Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:00 часот ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар. -Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за ...
Тринаесеттиот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечер ќе биде отворен во Даут-пашиниот амам во Скопје. Српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер и домашни претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, писателка на проза и долгогодишна ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и лаги, додека СДСМ настапува со чесни и компетентни кандидати на овие избори, се наведува во соопштението од СДСМ. „Оваа власт е се подалечна од народот. Арогантна и самозадоволна, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци. Работниците чекаат повисоки плати, а тие се расфрлаат со ...
Министерството за одбрана на САД воведе нови ограничувања за новинарите што известуваат за Пентагон, наредувајќи им да не собираат или користат информации за кои немаат официјално одобрение за објавување, или нивните акредитации за известување ќе бидат одземени. Меморандум од 17 страници испратен од Пентагон до медиумите наведува дека сите информации за објавување мора однапред да бидат одобрени од овластено службено лице, дури и ако не се ...
Лисабон, главниот град на Португалија, го освои првото место на новиот „Индекс на среќен одмор“, со својата вкусна храна и многу зелени површини што овозможуваат пријатен престој и вистинско опуштање. Туристичката агенција „Букретритс“ (BookRetreats) е автор на истражувањето наречено „Индекс на среќен одмор“. Во ова испитување, дестинациите за одмор и патувања се мерат врз основа на пет различни критериуми. Тоа се: Количина на сончева светлина, ...
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, во ново видео го претстави својот план за изградба на нова сообраќајна артерија што ќе ги поврзе Волково, Кисела Јабука и Ново Село. Тој истакна дека ова е само еден од приоритетите со кои општината конечно ќе добие функционални решенија за метежот во сообраќајот. Планираната траса ќе започне од „Даме Груев“, ќе продолжи по „Лепенечка“ до пречистителната станица ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Авганистан дека ако не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на американската војска, „ќе се случат лоши работи“. -Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“. Републиканскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се ...
Роднините, поддржувачите и соработниците на американскиот десничарски активист Чарли Кирк, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, ќе му оддадат почит денеска на голема комеморативна служба во југозападната држава Аризона, објави ДПА. Настанот ќе се одржи во 11:00 часот по локално време на фудбалски стадион со 63.400 седишта во Глендејл, Аризона, каде што Кирк последен пат живеел со своето семејство. ...
Британски борбени авиони го извршија својот прв прелет над Полска како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“ за обезбедување на источниот крило на алијансата. Мисијата, која беше објавена од британската влада во понеделникот како одговор на нарушување на полскиот воздушен простор, испраќа „јасен сигнал дека воздушниот простор на НАТО ќе биде заштитен“, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили во соопштението. Два борбени авиони ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) може да ги суспендира израелската репрезентација и клубовите од своите натпреварувања следната недела, објави весникот „Израел Тудеј“. Според изворот, одлуката би можела да се донесе во вторник, 23 септември. Катар, еден од главните спонзори на европскиот фудбал, наводно инсистира на суспензија на Израел, откако го зацврсти својот став по воздушниот напад на израелските воздухопловни сили врз земјата на ...
„Генералка” на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски на промотивниот настан што се одржува во Музејот на современа уметност вети интегриран јавен превоз, еколошки автобуси, целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, воведување програма Град без депонии и еко бригади. Најави и пошумување на градот, како и 50 мали ...
Тренерот на Реал Мадрид го израмни подвигот на Хозе Квиранте и Вандерлеј Луксембурго со победата во своите први пет натпревари во Ла Лига. Реал Мадрид победи на пет натпревари под водство на Квиранте во сезоната 1928/29, а под водство на Луксембурго во сезоната 2004/05. Реал Мадрид со максимални 15 бода е по петте победи на почетокот на сезоната е лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство. „Кралскиот клуб“ вчера го совлада Еспањол со ...
Осум земји-членки на ЕУ продолжуваат да купуваат гас од Русија, иако Европската комисија презентираше план за забрана на увоз на руска енергија, изјави портпаролката ЕK за енергетика, Ана-Каиса Итконен. Според неа, Белгија, Холандија, Франција, Шпанија и Португалија сè уште набавуваат руски течен природен гас, додека гас преку гасоводот Турски тек купуваат Грција, Словачка и Унгарија. – Не знаеме каде точно завршува овој гас, бидејќи нема ...
Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички напаѓано и психичко малтретирано, а тоа било снимено со мобилен телефон. Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот вчера во СВР Штип го пријавила С.Д.(25), сестра на девојчето. Според пријавата, девојчето било малтретирано од 13-годишна малолетничка. – Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Генералното собрание на ОН, кое ќе се одржи во Њујорк од 21 до 24 септември. Во изјава за време на средбата со новинарите, Зеленски прецизираше дека за време на престојот во Њујорк ќе има голем број билатерални разговори, вклучувајќи ја и планираната средба со американскиот претседател, објавија украинските медиуми. ...
Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу народите, туку и со природата, порачува претседателката Гордана ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65.077 денари и е намалена за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65.507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80 452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.394 денари или 35,9 отсто, за ...
Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум се потврдени, осум непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Во однос на изборот за Совет на Градот, поднесени се вкупно 20 листи, од кои пет се потврдени, 14 се непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Изборната комисија на Град Скопје достави известувања за отстранување на ...
Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири. На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори ...
Најмалку 31 Палестинец се убиени денеска во градот Газа, соопштија локални медицински извори, додека Израел ја засилува својата воена офанзива во главниот град на истоимената палестинска енклава и покрај меѓународните критики, јави ДПА. Во целиот Појас Газа, пак, денеска се убиени вкупно 47 лица. Израелските вооружени сили засега не ги коментираат овие наводи. Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави масовно бомбардирање во неколку делови од ...
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потвди кредитниот рејтинг на РС Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед. Оваа оценка, како што велат од Министерството за финансии (МФ), е потврда за стабилноста на економските политики и сигнал за доверба во макроекономските перспективи на земјата. -Во својот извештај, „Фич“ нагласува дека кредибилните и доследни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и подобрите ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Од владата продолжува да чури. Трубаревски чад со тешки метали на лесната измама. Кога гори Минчев тоа е како да гори Бопал. Гигантски чекори! Ренесанса! Втори или трети во Европа! Плати што луѓето не стигнуваат да ги потрошат! Завчера се регистрирани нови количества кадмиум, сто пати над дозволеното ниво, смртоносно за секој минимум разумен човек. Осмооделенец, на пример. Ќе ја обучувале јавната администрација. Да ...
„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ рече Каја Шукова претставувајќи го планот за концепт за дигитално Скопје, се вели во соопштението од СДСМ. Таа потенцира дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде Шукова. Во рамки на иницијативата, ...
Ракометната Федерација на Македонија утрово ја информира спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. – Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното ...
Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во интервју за Рацин.мк потсети дека за време на мандатот на нејзината партија, фемицидот бил етаблиран како посебно кривично дело, но дека актуелната власт не покажува слух за решавање на ова прашања. Според неа последниот случај но и претходни случаи на фемицид покажуваат дека во општеството има ситуација на институционално овозможено насилство. „Не се сложувам дека станува збор за институционална немоќ, ...
Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и ...
„Прво човек, потоа градоначалник“ е мотото под кое денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го организираат промотивниот настан за кандидатот за скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски. На настанот што се одржува во Музејот на современа уметност, се промовира и советничката листа која брои вкупно 45 кандидати за советници. Промотивниот настан почна со државната химна во изведба на хорот Злата Мегленска. Се очекува да се обрати премиерот и претседател на ...
„Владата на ВМРО ДПМНЕ лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места. „Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и ...
Од нарушувања на воздушниот простор до дезинформациски кампањи – Москва и Пекинг ја комбинираат силата на провокациите и манипулациите за да ја ослабнат солидарноста на НАТО и европската безбедност. Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Полските и сојузничките авиони беа распоредени рано наутро во саботата за да се обезбеди полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади врз западна Украина во близина на границата со Полска, соопштија вооружените ...