Белград
6ᴼ /
6ᴼ
Британската актерка Кира Најтли откри дека по успехот на само 17 години со филмот Пиратите од Карибите се соочила со посттрауматско стресно нарушување. Најтли раскажала дека ненадејната слава ѝ донела огромен психички притисок, а на 22 години доживеала нервен слом и направила пауза од глумата. Денес, на 40 години, ужива во „помирно ниво на слава“ и признава дека никогаш не го погледнала третиот дел од франшизата. Интересно, некои од своите ...
Баерн Минхен забележа победа на теренот на европскиот првак ПСЖ (2:1). Баварците ја продолжиа перфектната низа, победија на сите 16 натпревари од почетокот на сезоната. Вистински ролеркостер е триумфот на Баварците на „Паркот на принцовите“. Одиграа прво полувреме од сништата, во режија на Луис Дијас. Колумбиецот погоди во четвртата и 32-та минута кога ја искористи големата грешка на Маркињос. ПСЖ при 1:0 постигна гол, но ВАР го поништи бидејќи ...
Одиграни се првите натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите. Ги обележаа дерби пресметките во Ливерпул и Париз. Ливерпул го победи Реал со 1:0, а ПСЖ загуби од Баерн со 1:2. Јувентус и по четири рунди нема победа во Лигата на шампионите. „Старата дама“ одигра 1:1 со Спортинг во Торино и г забележа третиот нерешен резултат. Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше ...
Nvidia неодамна официјално го претстави својот DGX Spark AI компјутер. DGX Spark за прв пат беше претставен претходно оваа година, по цена од 3.999 долари. Иако е мал, уредот ја содржи целата платформа за вештачка интелигенција на Nvidia, вклучувајќи графички и процесорски чипови, како и целосен софтверски AI пакет, во систем „доволно мал за да се вклопи во лабораторија или канцеларија“, вели Nvidia. DGX Spark, се разбира, не е компјутер за ...
Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. „Црвените“ aпсолутно ја заслужија победата, создадоа поголем број шанси, но поголемиот дел од натпреварот немаа решение за Тибо Куртоа, кој беше неверојатен меѓу стативите. Во првото полувреме, тој со одлични одбрани во два наврати ги запре обидите на Собослај и спречи водство на Ливерпул. Домашниот тим бараше пенал кога топката го погоди Чуамени ...
Холивудскиот заводник Џорџ Клуни откри дека во неговиот брак со адвокатката за човекови права Амал владее совршена хармонија. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот изненади со признанието дека во повеќе од една деценија љубов никогаш не се скарале. „Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале,“ рече Клуни, додавајќи дека зрелоста и меѓусебната поддршка се тајната на нивниот мирен однос. „Кога си млад, сакаш секогаш ...
Spotify влегува во светот на бесплатниот ТВ стриминг. Музичката платформа објави ново партнерство со Samsung TV Plus – главната бесплатна услуга за стриминг на телевизискиот гигант – каде што ќе стримува видео подкасти. Ова ќе биде достапно само во САД, а веста доаѓа веднаш по уште еден нов договор според кој одбрани видео подкасти од Spotify ќе бидат достапни на Netflix во 2026 година. Во случајот со Samsung телевизорите, Spotify го носи еден ...
Новак Ѓоковиќ, петтиот тенисер на АТП листата, се врати на терените по Мастерсот во Шангај, поточно на турнирот од серијата АТП 250 во Атина. Ѓоковиќ во неговиот прв меч во грчката престолнина го победи Чилеанецот Алехандро Табило (89-ти на АТП листата) со 7:6 (3), 6:1. Ѓоковиќ прв пат во кариерата го победи Табило, откако претходно без да освои сет, загуби од 28-годишниот Чилеанец во Рим во мај минатата година, а една година подоцна во Монте ...
Натпреварите Наполи-Ајнтрахт и Славија Прага-Арсенал, го отворија четвртото коло во Лигата на шампионите. Наполитанците одиграа без голови со гостите од Франкфурт, додека Арсенал лесно победи во Прага со 3:0 и го задржа максималниот ефект. Елиф Елмас повторно беше стартер во тимот на Наполи и го одигра најдобриот меч во сезоната. Македонскиот репрезентативец беше најголема закана по голот на Ајнтрахт, на крајот доби највисока оценка oд сите ...
Кристијано Роналдо (40) планира наскоро да ја заврши кариерата и призна дека веројатно ќе плаче кога тоа ќе се случи. Фудбалерот на саудискиот Ал Наср постигна 952 гола во кариерата, а неговата цел е да постигне 1000 пред да се пензионира. „Ќе биде тешко, веројатно ќе плачам затоа што сум емотивна личност. Ја подготвувам мојата иднина уште од моите 25, 26, 27 години и мислам дека ќе можам да го издржам тој притисок“, рече Роналдо во емисијата ...
Секој знак има свои мали „демони“ — навики што умеат да создадат хаос во љубовта, пријателството или секојдневниот живот. Еве кои се најлошите: ♈ Овен – Нестрпливост Пламнуваат за секунда ако нешто не оди по план. ♉ Бик – Тврдоглавост Кога ќе донесат одлука, тешко ја менуваат – дури и со факти. ♊ Близнаци – Недоследност Започнуваат сè, завршуваат малку. Брзо им здосадува сè што не е ново. ♋ Рак – Злопамтила Ќе ти простат… но нема да заборават. ...
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми. Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за ...
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички. Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко. „Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави ...
Новото ажурирање за Windows 11 носи гласовна интеракција и подобрени AI функции. Американскиот технолошки гигант Microsoft најави нова рунда ажурирања за својот оперативен систем Windows 11, со што дополнително се интегрира вештачката интелигенција во секојдневната работа на корисниците. Клучна иновација е можноста за активирање на Copilot асистентот со гласовната команда „Hey, Copilot“, што означува чекор кон тоа гласот да стане трет примарен ...
На саемот GITEX 2025 во Дубаи, HTC претстави нова генерација телефони од својата позната серија Wildfire, а меѓу нив се издвои модел наменет за гејмери. Како што објави Android Authority, еден од изложените уреди привлече внимание со својот дизајн и спецификации што потсетуваат на гејмерски телефони, но по значително пониска цена. Според првичните информации, телефонот треба да се напојува од чипсетот Unisoc T765, додека батеријата ќе има ...
Компанијата Meta потврди дека наскоро ќе ги отстрани своите Messenger апликации за Windows и macOS, оставајќи ги корисниците на десктоп компјутери без можност да ја користат популарната услуга надвор од веб-прелистувач. Според The Verge, апликацијата Messenger повеќе не е достапна за преземање во Microsoft Store и Mac App Store, додека претходно инсталираните верзии ќе престанат да работат на 14 декември за Windows, или во рок од 60 дена од ...
Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во изминатата година, додека другите земји-кандидатки ќе мора да инвестираат повеќе, изјави денес комесарката за проширување Марта Кос. „Значителниот напредок постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина на нивниот пат кон ЕУ покажува дека реформите се исплатуваат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во ...
Италија денес го повикала заменикот на рускиот амбасадор на разговор во знак на протест поради изјавите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која го поврзала уривањето на средновековна кула во Рим со италијанската воена помош за Украина. Романски државјанин загинал откако бил извлечен од урнатините на кула близу Колосеумот, која се срушила вчера. Додека траела спасувачката операција, Захарова на ...
Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата. Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“. „Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат ...
АД ЕСМ и подружницата ХЕС „Црн Дрим“ денеска свечено го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од пуштањето во употреба на хидроелектраната „Глобочица“, капитален проект од непроценливо значење за македонскиот електроенергетски систем. Хидроелектраната „Глобочица“, дел од хидросистемот „Црн Дрим“, е пуштена во работа на 4 ноември 1965 година. Со инсталирана моќност од 42,5 MW, таа во изминативе шест децении произведе повеќе од 10.367 GWh ...
Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година. UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на ...
Денес, новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, и официјално го презеде својот мандат. Во своето обраќање по повод преземањето на функцијата, Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори. „Од денес се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со длабока ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја поддржи или барем да не ја блокира кандидатурата на Украина за членство во Европската унија. На форум за проширување на ЕУ во Брисел, Зеленски рече дека „Орбан има што да ѝ понуди на Украина, која во моментов ја брани цела Европа од Русија“. Процесот за пристапување на Украина во ЕУ, започнат по руската инвазија, е во застој, бидејќи е потребна ...
Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на Изет Меџити кој стана градоначалник на Општина Чаир. За нов министер за животна средина и просторно планирање, на местото на Меџити, сè уште се одлучува. Беким Сали претходно беше министер за здравство од 2022 до 2023 година. Сулејмани истакна дека ВРЕДИ ќе продолжи да функционира како единствен политички субјект, ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постојано игра улога на посредник меѓу Русија и Украина во врска со украинските нуклеарни централи, изјави денес генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси. Тој истакна дека постои зголемен интерес за нуклеарна енергија низ целиот свет, но дека инвестициите и новите проекти мора да бидат во согласност со правилата и мерките за неширење на нуклеарно оружје, објавува Ројтерс. Минатата недела, Гроси ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени. Во среда и четврток во утринските часови има услови за ...
Потребен е некој со челични нерви за да се пошегува за безбедноста на кинеските паметни телефони пред Шји Џјинпинг, пишува британскиот Гардијан. Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, откако кинескиот лидер му подари пар паметни телефони пред нивниот државен банкет за време на викендот, гласно праша дали уредите се безбедни. Шји, кој не е познат по јавното прикажување на хумор, се насмевна и покажувајќи кон телефоните, тој го повика Ли да ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на самитот за проширување на ЕУ изјави дека Украина ќе прифати само „полноправно членство во Европската Унија“. „Ако зборуваме за членство во ЕУ, тоа мора да биде полноправно. Ми се чини дека е многу важно да имаме еднакви земји на иста маса“, рече Зеленски. Тој додаде дека е важно членките на ЕУ да делат „слични вредности“. „Важно е да делат слични вредности. Според мене, не можете да бидете ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“. На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови ...