Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во Велес управувало возило ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави ...

Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...

Овен Односите бараат повеќе трпение и помалку реакција. Во љубовта, не форсирајте разговори. Работата бара фокус на нешто што веќе сте го започнале. Одморете се. Бик Фокусот е на секојдневието и обврските, но емоциите ви го трошат вниманието. Во љубовта, партнерот бара повеќе присуство. Работата носи потреба за подобра организација. Близнаци Потребна ви е мала пауза од хаосот и луѓето. Во љубовта, страста се засилува, но и љубомората. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. „Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод ...

СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав. Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното ...

Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом, пишува во својата честитка на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот, да продолжиме ...

Соопштение за јавност „На сите верници од исламска вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам. Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижа за сите. Овој голем празник нè потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста секому да се помогне. Во духот на празникот, да покажеме разбирање, почит и повеќе грижа едни за други. Да не заборавиме дека силата на едно ...

Близнаци Сонцето е во вашиот знак и повторно ја враќа енергијата, мотивацијата и чувството дека сте поврзани со светот околу вас. Оваа недела ви носи важни разговори, нови идеи и чувство дека конечно гледате појасно што сакате понатаму. Многу Близнаци ќе почувствуваат олеснување по период на конфузија или емоционален замор. Полната Месечина во Стрелец носи кулминација во односите и ви помага појасно да видите кој навистина е на ваша страна. ...

Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неважечка пресуда во долгогодишниот спор за старателството над синот на пејачката Северина Вучковиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ. Нивниот син Александар ќе живее со својата мајка во иднина, потврди адвокатката на Северина во овој спор, Јасминка Билош. Поради чувствителноста на случајот, таа не сакаше да даде повеќе детали, но она што сега е познато е дека нивниот 14-годишен син ќе живее со ...

Во време кога многу луѓе имаат тешкотии да заспијат поради стрес, телефони и брз начин на живот, таканаречениот „воен метод“ на заспивање привлече посебно внимание. Оваа техника стана популарна бидејќи наводно им помага на луѓето да заспијат многу брзо, дури и во тешки услови. Методот се базира на целосно опуштање на телото и смирување на умот. Целта е постепено да се префрли телото од состојба на напнатост во состојба на мирување. Првиот ...

Кога станува збор за интимни врски, едно од најчестите прашања е колку често е всушност здраво да се имаат. Иако многу луѓе бараат „идеален број“, експертите нагласуваат дека не постои такво правило и дека сè зависи од индивидуалните потреби, желби и односот меѓу партнерите. Она што е дневна неопходност за една личност може да биде премногу или недоволно за друга, поради што здравиот сексуален живот се мери првенствено со чувство на ...

Овен Овните се брутално искрени бидејќи реагираат брзо и не сакаат да бидат одвратени. Кога нешто ги мачи, ќе го кажат веднаш, без премногу филтрирање. Нивната директност често произлегува од импулсивност: не размислуваат долго како ќе звучи нешто, туку кажуваат што им е на ум. Овните често мислат дека искреноста е најдобрата форма на почит, дури и ако нивните зборови звучат грубо. Проблемот настанува кога не додаваат ни малку тактичност, ...

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека е постигнат напредок во разговорите за меморандум за разбирање со САД, но оти тоа не значи дека Техеран е блиску до склучување мировен договор. Портпаролот на Министерството Есмаел Багаи изјави дека е постигната согласност за многу од темите што се разгледуваат во рамките на потенцијалниот меморандум. Тој додаде дека Иран преговара за прекин на војната и дека во моментов не се разговара ...

Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на неодржлива патека. Со непроменета политика, долгот на просечна европска земја би достигнал 130 проценти од ...

Владата на Велика Британија упати официјален предлог до Европската Унија за создавање единствен пазар за стоки, но официјален Брисел ја отфрли оваа идеја, пренесуваат британските медиуми. Според информациите на весникот „Гардијан“, ЕУ наместо тоа предложила Велика Британија да се приклучи кон царинската унија или да прифати подлабоко економско усогласување преку Европскиот економски простор. Ова, пак, од британскиот премиер Кир Стармер би ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека Алијансата ќе мора да „одговори“ на загриженоста на претседателот Доналд Трамп во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот Исток. – Ставовите на претседателот – неговата загриженост за дел од нашите сојузници во НАТО и нивната реакција на нашите операции на Блискиот Исток – се добро познати. На тоа ќе мора да се ...

Генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус денеска изјави дека епидемијата на ебола во Демократската Република Конго рапидно се шири и претставува висок ризик на национално ниво. Тој додаде дека СЗО ја ревидираше својата процена на ризик во ДР Конго, оценувајќи ја како многу висок ризик. – Ризикот е на високо ниво за регионално ширење на заразата и низок на глобално ниво, посочи Гебрејесус. Тој ...

Според новите податоци на Центарот, во Европа во 2024 година се регистрирани 106.331 случаи на гонореја, што е за 303 проценти повеќе отколку во 2015 година. Во истиот период, бројот на случаи на сифилис се зголемил повеќе од двојно и достигнал 45.557. „Овие инфекции можат да предизвикаат хронични болки и неплодност, а сифилисот може да доведе и до проблеми со срцето или нервниот систем“, вели Бруно Чиансио, раководител на одделот за директно ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“. – Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи. – На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат ...

Во Собранието денеска беше усвоено законското решение за задолжување на Р. Македонија кај пет странски банки во износ од 260 милииони евра, средства наменети за финансирање на буџетски потреби, особено капиталние расходи, како и рефинансирање на доспеани обврски. Заемот како што беше посочено во образложението на Законот пред пратениците е во согласност со определбите за одржување на макрофискалната стабилност, обезбедување континуирано и ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон Европската Унија. – Ве поддржуваме од првиот ден. Се сеќавам на почетокот од 2000-тите години кога Хрватска беше чекор зад вас. Денес сме веќе 13 години членка на Европската Унија. Нема подобар пример за тоа колку е неправедна сегашната ситуација и колку ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Министерот Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската ...

Прмиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската Унија. -Нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме и покрај тоа што сме вистинскиот фронтранер, додека е оваа ...

Во моментов имаме избалансирани односи со Хрватска кога станува збор за Увоз – Извоз. Во 2025 година семе во благ плус за некои 10-тина милиони евра во таа трговска размена, очекувам тој потенцијал во годините кои што следат ќе се зголемува и токму тој договор за „Стратешка соработка“ овозможува механизми, таа соработка во иднина да биде уште поголема, изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски на ...

Денеска (25.05.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. При тоа санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци. Одземени се три ...

На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. Од ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.52
61%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.42
74%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
67%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
54%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.68
72%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.67
94%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.23
51%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
53%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
66%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
73%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.14
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27