Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...

Travel + Leisure MAGAZINE објави листа на најдобри хотели во светот, а титулата најдобар во Европа ја освои хотел сместен во срцето на Тоскана, на речиси 900-годишен имот кој се протега на повеќе од 2.000 хектари. Станува збор за хотелот Castiglion del Bosco од синџирот Rosewood, кој освои импресивни 99,58 од можни 100 поени во гласањето на речиси 207.000 читатели, објавува Euronews. Пространиот имот располага со 42 апартмани и 11 приватни ...

Тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, вчера ја одбрани својата титула на Вимблдон, крунисувајќи импресивен турнир со победа во четири сета над Александар Зверев. Иако го загуби првиот сет, Италијанецот успеа да се врати и да ја обезбеди својата петта титула на Гренд слем. Додека Синер ја прослави својата втора последователна титула на Вимблдон, неговата девојка, Лајла Хасановиќ, исто така привлече големо внимание. Данскиот модел и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД веројатно ќе ја преземат контролата врз операциите во Ормутскиот теснец и дека очекува другите земји финансиски да го компензираат Вашингтон за заштитата на стратешки важниот воден пат. „Ќе го чуваме. Ќе ни бидат платени да го чуваме, многу пари. Сакаме да бидеме компензирани за тоа што ги ставаме нашите луѓе во опасност“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Тој го обвини Иран за ...

Белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево во ја обвини Европската комисија дека предлага „недоволни“ мерки против трговијата со нелегални израелски населби, бидејќи земјите-членки на ЕУ се разидуваат по ова прашање. Прево рече дека Комисијата им дала на земјите-членки само „коска за глодање“, наместо да предложи конкретни мерки за ограничување на трговијата со населбите на Западниот Брег, пишува „Политико“. Министрите за ...

Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор. Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија, истакна денеска на прес-конференција потпретседателката и пратеничката на ДУИ, Арбана ...

Рома официјално потврди дека Пауло Дибала потпишал нов договор и дека ќе остане во клубот до 30 јуни 2027 година. Аргентинскиот репрезентативец формално беше слободен агент во текот на првата половина од јули, бидејќи неговиот претходен договор истече на 30 јуни, но „волчицата“ и искусниот офанзивен играч постигнаа договор за продолжување на соработката. Според италијанските медиуми, 32-годишниот Дибала се согласил на значително намалување ...

Мицкоски вели дека реконструкцијата на Владата носи „нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност“. Ова е флоскула која се користи кога нешто не функционира и треба да се прикрие вистината, велат од СДСМ. Вистината, според нив, е дека оваа Влада веќе две години не успеа да испорача ниту едно од клучните ветувања. „Европскиот пат е блокиран, реформите се запрени, економијата е во криза, а буџетот е празен. Сега, кога резултатите ...

Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите. По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето, информираат од општината. -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата ...

Еден од најталентираните млади дефанзивци во Европа, Лука Вушковиќ, е на прагот на спектакуларен трансфер во Премиер лигата. Според информациите на германскиот новинар Флоријан Плетенберг, 19-годишниот хрватски репрезентативец кога ќе ги ќе помине лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Брајтон. Англискиот клуб ќе плати дури 53 милиони евра за неговите услуги, со дополнителни пет милиони преку бонуси, додека Тотенхем ќе задржи ...

На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека економската стабилност и спроведувањето на конкретни мерки се клучни за постигнување долгорочни резултати, нагласувајќи дека актуелните политики даваат позитивни ефекти врз состојбите во државата. „На Македонија и се потребни луѓе коишто испорачуваат стабилни долгорочни резултати. Додека ние нудиме ...

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...

На наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега, реагираат од СДСМ. „Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар. Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта“. Ова, според опозициската партија, не ...

Славен Билиќ официјално беше назначен за нов селектор на хрватската репрезентација. Билиќ потпиша двегодишен договор, а неговата плата треба да биде двојно помала од онаа на Златко Далиќ. Данило Буторовиќ треба да биде во тренерскиот штаб, исто како и Деан Рачуница и Ватрослав Михачиќ, а многу веројатно и Ведран Ќорлука, а во игра е и Никола Јурчевиќ. Експертската комисија на ХНС даде зелено светло и го предложи Билиќ на Извршниот одбор, ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во расправата за реконструкција на Владата, се осврна на министерството за здравство и потенцираше дека честите кадровски смени не ги решаваат наталожените проблеми во здравствениот систем, кој се соочува со недостиг од лекови, нефункционални институции, кадровски дефицит и партизација: „Денес тука дочекавме да назначиме и трет министер за здравство во две години владеење. Ама лицата со хемофилија ...

На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. ...

Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во ...

Вчера околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско. Според полицијата тој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. Вчера околу 06:45 часот во СВР Скопје од ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година. Според соопштеното, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се ...

Иако денеска требаше да се одржи средба на опозицијата за да се договори и да искристализира заеднички текст на изборниот закон, има спротивни реакции. Доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку сакаат блокада, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно ...

На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова-Серафимовска која во реплика кон пратеничката од СДС, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека актуелната власт се соочува со проблеми наследени од претходното раководење со ресорот култура. „Ја разбирам вашата потреба да се обратите и јас исто вака се обраќав кога бевме опозиција, па кога се менуваа министрите од страна на владата на СДС ...

Фудбалската планета со нетрпение се подготвува за нов класик. Во среда, Аталанта ќе биде домаќин на средбата меѓу Англија и Аргентина, а полуфиналниот дуел привлекува огромно внимание од спортската јавност ширум светот. Во морето информации, една што доаѓа од Аргентина привлече посебно внимание. Според аргентинскиот новинар Гастон Едул, актуелните светски шампиони побарале од ФИФА посебна дозвола да играат против Англија во темно сини ...

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Јури Тилеманс. Разговорите напредуваат брзо по елиминацијата на Белгија од Светското првенство, објавува „Скај Спортс“. Тилеманс има договор со Астон Вила до јуни 2028 година, но Јунајтед ја искористи можноста да го доведе 29-годишниот играч од средниот ред, кој е за преселба на Олд Трафорд. Контактите меѓу двете страни се во тек, а откупната клаузула е 35 милиони фунти. Нивната потрага следи по ...

Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и ...

Од првиот ден кога ја презедовме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде влада на комфор, туку влада на резултати. Нема да биде влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува, истакна премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница на која треба да бидат претставени новите министри. Функцијата, додаде Мицкоски, никогаш не била и никогаш нема да биде цел сама по ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во завршна фаза, во вторинк и среда на програмата се полуфиналните натпревари Франција – Шпанија и Аргентина и Англија. Кога станува збор за другите учесници на Светското првенство, тие се рангирани од петтото до 48-мо место. Од екипите од регионот, Босна и Херцеговина е сместена на 29-та позиција врз основа на вкупниот настап, а Хрватска на 20-та позиција, по елиминацијата во ...

Во Португалија избувна епидемија на норовирус, во која се заразени повеќе од 120 лица, а се сомнева дека фокусот на инфекцијата бил спортски настан во градот Калдас да Рајњи, во централниот дел на земјата, објавува „Euronjuz“. Меѓу симптомите што помогнале во дијагностицирањето на болеста биле повраќање, дијареја, гадење, покачена телесна температура, болки во стомакот и главоболка. Сè започна минатата недела, кога Одделот за итни случаи на ...

Чешката манекенка Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсијај конечно ја официјализираа својата врска. Ева Херцигова и Грегорио Марсијај се во врска 25 години, според извештаите на странските медиуми, но се чини дека вљубените дури сега биле подготвени да се венчаат. View this post on Instagram A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani) Тие се венчаа во Торино, Италија, а фотографиите од овој голем настан се ...

Стотици пожарникари во Шпанија сè уште се обидуваат да ги изгаснат преостанатите жаришта на југоистокот од земјата, по шумските пожари во кои досега загинаа 12 лица. Локалните власти во областа Лос Галјардос предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми. Армијата користеше беспилотни летала и 32 авиони за да ги искористи подобрите временски услови, поради што погодената област остана на 6.600 хектари. Андалузиската влада одобри враќање ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.26
62%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
1.79
82%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.23
81%
1011
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
49%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.08
45%
1011
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
93%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
59%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.11
69%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
95%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
68%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
59%
1008
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 20ᴼ
2.46
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Алуминиум

3.17

Цинк

0.00

Злато

130265.18

Паладиум

39448.97

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Сребро

1870.85

Родиум

263636.12

Калај

53.50

Иридиум

252383.36

Бакар

12.74

Платина

50958.93