Белград
8ᴼ /
6ᴼ
Управата на ПСЖ планира да создаде посебно седиште на трибините на „Паркот на принцовите“ за тренерот Луис Енрике, да може да го гледа натпреварот одозгора и да дава инструкции, објави „RMC Sport“. Педесет и петгодишниот Шпанец оваа сезона ги започна натпреварите оваа сезона на трибините на стадионот за да го гледа својот тим како игра. На полувремето, тој се симнува, им дава инструкции на играчите и продолжува да го води тимот од аут-линијата. ...
Естонија вчера објави дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму вкупно 12 минути. -Русија го наруши естонскиот воздушен простор четири пати оваа година, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при што три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е без преседан дрско, изјави министерот за надворешни работи Маргус Цахкна. Естонската војска објасни дека руските ...
Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“. -СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се ...
Функционер на Министерството за надворешни работи вчера изјави на социјалните мрежи дека Кабул е подготвен за дијалог, но нагласи дека на САД нема да им биде дозволено повторно да го воспостават своето воено присуство во централноазиската земја, објави Ал Џезира. -Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја вратат воздухопловната база Баграм во Авганистан, изјави претседателот Доналд Трамп во четвртокот за време на заедничката ...
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ги повика сите засегнати, како и сите директори на АНБ, вклучително и сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор. Таа ја коментираше пракса на ДПМНЕ за наводното следење кога биле во опозиција и ја критикуваше нивната блокадата за декласификацијата на документите „Зошто не дозволивте да се декласифицираат ...
Со доделување посебни фестивалски награди и признанија, и со проекција на македонскиот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан, вечер во Битола почнува ИФФК „Браќа Манаки“. Новото 46-то издание на фестивалот на кинематограферите од светот и годинава нуди конкурентни филмови за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, богата документарна и студентска програма, а се враќа и програмата ...
Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави стихозбирката „Совршен поет“ – книга со собрана поезија на Игор Исаковски (1970-2014) по повод 55 години од неговото раѓање, и ќе ја промовира вечер во кафе-книжарницата Буква од 20 часот. -Во слава на поетот Игор Исаковски, на 55-годишнината од неговото раѓање. Книгата има 700 страници собрана поезија на еден од најзачајните и најпознати современи македонски поети, соопшти „Или-Или“. Во првиот поговор на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера на прес конференцијата со британскиот премиер Кир Стармер, навести дека сака да ја врати воздухопловната база Баграм во Авганистан под контрола на САД, четири години по повлекувањето на американските трупи од земјата. Пред Стармер тој даде изјава за овој план што го споменуваше и претходно, но кој, се чини, сега доаѓа во центарот на неговото внимание. -Ја сакаме назад таа база, рече Трамп за време на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг дал зелено светло за продажба на ТикТок на американски купувачи. „Волстрит џурнал“ објави за наводна надомест од повеќе милијарди долари што купувачите на компанијата ќе ја платат на Министерството за финансии на САД. „Кинескиот претседател го одобри договорот за ТикТок“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека „тоа може да биде формалност“ ...
Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 250 милиметри на улицата „Радишанска“ пред „Гиго Трејд“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бел Камен“ и „Скоевска“, како и од дел од улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:50 часот до завршување на работните активности. Корисниците од улицата „11“ во ...
Португалија ќе признае палестинска држава в недела, пред сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк следната недела, соопшти Министерството за надворешни работи во Лисабон, објави ДПА. Други земји, вклучувајќи ги Франција, Белгија и Канада, исто така планираат да ја признаат Палестина во ОН следната недела. Иако речиси 150 од 193-те земји-членки на ОН веќе ја признаа палестинската држава, поддршката од големите светски сили е особено важна ...
Нашите санкции нанесуваат штети и имаат видливо влијание врз јавните финансии и економскиот раст на Русија, па затоа Европската Унија мора колективно да ги зајакне овие мерки заедно со своите партнери, се додека не се постигне мир, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод предлогот на Еврокомисијата за нов пакет санкции кон Русија. – Денеска на земјите членки им го предложивме ...
Три руски борбени авиони МИГ-31 денеска, без дозвола, влегоа во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло и останаа во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути, објави естонскиот портал „Err.ee“. Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени. Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај. Министерството за ...
Врвни американски водители на доцноноќни ТВ емисии, Стивен Колберт, Џон Стјуарт, Сет Мејерс и Џими Фалон, како и поранешниот водител Дејвид Летерман, се здружија зад Џими Кимел по одлуката на ABC да ја прекине неговата популарна доцноноќна емисија на неодредено време по неговите коментари за десничарскиот активист Чарли Кирк, пренесува Гардијан. Во својот воведен монолог во четврток вечерта, Стивен Колберт им се потсмеваше на раководителите на ...
Мерцедес-Бенз се подготвува да ја прошири својата електрична линија со електричниот ГЛЦ за 2027 година, нов модел кој има за цел да ја донесе EQ технологијата на брендот до поширока публика. ГЛЦ400 4Матик, кој ќе пристигне кон крајот на 2026 година, ќе биде првиот што ќе се лансира, по што ќе следи ГЛЦ300+ на почетокот на 2027 година. И двата модели ветуваат силни перформанси, напредна технологија и импресивен опсег. За разлика од некои ...
Патувањето вон својот град и во друга држава е речиси совршен начин за опуштање, запознавање нови култури и кусо „бегство“ од секојдневниот живот дома. Сепак, финансиските трошоци честопати се пречка поради којашто многумина се откажуваат од планираните патувања. Меѓутоа, со внимателно и промислено планирање, и со вистинските одлуки, патувањето може да бидат значително поевтино. Следат неколку корисни совети за убави излети и авантури, а со ...
Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР и манипулации. Пред неколку месеци, власта најави ангажирање на 400 пожарникари преку општините, со месечен надоместок од 24.000 денари. Им ветија обуки, ангажман, а на најдобрите и трајно вработување. Се спроведе селекција, се направи избор, се анжараа. Поминаа месеци. И што се случува со овие 400 пожарникари по општините? Според ...
Македонскиот народен театар синоќа ја отворил првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“ во Ќустендил, Бугарија. МНТ соопшти дека претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, била одиграна пред преполна сала со 700 гледачи, „кои ја наградија маестралната актерска игра со громогласни стоечки овации и петминутен аплауз“. -Универзалната тема за апсурдноста на војувањето, ...
Можеме да потврдиме дека Европската комисијата денеска го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија, информира на денешниот редовен прес брифинг главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Пињо нагласи дека повеќе детали за пакетот санкции ќе соопшти претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во изјава што ќе биде објавена попладнево. Според претходните најави, мерките во 19-от пакет санкции кон Русија, како реакција на руската ...
НАСА објави дека бројот на потврдени егзопланети официјално ја надмина бројката од 6.000, нешто повеќе од три децении по почетокот на систематското истражување на светови надвор од нашиот Сончев систем. За споредба, пред само три години беа регистрирани 5.000 егзопланети, што укажува на забрзаното темпо на откривање. „Влегуваме во следното големо поглавје на истражувањето — светови надвор од нашата имагинација,“ се вели во видео на НАСА ...
Новиот голем вселенски брод „Сигнус Икс-ел“ (Cygnus XL) достави товар на Меѓународната вселенска станица (МВС) вчера, 18 септември. Имено, првата мисија на новиот џамбо-товарен вселенски брод на американската аеронаутичка и одбранбена корпорација „Нортроп Груман“ (Northrop Grumman), се одвива добро, oбјави „Сај њуз“ (SciNews). „Сигнус Икс-ел“ беше лансиран во неделата вечер (14 септември) со ракета „Спејс-Икс фалкон 9“ станицата Кејп Канаверал ...
Вкупните депозити во август бележат зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кредитите раст од 12,9 проценти. Според податоците што денеска ги објави Народната банка, кај депозитите поизразен е растот во секторот домаќинства, а кај кредитите во корпоративниот сектор. Кај физичките лица најзастапени во август биле потрошувачките и станбените кредити кои бележат годишно зголемување од 9,9, проценти и 15,5 проценти, додека автомобилските ...
Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор ширум светот би можеле да бидат во опасност поради развојот на вештачката интелигенција, според студија објавена денеска од консултантската фирма „Роланд Бергер“. Анализата, спроведена врз основа на класификацијата на Меѓународната организација на трудот и 450 различни занимања во јавниот сектор, вклучувала вкупно 351 милион работни места. Резултатите покажуваат дека 36 проценти од ...
Лејвер купот е повеќе од обичен тениски турнир. Тоа е уникатен настан кој ја слави историјата на тенисот, ги спојува ривалите како тимски колеги и создава моменти кои долго се паметат. Инспириран од голф турнирот Рајдер Куп, Лејвер Купот брзо се етаблира како еден од најатрактивните настани во тенискиот календар. Почетоците на една идеја Идејата за создавање на овој турнир потекнува од легендарниот Роџер Федерер и неговиот менаџер Тони Годсик. ...
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд стана нов рекордер во Лигата на шампиони, постигнувајќи 50 голови на само 49 натпревари. Халанд го постигна својот 50 гол во европското елитно клупско натпреварување во дресот на Манчестер Сити во победата синоќа на домашен терен од 2-0 над Наполи. Рекордот претходно го држеше Холанѓанецот Руд ван Нистелрој, кој дојде до бројката од 50 голови на 62 натпревари. Трет на листата е Аргентинецот Лионел Меси, на кого ...
Локалните избори 2025 во Северна Македонија ја откриваат поделеноста меѓу партиите на Албанците и контроверзните соработки со македонски партии – Струга во центарот на политичката бурa Локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година се закануваат да станат една од најжестоките политички битки во Северна Македонија. Струга, како симбол на етничка кохезија, но и политичка поларизација, повторно е во центарот на вниманието – овој пат ...
Светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, ќе ја предводи репрезентацијата на Европа на осмото издание на Лејвер Купот, кој ќе се одржи овој викенд во „Чејс Арена“ во Сан Франциско. Французинот Јаник Ноа ќе биде капитен на европскиот тим на местото на легендарниот Швеѓанец Бјорн Борг, додека Американецот Андре Агаси ќе биде новиот капитен на светскиот тим и ќе го наследи на оваа позицијата сонародникот Џон Мекинро. Европа ја брани титулата што ...
На 23.09.2025 (вторник) со почеток во 20:00 часот во Национална устанoва Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на Боро Арсовски – Бабата Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно ...
Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски. Со оваа одлука, Сојузот ја потврдува својата определба за континуиран развој и засилено застапување на интересите на бизнис-заедницата во земјата и регионот, се вели во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија. „Ова е еден специфичен момент затоа што треба многу работи да се направат за брендот Сојуз на стопански ...
Советот за безбедност на ОН би можел да направи уште еден чекор кон враќање на санкциите врз Иран поради неговата нуклеарна програма. Доколку не се усвои резолуција за продолжување на периодот на олеснување на санкциите, санкциите на ОН воведени помеѓу 2006 и 2010 година автоматски ќе бидат вратени на крајот од следната недела. Ова би можело да се случи ако продолжувањето не ги добие потребните девет гласови во 15-члениот совет или ако се стави ...