Италија наскоро ќе има своја кибер армија, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, цитиран од италијанските медиуми. -Италија ќе има кибер армија за да го брани својот суверенитет во дигиталната сфера на исто ниво со копното, морето, воздухот и вселената, рече Кросето во видео обраќање емитувано на технолошки настан. „Мора да се создаде почетна структура што може да смета на 1.200-1.500 лица, од кои повеќето ќе бидат ...

Кандидатката за градоначалничка на Општина Битола од редовите на движењето „Поинаку“, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил објави дека кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ објавува навредливи и недолични коментари насочени кон неа. Имено, кандидатот за советник Љупчо Петровски коментирал под објава на актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски: „Го прогласувам нусето Габриела за умрено!“ На ваквиот коментар ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени ...

Американскиот претседател Доналд Трамп попладнево објави дека го завршил телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, на кој, меѓу другото, се разговарало за состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, Унгарија каде би се дискутирале можностите за крај на војната меѓу Русија и Украина. -Се согласивме дека следната недела ќе има состанок на нашите советници на високо ниво. Првичните состаноци на Соединетите Американски ...

Холивудските легенди Роберт де Ниро и Ал Пачино се појавија заедно во новата низа реклами за јакните на италијанско-францускиот моден бренд „Монклер“ (Moncler). Кампањата наречена „Потопло заедно“ снимена е во Њујорк, САД. Тоа не е само промоција на облеката, се вели, туку и на вредностите како што се блискоста и довербата. Пораката на кампањата е да се пренесе топлината што доаѓа не само од облеката, туку и од меѓучовечките односи преку ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва пред граѓаните на општина Ародром вети дека проблемот со Вардариште ќе биде решен и оти до крајот на негобиот мандат Вардариште ќе биде модерен парк. Исто така, вечерва на митингот во Аеродром, Ѓорѓиевски најави дека кејот на Вардар ќе биде направен до Долно Лисиче. Тој пред присутните истакна дека Аеродром е срцето на модерно Скопје, општина полна со живот, со ...

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, денеска обвини дека се нападнати членови на неговиот изборен штаб, oд страна на кандидатот за советник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Самет Салиевски. Костовски, во видео објавено на неговиот фејсбук-профил, кое е снимено пред полициската станица во Куманово, oбвинува и дека лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, е хистеричен и уплашен. „Денеска се случи немил настан ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани „Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и ...

„После година и пол од Владата на ВМРО–ДПМНЕ, граѓаните не видоа ниту една реформа, а немаат и ниту еден конкретен бенефит“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. „Што видовме, која реформа е направена? Каков бенефит видоа граѓаните од било што од оваа влада -нема една работа“, рече Филипче. Тој нагласи дека ВМРО‑ДПМНЕ нема ...

Мицкоски во интервју за Канал 5, рече дека не гледа ништо невообичаено во средбата на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски. – Тоа предизвика вознемирување во редовите на СДСМ и актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче кој во време на Владата на ВМРО кога јас бев советнк на тогашниот премиер тој беше советник на тогашниот министер за здравство. Нема да навглегувам ...

Манекенката Јасмин Тукс го отвори овогодишното Модно шоу на „Викторија’с сикрет“ (Victoria’s Secret) покажувајќи го своето трудничко стомаче. Супермоделката, која го очекува своето второ дете со сопругот Хуан Давид Бореро, излезе на пистата со насмевка, носејќи ги своите препознатливи златни „ангелски крилја“ украсени со светлосни ефекти. Крилјата, како што пишува порталот „Кликс“, совршено го надополнуваат мрежестиот фустан што го нагласува ...

Кинеската технолошка компанија со седиште во Шенжен, „ТП-Линк“ презема чекори кон следната генерација безжична поврзаност. Имено, оттаму објавија дека успешно е тестиран ран прототип на „Ви-фи 8“ хардвер, нарекувајќи го „клучна пресвртница“ во развојот на оваа технологија. Иако тестот е строго доверлив, „ТП-Линк“ соопшти дека е потврдена функционалноста на пренос на податоци и сигнали на „Ви-фи 8“ – што ја докажува одржливоста на ...

Европа прифаќа тренд почнат многу порано во Америка – теренците. Имено, уделот на теренски возила, меѓу најпродавани возила воопшто, за 2019 година изнесувал 38,2 отсто, а оваа година, за првите шест месеци таа бројка веќе достигна 56 отсто. За споредба, во Кина, продажбата на теренци е 46 насто од вкупната продажба, а во САД доминираат со 59,6 отсто, што не е недостижно наредната година за Европа. Следат 10 најпопуларни модели што доминираат ...

– Населбата Лисиче заборавена четири години: празни ветувања, нула реализирани проекти. Измина целиот мандат на Муцунски и Митески во Општина Аеродром, а жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година. Наместо реализација, гледаме само празни зборови и неисполнети обврски. Во програмата беше ветена целосна реконструкција и обнова на улиците во населба Лисиче, со конкретно наведено решение ...

Со соопштение до јавноста се обратија роодителите и семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „ПУЛС“ – Кочани, веднаш откако Основниот кривичен суд од Скопје денеска објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во КПУ „Идризово“. Во, пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над двеста завршија со тешки телесни повреди. Во врска со кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со трагичната ...

Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Од секторот за односи со јавност на СВР Битола информираат дека сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната ...

Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври. Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за еден од најрелевантните во ...

Во новата рубрика „Временско ЕХО“ на Фронтлајн секој ден се враќаме и потсетуваме што се случило на денешен ден во – шест сегменти, шест приказни што одекнуваат од минатото до сегашноста. Од протести до музика, надеж и добрина, од титули до ѕвезди – времето секогаш остава трага. Историја и општество – првиот чекор кон обединета Германија На 16 октомври 1989 година, илјадници луѓе маршираа низ улиците на Лајпциг во тогашна Источна Германија. ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, им изјави на новинарите во Белата куќа дека индискиот премиер Нарендра Моди му рекол дека ќе го суспендира увозот на руска нафта. „Тој ми е пријател, имаме одличен однос. Не бевме задоволни што купуваше нафта од Русија, бидејќи тоа му овозможи на Путин да ја продолжи оваа смешна војна во која животот го изгубија 1,5 милион луѓе“, рече Трамп, пренесоа американските медиуми. Американскиот претседател ...

Израелската агенција за воена помош COGAT денеска соопшти дека се во тек подготовки со Египет за отворање на главниот граничен премин Рафах со Газа за движење на луѓе, а датумот ќе биде објавен подоцна. Израел претходно предупреди дека може да го држи Рафах затворен и да ја намали помошта за палестинската енклава затоа што Хамас, како што рече, бил премногу бавен во враќањето на телата на заложниците. Ова ги зголемува влоговите за примирјето ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, јави ДПА. Запрашан на прес конференција во Белата куќа зошто ја овластил ЦИА да влезе во Венецуела, Трамп рече дека „ги испразнивме своите затворите во САД“ и дека „имаме многу дрога што доаѓа од Венецуела“. Трамп одби да одговори на прашањето дали ЦИА има овластување да го „отстрани“ ...

На 21 октомври (вторник), во фоајето на Националната опера и балет во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваниот мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“. Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и ...

Американскиот Сенат по деветти пат не успеа да го усвои републиканскиот закон за привремено финансирање на американската Влада, поради што блокадата на работењето на владата влезе во својот 15-ти ден. Сенатот го отфрли законот усвоен од Претставничкиот дом со 51 глас „за“ и 44 гласови „против“, бидејќи не беше достигнат прагот од 60 гласови „за“ потребен за усвојување на законот, јавија американските медиуми. За законот повторно се изјаснија ...

Порталот Рацин.мк во нивното истражување, поврзува, како што велат, „неколку факти кои произлегуваат од новинарските записи“ дека компанијата која денес е во фокус на критиките, добивала милионски тендери и во времето кога Христијан Мицкоски бил дел од управата на ЕЛЕМ. Во истражувањето, Рацин.мк објави дека градежната фирма „Марковски компани“, која во последниве денови е во фокус на политички полемики, е стар и долгодишен партнер на ...

Во Северна Македонија, каде поддршката за ЕУ останува стабилна, неколку партии и функционери со отворено или прикриено проруски позиции се обидуваат да внесат нов наратив во локалната политика. Иако без значаен електорален успех, нивната реторика претставува симптом на поширокото регионално влијание на Москва Локалните избори во Северна Македонија, кои ќе се одржат во недела на 19 октомври, се претворија во поле каде повторно се појавуваат ...

Поради сериозен технички проблем Македонската радиотелевизија (МРТВ) вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17:00, во 19:30 и во 22:30 часот, информираат од МРТВ. -Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции, ...

Основниот граѓански суд Скопје денеска донесе решение со кое се Усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка „забрана“ на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје, информираат од М-НАВ. -Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била ...

Федералната судијка Сузан Илстон вчера ѝ наложи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги запре масовните отпуштања за време на делумното затворање на владата сè додека не ги разгледа тврдењата на синдикатите дека тоа е нелегално. На сослушувањето во Сан Франциско, судијката Илстон го одобри барањето на два синдикати за привремено блокирање на отпуштањата во повеќе од 30 агенции. Директорот за буџет на Белата куќа, ...

Секое слепо лице да има пристап до бел стап, пристапна инфраструктура и квалификувани обучувачи за слепи лица, ова се дел од барањата на Коалицијата „Менуваме“ до надлежните по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап што ја симболизира независноста и мобилноста на слепите лица низ целиот свет. – Сепак, за коалицијата Менуваме, овој ден често се чувствува како момент кога политичките личности се појавуваат накратко, ги споменуваат ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
79%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.07
91%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
97%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.6
48%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1007
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
83%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
72%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50