Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Сериозен случај на измама е пријавен во Тетово, откако 38-годишен маж од Косово тврди дека бил доведен во заблуда од жена која му тврдела дека е бремена со негово дете и од него извлекла околу 18.000 евра. Според пријавата до Министерство за внатрешни работи, жената со иницијали Е.Р. во повеќе наврати барала финансиска помош, а мажот, верувајќи во нејзините тврдења, ѝ префрлал пари за наводни трошоци поврзани со бременоста. Случајот добил ...
медицинска документација и податоци за повредените кои се јавиле за укажување на медицинска помош по пожарот во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица. На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи “пуштете го, ние да му пресудиме”. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на ...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Унгарија преку Фејсбук му се обрати на министерот за правда Игор Филков, откако тој најави постапка за негова екстрадиција. Груевски на Филков му порача да не станува дел од „големата валкана игра од минатото, туку да дејствува праведно и воден од својата совест и свест”. Поранешниот премиер напиша и дека очекува „пародијата на правосудниот систем на Македонија” да допре и до Европската Унија ...
„По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта. Со исполнувањето на овие два услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како ‘човек кој е за ЕУ’“, велат од СДСМ. За СДСМ се ова е само маска затоа што целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ја продолжи својата власт и да ...
Велика Британија планира да се приклучи кон заемот на Европската унија за Украина вреден 90 милијарди евра, што претставува нов чекор кон продлабочување на европската одбранбена соработка. Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе го најави овој потег на самитот на Европската политичка заедница во Ереван. Заeмот, одобрен минатиот месец, треба да покрие две третини од потребите на Украина во следните две години, главно за воени трошоци во ...
„Двојните стандарди на СДСM и Филипче и контрадикторности во нивното политичкото дејствување не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина. Дека тие немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихаќка, говори и фактот дека од една страна СДСМ се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во населбата Драчево во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија, информира ЕВН Македонија. Прекинот е најавен во периодот од 08:30 до 15:30 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата „Јустинијан Први“, на потегот од бензинската пумпа Макпетрол до црквата Св. Спас. Од ЕВН посочуваат дека прекинот е поради технички зафати со цел подобрување на електродистрибутивната ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц отфрли дека најавеното повлекување на најмалку 5.000 американски војници од Германија е поврзано со неговиот неодамнешен спор со Доналд Трамп. „Нема никаква врска меѓу намалувањето на бројот на војници и нашиот конфликт“, изјави Мерц за германската телевизија АРД. И покрај тензиите, тој порача дека САД остануваат најважен партнер на Германија во рамки на НАТО. Според медиумските извештаи, високи претставници ...
Дел од корисниците на улицата „Ленинова“ во Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот започна од 9 часот и се однесува на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до булеварот „Партизански Одреди“. Причина за прекинот е уличен водоводен дефект на цевка со пречник ф80 мм на улицата „Ленинова“ бр. 56. Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде ...
Иран го примил одговорот на САД на својот најнов мировен предлог, а информацијата била доставена преку Пакистан, објавија иранските државни медиуми, иако американската страна сè уште официјално не потврди дека му одговорила на Техеран. Претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека „наскоро ќе го разгледа планот што Иран штотуку го испратил, но не може да замисли дека е прифатлив“. Според иранските медиуми, планот на Техеран во 14 точки ...
Денес се навршуваат точно 46 години од смртта на Јосип Броз Тито, еден од најзначајните лидери на 20 век, чие име е неизбришливо врежано во историјата на Југославија и пошироката светска политичка рамка. Тито почина во 1980 година, оставајќи зад себе комплексно наследство кое сè уште предизвикува многу контроверзии, но и почит. Јосип Броз Тито бил роден на 7 мај 1892 година во Кумровец, Хрватска, во сиромашно семејство. Уште во младоста, тој ...
Тишината во спалната соба не мора веднаш да значи проблем, но често открива подлабоки состојби во една врска. Намалувањето или паузата во интимноста е нормална појава кај многу парови и може да биде резултат на стрес, замор, емоционална дистанца или брзото темпо на секојдневието. Во одредени ситуации, ваквата пауза може дури и да има позитивна улога. Партнерите се насочуваат кон комуникацијата, меѓусебната поддршка и емоционалната поврзаност, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на операцијата „Проект Слобода“ за извлекување на трговските бродови заглавени во Ормутскиот теснец. Станува збор за пловила од неутрални земји кои побарале помош од САД. Трамп изјави дека овие држави немаат никаква врска со конфликтите на Блискиот Исток и дека САД ќе помогнат нивните бродови безбедно да ја напуштат областа. Операцијата треба да започне во понеделник наутро по локално ...
Во Македонија денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Визионерот, учител… кој животот го даде за слободата на Македонија и Македонците. Човек кој воедно пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите за разлика од денешниве светски „визионери“. Во чест на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, ...
Утрово времето е ведро и постудено, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност, информира Управа за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 6 степени, а максималната ќе достигне меѓу 18 и 25 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност, проследено со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се спушти до 0 ...
Неочекуван, но среќен настан се случи на лет на ITA Airways, кога бебе се роди предвреме во авион што летал од Дакар кон Рим. Ова е прво регистрирано раѓање во лет во историјата на италијанскиот авиопревозник. Патничката, која била во седмиот месец од бременоста, се породила околу еден час по полетувањето. Екипажот веднаш реагирал, а во помош се вклучиле и двајца патници – лекар и медицинска сестра, кои го асистирале породувањето во авионот. ...
Интер е нов шампион на Италија, откако со победа од 2:0 над Парма ја обезбеди 21-та титула во клупската историја. „Нераѕурите“ ја искористија и ремито на Наполи против Комо и на три кола пред крајот математички го потврдија Скудетото. Историски успех запиша тренерот Кристијан Киву, кој до титулата стигна во својата дебитантска сезона на клупата на Интер. Натпреварот во Стадион Џузепе Меаца мина во целосна доминација на домашните, а головите ...
Министерот за транспорт Александар Николоски преку социјалните мрежи реагираше на изјавите на одредени синдикални претставници во врска со реализацијата на автопатот Охрид – Кичево, отфрлајќи ги нивните тврдења како манипулации. Николоски истакна дека се шират невистини за цената на проектот и роковите за негово завршување, нагласувајќи дека автопатот ќе биде готов навреме. „Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со ерменскиот претседател Вахан Хачатурјан во Ереван, при што беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на билатералните односи и продлабочување на соработката меѓу двете земји. Како што соопштија од кабинетот на претседателката, на средбата биле посочени конкретни области за соработка, меѓу кои информатичките технологии, земјоделството, прехранбената и фармацевтската ...
Охридско Езеро се најде на врвот на листата на најубави места во Европа според туристичките писатели на Time Out, оставајќи го зад себе и познатото Езеро Комо. Во образложението се наведува дека езерото, кое се протега меѓу Северна Македонија и Албанија, нуди природна убавина без масовен туризам – со кристално чиста вода, планински пејзажи и историски градови долж брегот. Особено се издвојува Охрид, познат по калдрмисаните улици, бројните ...
Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Прилеп поради сомнение за кражба на огревни дрва, информира Министерство за внатрешни работи. Станува збор за 45-годишник и 37-годишник, кои биле затекнати од полициски службеници на 15 јануари 2026 година при бесправна сеча на дрва. По целосно документирање на случајот, против нив е поднесена соодветна кривична пријава. Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Прилеп ...
Тешко повреден пешак е исходот од сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај околу 18:50 часот на регионалниот пат од село Извор кон Чашка, во близина на „Врановски Анови“, информира Министерство за внатрешни работи. Според информациите, патничко возило „фолксваген“, управувано од 26-годишник од Скопје, удрило во 57-годишен пешак од Велес. Повредениот бил пренесен во болница во Велес, а потоа итно транспортиран во Клинички центар „Мајка ...
Ноќеска околу 01:15 часот, пред угостителски објект во скопската општина Центар, бил нарушен јавниот ред и мир поради меѓусебна физичка пресметка меѓу повеќе лица, информира Министерство за внатрешни работи. Во инцидентот учествувале неколку лица од Скопје, како и лица од село Трновац, Куманово и село Тромеѓа. По целосно расчистување и документирање на случајот, против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци. Ноќеска околу 01:15 ...
Четиринаесетгодишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај во Скопје, при судир меѓу електричен тротинет и патничко возило, информира Министерство за внатрешни работи. Несреќата се случила околу 14:55 часот на крстосницата меѓу улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“, каде учествувале возило „хјундаи“ управувано од 55-годишен скопјанец и електричен тротинет „шаоми“, управуван од малолетничката. По судирот, ...
Во заедничка акција на полицијата од Нови Пазар и Бујановац, лишен е од слобода 66-годишниот М.З., државјанин на Македонија, под сомнение дека извршил кражби во четири верски објекти на територијата на Србија. Кражбите се случиле во периодот меѓу 29 април и 1 мај. Според информациите, осомничениот ги таргетирал џамиите во градовите Нови Пазар, Тутин и Сјеница, каде што со кршење на касите ги одземал парите што се наоѓале во нив. При ...
Без вода во моментов се неколку улици во Општина Кисела Вода поради уличен дефект на ф200мм, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Од 10:45 часот, водоснабдувањето e прекинато за корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, „474“, „Киро Крстевски“, „Димо Хаџи Димов“, „Тоне Томшиќ“, „Боте Боцевски“ и „Ѓорѓи Димитров“. Вода нема да има до завршување на зафатот за санирање на дефектот. Без вода во ...
Празничен ден кој требало да помине во духот на семејна релаксација и детска радост, за само неколку минути се претворил во сцена на страв и неизвесност во автобус на линија од Водно кон центарот на Скопје. Скопјанката Наташа Младеновска сподели вознемирувачко сведоштво за инцидент во кој главни актери биле малолетници, а ситуацијата кулминирала со вадење ножеви. Според нејзините зборови, конфликтот започнал како недоразбирање меѓу тинејџери ...
Министерството за социјална политика подготвува значајни реформи во управувањето со средствата од вториот и третиот пензиски столб, со цел да се подобри ефикасноста и сигурноста на пензиските заштеди. Клучната новина во предложените измени е воведувањето на таканаречени мултифондови, кои ќе овозможат различни стратегии на инвестирање во зависност од возраста на осигурениците и времето што им преостанува до пензионирање. Според новиот концепт, ...
Правилниот избор на ужина пред тренинг може значително да влијае на енергијата, издржливоста и перформансите. Најдобро е да се комбинираат лесно сварливи јаглехидрати за брза енергија и протеини за поддршка на мускулите, во зависност од тоа колку време имате до тренингот. Ако тренирате за помалку од 30 минути, најдобар избор се брзи јаглехидрати како банана или овошно смути, кои лесно се варат и веднаш даваат енергија. За период од 30 до 60 ...
На денешен ден пред три години, Масакрот во „Владислав Рибникар“ ја потресе јавноста во регионот. Малолетник со иницијали К.К. отвори оган во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, при што беа убиени десет лица – девет ученици и обезбедувач, а шестмина беа повредени. Во спомен на жртвите, од 2024 година се организираат комеморативни настани, а оваа година Министерството за образование на Србија препорача од 4 до 8 мај да не се ...