Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е извршена огромна работа за сигурно гарантирање на безбедноста на земјата, пренесува ТАСС. „Нашата нуклеарна тријада е обновена. Всушност, тоа е најновата нуклеарна тријада во светот. Направена е многу работа за сигурно гарантирање на нашата безбедност“, изјави Песков за новинарите. Путин нареди анализа на ...

Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28) . Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата. 32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со 18 разлика со само три погодени ...

Клуб Бриж и Барселона ремизираа 3:3 во спектакуларен меч одигран во 4.коло, во Лигата на шампионите. Барселона три пати се враќаше по водството на домашните, на крајот и ВАР беше на страната на Каталонците. Клуб Бриж го отвори натпреварот совршено. Веќе во 6-та минута, Карлос Форбс прецизно го проигра Никол Тресолди, кој ја погоди мрежата и им донесе водство на Белгијците од 1:0. Сепак, Барселона брзо возврати. Во 8-та минута, по одлична ...

Европските великани, Ајакс и Бенфика се единствените екипи без освоен бод по првите четири кола во Лигата на шампионите. По вечерашните натпревари, Интер им се приклучи на Баерн и Арсенал, како тим со максимален учинок. Покрај спектакуларниот меч во Бриж, вечерта ја обележа убедливата победа на Манчестер сити над Борусија Дортмунд, хет-трикот на Виктор Осимен против Ајакс и голот на Лазар Самарџиќ во 9-та минута со која Аталанта победи во ...

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, вечерва изјави дека вонредни парламентарни избори сигурно ќе се одржат во 2026 година. „Ќе има избори, за околу три недели веќе имаме избори во три општини. Напролет имаме избори во десетина општини. Го разбрав претседателот на државата дека во 2026 година е речиси сигурно дека ќе има вонредни парламентарни избори, секако вонредни парламентарни избори“, изјави Вучевиќ за новинарите по ...

Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано со голема веројатност ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната. Упамекано ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, поради што има понуди од неколку клубови. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, францускиот „Фут Меркато“, оди подалеку и тврди дека Упамекано му дал збор на претседателот на Реал, Флорентино Перез. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на ...

Грчката влада планира да воведе микрочипови за следење на домашните животни и нивно регистрирање во дигитална база на податоци, со цел да се врати довербата во управувањето со земјоделските субвенции по неодамнешниот скандал со измама и злоупотреба на субвенциите од ЕУ. Според акциониот план што денес беше доставен до Европската комисија, новиот систем треба да овозможи точно евидентирање и следење на секое животно, објавува „Еурактив“. Додека ...

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб. Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган. Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот. Атлетико не соопшти колку долго ...

Последиците од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарните тестирања се неизбежни: Русија ќе биде принудена да ја процени целесообразноста на спроведувањето на своите нуклеарни тестирања во целосен обем, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „Никој не знае што мислел Трамп под „нуклеарно тестирање“ (веројатно дури ни самиот). Но, тој е претседател на Соединетите Американски ...

Познатиот британски воен аналитичар Мајкл Кларк одговараше на прашања од гледачи и читатели за „Скај њуз“ за ситуацијата на фронтот во Украина, улогата на Западот и плановите на американскиот претседател Доналд Трамп. По неколку месеци шпекулации и дипломатски притисок од Киев, стана јасно дека Украина нема да ги добие американските крстосувачки ракети „Томахавк“ толку брзо. Самиот Трамп им потврди на новинарите во Ер Форс Уан: „Не, не го ...

Зохран Мамдани, 34-годишен демократски социјалист, кој наскоро ќе ја преземе функцијата градоначалник на Њујорк, е исто така првиот муслимански и јужноазиски лидер во градот. Тој е роден во Кампала (Уганда) и кратко живеел во Јужна Африка пред неговото семејство да се пресели во Њујорк, пишува „Скај њуз“. Неговата мајка е филмската режисерка Мира Наир, а неговиот татко Махмуд Мамдани е професор по антропологија на Универзитетот Колумбија. Пред ...

Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2). Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше на победите на Демократската партија на вчерашните национални избори, објавува Гардијан. „Не очекувавме победа синоќа, беа тоа многу демократски области. Но, не мислам дека беше добро за републиканците. Не сум сигурен дека беше добро за некого“, рече Трамп додека беше домаќин на републиканските сенатори во Белата куќа. „Имавме интересна вечер и научивме многу, и ќе разговараме за тоа“, додаде тој. ...

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите високи функционери да изготват предлози за можен тест на нуклеарно оружје, нешто што Москва не го направила од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Рускиот министер за одбрана Андреј Белошов му рече на Путин дека неодамнешните изјави и активности на САД значат дека „е препорачливо веднаш да се подготват за целосни нуклеарни тестови“, објави Ројтерс. Белошов рече дека рускиот арктички ...

Денес, да се избере осигурителна полиса не мора да значи долги редици, хартија и чекање. Минт Инс како осигурителен брокер им нуди на своите клиенти достапност на начин најдобар за нивните потреби и тоа не само во нашите филијали, туку и целосно онлајн преку Минт Инс веб страната или Mint App мобилната апликаија. Со Минт Инс, осигурувањето е во тек со дигиталната ера – брзо, транспарентно и достапно за секого, во секое време. Добијте понуда и ...

Американската воздушна команда за глобален удар денес спроведе тест лансирање на невооружената интерконтинентална балистичка ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија. Тестот, означен како GT 254, имаше за цел да ја провери сигурноста, оперативната подготвеност и точноста на системот за интерконтинентални балистички ракети (ICBM), кој е клучен елемент на националната одбрана на САД, според официјалното соопштение ...

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата од кодификација на ромскиот јазик, отворање катедра за ромски јазик и овозможување на учениците Роми, да го изучуваат ромскиот јазик не само во училиштата во Скопје, туку и ширум републиката. На настанот ...

Медицински техничар кој бил задолжен за грижа за пациенти со сериозни, неизлечиви болести денес е осуден на доживотен затвор во германски суд за убиство на 10 пациенти на кои им инјектирал смртоносни инјекции, како и за обид за убиство на уште 27 лица. Обвинителството тврди дека тој во службата за палијативна нега им инјектирал на своите постари пациенти лекови против болки или седативи за да си го олесни работењето во ноќната смена, објавува ...

„Русија не учествува во трката во вооружување, туку ги подобрува своите системи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Руската нуклеарна тријада е обновена, практично е најновата во светот, изјави Песков. „Сегашната ситуација во светот потврдува дека одлуките за ажурирање на нуклеарната тријада беа точни“, истакна тој. Русија не учествува во трката во вооружување, туку ги подобрува своите системи, истакна тој. Според него, САД ја ...

Луис Дијаз го обележа синоешното дерби на „Паркот на принцовите“. Колумбиецот ги постигна двата гола за Баерн, во четврттата и 32-та минута, а во финишот на првиот дел со брутален старт го повреди Ашраф Хакими и доби црвен картон. Десниот бек на ПСЖ, во солзи и со помош на лицата од медицинскиот тим на ПСЖ го напушти теренот, а нешто подоцна со помош на патерици замина од стадионот. Актуелниот европски првак се уште не се огласил по повод ...

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, денес ја одржа својата прва прес-конференција по неговата историска изборна победа, велејќи дека неговата администрација ќе „застане во одбрана на градот“ против американскиот претседател Доналд Трамп. Мамдани рече дека изборниот резултат му дава мандат за „амбициозна политика на прифатливост“, со цел „најскапиот град во САД да биде град што луѓето можат да си го дозволат“. Тој најави ...

На денешната конститутивна седница беше усвоен новиот состав на Советот на Општина Битола. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Со седницата претседаваше највозрасниот член на Советот, Јагода Талевска од движењето ЗНАМ. На конститутивната седница присуствуваа и гости од збратимената општина Стари Град – Белград, Република Србија. Во своето обраќање пред новиот советнички состав, градоначалникот Тони ...

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за трката за најдобар играч на сите времиња, во која главните улоги ги играат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Бекер нема сомнение дека Новак Ѓоковиќ заслужува да биде наречен „ГОАТ“. „Тој заслужува почит. Отсекогаш го заслужувал тоа. Ако игра уште една или две години, ќе стане најпопуларниот тенисер на сите времиња. Бидејќи колку подолго игра, луѓето ќе разберат што всушност е ...

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека по денешниот напад со автомобил, јавноста треба да остане многу претпазлива, додавајќи дека не е негова работа да одлучува за вклученоста на Националното антитерористичко обвинителство во истрагата за инцидентот од утрово во кој беа повредени неколку лица. „Имаме одредени информации, меѓу кои е и извикот за време на апсењето на осомничениот, но тоа не е единствениот елемент“, рече ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска беше во посета на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“–Битола. Со цел обезбедување квалитетна и достапна здравствена грижа, во болницата се вработени четворица нови специјалисти кои од приватниот сектор преминаа во јавното здравство – интервентен кардиолог, инфектолог, интернист и дерматовенеролог. Со тоа е комплетиран тимот за кардиологија, а во план е развој на клиничка електрофизиологија со ...

Пo 90 години, стадионот „Сан Сиро“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Од денес, легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои утрово потпишаа договор за купопродажба. Клубовите веќе ја платија првата рата од 73 милиони евра на градот, а вкупната цена на аквизицијата ќе биде 197 милиони евра, намалена за 22 милиони евра што Градот ги обезбеди како придонес за реконструкција на тунелот Патрокло и ...

Поранешниот украински премиер (2010-2014) Николај Азаров го коментираше ставот на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со воената помош за Украина, сугерирајќи дека одлуката на Трамп да не испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ произлегува од неговиот став дека на украинската влада не може да ѝ се верува дека ќе ги користи одговорно. Во објава на својот Телеграм канал, Азаров објасни: „Зошто Трамп одби да испорача ракети „Томахавк“ ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, ни ...

Социјалистот Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк на локалните избори. Израелската влада официјално не го коментира неговиот избор, но веста предизвика жестоки реакции од десничарските политичари и повици Евреите од Њујорк да се преселат во Израел. Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир рече дека изборот на Мамдани е „срам што ќе се памети засекогаш“ нарекувајќи го новиот градоначалник „поддржувач на Хамас, ...

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
7.72
74%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.2
94%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.44
95%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
87%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.2
90%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
8.23
88%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Платина

52864.82

Злато

134976.58

Родиум

255598.44

Никел

473258.99

Алуминиум

2.91

Бакар

10.96

Сребро

1876.20

Калај

40.49

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Цинк

3.22