Ракометарите на Еурофарм Пелистер се претставија добро во дуелот со европскиот великан Барселона во ракометната Лига на шампиони, но не успеаја да обезбедат позитивен резултат на домашен терен (30:34). Шпанецот кој го предводи битолскиот тим се согласи дека подобриот тим победи, но е задоволен од напредокот во играта на неговите избраници. – Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Да ја победиш Барселона мора да си перфектен, ние ...

Со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио вечерва започнува 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кој и оваа година нуди богата програма со врвни музички имиња и придружни културни настани. Главната концертна програма ќе се одржува во Националната опера и балет (НОБ), додека документарните филмови ќе се прикажуваат во Кино Фросина при МКЦ. Реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, ...

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во телевизиско интервју изјави дека неговата земја и САД преговараат за потенцијален договор што би ѝ дал на Аргентина трговски бенефиции. -САД силно ја поддржуваат Аргентина и постојат трговски бенефиции што тие се подготвени да ни ги дадат, рече Милеи. Претходно, американскиот секретар за финансии Скот Бесент објави дека САД ги откупиле аргентинските пезоси на отворениот пазар, додавајќи дека Одделот ...

Две гласања за доверба на францускиот премиер Себастијан Лекорни се закажани за денеска во францускиот Парламент, кои, се очекува, тој да ги преживее. Лекорни, кој веќе беше премиер со најкраток стаж во Франција во модерното време пред да биде повторно назначен на истата функција минатата недела, се соочи со можноста за уште пократок втор мандат сè додека пред два дена не направи отстапки за пензиската реформа, добивајќи ја со тоа поддршката ...

Активистката за женски права и претседателка на Националниот совет за родова рамноправност Савка Тодоровска, му даде поддршка за втор мандат на актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски. Преку видео обраќање, таа истакнува дека правото на глас во светот жените го добиле многу тешко. И затоа, ги повикува сите жени и девојки, на 19 октомври да излезат и да го искористат своето право на глас. „Со вашиот глас ќе дадете можност ...

Под слоганот „Сцена за сечиј сон“, вчерва во Театарот за деца и младинци – Скопје свечено беше отворено 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври во Скопје. Фестивалот, во организација на Театарот за деца и младинци, оваа година го става фокусот врз младите, кон тие што бараат одговори, кон нивните светови, нивните дилеми, нивните надежи. Претставите што ќе бидат изведени ...

Значителни оштетувања има споменикот на културата во Струга кој беше оштетен при ископ за изградба на соседен објект. Од Министерството за култура попладнево информираа дека срушен е јужниот калкански ѕид и дел од кровната конструкција. – Стручните лица при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид веднаш извршија увид на објектот, кој се наоѓа во Првата зона на Струга, со посебен режим на заштита согласно Планот за ...

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица, со која се оспоруваат точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Судот на денешната седница оцени дека е усогласено со Изборниот законик. -Упатството во хиерархијата на правните прописи е подзаконски акт. ...

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. -Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена напиша кусо Фон дер Лајен. We remain fully behind ...

Политичката партија Левица попладнево најави дека ќе поднесе апликација до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако Уставниот суд ја одби нивната иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Упатството на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), кое се однесува на распределбата на рекламниот простор за време на изборната кампања. Според Левица, спорното Упатство довело до целосна цензура на нивната ...

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денешната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост. „Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град ...

Месечината денес патува од огнениот Лав кон земјената Девица (преку ден е во Лав, вечерта оди во Девица). Денот започнува со пламен на самодоверба, потреба да се истакнеме, да блеснеме, да покажеме кои сме и колку можеме. Но како што денот тивко преминува во вечер, срцето се смирува, мислите се подредуваат, а потребата за ред, чистота и јасност ја заменува желбата за драма. Ден кога гордоста и скромноста се држат за рака — идеално време за да ...

Владата на Венецуела изрази голема загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации. „Њујорк тајмс“ беше првиот медиуми што ја објави веста дека САД се подготвени за тајни операции што ќе ги спроведе разузнавачката служба на ЦИА во Венецуела. Многу брзо, овие наводи беа потврдени од самиот американски претседател. -Давам зелено светло за овие ...

Корисниците во неколку скопски општини денеска во одредени периоди од денот ќе останат без струја, соопшти РЦУК – Скопје. Според информациите од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20 во општина Центар. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Стајковци, во општина Гази Баба. Како што информира ЕВН Македонија во периодот од ...

Хамас синоќа ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов не е во можност да ги врати преостанатите тела, јави ДПА. Израелската војска (ИДФ) соопшти дека два ковчега се префрлени на персоналот на МКЦК и наскоро ќе им бидат предадени на израелските сили. Според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и исламистичката група, Хамас е должен да предаде вкупно 28 тела, од кои ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува претстојните локални избори да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат како што сакаат, но укажува дека според реториката во кампањата многу е тешко да направи разлика за какви избори се работи. Сиљановска Давкова денеска на новинарско прашање оцени дека и на овие избори се зборува за профилот на личноста, а не за активностите и решенијата, укажувајќи дека ...

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“, вечерва во 20 часот во Штип. Граѓаните ќе се соберат на Градскиот плоштад „Слобода“ за да му оддадат почит на Владимир Блажев – Панчо, кој вчера, по речиси седум месеци од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, им подлегна на повредите и почина. -Затоа, во негова чест, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина и светлина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, ...

Ние како држава сме подготвени да продолжиме со поддршката за Украина, но не може само постојано да се дава, без даденото да биде заменето, бидејќи најважна од се е нашата татковина, порача од Брисел министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА. – Во минатото како држава сме дали многу пакети, но јас многу внимателно влегувам и давам изјави во врска со тоа, бидејќи она што е дадено како ресурси од наша страна, мора да биде ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која денеска треба да се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека очекува од неа креативни предлози и решенија, по, како што рече, нејзината храбра изјава дека треба да се предизвика или да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите. Шефицата на државата одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од средбата, но и што таа и ќе ...

Нови изборни злоупотреби во режија на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово. СДСМ остро реагира на најновиот скандалозен пример на судир на интереси и злоупотреба на изборниот процес во Општина Кратово, во режија на ВМРО-ДПМНЕ. Димитар Митевски, трудов инспектор, во исто време е и заменик член на Општинската изборна комисија во Кратово, што само по себе е конфликт на интереси и кршење на изборните правила. Дополнително, истиот тој е фатен како агитира „врата ...

Скандал ја потресе општина Кичево откако на социјалните мрежи се појавија аудио снимки со компромитирачка содржина, објавени од профил со името „Ел Чека“. Според описот на снимките, наводно се слуша глас за кој се тврди дека е гласот на актуелниот градоначалник на Кичево, и кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Фатмир Дехари, во разговор со вработена во општината. Во објавите се наведува дека снимките содржат експлицитни ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. -Попладнево на скопскиот аеродром ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на својата агенда за Западен Балкан денес пристигна во Скопје, објави Муцунски на Фејсбук. Министерот истакна дека од денешните средби очекува ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во Владата, како што е најавено, во тек е билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува ...

Сметам дека во Ѓорче Петров треба да се случат промени на подобро поради состојбата во која се наоѓа Ѓорче денес. Јас и мојот тим имаме неколку клучни проекти за Ѓорче Петров во иднина да биде со еден хуман развој и да се менува на подобро, вели во дебата на МРТ кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски. – Детектираме реални проблеми и нудиме реални, конкретни и практични решенија. Ние го замислуваме Ѓорче како ...

Координаторот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, изјави дека во име на опозицијата доставиле барање до парламентот за покренување постапка за разрешување на шефот на државата, Бајрам Бегај. Барди го обвини Бегај за „сериозни и континуирани кршења на Уставот“, истакнувајќи дека барањето се заснова на обемен материјал што документира седум важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по едномесечна пауза, повторно се појави во Окружниот суд во Тел Авив за да сведочи во судскиот процес за корупција. Судењето на Нетанјаху беше одложено поради еврејските празници и неговото патување во Њујорк на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека министрите и членовите на Кнесетот од партијата Ликуд на Нетанјаху ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако во јавноста се појавија фотографии од ресторан во Охрид на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски со политичките противници, кратко коментираше: „Јас можам само да го цитирам поранешниот председател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, рече Филипче на денешната прес-конференција. Како што претходно објавивме, екс лидерот на СДСМ, некогашен премиер и претседател на ...

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинци за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити, во ...

Во Седиштето на НАТО во Брисел денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници, соопштија денеска од Министерството за одбрана. На состанокот министрите за одбрана се осврнале на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдиле определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата со највисок јавен долг во Западен Балкан. „Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
79%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.07
91%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
97%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.6
48%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1007
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
83%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
72%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Калај

46.91

Злато

159231.39

Бакар

11.69

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50