Со најавените над 50.000 студентски ваучери и релативно краткиот временски рок за нивно искористување, целиот ИТ сектор се соочува со голем предизвик да обезбеди доволно лагер на квалитетна опрема. Разбирајќи го ова, и со цел да им излезе во пресрет на студентите, компанијата Анхоч е прва што го креираше и лансираше системот за предрезервации на уреди. Со најавата на Владата за доделување студентски ваучери во вредност од 15.300 денари, Анхоч, ...

Планираното затворање на 204 поштенски филијали скапо го чинеше директорот на Грчката пошта (ЕЛТА), Григорис Скликас, кој поднесе оставка, пренесе весникот „Катимерини“. Скликас ја поднел оставката откако многу граѓани дознале дека нивните локални пошти биле затворени преку ноќ, што предизвикало остри реакции. И покрај оставката, владата останува при планот за затворање на околу една петтина од вкупно нешто повеќе од илјада пошти. Директорот се ...

Ученици и наставници од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје и „Principessa Maria Pia“ од Таранто, Италија, денеска го посетија Собранието на Република Северна Македонија, каде што остварија средба со пратенички од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички. Средбата се реализираше во рамките на соработката меѓу двете училишта преку Еразмус+ програмата, како дел од заедничкиот проект „Родовата ...

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, денес повторно се послужи со националистичка реторика и закани за отцепување на Република Српска од БиХ, а причина за тоа беше одлуката на Уставниот суд на БиХ да ја отфрли неговата жалба против пресудата со која беше осуден на една година затвор и за која го изгуби мандатот. „Јасно е дека Уставниот суд на БиХ е дел од клан чија цел е да го укине Дејтонскиот мировен договор“, рече Додик ...

Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот струмички ментор е виновникот заради чие предавство и прифаќање на штетен договор сега сме предмет на уцена и притисок, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонија ќе продолжи со реформите без разлика на диоптријата која е јасна, а тоа е дека извештајот како ...

Вчера се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за состојбите во домашната и светската економија, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и согледувањата од најновите макроекономски проекции на среден рок, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Најновиот Квартален извештај во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме ...

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник во Њујорк ноќта на локалните избори на кои американскиот претседател Доналд Трамп претрпе неколку неуспеси испраќајќи му порака една година пред изборите за Конгресот. Новиот градоначалник, 34-годишник, жесток противник на американскиот претседател, лесно го победи својот главен ривал, поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо, исто така демократ, но центрист, ...

Ромскиот јазик е дел од културниот мозаик што го збогатува нашиот општествен идентитет. Затоа, заштитата и развојот на Ромскиот јазик значи заштита на меморијата, достоинството и динамиката на една заедница која дала многу на нашето општество, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на владината седница посветена на Светскиот ден на Ромскиот јазик. Тој додаде дека ссвен институционалната одговорност, имаме и морална одговорност да ...

Во кафулето „Мока и ко.“ во Њујорк, сместено меѓу халал-рестораните и јеменските кафулиња во Асторија, населба во Квинс, се одржа прослава на стотици луѓе, кои се собраа на покана на Муслиманскиот демократски клуб на Њујорк и неколку други муслимански и јужноазиски здруженија за да ги поздрават резултатите од изборите, пишува „Њујорк тајмс“. Додека првите резултати од трката за градоначалник на Њујорк пристигнуваа на три големи екрани, возбудени ...

По првиот ден од натпреварите од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони, само Баерн и Арсенал имаат максимален учинок, а од другите учесници во реформираното натпреварување, само Интер може да ги следи. Најпривлечниот натпревар вечерва ќе се одигра во Манчестер. Тимот на Пеп Гвардиола за противник ја има Борусија Дортмунд. Во првите три рунди двата тима имаа по две победи и едно реми. „Колку е важна оваа серија од два домашни натпревари ...

Студениот воздух, ветерот и сувото греење во затворен простор можат немилосрдно да ја исушат вашата коса, оставајќи ја кршлива, наелектризирана и безживотна. Зимата е сезона која може да предизвика хаос во вашата коса ако не ја подготвите навреме. Комбинацијата од ниски надворешни температури и сув, топол воздух во затворен простор создава совршена бура која ја лишува вашата коса од многу потребната влажност. Резултатите се добро познати: ...

Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кисела Вода, на која беа верификувани мандатите на новоизбраните 27 советници. За претседателка на Советот е избрана Светлана Колариќ. Во своето обраќање, Колариќ истакна дека изборот ја обврзува уште посилно да работи во интерес на граѓаните и да го унапреди демократскиот дијалог во рамки на Советот. „За мене е чест повторно да свикувам и раководам со седниците, да се ...

Утрово, возач намерно удрил со своето возило кон неколку луѓе на францускиот остров Олерон, објавува „Ле Парисиен“. Десет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Инцидентот се случил околу 8.45 часот наутро помеѓу две села на островот, Долус Долерон и Сен-Пјер Долерон. Меѓу минувачите имало пешаци и велосипедисти. Во замокот Олерон е формиран тим за психолошка помош. Според првичните информации од истрагата, возачот наводно ...

Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми. „Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А. Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела. Управата на Џенова не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку да ...

Фронтменот на „Кодплеј“, Крис Мартин, наводно продолжил понатаму во љубовта, по раскинувањето со актерката Дакота Џонсон, со која беше свршен. Се шпекулира дека сега излегува со нејзината колешка, актерката Софи Тарнер, ѕвездата од „Игра на тронови“, со која наводно бил на неколку состаноци, а сега се појавија и некои нови информации. „Тие биле неколку пати на состаноци во Лондон. Сè е сè уште ново, но меѓу нив има одлична хемија и дефинитивно ...

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна на почетокот на следната година, најави денес министерот за здравство, Азир Алиу. Административните процедури, пак, кои претходат на градежните активности, ќе почнат веднаш по потпишување на договорот. „205 милиони евра веќе ги најавивме, тие се за Штип, Тетово и за Кичево. Тие не се буџетски средства, туку ќе бидат средства од ...

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, му возврати удар на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини во едно интервју дека „го поддржува Путин“ со блокирање на пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо, објави Euronews. Во интервју објавено вчера, Зеленски тврдеше дека ...

Со победата над Пари Сен Жермен во Париз (1:2), Баерн не само што остана на врвот на Лигата на шампионите со максимален учинок, туку постави и нов рекорд по бројот на последователни победи од почетокот на сезоната. Секогаш кога Баерн ќе влезе во серија на победи, се зборува за совршено подмачканата баварска машина. Тимот од клупата предводен од Венсан Компани, знае само за победи од почетокот на сезоната. И тоа во сите натпреварувања. ...

Иако сите сакаме од време на време да слушнеме интересна приказна, некои луѓе едноставно не можат да одолеат на ширењето на информацијата. Овие луѓе честопати немаат лоши намери, но нивната љубопитност и потреба за разговор може да ги доведат во неволја. Тие секогаш се во тек со сè што се случува, сакаат да ги анализираат животите на другите луѓе и да споделуваат детали што другите би сакале да ги задржат за себе. Понекогаш го прават тоа од ...

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се гледаат три црвени пентаграми. „По кампањата во која ветуваше високи даноци, бесплатни ...

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за новиот предлог список за лектири за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието, активно да се вклучат во дефинирање на современ, инклузивен и квалитетен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес. Потребата од ...

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната. „Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот на Лигата на шампионите. Се сеќавате како ПСЖ ја освои титулата минатата сезона… Станува збор ...

Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ. Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и ...

Само неколку часа откако демократите постигнаа низа победи на клучните државни избори, претседателот Доналд Трамп повика на темелни промени во изборниот систем. „Да се усвои реформа на гласањето, лични карти на гласачите, без гласање по пошта. Да се спаси нашиот Врховен суд од „пакување“, без додавање на две држави, итн. „Укинете го ФИЛИБАСТЕРОТ!!!“ напиша Трамп во објава на Truth Social. Демократите победија на гувернерските трки во Вирџинија ...

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, одржан во неделата, на 2 ноември. Хаким Рамадани кој беше поддржан од коалицијата Влен за градоначалник на Брвеница, поднел приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2034, 2033, 2032 и 2035 во Брвеница. Коалицијата ...

Арсенал славеше против Славија од Прага со 3:0 во четвртото коло во Лигата на шампионите. Натпреварот во Прага го одбележа фудбалерот на Арсенал, Макс Дауман. Младиот играч влезе во игра во 73-та минута и влезе во историјата станувајќи најмладиот играч што настапил во Лигата на шампионите. Дауман има само 15 години и 308 дена и со тоа стана најмладиот фудбалер што играл во ова престижно клупско фудбалско натпреварување. Овој рекорд претходно ...

Македонската пејачка, Андријана Јаневска извести дека настапила во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, на јубилејниот 20-ти концерт „Севдах во Лисински“. „На барање на организаторот ја изведов легендарната „Зајди, зајди јасно сонце“, како и „Јовано, Јованке“ и „Македонско девојче“ во придружба на оркестар составен од 11 врвни музичари од Босна и Херцеговина. Посебен момент на гордост како единствена Македонка на сцената ...

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати Пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително, 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар. Фарук Бегташагиќ беше еден од фотографите на ова место и низ објективот долови една од најтажните сцени од претходната ноќ. Како што објасни, го подготвил објективот за фотографирање и погледнал кон огнот на врвот од зградата. Сепак, морничавиот момент, кој се случил еден кат подолу, го ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година. Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година. Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година. Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
7.72
74%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.2
94%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.44
95%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
87%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.2
90%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
8.23
88%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Никел

473258.99

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Калај

40.49

Платина

52864.82

Кобалт

58.42

Злато

134976.58

Сребро

1876.20

Иридиум

145787.60

Бакар

10.96

Цинк

3.22