„Лицемерието на СДСМ и Венко Филипче нема крај – додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од реформската агенда во Собранието“, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, Филипче глуми грижа за европскиот пат додека е подготвен да ги распродаде националните интереси. „Филипче се прави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од ...

Директорот на Фонд за здравствено осигурување, Сашо Клековски, соопшти дека институцијата во моментов води 11 судски спорови пред германски судови со болница во Фленсбург, поврзани со лекување пациенти во странство. Тој објасни дека во минатото во оваа болница биле испраќани пациенти за трансплантација на матични клетки, но по прекинот на соработката останале финансиски неусогласености што довеле до правни постапки. Според Клековски, во текот ...

РК Еурофарм Пелистер преку објава на својата Фејсбук страница му ја честиташе шампионската титула на РК Вардар, покажувајќи спортски дух по завршувањето на сезоната. Од битолскиот клуб признаа дека сезоната не поминала според очекувањата и дека тимот не успеал да ги исполни зацртаните цели, но посочија дека тоа треба да биде важна лекција за периодот што следува. Иако подготовките за новата сезона сè уште не се започнати во полн интензитет, ...

Тридневното примирје што го прогласи Владимир Путин по повод Денот на победата официјално стапи на сила и ќе трае до 10 мај, пренесуваат руските медиуми. Според соопштението на Министерство за одбрана на Русија, за време на прекинот на огнот руските сили нема да изведуваат напади врз позиции на украинската армија ниту врз воено-индустриски објекти на територијата на Украина. Москва воедно го повика Киев да се приклучи кон примирјето, ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално условите ќе бидат и за краткотрајно невреме. Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 16 и 21 степен. Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Во одделни делови од котлината ќе има услови за грмежи и ...

Од денеска до недела низ земјава ќе се реализира еколошката акција Генералка викенд, која организаторите ја најавуваат како најмасовна од ваков тип во Македонија и на Балканот. Акцијата се одржува шеста година по ред и вклучува десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции и приватни компании. Официјалниот старт е закажан за денеска, а според најавите, на отворањето ќе присуствуваат претседателката на ...

Вечерва започнува Винскиот фестивал во Битола, кој од 7 до 9 мај ќе го претвори платото пред Офицерски дом во центар на доброто вино, музиката и забавата. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма, дегустација на вина и одлична фестивалска атмосфера. Програмата започнува во 18:00 часот со настап на resident DJ, кој ќе ја загрее атмосферата до 19:30 часот. Од 19:30 часот ќе настапи групата B52, додека од 21:00 часот ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална посета на Општина Битола. На средбата беа констатирани добрите пријателски односи на Македонија со стратешкиот партнер САД. Коњановски и Димитровски во срдечен разговор со неа разменија мислења за актуелните состојби во земјава, ...

Во Прилеп денеска официјално беше пуштено во употреба новото Собирно место за селекција и одлагање на отпад, кое претставува значаен чекор кон воспоставување на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со отпадот во градот. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека паралелно со отворањето на новото собирно место, во Прилеп пристигнало и ново специјализирано возило за подигање отпад, обезбедено ...

Во седиштето на владејачката холандска партија Демократи 66 (Д66) во Хаг доцна синоќа се случи експлозија, а полицијата соопшти дека е уапсен осомничен. Според информациите, во просториите била фрлена експлозивна направа, најверојатно пиротехничко средство, кое предизвикало материјална штета. Во моментот на експлозијата во објектот имало околу 30 лица, но нема повредени. Премиерот и лидер на Д66, Роб Јетен, изјави дека направата била фрлена ...

САД планираат следната недела во Вашингтон да бидат домаќини на нов круг преговори меѓу Израел и Либан, потврди претставник на Стејт департментот. Разговорите се закажани за четврток и петок, но без дополнителни детали за учесниците. Според извори, Вашингтон се обидува да постигне деескалација, иако кревкото примирје меѓу Израел и Хезболах трае веќе три недели со повремени судири. Досега веќе се одржани два директни состанока на ниво на ...

На програмата на годинашниот 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, кој традиционално се одржува од 9 до 31 мај во Националната опера и балет се седум оперски претстави од Пучини и Верди, од кои две првпат во една вечер, како и еден балет – „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски. Фестивалот ќе почне в сабота со две оперски претстави од Џакомо Пучини – премиерите на „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, откако фестивалскиот оган ќе го запали ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако американската војска соопшти дека пресретнала „неиспровоцирани ирански напади“ во Ормутскиот теснец. Тој тврди дека три американски разурнувачи успешно поминале низ теснецот без штета, додека иранските сили претрпеле „големи загуби“. Според него, сите ракети и дронови биле соборени, а повеќе ирански пловила уништени во одговорот на САД. Американската војска потврди дека нападите се ...

По градинките во Центар поскапе и паркирањето. ЈП „Паркинзи на општина Центар“ ги објави новите цени за месечните билети, дневните припејд карти, пајакот и за дел од услугите за станарите. Според новата одлука донесена на последната седница на Советот на Општина Центар, станарите за второ возило наместо 250 денари, ќе плаќаат 500 денари месечно, а за трето возило цената од 1.200 денари се зголемува на 1.500 денари месечно. Промени има во ...

Во услови на наводно прекршување на прекинот на огнот, Соединетите Американски Држави, според ирански извори, таргетирале ирански нафтен танкер кој се движел од крајбрежните води кај Џаск кон Ормутскиот теснец, како и друг брод во близина на влезот во теснецот покрај брегот на Фуџаира. Истовремено, според истите тврдења, биле изведени и воздушни напади врз цивилни области во координација со одредени регионални земји, при што биле погодени ...

Тензиите во Реал Мадрид очигледно достигнаа врв, откако во јавноста се појавија информации за жесток конфликт меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени за време на тренинг. По бројните шпекулации дека дошло до физичка пресметка, Валверде вечерва се огласи со објава во која негира дека бил удрен од својот соиграч, иако потврди дека меѓу нив имало расправија. Уругвајскиот репрезентативец објасни дека заморот, разочарувањето од сезоната и ...

СВР Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена почината 20-годишна државјанка на Турција. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен денеска во 14:48 часот, кога било пријавено дека во стан во градот се наоѓа женско лице без знаци на живот. Полициски службеници излегле на местото и утврдиле дека станува збор за У.Е. (20), државјанка на Република Турција. Увид на местото извршила екипа на СВР-Штип, а надлежните информираат ...

РК Вардар повторно е шампион на македонската Суперлига, откако вечерва на домашен терен убедливо го совлада најголемиот ривал РК Еурофарм Пелистер со 34-19 и ја врати титулата во своите витрини. Гостите подобро го отворија натпреварот и поведоа со голот на Дејан Манасков, но Вардар брзо одговори со серија од 3-0 за пресврт и водство од 3-1. Пелистер преку Радивојевиќ израмни на 3-3, но следуваше нов налет на домаќините, кои во 9. минута со ...

Седењето со прекрстени нозе за многумина е навика што доаѓа природно – било од удобност, културни норми или навики стекнати уште од детството. Сепак, лекарите и физиотерапевтите предупредуваат дека оваа положба може да има негативни последици врз здравјето доколку се практикува подолго време. Остеопатот Аниша Џоши објаснува дека главниот проблем е асиметријата што се создава во телото. При вакво седење, едниот колк се ротира, додека другиот ...

Напнатоста во редовите на Реал Мадрид достигнува врв во финишот од сезоната, а лошата атмосфера во соблекувалната кулминирала со инцидент на тренинг. Според информациите на Марка, Федерико Валверде и Орелиен Чуамени влегле во жестока расправија која за малку ќе прераснела во физичка пресметка. Инцидентот започнал по еден прекршок за време на тренингот, по што двајцата играчи се оттурнувале и жестоко се расправале. Според истиот извор, ...

На граничниот премин Табановце е откриен организиран обид за шверц на медицински и козметички препарати, за кои надлежните предупредуваат дека можеле сериозно да го загрозат здравјето на граѓаните. Во акцијата на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа приведени се три лица, меѓу кои и сопственичка на козметички салон. Случајот бил откриен при влез во државата, кога комбе било селектирано за детална царинска контрола. При ...

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 44-годишен жител на градот со иницијали М.У., поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Според информациите од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кичево, инцидентот се случил на 21 март 2026 година, по претходно вербално недоразбирање кое ескалирало во конфликт. Во текот на настанот, осомничениот, управувајќи патничко возило, наводно удрил во три лица, при што ...

Основниот кривичен суд – Скопје му изрече максимална казна затвор во траење од 12 години на обвинетиот Стојанче Јовановски за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. Судот го прогласи за виновен и го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за „телесна повреда“, три години за „загрозување на сигурноста“ и пет години ...

Во Македонија во 2024 година се регистрирани 131 случај на сексуално насилство, од кои 31 се кривично дело силување. Во претходните години најмалку кривични дела имало во 2019 – 87, а најмногу 151 регистриран случај во 2013 година, покажуваат податоците објавени од Евростат за сексуално насилство во европските земји. Во земјите од Европската Унија во 2024 година, полицијата евидентирала 256.302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, изјави дека во услови на сложени безбедносни предизвици, полицијата има клучна улога во заштитата на сигурноста и довербата на граѓаните. Тој посочи дека во изминатиот период е забележан пад на вкупниот криминалитет за повеќе од шест проценти, оценувајќи дека државата покажала сериозен капацитет во справувањето со криминалот. Според податоците на ...

Синоќа во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. Во полицискиот билтен се наведува дека при лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе ...

Паркот на Франкофонијата на 9 мај ќе биде отворена градска сцена на која европската култура ќе се сретне со македонската традиција, музика, вкусови и препознатлива дружељубивост. Под симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“, настанот е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата на европска отвореност во локален, топол и близок градски формат. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран „брзо да заврши“, нагласувајќи дека целта е да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Во меѓувреме, медиумите известуваат за напредок во преговорите, а Иран потврди дека сè уште го разгледува американскиот предлог. Според информации, САД работат на меморандум од 14 точки кој би можел да биде основа за поширок договор. Предлогот вклучува запирање на иранското ...

Се очекува специјалниот американски пратеник Стив Виткоф да се сретне со секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност, Рустем Умеров, подоцна оваа недела во Мајами. Детали за датумот и темите на разговорите засега не се објавени, а украинската страна индиректно потврди дека Умеров е во странство. Средбата доаѓа во контекст на напорите за воспоставување примирје во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ...

Поранешниот словенечки претседател и премиер Борут Пахор заврши во болница по тежок пад од велосипед. Несреќата се случила при спуштање од Пасја Раван, планински премин во западна Словенија. Пахор соопшти дека скршил клучна коска и лопатка, но нагласи дека е во стабилна состојба. Тој истата вечер бил пуштен од итната помош, а веќе следниот ден се вратил на работните обврски. Поранешниот претседател е познат како страствен велосипедист, а ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.42
21%
1017
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
3.52
46%
1018
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.65
35%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.93
39%
1020
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.51
30%
1020
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 34ᴼ
1.34
43%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.47
34%
1015
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.81
33%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.56
29%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
36%
1021
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 39ᴼ
0.89
26%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
8.77
59%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Злато

131072.82