Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО побегна од Македонија, реагираат од СДСМ. „ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната. Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница. Едно исто ...

Посебни видови путер, сирење и млеко со помала содржина на масти долго време се рекламираат како подобра алтернатива за оние кои сакаат да го намалат ризикот од развој на срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес, објавува германската агенција dpa. Сепак, мастите што природно се наоѓаат во млечните производи, за разлика од индустриските транс масти во високо преработената храна, не го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, заклучија ...

Поранешниот капитен на англиската репрезентација Дејвид Бекам, неговата сопруга Викторија Бекам и нивните деца го проследија големиот триумф на Англија во Мајами, кој ѝ донесе на оваа репрезентација место во полуфиналето на Светското првенство. Англија ја победи Норвешка и освои место меѓу четирите најдобри екипи благодарение на головите на Џуд Белингам. Тие ќе се соочат со Аргентина во полуфиналето. Дејвид Бекам, кој претходно оваа недела ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – „Цуната“, кој успеал да избега од полициска станица во Кочани. Станува збор за лицето кое, според сведочење во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, било препознаено како добро познатата криминогена фигура што продавала дрога во клубот, велат од Левица. Додека во судската постапка сè повеќе се потврдува сликата за начинот на кој „Пулс“ ...

Жирито на фестивалот за фантастични филмови Монтевидео Фантастико во Уругвај му додели Специјално признание за гласовна актерска изведба (Special Jury Mention – Voice Acting) на актерот Жарко Димоски, за главната улога во филмот „Јон Вардар против галаксијата“. Во образложението, жирито истакнува дека признанието е доделено поради силата, карактерот и енергијата на неговата гласовна интерпретација, која се издвојува како еден од клучните ...

Украина денес успешно го отвори својот втор од шесте преговарачки кластери во Брисел, правејќи го следниот чекор на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Шесте кластери за проширување претставуваат листи на реформи што Киев мора да ги спроведе за целосно да се усогласи правно и политички со блокот. Украина го отвори првиот кластер, поврзан со владеењето на правото и демократијата, на 15 јуни, а се очекува Молдавија да го ...

Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека по долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место. Спортот, според неа, е област во која треба да се инвестира сега, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. Оценува дека за да можат посветено и ...

Хрватската фудбалска репрезентација е најоштетена од одлуките, ВАР собата на тековното Светско првенство, е заклучокот од истражувањето на Универзитетот Нортвестерн. ВАР беше повикан да помогне во 35 наврати за време на 97-те одиграни натпревари, што е повеќе отколку на претходните две Светски првенства. Во Русија во 2018 година, имаше само 22 ВАР проверки, а во Катар четири години подоцна, малку повеќе (26). Кога собраниот примерок ќе се ...

Потрошувачката на електрична енергија за користење на клима уреди во Грција е двојно зголемена во споредба со периодот од пред неколку години, објавува денес „Катимерини“, повикувајќи се на податоците од „Евростат“. Според извештаите, приближно 70 проценти од домаќинствата во Грција имаат барем еден клима уред, а земјата потрошила 11.900 тераџули за ладење на згради во 2024 година, во споредба со 5.850 TJ во 2018 година. Ова значи дека 7,4 ...

Полицијата уапси Црногорец кој возел со брзина од 205 километри на час на автопат во гевгелиско. Вчера околу 11 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници го уапсија црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде ...

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, додава тој, го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. „Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на ...

Без разлика на конечниот пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, и од кој зависи износот на наградата што ФИФА ќе и ја додели на Фудбалската асоцијација (ФА), најдобрите фудбалери на Англија нема да земат ниту една фунта. Целата сума ќе биде донирана во добротворни цели, што е традиција што важи во „гордиот Албион“ од 2007 година. Предложена е од Дејвид Бекам, Стивен Џерард, Френк Лампард и други ѕвезди на таа англиска ...

Кина има за цел да го зголеми просечниот животен век на 80 години до 2030 година, од 79,25 години во 2025 година. Планот, издаден од Државниот совет, е дел од пошироките напори на Кина за подобрување на јавните медицински услуги и унапредување на иницијативата „Здрава Кина“, објавува „Синхуа“. Како што е наведено, планот утврдува мерки за проширување на еднаквиот пристап до здравствена заштита, поттикнување на пошироката јавна свест за ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека малку е веројатно дека мирот во Украина ќе биде постигнат наскоро и додаде дека очекува Русија да ја продолжи војната барем до почетокот на зимата. Туск им изјави на новинарите во Париз дека разговарал за ситуацијата во Украина со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во овој момент, се чини малку веројатно e дека ќе се постигне прекин на огнот или ...

Јавното претпријатие „Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје“ се соочува со високо учество на побарувања чија наплатливост е неизвесна, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност, нефункционалност на возниот парк со просечна старост од 15 години, од вкупно 189 специјални комунални возила 60% се неисправни и тоа влијае на намалена способност за генерирање економски користи, утврди Државниот завод за ревизија. Утврдено е и ...

Арне Слот е најсериозниот кандидат за нов селектор на Холандија. „Лалињата“ останаа без селектор, откако Роналд Куман поднесе оставка по елиминацијата од Мароко, во 1/16 финалето на Светското првенство. Арне Слот, зад себе има лоша сезона со Ливерпул, поради што пред два месеци доби отказ. На неговото место, на „Енфилд“ пристигна Андони Ираола. Како што сега стојат работите, тренерот експресно ќе добие нова работа. Работите се движат во ...

Русија фрли бомба од три тони FAB-3000 врз градот Орихив во Запорошката област на Украина и објави видео од нападот. Градот се наоѓа недалеку од линијата на фронтот, а видеото покажува огромна експлозија, пишува PolskieRadio24.pl. Видеото циркулира на социјалните мрежи од вчера. Видеото го прикажува ударот на моќната бомба во урбана област. Висок облак од чад се издига над местото на ударот. Russia released footage of a 3-ton FAB-3000 glide ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека Европската Унија денес одржува четири меѓувладини конференции за пристапување, сите во еден ден, што е прв таков случај по повеќе од две децении. На платформата на Икс, Кос го нарече овој ден „Супер вторник“ за проширување на ЕУ, наведувајќи дека четири клучни кандидати за членство – Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора остваруваат значителен напредок во процесот на пристапување ...

Неексплодирана граната со калибар 75 милиметри е извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не ...

Повеќе од пет милиони луѓе веќе учествуваа во петицијата, фудбалската репрезентација на Аргентина да биде исклучена од Светското првенство. На веб-страницата „Argentinaout.com“ започна кампања за елиминирање на полуфиналистите од Мундијалот, без понатамошна борба. Причината, тврдат тие, е фаворизирање од страна на судиите. „Јасно е дека ФИФА и судиите се пристрасни кога станува збор за Лионел Меси и Аргентина. Зошто остатокот од светот ...

Чаби Алонсо, на првата официјална прес конференција како менаџер на Челзи, за време на прес-конференцијата изјави дека сака играчот од средниот ред Енцо Фернандез да остане на „Стемфорд Бриџ“, и дека напаѓачот Николас Џексон се приклучил на тимот. Алонсо беше претставен откако ги започна подготовките со фудбалерите кои не се на Светското првенство. Долго време се шпекулираше дали Фернандез ќе го напушти двократниот европски шампион. ...

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК). Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија. Се сомнева дека Шимиќ нелегално ги добил потребните дозволи за кампот во Тисно преку ...

Утре, 15 јули, ќе се одржат три настани на 47. издание на фестивалот Скопско лето. За љубителите на филмската уметност, со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија, ќе се одржи проекција на филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски. Билетите се во продажба на karti.com.mk. Со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се одржи поетско – музички настан насловен „Поетроника“ на Андреја Салпе и Оливер ...

Во златно поле со пченица, под сино небо и луксузна млечна бања украсена со бели орхидеи, Симона Поповска го сними спотот за „Дај ми“ Со овој сингл Поповска продолжува да ја гради својата музичка приказна, останувајќи доследна на естетиката што ја негува. Песната е создадена во современ афро хаус стил, а дополнителна свежина внесува перкусионистот Бока Конга, чии живи перкусии природно се вклопуваат во аранжманот и ѝ даваат препознатлива ...

Вчера вечер на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово уапсија 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен разговор. По документирање ...

Силно невреме погоди делови од Германија, носејќи обилни врнежи од дожд, бурни ветрови, грмотевици и град со големина на тениски топчиња, а метеоролозите предупредуваат дека во наредните часови се очекуваат катастрофи, објави „Шпигел“. Германската метеоролошка служба (DWD) издаде предупредување за лоши временски услови во централните и јужните делови на земјата, каде што се можни силни грмотевици придружени со интензивни врнежи од дожд, ...

Левица соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ. Ова е очекувана реакција од партија која се обидува да создаде привид на опозициско единство, додека во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ. „Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. Нема што да се усогласува со Левица. Ние нема да прифатиме предлози кои отвораат ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчисти случајот со насилството врз малолетничка во Куманово и дека е поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички „СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 ...

Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува, велат од Влен. Одкоалицијата наведуваат дека влегуваат во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот. „Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го ...

Фудбалските репрезентации на Франција и Шпанија, вечерва ќе се сретнат во првото полуфинале на 23-то Светско првенство. Актуелниот европски првак Шпанија и најголемиот фаворит за трофејот, Франција, ќе се сретнат на стадионот во Далас. Ќе биде ова „финале пред финалето“, дуел на две селекции со огромен индивидуален квалитет, дуел на репрезентации чија вредност се проценува на речиси 2,8 милијарди евра. Французите го бркаат своето трето ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.06
60%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
84%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.37
79%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.47
49%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.31
41%
1011
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.79
93%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
63%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.8
67%
1013
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.36
93%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.79
59%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
2.39
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Алуминиум

3.17

Кобалт

56.29

Бакар

12.74

Сребро

1870.85

Платина

50958.93

Паладиум

39448.97

Иридиум

252383.36

Калај

53.50

Рутениум

53852.50

Родиум

263636.12

Цинк

0.00

Злато

130265.18