Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Во пресрет на продолжениот викенд по повод празникот 1 Мај, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до граѓаните за зголемена внимателност и строго почитување на сообраќајните правила. Од Советот посочуваат дека за време на празници и викенди традиционално се зголемува фреквенцијата на сообраќајот, бидејќи граѓаните патуваат, излегуваат во природа или посетуваат туристички дестинации. Токму во вакви периоди, ...
Цените на сировата нафтата нагло пораснаа откако се појавија информации дека САД се подготвуваат за „продолжена“ блокада на Иран, при што цената на Брент надмина 120 долари за барел. Растот дополнително го поттикна состанокот во Белата куќа меѓу претседателот Доналд Трамп и водечките енергетски компании. Поради конфликтот, пловидбата низ Ормутскиот теснец е сериозно ограничена, а аналитичарите предупредуваат дека доколку блокадата потрае, ...
Три лица се обвинети, а едно лице се бара откако бугарската полиција откри плантажа со канабис во 20 подземни галерии во стар рудник за цинк, објавија тамошните медиуми. Заменик-директорот на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, Емил Борисов, изјави дека досега се запленети околу 70 килограми дрога, 600.000 евра во готово и 600 парчиња муниција, објави Ројтерс. Едниот од упасените е обвинет за поседување дрога за ...
Дел од скопската општина Карпош денеска ќе остане без вода поради интервенција на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ги зафаќа корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“, каде се врши промена на вентил во шахта на булеварот Партизански Одреди. Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот и ќе трае сè до завршување на ...
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса, времето денеска на територијата на цела Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите во некои региони ќе бидат пообилни. На планините можно е да падне и нов снег. Ќе дува и умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје, облачно ...
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп за војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти Кремљ. Според руските власти, Путин предложил привремено примирје по повод Денот на победата на 9 мај, а Трамп ја поддржал иницијативата. Разговорот траел околу час и половина и бил фокусиран на мировните напори, но Москва одбива целосно и безусловно примирје какво што бара Киев. ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека мостот на улицата Љубљанска конечно ќе биде ставен во функција, по години застој на проектот. Во објава на Фејсбук, тој истакна дека започнува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на Љубљанска со улицата Скупи, со што ќе се овозможи нова сообраќајна врска преку реката Вардар. „Довербата што ја добив од граѓаните за мене е обврска да се работи и да се решаваат ...
Клучката Требеништа од автопатот Охрид–Кичево од денес ќе биде пуштена во употреба, со што се заокружува уште еден важен сегмент од еден од најголемите инфраструктурни проекти во земјата, најави министерот за транспорт, Александар Николоски. По увидот на терен доцна синоќа, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, Николоски истакна дека работите на автопатот се одвиваат со засилено темпо, користејќи ги поволните ...
Во тврд и тактички натпревар во Мадрид, Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа без победник (1-1) во првиот полуфинален дуел од Лига на шампиони, оставајќи ја разврската за реваншот во Лондон. Натпреварот започна претпазливо од двете страни, со мал број вистински шанси. Први се заканија домаќините преку Хулијан Алварез, но голманот Давид Раја беше сигурен. На спротивната страна, Нони Мадуеке се закани, но без успех. Клучниот момент во првото ...
Во драматична и неизвесна завршница во „Градски парк“, екипата на ТФТ Скопје остана без пласман во АБА лига, откако загуби од Широки со 87:86 во финалето на АБА 2. Скопскиот тим имаше одличен старт и во првото полувреме целосно ја контролираше играта. По серија од 11:3, ТФТ стигна до предност од седум поени, а во вториот период ја зголеми разликата и на двоцифрени +11 (41:30). Предноста ја задржаа и во третиот дел, кога водеа со 57:47 и ...
Денеска на улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија. Засадувањето го спроведе ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа и ПИ Витаминка, која годинава прославува 70 години од своето постоење. Во рамките на оваа хортикултурна интервенција беа засадени златна и ...
За текот на изведбата на булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп и по претходно утврдените забелешки за одредени позиции од надзорот „ЗИМ“ ( Завод за испитување на материјали) – Скопје и стручните лица на Општина Битола, денеска секретарот на општината Борче Димитровски, со одговорните лица од општината и претставник на изведувачот изврши увид на состојбата. „Како што најави градоначалникот еден од проектите кои се реализира и за ...
Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ во Битола. Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на локацијата каде ќе се реализира овој значаен проект. Станува збор за изградба на училишна фискултурна сала со површина од 650 метри квадратни, наменета за реализација на спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет и ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска испрати јасна и недвосмислена порака: економскиот развој и енергетската стабилност не се резултат на поединечни напори, туку на вистинско, функционално партнерство меѓу државата и приватниот сектор. На одбележувањето на 20 години од работењето на ЕВН Македонија и промоцијата на „Белата книга“, Божиновска нагласи дека успехот на една компанија не може да се ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа во Скопје, а кој обедини претставници на институции, општини и меѓународни партнери од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Форумот беше отворен од амбасадорот на Шведска, Ола Сундстром, а воведни обраќања имаа заменик-министерката за животна ...
Откако минатиот месец започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата, денеска таму механизацијата врши асфалтирање и градежните работи се во тек. Денеска увид во градежните работи направија претставници и одговорните лица на Општина Битола за овој проект. Должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни. Претходно беше поставена тампонираната подлога со дебелина од 25 см. ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 29.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.959,02 поени и забележа пад од 0,19%, односно 18,82 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени и се намали за 0,16%, односно 0,21 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти достигна 19.817.442 денари. Ликвидноста ја предводеа Алкалоид Скопје, Македонски Телеком Скопје и Универзална ...
Собранието попладнево донесе одлука со која се укинува моделот на техничка влада, познат и како „пржинска влада“, кој досега се применуваше како гаранција за фер изборни процеси. Со 70 гласа „за“, 11 „против“ и без воздржани, пратениците го поддржаа законот по скратена постапка. Техничката влада ќе остане во сила само до следните парламентарни избори, по што повеќе нема да се применува. Моделот беше воведен во 2016 година како дел од ...
Јавен обвинител од ОЈО Гостивар отвори постапка и побара притвор за 14-годишно дете, осомничено дека вршело продолжено кривично дело – Родосквернавење. Според гостиварското Обвинителство, детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на ...
Раде Трајковски Штекли како првообвинет за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет со наркотични дроги денеска е осуден на осум години затворска казна, додека Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски се осудени на по пет години затвор. Обвинетиот Стојан Миланов доби казна од три години и десет месеци. Судот утврди дека обвинетите предводени од Штекли дејствувале како организирана група која продавала кокаин и ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски заедно со колегата од Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски извршија увид во големата и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје. Во моментов се работи на пешачката патека долж улицата „Ѓорче Петров”, во должина од 4 километри, простор кој секојдневно го користат илјадници граѓани, ученици, родители, повозрасни лица и велосипедисти, а претходно беше оставена во лоша ...
Три скопски средни училишта денеска добија повици за поставени бомби, по што надлежните органи излегоа на терен, а учениците и вработените беа евакуирани, а по полициските проверки се вратија назад во училиштата. Наставата поради дојавите беше прекината во средното училиште „Димитар Влахов”, во СУГС „Владо Тасевски” – Скопје односно ПТТ и СУГС „Марија Кири – Склодовска” попознато како Хемиско. Три скопски средни училишта денеска добија ...
Вработените во грчкиот Фонд за социјално осигурување ЕФКА и судските службеници низ цела земја денес штрајкуваа и ја прекинаа работата со барање за поголема безбедност и подобри услови за работа по вчерашната серија вооружени напади во Атина, во кои беа повредени пет лица. Нападите ги изврши 89-годишниот Панајотис К. Кој вооружен со пушка влезе прво во зградата на ЕФКА и пукаше во едно лице, а потоа и во Апелациониот суд и застрела 4 жени, ...
Без покажување на руското оружје годинава ќе се одржи воената парада на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва, поради оперативната ситуација поврзана со воените активности против Украина. Руското министерство за одбрана соопшти дека во парадата ќе учествуваат припадници на високи воени училишта и на различни родови на руските вооружени сили, а некои образовни институции нема да бидат вклучени. На парадата ќе учествуваат и стратешките ракетни ...
Сенатот на САД синоќа ја блокираше резолуцијата на Демократите, со која ќе му се забрани на претседателот Доналд Трамп да започне воена акција против Куба без одобрение од Конгресот. Републиканскиот сенатор Рик Скот од Флорида, кој го иницираше процесот со кој се запре резолуцијата, рече дека гласањето за воени овластувања не било соодветно бидејќи Трамп не распоредил трупи. Демократскиот сенатор Тим Кејн од Вирџинија, еден од главните ...
СДСМ деновиве пукаше од сите оружја против Владата – прес-конференции, соопштенија, настапи, анализи… сè во функција на една теза: нема напредок на реформите. Се повикуваа на изјава на европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц, а лидерот Венко Филипче дури тврдеше дека тоа е потврда за она што со месеци го зборувале. Но, наместо политички поени – добија студен туш. Интервјуто на Вајц за бугарска телевизија се покажа како старо, ...
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, а во западните делови од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе ...
Поминаа сите уставни рокот, а Собранието на Косово не успеа да избере нов претседател, поради недостиг на потребниот број гласови, што ја доведува земјата на раб на предвремени парламентарни избори. Во гласањето учествуваа само членовите на владејачкото Движење Самоопределување и претставниците на несрпските малцинства, кои во текот на денот се состанаа четири пати, но нивните 64 гласа не беа доволни за избор на претседател, за што е потребно ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, им наложил на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран, пренесува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски претставници. Според извештајот, Трамп решил да продолжи со притисокот врз иранската економија и извозот на нафта преку блокирање на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа, сметајќи дека другите опции носат поголем ризик. Во меѓувреме, Иран предложи повторно ...
Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна сеница на Собранието. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски појасни дека предложеното законско решение со одложната примена, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот ...