Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Младата Месечина во Рак, која се случува на 14 јули 2026 година, отвора нов лунарен циклус и носи силна енергија од емоции, семејство, дом и внатрешна безбедност. Според астрологот Марина Скади (Марина Соколова), овој лунарен настан нè повикува да забавиме, да се слушнеме себеси и да се вратиме на она што ни дава чувство на припадност и мир, а подолу ќе откриете што ги очекува одредени хороскопски знаци. Ракот е знак управуван од ...
Ен Хатавеј повторно покажа беспрекорен аутфит кој се карактеризира со софистицирани детали и впечатлив дизајн на самата креација. Ен Хатавеј работи напорно на промоцијата на филмот „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, и моментално е во Париз. Треба да се напомене дека француската престолнина е преполна со познати дами, бидејќи во тек е и Неделата на модата, а Париз е местото на средба на филмската уметност и високата мода овие денови. ...
Во текот на ноќта, Украина нападна магацин за нафта во јужната руска покраина Ставропол, а експлозиите одекнаа и во Московската област, каде што беше активирана воздушната одбрана, пишува The Kiev Independent. По нападот, избувна пожар во магацинот за нафта на Лукоил-Југнефтепродукт, објави каналот Exilenova Plus на Telegram. Во исто време, независниот руски медиум Astra објави, повикувајќи се на локалните жители, дека нападите се случиле во ...
Патријархот на Руската православна црква Кирил и основачот на Лукоил Вагит Алекперов се отстранети од нацртот на 21-от пакет санкции против Русија од страна на Европската Унија. Нивното исклучување, според дипломатски извори од неколку земји-членки, го побарала Бугарија, пишува Европска правда. Покрај тоа, познато е дека најспорните прашања во пакетот санкции веќе се решени, главно во насока на ублажување. Забраната за влез во ЕУ за руски ...
Најмалку 27 лица загинаа, а осум се во критична состојба откако пожар зафати бар во популарниот кварт Чатучак во Бангкок, ноќта кон понеделник. Повеќе од 60 лица се однесени во болница со повреди. Пожарникарите беа повикани на местото на настанот кратко по полноќ. Тие затекнаа ужасна сцена на местото на настанот, а посетителите бегаа низ влезната врата зафатена од пламен. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како врескаат и ...
Британска државјанка е тешко повредена во несреќа во близина на Сината пештера на полуостровот Луштица во Црна Гора, кога двете нозе ѝ се заглавиле во пропелер на глисер. Повредената жена е однесена во болница, а полицијата истражува, пишува Vijesti.me. Несреќата се случила додека туристката пливала во една од помалите морски пештери во близина на попознатата Сина пештера. На патувањето ја донел глисер со регистрациски број 192KT, чија ...
Со спектакуларна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност. Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Мкедонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскит центар Поинт. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вчера вечер го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Беаз Куле, општина Ѓорче Петров; · во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Теодосиј Синаитски – парни броеви до бр. 12., општина Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од ...
Јаник Синер ја одбрани титулата на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Во финалето, по речиси четири часа игра, Синер го победи Алкесандар Зверев со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3, 6:4). Јаник Синер втор пат по ред го освои Вимблдон, вкупно ја освои петата Гренд слем титула. Зверев остана една, онаа што ја освои пред еден месец на Ролан Гарос. Финалниот меч донесе брилијантен тенис, особено во првите два сета, кога тенисерите го чуваа својот ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на ...
Собранието утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори. Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Според предложените кадровски решенија: – Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде ...
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Како што информираат од ДЗС, гранатата била пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на ...
На социјалните мрежи се шири видео на кое, според наводите, се гледа припадник на руска мобилна противвоздушна единица кој губи контрола над тешкиот четвороцевен митралез „ЈакБ-12,7“ за време на пукање. На снимката, која според достапните информации изгледа автентична, се гледа како руски војник отвора оган од оружје поставено на импровизирана ротирачка платформа. По неколку моменти, митралезот нагло се врти настрана, повлекувајќи го со себе ...
Неколку експлозии денеска се слушнале во јужен Иран, во близина на пристанишниот град Бандар Абас и крајбрежната област Кешм, јавија иранските државни медиуми. Според државната новинска агенција ИРНА, кон островот Кешм, кој има стратешко воено значење во близина на Ормутскиот Теснец, биле истрелани „непријателски проектили“. Гувернерот на Кешм, Хосеин Амир Тејмури, изјавил дека „10 до 11 непријателски проектили“ биле насочени кон воени ...
Големиот шумски пожар кој со денови беснееше во јужниот дел на Шпанија престана да се шири, откако стотици пожарникари и припадници на итните служби работеа на негово ставање под контрола. Шефот на регионалната влада на Андалузија, Хуанма Морено, изјави дека ситуацијата е стабилизирана, а гаснењето дополнително е олеснето поради послабите ветрови и високата влажност на воздухот. На терен сè уште се околу 500 пожарникари, војници и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД и Иран вчера постигнале договор, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна со напад со дрон врз брод. Во интервју за емисијата „Запознајте го печатот“ на американската телевизија Ен-би-си, Трамп изјави дека Иран се согласил на договор со кој, според него, се откажал од сите спорни прашања. „Имавме состаноци со нив… тие вчера се согласија на договор – совршен договор за нас, без ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи смена на премиерката Јулија Свириденко, најавувајќи промени во Владата со цел спроведување на, како што наведе, „ажурирана политичка стратегија“. Зеленски информацијата ја објави на социјалната мрежа „Икс“, при што ѝ се заблагодари на Свириденко за досегашната работа. „Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината јасна, посветена и ефикасна работа како премиерка, како и за годините продуктивна ...
САД соопштија дека Ормутскиот Теснец останува отворен за сите бродови кои законски поминуваат низ стратешкиот воден пат, откако Иран претходно тврдеше дека теснецот е затворен. Централната команда на американската армија порача дека американските сили се „распоредени и подготвени“ да обезбедат слободно движење на бродовите, и покрај, како што наведоа, „неоправданата иранска агресија“. „Иран не го контролира Теснецот. Сообраќајот се одвива“, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ започнале со санација на дефект на водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „Лукоил“. Станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, кое настанало при градежни активности пред три години. Ѓорѓиевски наведува дека досега дефектот бил решаван со привремени интервенции, поради што проблемот повторно се ...
Украинските напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија сè повеќе се одразуваат врз секојдневниот живот на граѓаните, јавуваат светски медиуми. Во последниот период, украинските сили извршија низа напади врз руски рафинерии, енергетски постројки, аеродроми и друга инфраструктура. Последиците, според извештаите, се највидливи во снабдувањето со гориво, каде во делови од земјата се појавија недостиг и долги редици на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Црвениот крст на Град Скопје го претстави тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка. „Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја демонстрираа ...
Владата на Србија донесе одлука за дополнително намалување на акцизата за нафтените деривати за пет отсто, со што вкупното намалување ќе изнесува 10 отсто. Мерката ќе стапи во сила од утре и ќе важи до 19 јули, а е донесена поради зголемувањето на производствените цени на нафтените деривати, предизвикано од растот на цената на суровата нафта на светскиот пазар. Со привременото намалување, акцизата за оловен бензин ќе изнесува 68,90 динари ...
СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ...
Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола. Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите. „Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба ...
Контроверзноста околу израмнувачкиот гол на Џуд Белингам во четвртфиналниот натпревар помеѓу Англија и Норвешка продолжува, а сега се огласи и легендарниот Златан Ибрахимовиќ. По пресвртот, Англија победи со 2:1 и се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство, каде што ќе игра против Аргентина, која ја елиминирана Швајцарија. Сепак, најголемо внимание привлече ситуацијата што му претходеше на израмнувачкиот гол, кога топката ...
Капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, не се мири со елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство, оценувајќи дека исклучувањето на Брил Емболо беше одлучувачкиот момент на дуелот против Аргентина. По продолженијата, Швајцарија беше поразена од актуелниот светски шампион со 3:1, иако до 72-та минута беше рамноправен ривал и беше на дофат од пласман во полуфиналето. „Мислам дека црвениот картон ја промени ...