Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Економијата на ЕУ во првата половина од 2025 година оствари подобри резултати од очекуваните, со што, и покрај скромниот раст, се очекува таа да остане отпорна и континуирано да создава работни места поддржани од силната домашна побарувачка, поволните услови за финансирање и силниот европски пазар на трудот, наведува претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју во Извештај доставен до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во ...
Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а истовремено предизвикува негативни последици врз здравјето, јави телевизијата РТВЕ. Во видео ...
Од денеска до 24 октомври во Кинотеката ќе се одржува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм, кој вечер ќе биде отворен со полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жени алпинисти кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите. Покрај проекцијата, обраќање ќе има и писателката Ана Камињска од Полска, која е автор на книгата „Ванда – приказна за силата на ...
Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е ...
Делегација на Хамас предводена од Халил ал Хаја денеска во главниот град на Египет, Каиро ќе разговара со претставници на Египет и Катар за примирјето и ситуацијата по војната во Појасот Газа. Средбата ќе се одржи еден по серијата израелски напади врз Појасот Газа, што беше преземена како одговор на нападот врз израелските војници во Рафа. И Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за непочитување на примирјето. Египет и Катар подолг период ...
Денот кога вселенската прашина стана вест, кога една архитектонска икона ги отвори вратите, кога поетот на бунтовниот јазик се роди, а статистиката ни напомена дека секој број е човечка приказна. Наука и космос — „Рака до астероидот“ 20 октомври 2020: Мисијата OSIRIS-REx на НАСА, успешно ја допре површината на астероидот Бену и зеде примерок од неговата прашлива кора. За неколку секунди контакт, млазови азот раздвижија древна материја стара ...
Најпосетуваниот музеј во Франција, Лувр, ќе остане затворен и денеска по вчерашниот грабеж, соопшти портпаролот на музејот. Францускиот министер за правда, Жералд Дарманен, призна дека имало безбедносни пропусти во заштитата на Лувр, кои им овозможиле на крадците вчера да украдат кралски накит среде бел ден од познатиот париски музеј. – Она што е сигурно е дека потфрливме, бидејќи луѓе успеале да паркираат лифт за мебел во центарот на Париз, ...
Локалните избори од 19 октомври 2025 година поминаа во мирна и демократска атмосфера, а албанскиот политички блок излезе од нив со мешан биланс – симболични победи, стабилна база и зголемена потреба за внатрешна консолидација. Според првичните резултати, коалицијата ВЛЕН постигна важни успеси во клучните општини Чаир и Тетово каде што кандидатите Изет Меџити и Билал Касами, освоија убедливи победи уште во првиот круг. Од друга страна, ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон. „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на ...
Првото коло од Европскиот клупски куп во шах донесе очекуван резултатски расплет, при што најдобро рангираните екипи, меѓу кои е и македонскиот шампион ШК Алкалоид, стартуваше со победа од 5,5:0,5 против Дарданија. За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година, и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија Абиманју Пураник и Тони Лазов, при што обајцата имаа успешно деби со освојување ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на САД возена синоќа во Остин. Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и водеше на целата дистанца. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 7,959 секунди зад победникот. Шарл Леклер од Ферари заврши трет, 15,373 секунди зад него. Лидерот во табелата на возачите во Формула 1, Оскар Пјастри, заврши петти. Пјастри останува на првото место во Генералниот поредок со 346 ...
Метју Пулет, театарски експерт од Франција, во Битола приреди серијал работилници за млади на тема „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“. Работилниците ги следеа ученици по француски јазик од Битола кои низ креативни работилници и специјално креирана апликација Faune, се здобија со поинакво дигитално уметничко искуство и пристап кон учењето на јазикот. Во рамки на проектот се одржаа работилници за професорите по француски ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази увереност дека експонатите украдени од Лувр ќе бидат пронајдени и оти сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Макрон на X напиша дека кражбата извршена во Лувр е напад врз ценетото културно и историско наследство на Франција. Францускиот претседател изјави дека се преземаат сите активности за фаќање на сторителите и враќање на експонатите, и дека целиот процес го води канцеларијата ...
Украина не планира да отстапи никакви неокупирани територии на Русија како дел од мировниот договор за завршување на целосната војна, изјави претседателот Володимир Зеленски за емисијата „Meet the Press“ на NBC во интервју емитувано на 19 октомври. Како што пренесува Кијив Индипендент, коментарите доаѓаат кратко време по последната средба на Зеленски во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика Русија и Украина ...
Партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни препукувања за резултатите на локалните избори. – СДСM на овие локални избори доживеа историски дебакл. СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг. Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и Влен. СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. ВМРО-ДПМНE пак ја освои Струмица во прв круг. Граѓаните и во ...
Резултатите од изборите 2025 носат интересни трендови на политичката сцена. Иако ВМРО-ДПМНЕ останува најголема партија според број на освоени гласови, споредбата со минатогодишните избори покажува драматичен пад од над 134.000 гласови, или 30,8% помалку. Уште посериозен е ударот за ЗНАМ, која и покрај учеството во власта бележи пад од над 18.000 гласови, односно 32,3%, што ја прави партијата со најголема загуба на поддршка процентуално. ЗНАМ ...
Англичанецот Греам Потер е назначен за нов селектор на шведската фудбалска репрезентација. Договорот на 50-годишникот ќе трае до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, објави Шведската фудбалска асоцијација. Данецот Јон Дал Томасон поднесе оставка од функцијата селектор на шведската репрезентација по поразот (0:1) од Косово на 14 октомври. Тој беше првиот странски тренер во историјата на тимот. По четири кола, Шведска ...
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори доминира во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ во 9, СДСМ и Коалицијата во 8, Националната алијанса за интеграција во 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците, Унија на Роми, Група избирачи Менди Ќура и Група избирачи Азем Садиќи во по една општина. Според првичните резултати на ДИК по обработени 99,94 отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на ...
Според првичните резултати од обработени 99,93% од гласовите во Советот на Град Скопје најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 18 советници. По шест советници ќе имаат Коалицијата ВРЕДИ, Националната алијанса за интеграција и Левица. СДСМ ќе има пет, а еден советник ќе има и ЗНАМ. Во 45 члениот совет на Градот Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за успех и Јана Белчева Андрееска и Марјан Калевски, како независни. Во Скопје ...
Денес Месечината сјае во знакот на Лав, а Сонцето сè уште престојува во Вага, создавајќи совршен спој меѓу страст и хармонија, изразување и мир. Ова е ден кога срцето сака да зборува, да се истакне, да биде слушнато и да ја сподели својата светлина. Можеби ќе почувствуваме зголемена потреба за признание, но и нежност кон оние што ни се блиски. Ден исполнет со топлина, гордост и малку драма – но токму таа драма го прави животот вистински ...
По преброени 99% од гласовите, се потврдува она што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, соопштуваат од СДСМ. „Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 ...
Македонскиот народен театар, со претставата „Народен пратеник“ настапи на 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. -Салата беше исполнета до последното место – повеќе од 400 гледачи уживаа во изведбата со очигледно воодушевување, наградувајќи ја тимската актерска игра со неколкуминутен стоечки аплауз и овации, кои создадоа силна емотивна врска меѓу сцената и публиката, велат од МНТ. Селектор на годинашните ...
Товарен авион изгуби контрола и се лизна од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг во морето, при што загинаа две лица, објавија денеска локалните медиуми. Авионот „Боинг 747“, управуван од турската авиокомпанија АКТ, скршнал од пистата и се лизнал преку пистата во водата. Според извештаите, џамбо-џетот, кој превезувал четири члена на екипажот, претходно удрил во возило на пистата на аеродромот, кое исто така било фрлено во морето од ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,24 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 13,12 и Амар Мециновиќ од Левица со 12,09%, потоа Скендер Реџепи од НАИ со 11,84 и Каја Шукова од СДСМ со 10,78%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина Аеродром, ...
Коалиција ВЛЕН прогласи победа во првиот круг од локалните избори во неколку општини, меѓу кои Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново. Според портпаролот на изборниот штаб на ВЛЕН, Дритон Суљејмани, резултатите покажуваат „јасна поддршка за нова, чесна и одговорна политика“. -Денеска граѓаните проговорија јасно, со слободен глас и чист совест тие ставија крај на ерата на една измама и страв, отворајќи го патот за нова, чесна, ...
Ви ветивме победа и имаме победа. Ова е триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока, избра вредност, избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето по завршениот прв круг на Локалните избори. Порача и дека следните две недели се и вториот круг се тие кога оваа победа треба да се потврди и да се заокружи почнатат промена. -Но оваа убедлива победа е само ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши обид за убиство на сопствениот брат. Toj се сомничи за кривично дело „убиство“ предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Како што информира Обвинителство, на 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот ...
Израел продолжи да дозволува хуманитарна стока во Појасот Газа откако претходно ги запре испораките на помош по, како што рече, терористички напади врз неговите сили во кои загинаа двајца, соопштија денеска безбедносни извори. Политичкото раководство нареди „хуманитарната помош да продолжи да влегува во Појасот Газа преку преминот Керем Шалом и дополнителни премини по израелската инспекција, во целосна согласност со потпишаниот договор“, ...
Орце Ѓорѓиевски Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, и Амар Мециновиќ од Левица, ќе се соочат во вториот круг од изборите за градоначалник на Скопје, закажан за 2 ноември. Според најновите податоци објавени утрово од Државната изборна комисија (ДИК), обработени се 100 отсто од избирачките места во Скопје. Ѓорѓиевски води со 39,43 % од гласовите, односно 91.582 гласа, додека Мециновиќ има 13,20 % или 30.659 гласа. На третото место е кандидатот на ...
Генерално имаше мирен ден, но за жал констатиравме и бројни прекршувања на изборниот процес. Злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, кршење на изборниот молк преку агитирање и како и нерегуларности при самото гласање, истакна на прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Во Лозово на пример е спречен е обид за поткуп, документиран и од страна на МВР. Обиди ...