Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој земјата одговара на долгорочните европски ...
Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината. „Честа да се води Општина Центар повторно ми ја дадоа граѓаните, а тоа е најголемата обврска и мотивација. Во вториот мандат остануваме посветени на проектите што ја прават општината пофункционална, поздрава и подобра ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер. Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување. Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и ...
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска. Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше ...
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала, по серијата повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО во последните неколку месеци. Системот „Меропс“ со седиште во САД, доволно мал за да се смести во задниот дел на пикап со средна големина, може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација кога сателитските и електронските комуникации ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Утре без вода дел од улицата Христо Смирненски 13 е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве ...
Украина ќе биде поврзана со Европскиот фонд за одбрана – ова е вклучено во привремениот договор постигнат меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за мерки за стимулирање на инвестициите во одбраната во тековниот буџет на ЕУ со планот „Вооружете ја Европа“. Одлуката ја нагласува континуираната посветеност на ЕУ кон безбедноста, отпорноста и постепената интеграција на Украина во европската одбранбена индустриска база. За таа цел, двете ...
Во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес и утре во Скопје се одржува меѓународен студентски симпозиум посветен на предизвиците во новиот свет на дигиталната ера. Студенти од Македонија и повеќе други земји презентираат свои трудови и дебатираат за најновите трендови во технолошкиот развој, а собирот го отвори министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која посочи дека вакви ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, денес во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого разговараше за итната потреба од прекин на конфликтот во Газа и за доставување хуманитарна помош. Како што објави Ватикан, pапата ја повтори потребата од решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави. Во соопштението се наведува дека за време на „срдечните разговори во Апостолската палата, двете ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари работна средба со претставници на Државната изборна комисија: Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија; Абдуш Демири, потпретседател на Комисијата и Александар Даштевски, член на Комисијата. Средбата ја организира претседателот на Собранието во функција на членот 132-а од Изборниот законик, согласно кој треба да се одржат повторени избори за ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане да раководи со ресорот образование или ќе оди во друг ресор, изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Мицкоски. Јаневска посочи дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи. Премиерот, додаде таа, го носи најголемиот товар за промените во ...
Тројца кинески астронаути – Ванг Џие, Чен Жонгруи и Чен Донг – ќе мора да го продолжат својот престој на вселенската станица Тјангонг откако нивниот модул за враќање беше погоден од сомнително парче вселенски отпад, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA). Инцидентот се случил само неколку часа пред закажаното враќање на Земјата, што довело до одложување на мисијата Шенжоу-20. Засега не е познато колку е оштетена капсулата или кога екипажот ...
Американската актерка Тројан Белисарио, ѕвезда од серијата „Pretty Little Liars“ и нејзиниот сопруг Патрик Џ. Адамс (44), актер од популарната серија „Suits“, ја објавија среќната вест дека го очекуваат своето трето дете и наскоро ќе станат семејство од пет члена. Славниот пар веќе има две ќерки, Аурора, која има седум години, и Елиот, кој има четири години, и сè уште не е познато дали нивните наследници ќе имаат брат или сестра. Гласините ...
„Иницијативата за северни шуми“ го одбележа својот успешен завршок со регионален настан посветен на обновувањето на шумите во Албанија и Северна Македонија. Овој значаен собир ги прослави постигнувањата на проектот во намалување на деградацијата на шумите и зајакнување на одржливото управување со шумите во Западен Балкан. Настанот собра над 40 засегнати страни – меѓу кои владини претставници, локални власти, партнери во спроведувањето и експерти ...
Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти. По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да соработува со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, но во исто време нагласи дека Мамдани ќе мора да покаже „целосно почитување“ кон Вашингтон ако сака да постигне успех. Трамп ги даде овие изјави откако Мамдани ги претстави членовите на својот тим, кратко по историските избори на кои стана првиот муслимански и јужноазиски градоначалник на најголемиот град во САД. ...
Зохран Мамдани извојува историска победа на изборите во Њујорк, станувајќи првиот муслиман кој го предводи најголемиот град во Америка. Веднаш по објавувањето на победата, Зохран одржа говор и упати посебни зборови до својата сопруга, Рама Дуваџи. „До мојата неверојатна сопруга, Рама, хајати“, рече тој, користејќи го арапскиот збор за „мојот живот“. „Нема никој кого би сакал да го имам покрај мене во овој и во секој момент“, рече тој. Зохран и ...
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во изградбата на потпорниот ѕид на улица 50 во населбата Радишани. Проектот се реализира поради појавата на одрони и пропаѓање на дел од улицата, што го наметна итниот почеток на санацијата. Новиот потпорен ѕид ќе обезбеди поголема сигурност за домовите на граѓаните и ќе спречи можни лизгања на земјиштето. Од Општина Бутел информираат дека станува збор за едно од најчестите барања на ...
Властите во Јужна Кореја стравуваат дека седум лица се заробени по уривањето голема структура во електрана во градот Улсан овој четврток, објави новинската агенција „Јонхап“. Официјален претставник на противпожарната служба на округот не можеше веднаш да го потврди бројот на исчезнати. Претходно, „Јонхап“ и други медиуми објавија дека шест лица се исчезнати, а две се спасени. Спасувачката операција е во тек Јужнокорејските медиуми објавија ...
Голем број познати имиња од забавната музика, на гала концерт, ќе му оддадат почит на човекот кој ги создаде едни од најубавите хитови и за нив напиша повеќе од 700 композиции – едиствениот маестро Кире Костов. „Летај Галебе“ е насловот на концертот што ќе се одржи во Националната опера и балет во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Сашо Тататрчевски. Музички соработници се Дамир Имери и Владимир Костов а ќе настапи и голем ...
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку соопштение до јавноста упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ја партијата за, како што наведува, изборни нерегуларности на локалните избори во општина Карпош. „Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“, наведува Јакимовски додавајќи дека борбата на изборите не била витешка, туку кукавичка. Според него, изборниот процес бил проследен со купување гласови, злоупотреби, ...
Зимскиот пакет за поддршка предложен од администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски наиде на остри критики, пишува „Киев индепендент“. Владата подготвува серија мерки за ублажување на економскиот притисок врз граѓаните додека земјата влегува во уште една тешка зимска сезона обележана со руски напади. Планот вклучува еднократна исплата од 1.000 гривни (околу 24 евра) за сите граѓани, 3.000 километри бесплатно патување со воз во ...
Оваа есен Скопје ќе пулсира во ритамот на легендите! На 8 ноември, во култниот Младински културен центар, ќе се одржи Трибјут Фест – музичка вечер посветена на бесмртните хитови и магијата на живите свирки што ги обележале генерациите. Овој фестивал носи вистинска рок и поп носталгија преку настапи на одбрани трибјут бендови, кои со неверојатна енергија и почит ги оживуваат големите имиња од светската сцена. Подготвени сте за музичко патување ...
Повеќе од 60 компании од Грција и Северна Македонија се собраа денес во Стопанската комора на Северна Македонија на Бизнис форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, ко-организиран од Грчката амбасада во Скопје и Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби. Форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, и Софија ...
Ерика Кирк, сопруга на убиениот американски активист Чарли Кирк, во емотивно интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за нивните последни моменти пред убиството во септември, за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута Вали. Таа се присети дека последната ноќ била мирна и семејна, кога нивната ќерка Џиџи им се придружила во креветот, па Чарли заминал да спие во друга соба. „Му реков: „Оди спиј во нејзината соба, сакам добро да се наспиеш. Ќе го ...
Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на ...
Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (31), еден од клучните играчи на Коринтијанс, добил барање од раководството на клубот да го напушти луксузниот хотел во Сао Паоло каде што живее. Бразилскиот клуб се соочува со финансиски тешкотии и мора да ги намали трошоците, а сместувањето на Депај е огромен трошок. Според информациите од бразилскиот „УОЛ“, престојот на холандската ѕвезда во клупскиот хотел чини околу 40 илјади евра месечно. Оваа тема станала ...
Поранешната српска манекенка и Мис Југославија Јелена Бин Драи живее во Дубаи веќе 24 години, каде што изгради семејство со арапскиот претприемач Саид Бин Драи, со кого има четири деца. По долго медиумско молчење, Јелена неодамна отворено проговори за својот брак, семеен живот и правилата што ги следи во Обединетите Арапски Емирати во емисија на телевизијата К1. Таа призна дека ѝ требало време да се навикне на пустинската клима, но и да ја ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека алијансата го поништила долгогодишниот јаз со Русија во производството на муниција, нагласувајќи дека сојузниците сега произведуваат повеќе отколку што произведувале со децении. Зборувајќи на Индустрискиот форум на НАТО во Букурешт, Руте рече дека „до неодамна, Русија произведуваше повеќе муниција отколку сите сојузници на НАТО заедно“, но додаде дека тоа повеќе не е случај бидејќи западните ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес учествуваше во акција за пошумување, организирана од Општина Кисела Вода, во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври – Бараки. Во рамките на активноста беа засадени дваесет нови дрвја, како почеток на серија акции за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината. Дрвјата се донација од Централна кооперативна банка АД ...