Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден ...

Во изминатите две години се реализирани и започнати 60 спортски проекти, со вкупна вредност од над 21 милион евра. Овие инвестиции не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку вложување во генерациите што доаѓаат и создавање здрави животни навики, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За 2 години се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во ...

Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за ...

Двете деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара (21) и Мадокс (24), објавија огласи во весници како дел од правниот процес за отстранување на презимето на нивниот татко. Судските документи потврдуваат дека тие исполниле уште еден законски услов пред рочиштето за одлучување по нивните барања за промена на името. Според судските документи добиени од Page Six, Захара и Мадокс објавувале огласи во Los Angeles Daily Journal еднаш неделно во текот ...

Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните, велат од СДСМ. „Не може. Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за ...

Менди Тифи, мајката на Селена Гомез, се шегуваше за своите ќерки на Инстаграм, но нејзината објава предизвика загриженост кај некои фанови, поттикнувајќи ја да ја разјасни ситуацијата. Менди сподели фотографија од Селена и нејзината 13-годишна сестра Грејси Елиот Тифи во неделата. „Моите најголеми достигнувања, без разлика дали ме сакаат или не“, напиша Менди во описот. „Тие се најкул. Еден ден ќе сфатат каква сум згодна и ќе ме сакаат колку ...

Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата. Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза, велат од СДСМ. Од партијата обвинија дека економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а ...

Ерлинг Халанд продолжува да привлекува внимание дури и по елиминацијата на Норвешка од Светското првенство. Славниот фудбалер вчера предизвика бројни реакции, кога слета во Осло со репрезентацијата. Додека неговите соиграчи излегуваа од авионот со вообичаениот багаж, Халанд носеше плишан ракун со шише во шепите. Тој ја објави фотографијата на социјалните мрежи со краток коментар: „Ме следеше дома“, додавајќи насмеан емотикон. Како што се ...

Ким Кардашијан сподели серија фотографии на Инстаграм од нејзиниот семеен одмор, каде што уживаше со момчето Луис Хамилтон и нејзините четири деца. Селфито што привлече најголемо внимание беше тоа на кое 45-годишната ријалити ѕвезда позира со 41-годишниот возач на Формула 1 и осумгодишната ќерка Чикаго. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) На селфито, Ким и Хамилтон позираат еден до друг, додека ...

Бугарската национална телевизија (BNT) објави дека Софија и Бургас се во потесен избор за домаќини на Евровизија во 2027 година. Со ова се елиминираат Пловдив и Варна, кои, исто така, се натпреваруваа за домаќини на популарниот музички натпревар. Одлуката е донесена по евалуација на кандидатурите на четирите града. Градовите беа оценети според голем број критериуми, вклучувајќи инфраструктура на местото на одржување, пристапност, транспортни ...

Првата театарска премиера на „Охридско лето“, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ донесе извонредна актерска игра. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“. Сценографијата ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури. Големиот бард во македонското глумиште, Бајруш Мјаку, со овој театарски проект го заокружува своето 53-годишно патување во светот ...

На втората донаторска конференција за обнова на Газа, каде што се собраа 65 делегации од земјите-членки на ЕУ, партнерски земји, меѓународни и регионални организации и финансиски институции, беа собрани околу 900 милиони евра. Комесарот за Медитеранот, Дубравка Шуица, која беше копретседател на конференцијата, рече дека сега мора да се создадат услови на терен за да може помошта да стигне до луѓето во Газа. „Ова вклучува разоружување на ...

Американската војска рано утрово објави дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран трета ноќ по ред. „За време на петчасовната мисија, американските сили успешно погодија воени цели низ Иран, вклучувајќи ги Бушер, Шахбахар, Јаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас“, објави Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштение на платформата X. САД ги започнаа новите напади рано утрово по европско време, што е нова ескалација меѓу двете ...

Британски пилот смисли необичен начин да го помине времето за време на пробен лет. Имено, тој ја искористил рутата на летот за да ја „напише“ пораката „Досадно ми е“ на радарот над границата меѓу Англија и Велс. Неговата порака е снимена од веб-страницата за следење на летови Flightradar24. Податоците покажуваат дека авионот на Ravenair полетал од Ливерпул во 11:25 часот во саботата. За време на двочасовниот лет, тој прелетал над областите ...

Цените на нафтата пораснаа преку ноќ во понеделникот на највисоко ниво во последните четири недели откако Доналд Трамп изјави дека САД од денеска ќе воведат поморска блокада на иранските пристаништа. Трамп, исто така, рече дека ќе се воведе царина од 20 проценти на целиот товар што поминува низ Ормускиот теснец за да се компензираат трошоците за нивниот надзор на САД. Суровата нафта Брент, глобалниот репер, порасна за 1,68 долари, или 2 ...

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а ...

Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром. „Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 14.07.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица бр. 48. ( општина Аеродром)“, информира РЦУК Скопје. фото/depositphotos Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром. „Од ЕВН Македонија известени сме дека ...

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ листата со нејзиниот нов албум „Confessions II“. Ова ја направи првата уметница што има албум на врвот на топ листата во 2020-тите, откако го стори истото во 1980-тите, 2000-тите и 2010-тите. Таа сега има вкупно десет албуми што го освоија првото место на Билборд топ листата. Иако не коментираше конкретно за новиот рекорд, Мадона ...

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице со Ерлинг Халанд со кратката порака: „Моќта е во косата“. Објавата собра стотици илјади лајкови за само неколку часа. Халанд одговори само со огнено емоџи, додека навивачите веднаш почнаа да се шегуваат дека „двајцата најсилни фудбалски фризери“ се сретнале и дека „моќта е очигледно во долгата коса“. ...

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој попладнево беше Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот од петокот, кој, според него, сериозно ја нарушил довербата во полициската служба. „Бегството од ...

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион на Европа е подготвен да издвои дури 35 милиони евра за 23-годишниот јапонски репрезентативец. Формална понуда сè уште не е испратена, додека вредноста на голманот се проценува на помеѓу 30 и 35 милиони. Сузуки го привлече вниманието на Парижаните со своите игри во дресот на Парма, но и ...

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен Жермен . „Светците“, како што објави „Атлетик“ ќе ја платата откупната клаузула, која е помала од 10 милиони фунти. Левиот бек има уште две години од договорот со клубот од Бирмингем. Минатата сезона, Дињ беше претежно прв избор на тренерот Унаи Емери. Започна 11 натпревари во успешната кампања на Астон Вила до ...

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи. Шпанија ќе се соочи со Франција во вторник во Далас, што може да биде еден од најдобрите натпревари на Светското првенство. Во полуфиналето на Лигата на нации 2025, двете репрезентации приредија спектакл во кој „Црвената фурија“ победи со 5:4, иако во еден момент водеа со 5:1. Родри, сепак, не ...

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Toj посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена и дека Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не можат ...

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара извунување од претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на кандидат за министер. Целата македонска јавност беше ...

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27. Станува збор за Андреј Сантос, играч од средниот ред на Челзи и повремен бразилски репрезентативец, кој има 22 години, пишува „Манчестер Ивнинг Њуз“. Вредноста на трансферот е 50 милиони фунти, што е малку над 58 милиони евра, со оглед на тоа што фиксниот дел изнесува 48 милиони, а остатокот ќе ...

Реконструкцијата на Владата не носи нова визија, туку отвора сериозни дилеми за стратешката определба на државата и за кадрите што ВМРО ги предлага на највисоки државни функции, кажа пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска расправа. Тој оцени дека кадровските решенија предложени од Владата испраќаат загрижувачки политички пораки, особено во делот на евроатлантската ориентација на државата. „Очекувано е назначувањето на ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 јули – Националниот празник на Франција. Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и ...

Цените на нафтата се искачија на меѓународните пазари над 79 долари, бидејќи САД и Иран повторно ги зголемија влоговите во спорот околу регулирањето на сообраќајот низ Ормускиот теснец. Барел нафта на лондонскиот пазар се тргуваше по 79,34 долари во текот на попладнето, што е за 3,33 долари поскапо отколку на крајот од тргувањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, беше за 3,16 долари поскап и изнесуваше 74,57 долари. На ...

Порнешниот супермодел Ева Херцигова се омажи за својот долгогодишен партнер, претприемачот Грегорио Марсијаж, по 25 години врска. Двојката го кажа своето судбоносно „да“ во саботата во црквата Сан Вито во Италија, со нивните синови Џорџ, Филипе и Едвард, како и членови на семејството и блиски пријатели. Познатата 53-годишна манекенка за својата свадба избра бел фустан од модната куќа Ланвин со длабоко деколте и драматичен плашт. Не можеше да ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.26
62%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
1.79
82%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.23
81%
1011
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
49%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.08
45%
1011
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
93%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
59%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.11
69%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
95%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
68%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
59%
1008
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 20ᴼ
2.46
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Калај

53.50

Алуминиум

3.17

Платина

50958.93

Паладиум

39448.97

Родиум

263636.12

Иридиум

252383.36

Злато

130265.18

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Бакар

12.74

Сребро

1870.85