Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Шпанскиот премиер Педро Санчез повика Израел да биде исклучен од сите меѓународни спортски натпреварувања, ден откако пропалестинските демонстранти ја прекинаа последната 21 етапа од велосипедската трка Вуелта во хаотични настани во Мадрид. Обраќајќи им се на членовите на неговата Социјалистичка партија, Санчез рече дека на Израел, исто како што е тоа случај со Русија, треба да му биде забрането учество во меѓународни спортови поради нејзината ...
Она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија. Додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите, реагираат од СДСМ. Оттаму велат дека „јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Њујорк следната недела, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Според американските медиуми, Рубио нагласил дека Трамп е „единствениот лидер во светот“ кој има капацитет да разговара и со Украина и со Европа, како и со Русија. Тој додаде дека американскиот претседател ќе продолжи со своите напори за наоѓање решение за украинскиот ...
Со два натпревара во терминот од 18:45 часот вечер ќе биде отворена сезоната 2025/26 во фудбалската Лига на шампиони. Во Ајндховен ПСВ ќе го пречека Ројал Унион, додека Атлетик Билбао ќе му биде домаќин на Арсенал. Од 21 часот ќе играат: Тотенхем – Виљареал Бенфика – Карабах Јувентус – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Марсеј. Утре играат: Олимпијакос – Пафос Славија Прага – Бодо-Глимт ПСЖ – Аталанта Ајакс – Интер Ливерпул – Атлетико Мадрид и ...
Во светот на кинематографијата, секој детал е важен — особено бојата. Повеќе од само естетика, боите што ги гледаме на екран се внимателно избрани за да ја обликуваат атмосферата, да го насочат вниманието на публиката и да раскажат приказни без зборови. Еден од најмоќните алатки што ги користат режисерите е правилото 60:30:10 за боите, дизајнерски принцип кој создава визуелна хармонија и емотивно влијание. Што претставува правилото 60:30:10? ...
Во рамки на проектот „Мостови и бариери: Тридецениска траекторија на кинеско-македонските односи“ чиј носител е Фондацијата „Никола Кљусев“, денеска и утре ќе се одржи меѓународна конференција на тема „Односите помеѓу Западен Балкан и Кина: Надминување бариери, градење мостови“. Истражувачкиот тим го сочинуваат тројца универзитетски професори: Билјана Ванковска, Лидија Георгиева и Тони Милески од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ...
Независна истражна комисија на ОН соопшти дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа. Во новиот извештај се вели дека постојат причини да се заклучи дека четири од петте дела на геноцид дефинирани со меѓународното право се извршени од почетокот на војната со Хамас во 2023 година: убивање членови на група, предизвикување големо физичко и ментално страдање, намерно создавање услови за уништување на групата и спречување на раѓања. ...
Осум кандидати за градоначалник и 16 кандидатски листи за членови на Советот на Општина Битола ќе се натпреваруваат на претстојните локални избори во најголемата пелагониска општина. Според првичниот извештај на Државната изборна комисија (ДИК), за кандидати за градоначалник на Битола евидентирани се две жени и шест мажи, односно Габриела Илиевска поддржана од група избирачи и Мирјана Мирчевски од група избирачи и Македонска ера трета, ...
Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). -Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излезе на лице место и со осум возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот, наведува ДЗС за пожарот кој избувнал над Стаклара во местото наречено Каменик. ДЗС посочи дека се работи за „тежок ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, остро реагира на изјавата на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, дека „Ромите од Вардариште со сила треба да се иселат“, со што, всушност, го открива вистинското лице на оваа власт. „Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало ‘на сила да бидат иселени’? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната ...
Лидерите на речиси 60 арапски и исламски земји ги повикаа земјите од целиот свет да ја прекинат продажбата на оружје на Израел и да ги преиспитаат своите дипломатски и економски врски со еврејската држава сè додека не ја заврши војната во Газа. Собирани во Доха за вонреден самит, лидерите во својата завршна декларација го осудија израелскиот напад од минатата недела врз лидерите на Хамас во главниот град на Катар. Сепак, тие не објавија никакви ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека синоќа пред 23:00 часот повторно бил предизвикан пожар во депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови. Еден час подоцна пожарот бил изгаснат и затрупан. – На местото веднаш се упатија скопските пожарникари кои почнаа со гаснење, но поради специфичноста на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што ...
Полските безбедносни служби неутрализираа беспилотно летало кое леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца државјани на Белорусија се уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск. „Пред малку безбедносната служба неутрализираше беспилотно летало кое леташе над владината зграда на улицата Паркова и над палатата Белведер“, објави Туск на X. Белведер е една од официјалните резиденции на полскиот претседател. „Двајца ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го информирал однапред за израелскиот напад врз Катар минатата недела, откако Аксиос објави дека Трамп бил предупреден кратко пред нападот. Администрацијата на Трамп изјави дека предупредувањето дошло дури откако ракетите веќе биле во воздух, што му оставило на Трамп никаква можност да се спротивстави. Аксиос, повикувајќи се на израелски претставници, ...
Гледам денеска Филипче решил да ме споменува и да прави конфузија во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но, токму тоа покажува колку опозицијата е беспомошна, ова се класични обиди да се поткопа институционалната доверба. Тоа за мене е патолошки пристап во политика – кога нема аргументи, тогаш се создава магла околу фактите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува ставот на портпаролката на владата Марија ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање. -Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди, ...
Пожарот во Трубарево е изгаснат и нема чадење уште во текот на вчерашниот ден. Иако експертите ни велеа дека ќе ни бидат потребни седум дена тој да биде заснат, ние тоа го сторивме за 30 часа благодарение на координираноста на институциите и на пожарникарите, вели премиерот Христијан Мицкоски. -Во Трубарево нема чадење уште во текот на вчерашниот ден, а ако одите од првиот ден наназад и направите анализа, тогаш ќе добиете информација од страна ...
Шведскиот премиер Улф Кристершон го обвини унгарскиот колега Виктор Орбан за ширење на „одвратни лаги“ дека Шведска е пред колапс поради раст на организираниот криминал. – Тоа се одвратни лаги. Не е изненадувачки со оглед на тоа што доаѓаат од човек, кој го демонтира владеењето на правото во сопствената земја. Орбан е очаен пред претстојните унгарски избори, објави Кристершон на платформата Икс. Објавата на Кристершон уследи откако Орбан го ...
Меѓународниот ден на демократијата се одбележува секоја година на 15 септември. Неговите корени потекнуваат од Универзалната декларација за демократија на Меѓународниот парламент, усвоена во 1997 година. Со резолуција на Обединетите нации од 2007 година, овој датум стана официјален повод светот да се потсети на принципите на демократијата: владеење на правото, човекови права, фер избори, слобода на медиумите и учество на граѓаните. Прв пат беше ...
Во рамки на дивата депонија Вардариште, за жал, живеат над 200 луѓе. Станува збор за проблем што го има многу години наназад, а за негово трајно решавање потребен е системски, темелен и мултиинституционален пристап, што за жал, не може да се направи за недела, месец – два, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одговарајќи на новинарски прашања по јавното уништување на запленети наркотични дроги и оружје во кругот на фабриката ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска, по трговскиот состанок меѓу САД и Кина во Мадрид, на неговата социјална мрежа Truth Social напиша дека разговорите поминале добро и дека се блиску до договор. „Големиот трговски состанок во Европа меѓу САД и Кина помина МНОГУ ДОБРО! Наскоро ќе биде заклучен. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја навистина сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе ...
-Нашите кандидати за градоначалници се внимателно бирани во секоја Општина, а на локалните избори настапуваме со квалитетни решенија. Граѓаните го препознаваат силниот кадровски и професионален потенцијал на СДСМ, но пред се човечкиот пристап и искрена комуникација, наспроти неодговорното и расипничко водство на ВМРО–ДПМНЕ, рече потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фактор.мк. Таа потенцираше дека кандидатите за ...
Свесни за предизвиците кои не очекуваат во Градот Скопје, имаме план и визија како да ги решиме проблемите кои се наталожуваа изминатиов период, и да го промениме начинот на функционирање на градот – кон подобро. Граѓаните се наша водилка и мотивација да работиме повеќе и подобро. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ кандидира чесни, образовани и успешни луѓе во својот домен, за советници во Советот на Град Скопје, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека по пожарите во депониите Дрисла и Вардариште, и последниот во Трубарево, потребни се итни анализи на почвата, воздухот и водата, од страна на странска акредитирана лабораторија. Филипче предупреди дека мора да се направи испитување на квалитетот на водата за пиење. „Сите изотопи кои што не се растворливи во вода ќе се ...
Новата фудбалска сезона на Лигата на шампиони стартува во вторник, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани ПСЖ. Пласман во лигашката фаза обезбедија 36 екипи и секој клуб ќе одигра осум натпревари, по четири на домашен и на гостински терен. Првопласираните осум екипи по лигашката фаза одат директно во осминафиналето, а следните 16 влегуваат во плејофот. Оваа сезона ќе биде отворена со неколку дерби ...
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) денеска промовираше Водич за перименопауза којшто има цел да обезбеди полесен скрининг, дијагноза и третман на состојбите што се јавуваат во овој период кај жената. Со него матичните лекари и гинеколози добиваат основни насоки за симптомите и болестите што можат да настанат кај пациентките. Содржи повеќе анекси со прашалници што треба да ги пополнуваат пациентките во ординациите и врз ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес остро реагираше на обидот на премиерот Христијан Мицкоски да ја искористи трагедијата во Трубарево за, како што рече, „пи-ар драмолетка со хибриден напад“. „Ниту еден премиер досега не се осмелил вака неосновано да манипулира со теми од безбедносната сфера. Да вовлекува странски центри на моќ, хибридни сценарија, а да не преземе буквално ништо институционално – тоа е не само несериозно, туку и крајно ...
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап по 14 пат во својата блескава кариера, откако денеска на Светското првенство во Токио прескокна 6,30 метри. Дуплантис го обезбеди светското злато со скок од 6,15 метри, а потоа прескокна 6,30 метри во својот трет обид, поставувајќи нов светски рекорд по четврти пат оваа сезона. Дваесетипетгодишниот Швеѓанец го држи светскиот рекорд од 2020 година, кога го собори ...
Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје најавува дека за првпат во Скопје ќе се одржи регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба“, од 19 до 21 октомври 2025 година. Овој фестивал претставува уникатна платформа за уметничко и општествено изразување, преку која регионални и европски уметници ќе говорат за најзначајните теми на нашето време, а тоа се родова еднаквост, феминизам, солидарност и социјална правда. Во текот на ...
Извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош во текот на изминатата ноќ, заклучно со попладнево, во реонот на Трубарево. Притоа, едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во пишаната изјава на министерот за здравство Азир Алиу се истакнува дека Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е ...