Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Вицепремиерот Александар Николоски најави дека работите на проектот за брза пруга во Македонија веќе се во тек, со планирање започнато во октомври минатата година. Според него, до лето ќе заврши подготовката и првите багери ќе се појават на терен. Проектот за брза пруга од север кон југ треба да биде завршен во 2031 година, а една колосечна пруга ќе стане функционална веќе во 2028 година. – Сега се работи најважниот дел кој не се гледа за ...
Прва Скопска ТВ според анализа на редакцијата, но и според коментарите на социјалните мрежи од нашите гледачи и читатели на веб страната направи селекција на она што е неопходно да и се случат на Македонија во 2026 година. Еве ги десетте топ приоритети за нашата држава годинава во избор на нашите гледачи и читатели. 1. Посеопфатна борба против корупцијата Корупцијата го разјадува македонското општество и мора оваа година уште поефикасно ...
Ќе има ли годинава предвремени парламентарни избори? СДСМ е убеден во тоа! Во нивното вчерашно соопштение тие објаснија зошто 2026 година ќе биде тешка. „По изборите сè ќе излезе на виделина. Тогаш проблемите ќе се „решаваат“ со уште поголем проблем – мигранти. Веќе гледаме дека и со се уште мал број мигранти, власта на ВМРО-ЗНАМ не е способна да обезбеди соодветна безбедност за граѓаните. Да се потсетиме само на неодамнешното демолирање на ...
Министерството за правда на САД го објави новото обвинение против венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговите сопруга и син. Според обвинението, Мадуро и неговите сојузници ги претвориле венецуелските институции во центар на корупција поттикнат од трговијата со дрога. Американското министерството за правда тврди дека венецуелската влада со децении била вклучена во масовна трговија со дрога. Оваа корупција „ги полни џебовите на ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи ја поздрави објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. Муцунски ја истакна важноста на меѓународната одговорност и го пофали американскиот државен секретар Марко Рубио за неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро. „Одговорноста е важна. ...
„Втор ден по ред во овој дел од Македонија носи убави вести – повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да создадеме услови за најмладите, за нашите деца. Наша определба е јасна про-семејна политика, која го вреднува брачниот живот и децата, затоа што тоа е иднината на државата и нацијата. Оваа Влада ќе продолжи да промовира про-семејни вредности, кои ги сметаме за основа и темел на една нација и држава. Покрај тоа што бројот на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се на пат кон Њујорк, откако ноќеска биле заробени во брза и координирана акција на американската војска во Венецуела. Трамп наведе дека против Мадуро и Флорес веќе се покренати официјални обвиненија и дека нивниот транспорт кон САД се одвива со хеликоптер и брод. Во изјава за Фокс њуз, тој го обвини венецуелскиот лидер за ...
Ниските температури што во попладневните и вечерните часови го зафатија Полошкиот Регион предизвикаа замрзнување на коловозите, поради што за краток временски период се регистрирани вкупно 19 сообраќајни незгоди, информираа од Центар за управување со кризи. Во тетовскиот реон се случиле четири сообраќајни незгоди, од кои една верижна со учество на 10 возила, додека на подрачјето на Гостивар биле евидентирани 15 сообраќајки. Од ЦУК појаснуваат ...
Министерство за надворешни работи на Русија изрази сериозна загриженост и остро ги осуди американските воени напади врз Венецуела, оценувајќи ги како недозволиво мешање во внатрешните работи на суверена држава. Во официјалното соопштение се наведува дека Латинска Америка треба да остане зона на мир и стабилност, а на Венецуела мора да ѝ се гарантира правото самостојно да ја одредува својата иднина, без надворешни притисоци. Информацијата ја ...
Главната обвинителка на Соединетите Американски Држави, Пам Бонди, денеска соопшти дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се обвинети за низа тешки кривични дела поврзани со трговија со дрога и оружје, пренесува CNN. Во објава на социјалната мрежа Икс, Бонди наведе дека „Мадуро наскоро ќе се соочи со целиот гнев на американската правда на американска почва, пред американските судови“. Според нејзините ...
Стивен Ивановски е меѓу загинатите во трагичниот пожар што се случи на новогодишната ноќ во познатиот скијачки центар Кран-Монтана. Неколку часа по несреќата, семејството и блиските пријатели на Стивен објавија апел, во кој бараа било какви информации за 17-годишниот младиот Ивановски. Во моментов, неговите најблиски се опростуваат од него преку пораки и фотографии на социјалните мрежи. Нашата редакција изразува искрено сочувство до ...
Според најновиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (IFJ), 2025 година била една од најкрвавите за медиумските работници во светот, при што животот го загубиле најмалку 128 новинари и медиумски професионалци, меѓу кои и 10 жени. Од федерацијата оценуваат дека станува збор за „уште една смртоносна година за новинарството“, посочувајќи дека државните институции во многу земји континуирано не успеваат да обезбедат заштита за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД извеле воен напад врз Венецуела, при тоа соопшти и дека претседателот Николас Мадуро е заробен и заедно со сопругата се изнесени од земјата. Претходно во 7 часот по средноевропско време одекнаа експлозии во венецуелската престолнина, Каракас, а биле забалежани и авиони во низок лет. Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица – Ш.Ф. (54) и З.З. (48) од Тетово, М.Ф. (29) од Долно Количани и И.А. (54) од Шемшево, поради основано сомнение дека сториле кривично дело измама при купопродажба на недвижен имот. Според информациите од полицијата, случајот започнал во декември 2024 година, кога првоосомничениот и второосомничениот ја довеле во заблуда оштетената жена, уверувајќи ја дека можат да посредуваат при купување ...
Сопственикот на барот во кој се случи смртоносниот пожар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана е познат на француското правосудство по тешки кривични дела извршени пред околу две децении. Како што објавува Le Parisien, станува збор за шеесетгодишен маж со потекло од Корзика, кој бил осуден и издржувал затворска казна во регионот Савоја поради подведување, измама, киднапирање и противправно лишување од слобода. Според полициски извори, ...
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата по експлозиите што одекнаа рано изутрината во главниот град Каракас. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнати главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара. Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“. – Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и ...
Најниска температура од -6 степени Целизусови утрово е измерена во Струмица, соопшти УХМР. Следат Скопје-Петровец со -4 степени, -3 Гевгелија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 0 Kрушево, 1 Куманово, Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Берово, 4 Прилеп, Битола, Велес, Виница, Штип, 5 во Крива Паланка и Демир Капија и 6 во Охрид. Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри ...
Прва Скопска ТВ според анализа на редакцијата, но и според коментарите на социјалните мрежи од нашите гледачи и читатели на веб страната направи селекција на она што е неопходно да му се случи на Скопје во 2026 година. Еве ги десетте топ приоритети за главниот град годинава во избор на скопјани. 1.Вистинска пресметка со дивоградбите и ревизија на спорни ДУП-ови Скопје мора да започне неселективна борба против дивоградбите, вклучувајќи ги и ...
Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во кој загинаа најмалку 40 лица, веројатно е предизвикан од прскалки поставани на шишиња шампањ кои биле преблиску до плафонот и го запалиле, соопштија синоќа швајцарските власти. Беатрис Пилу, генерален обвинител на кантонот Вале, изјави дека истражителите дошле до овој заклучок откако ги прегледале видеата, ...
Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека спречило потенцијален терористички напад кој, според истрагата, бил планиран за новогодишната ноќ во американската сојузна држава Северна Каролина, пренесува ДПА. Осумнаесетгодишен американски државјанин планирал да нападне луѓе со ножеви и чекани во супермаркет и ресторан за брза храна во градот Минт Хил. Ова го соопшти обвинителот Рас Фергусон од Западниот округ на Северна Каролина. Според ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи актуелниот министер за дигитална трансформација, Михаило Федоров, да ја преземе функцијата министер за одбрана на Украина. Во своето вечерно обраќање, Зеленски истакна дека Федоров е длабоко вклучен во прашањата поврзани со беспилотните летала, како и дека покажал висока ефикасност во дигитализацијата на јавните услуги и државните процеси, пренесува УНИАН. Тој најави и дека во наредниот ...
Во возилото паднато во водите на реката Радика во близина на Бигорскиот манастир има загинати лица. – Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на ПМВ од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, информира АМСМ. Како што информира Центар за управување со кризи, пријавата до дежурниот центар Е-112 во Охрид била примена во ...
По катастрофалниот пожар што одзеде десетици животи во барот Le Constellation во Кран-Монтана, сопственикот Жак Морети за првпат јавно се огласи. Во кратка изјава за швајцарскиот весник 24 heures, тој изјави дека објектот работел согласно сите законски прописи и дека во изминатите десет години бил предмет на повеќекратни инспекции. Морети, кој заедно со сопругата управува со уште неколку угостителски објекти во скијачкиот центар, одбил ...
Сообраќајна незгода со пад на возило во реката Радика е пријавена денеска попладне во близина на Манастир Св. Јован Бигорски. Како што информира Центар за управување со кризи, пријавата до дежурниот центар Е-112 во Охрид била примена во 15:48 часот. Според првичните информации од пријавителот, возилото се движело со зголемена брзина, при што возачот изгубил контрола, возилото неколкупати се лизнало и се превртело, по што завршило во коритото ...
Руските спортисти нема да можат да ја претставуваат својата земја на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Милано-Кортина дури и ако се постигне мировен договор со Украина, најави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во изјава за италијанските медиуми. „Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот да им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Игрите во февруари само како ...
Товарниот брод „Фитбург“ оштетил подводни телекомуникациски кабли во Финскиот Залив, пренесуваат американски меидуми при што се уапсени двајца членови од екипажот. Каблите што ги поврзуваат главните градови Хелсинки и Талин биле прекинати претходно оваа недела, а штетата била откриена вчера во естонската ексклузивна економска зона. Каблите се во сопственост на финската телекомуникациска компанија Елиса и се сметаат за витална подводна ...
Вработените во МЖ Транспорт ја добија ноемвриската плата, откако по делумниот бојкот кој стапи вчера кај дел од машинскиот и извршен персонал, денеска е прекинат и се работи на реализирање на останатите барања. – На средба со државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт отворено е разговарао за проблемот и е надминат. ...
По темелна истрага спроведена од полициски службеници од СВР Скопје, односно Единицата за насилен криминал и Одделението за крвни деликти, под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, целосно е расчистен крвавиот инцидент што се случи за време на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија. Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М.Т. (25), државјанин на Република Турција со ...
Двегодишното дете кое беше тешко повредено од метален предмет во пределот на главата за време на новогодишната ноќ, за жал, ја загуби битката за живот. Детето почина на Клиника за детска хирургија во Скопје, и покрај напорите на лекарите да го спасат. Телото е предадено на обдукција, по што патолозите треба да утврдат од каков вид метален предмет станува збор и како тој завршил во главата на детето. Според досегашните сознанија, повредата ...
Француските медиуми објавија дека сопствениците на барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, каде што на новогодишната ноќ изби смртоносниот пожар, се живи. Станува збор за брачната двојка Џесика Морети и Жак Морети, кои потекнуваат од Корзика. Според повеќе француски онлајн медиуми, Морети го презеле угостителскиот објект во 2015 година и со текот на времето го претвориле во едно од најпознатите места за ноќен живот во зимскиот туристички ...