
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Вкупната количина на откупено кравјо млеко во четвртиот квартал од минатата година изнесува 6,81 милиони литри, што е за 1,5 отсто повеќе во однос на истиот период во 2023 година. „Монстат“ изјави дека просечната содржина на млечни масти во четвртиот квартал од минатата година паднала за 8,3 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година, додека содржината на протеини се зголемила за еден отсто. Во четвртиот квартал од минатата година, во ...
„Марс“ започнува нова програма во соработка со „Фонтера“, еден од најголемите светски добавувачи на млеко, со цел да ги намали емисиите на гасови на фармите за млеко. Програмата „Фармер форвард“, поддржана со петгодишна инвестиција од 27 милиони американски долари, има за цел да ги поттикне млечните фармери да усвојат климатски паметни земјоделски практики. Земјоделците се првата линија во борбата за климатско паметно земјоделство, поради што ...
„Марс“ започнува нова програма во соработка со „Фонтера“, еден од најголемите светски добавувачи на млеко, со цел да ги намали емисиите на гасови на фармите за млеко. Програмата „Фармер форвард“, поддржана со петгодишна инвестиција од 27 милиони американски долари, има за цел да ги поттикне млечните фармери да усвојат климатски паметни земјоделски практики. Земјоделците се првата линија во борбата за климатско паметно земјоделство, поради што ...
Водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, „Вива“, по вторпат е дел од реномираниот меѓународен саем „Гулфуд“ како учесник и спонзор. Оваа година, „Гулфуд“ го слави своето 30-то јубилејно издание, кое се одржува во Дубаи од 17 до 21 февруари. Настанот, кој важи за еден од најпрестижните во светската прехранбена индустрија, претставува извонредна можност за „Вива“ да ја презентира својата широка палета на квалитетни и природни ...
Секој петти Американец вели дека купува повеќе стоки од вообичаено, првенствено поради стравувањата дека цените ќе се зголемат поради царините за увозните стоки наметнати од претседателот Доналд Трамп, се вели во извештајот на CreditCards.com, пренесе „Ројтерс“. Овие наоди покажуваат дека потрошувачите се загрижени за покачувањето на цените и економската несигурност. Тарифите може да ја зголемат инфлацијата бидејќи ја зголемуваат цената на ...
Од денеска па до крајот на април над илјада производи треба да бидат означени со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Одлуките на Владата беа објавени во „Службен весник“, а трговците треба да ги спроведат. Лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото млеко, јајцата и маслото за јадење имаат замрзнати цени. Цените на овие производи ќе изнесуваат исто колку што изнесувале на први февруари, а маржата за нив е ограничена на пет проценти. За ...
Компанијата „Биедронка“ продолжува со ширењето на својата малопродажна мрежа и во јануари отвори 30 нови продавници низ Полска. Полскиот трговски синџир, кој работи во рамките на португалската групација „Џеронимо Мартинс“, оваа година слави 30 години бизнис. За јубилејот, компанијата ќе воведе „трајно“ намалување на редовните цени за 30 од нејзините најпопуларни производи, како и специјални поволности и подароци за корисниците на апликацијата за ...
Компанијата „Амазон“ ја проширува својата понуда на производи за убавина и лична нега во Европа со отворање на својата прва физичка продавница во Италија. Продавницата „Амазон пармациа енд бјути“е отворена во центарот на Милано и на потрошувачите им нуди широк спектар на козметички и производи за лична нега, вклучувајќи брендови како што се Eucerin, La Roche-Posay, Vichy, Avène, Bionike, Rilastil, CeraVe и други. Потрошувачите во продавницата ...
Денот на жената е посебен момент за прославување на силата, убавината и уникатноста на секоја жена во нашите животи. Без разлика дали станува збор за колешка, пријателка или сестра, изборот на подарок може да биде предизвик. Но, што ако ви кажеме дека постои идеален подарок кој ќе ги воодушеви сите жени? Подарок ваучер од dm! Зошто ваучерот е идеален подарок? Прилагодливост: Ваучерите од dm доаѓаат во вредност од 350, 500 и 1.000 денари. Ова ви ...
Продавницата „Ла нои“ е успешна семејна приказна и пример како со посветеност, креативност и истрајност може да се реализира една идеја за посебен концепт на продавница која нуди пријатен амбиент и квалитетни услуги. Со внимателно избраниот асортиман на производи според најсовремените трендови, „Ла Нои“ на жителите на Скопје им нуди уникатно купувачко искуство. Годинава „Ла Нои“ прославува петгодишен јубилеј од своето работење и по тој повод ...
„Лилд“ – Велика Британија го најави започнувањето на продажбата преку „ТикТок шоп“, што го прави првиот трговец на мало што ги продава своите производи на оваа платформа. Дисконтерот ќе лансира 3.000 пакувања високопротеински производи кои ќе бидат достапни исклучиво во продавницата „ТикТок“, објави „Гроусер“. Секое пакување ќе чини пет фунти, а сите приходи од продажбата компанијата ќе ги донира на Националното друштво за спречување на ...
Млекарницата „Бохнец“ по напуштањето на пазарот во Вараждин и 91 година од основањето, престанува со работа и со откуп на млеко. Сопственичката Маријана Бохнец укажува на две клучни причини за затворањето на млекарницата: падот на примарното производство на млеко во Хрватска и ниските цени на увозните производи, особено сирењето. Од млекарницата објаснуваат дека увозот на млечни производи постоел и пред влезот на Хрватска во Европската унија, но ...
Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата, кои ги соопшти заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки и да ги земат предвид ...
„Кока Кола ХБЦ“ ги објави своите финансиски резултати за минатата година. Компанијата оствари органски раст на приходите од 13,8% во 2024 година, додека органскиот обем на продажба се зголеми за 2,8%, при што сите приоритетни сегменти постигнаа раст, се вели во соопштението на компанијата. Газираните пијалаци бележат пораст од 1,5%, енергетските пијалаци од 30,2%, а кафето од 23,9%. Оперативната добивка забележа органски раст од 12,2%, додека ...
Јапонската влада сака да го покрие пазарот со големи количини на ориз од државните резерви за ги стабилизира цените на овој производ на пазарот, соопшти министерот за земјоделство Таку Ето. Оризот ќе им биде понуден на трговците преку аукција кон средината на март, а се очекува тој да биде достапен во продавниците на крајот на следниот месец до почетокот на април. Министерот нагласи дека зголемените цени на оризот се неверојатни и изрази надеж ...
Во 2024 година, Орбико Македонија го прослави своето 20-годишно присуство на пазарот, подготвено за нови предизвици и можности. Во овој важен момент, компанијата не само што ги слави своите импресивни достигнувања, туку и гордо гледа кон иднината, како лидер во дистрибуција на FMCG во регионот. Прослава на успехот На 10 септември, компанијата организираше неверојатен настан за да ја прослави својата годишнина, на кој ги собра партнерите, ...
Германскиот дрогериски гигант dm ги надминува трговците со прехранбени производи низ Централна Европа. Иновативните стратегии во малопродажбата фокусирана на здравјето, решенијата на сите канали и новите дизајни на продавници поставуваат нови стандарди надвор од сегментот на дрогериите. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар dm дрогерие маркт, лидерот на германскиот пазар на дрогерии, продолжува да поставува индустриски ...
Италијанскиот трговски синџир „Пан Панорама“ оствари двоцифрен пораст на продажбата на своите приватни трговски марки во 2024 година, на 330 милиони евра и зголемување на пазарниот удел од 2%. Компанијата го препиша овој успех на нејзините напори да понуди квалитетни производи по конкурентни цени, како и значителни инвестиции во категориите на свежа храна како месо, риба и овошје и зеленчук. Овој интегриран пристап ни овозможува внимателно да ...
Групацијата „Селектио“ и оваа година на компанијата „Подравка“ ѝ го додели сертификатот за исклучителност во управувањето со човечките ресурси. Сертификатот „Партнер работодавач“ за „Подравка“ во никој случај не е случајност. Тоа е резултат на долгогодишни напори и исход на планирани и континуирани активности кои бараат доследност во примената, знаењето, компетенциите и вештините, нагласи Моира Хоман, директор на секторот за управување со ...
Во рамките на посетата на Катар, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со државната министерка за меѓународна соработка, г.ѓ Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад. На оваа средба се разговараше за политичките односи меѓу Северна Македонија и Катар, кои се засноваат на меѓусебно почитување и пријателството. Фокусот на оваа средба беше на продлабочување на соработката и презентација на туристичките места кои Северна ...
Европската унија планира да го блокира увозот на одредени производи на храна за да ги заштити своите земјоделци, по примерот на реципрочната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извори. Европската комисија ќе се согласи оваа недела да ги истражи построгите ограничувања на увозот, пренесува весникот, повикувајќи се на изјави на тројца неименувани официјални лица. Меѓу првите ...
Предлог листата со производи кои Стопанската комора за трговија на големо и мало смета дека треба да добијат намалени маржи и да поевтинат е испратен до Владат, Министерството за економија и до Пазарниот инспекторат. Ве информираме дека Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, денес достави Предлози за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи ...
Трговскиот центар „Тропик“ во Источно Сараево ќе работи 24 часа во текот на целата недела. Ова ќе биде првиот голем трговски центар во БиХ кој ќе работи нон стоп. Центарот во Источно Сараево е дел од компанијата „Тропик Ретајл“, најголемиот трговски синџир во РС, во кој се вклучени и „мојМаркет“ и „Црвена Јабука“, која работи во ФБиХ. Одлуката за работно време се однесува само на објектот во Источно Сараево. Како што пренесува порталот ...
„Шпар“ - Словенија има поставено пунктови за одлагање на масло за јадење во хипермаркет „Шпар“ – Јесенице, хипермаркет „Шпар“ Кладија, Кршко, хипермаркет „Шпар“ – Рогашка, Слатина, хипермаркет „Шпар“ Вир -Домжале, хипермаркет „Шпар“ Врхника и хипермаркет „Шпар“, Изола. Имено, како што соопштија од компанијата, процесот на отстранување на отпадното масло за јадење е многу едноставен. Корисникот носи отпадно масло собрано дома во продавницата. ...
Во текот на 2024 година граѓаните селектираа 273.000 пластични шишиња и лименки во системот на повратни вендинг машини на „Пакомак“ со цел донирање на средства за потребните на СОС Детското село. Хуманиот гест го препозна и самата компанија, која собраните шишиња и лименки ги претвори во денарска противвредност во износ од 120.000 денари и ги намени за истата цел, за потребите на СОС Детското село. Донацијата беше направена преку мобилната ...
Шеќерот, маслото, брашното, млекото, пилешкото месо, да бидат со маржа од 3 проценти. За лебот, тестенините, оризот, за солта, за кафето, оцетот, за квасецот, рускиот чај, урдата, видови сирење, кашкавал, јајца, ајвар, зеленчук, овошје, пиво, бело и црвено вино, како и за дел од средствата за хигиена – прашок, паста за заби, тоалетна хартија, и друго, трговците предлагаат маржа од 10 до 15 проценти. Од Стопанска комора за трговија на мало и ...
Во рамки на годинешното одбележување на Свети Трифун - празникот на лозарите и винарите, амбасадорот на Италија, неговата екселенција Паоло Палминтери, му го додели на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски орденот „Витез на редот на ѕвездата на Италија“. Ова значајно одликување, востановено во 2011 година, им се доделува на заслужни личности од светот кои со своето залагање и делување дале особен придонес во развојот ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и претставници од Комисијата за заштитa од конкуренција денеска одржаа состанок со претставници на најголемите трговски ланци и дистрибутери во државата. На состанокот се разговараше за предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната ...
Синдикалната потрошувачка кошничка пресметана од Конфедерацијата на независни синдикати на Босна и Херцеговина за јануари изнесува 1610 евра. Просечната плата исплатена во БиХ за ноември (последни достапни податоци) 2024 година изнесува 716 еу, додека минималната плата според Одлуката на Владата на ФБиХ е 511 еу . Покриеноста на синдикалната потрошувачка кошничка со просечна плата во јануари изнесува 44,48%, додека покриеноста на синдикалната ...
Компанијата „Универекспорт“ продолжува да инвестира во развојот и модернизацијата на своите продажни објекти, па така на 11 февруари свечено беше отворен реновираниот маркет во Нови Сад на аголот на улиците Никола Пашиќ и Натошиќева. Овој продажен објект сега е во ново руво, донесувајќи освежен и унапреден концепт за купување кој е приспособен на современите потерби на купувачите, соопштуваат од компанијата. Реновираниот маркет се простира на ...