Општина Бутел усвои буџет од 848 милиони денари за следната година. Градоначалникот Дарко Костовски изјави дека е усвоен развоен буџет, кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните и кој значи реализирање на барањата на граѓаните. „За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не ...

Српските студенти најавија голем протест за в недела во повеќе градови низ Србија. Тие објавија мапа и листа на места каде ќе бидат поставени штандови за собирање потписи за распишување вонредни парламентарни избори. Протестите ќе се организираат под слоганот „Распиши победа“. „Цела Србија на 28.12. распишува победа“, напишаа студентите во својата објава. Тие ги советуваат граѓаните да ја посетат веб-страницата и да го пронајдат градот и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави средба со американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови. – Се договоривме за средба на највисоко ниво – со претседателот Трамп во блиска иднина, напиша Зеленски на X. Ова се случива откако главниот украински преговарач во мировните преговори за ставање крај на војната, го известил за најновите случувања во преговорите. – Многу работи може да се одлучат пред Нова Година, напиша ...

Јапонската влада како одговор на повеќенеделните тензии со Кина одлучи да одвои рекорден процент од буџетот за зајакнување на националната одбрана, пренесе ДПА. Предлог-буџетот за 2026 година предвидува зголемување на воените расходи на 3,5 отсто или околу 58 милијарди долари. Голем процент од овие средства ќе бидат наменети за развој на систем наречен „Штит”, чија цел е да го заштити долгиот брег на Јапонија и оддалечените острови од ...

САД извршиле напади против силите на терористичката организација Исламска држава во Нигерија, откако претходно со недели ја обвинуваше владата на оваа западноафриканска земја дека не успеала да го запре прогонот на христијаните. – Вечерва, по моја наредба, извршиме силен и смртоносен удар против терористичкиот џган на Исламската држава во северозападна Нигерија, кој прогонува и свирепо убива, пред сè, невини христијани, истакна Трамп. Тој ...

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени кога автобус се превртел и слетал во бездна во Мексико, соопштија синоќа локалните власти. Според првичните извештаи, возачот изгубил контрола врз автобусот, по што возилото се урнало во бездна длабока околу 200 метри и завршило превртено покрај река. Државните служби ја координираат акцијата за спасување, а повредените се пренесени во блиските болници. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Во Русија е разбиена криминална група која контролирала мрежа на печатници за производство на фалсификувани пасоши и други документи, а во текот на полициската акција се уапсени 14 лица, соопшти руското Министерство за внатрешни работи. Во полициската акција биле запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи, а проценката е дека од оваа нелегална активност, печатниците оствариле приход од речиси 28 милиони евра. Осомничените изработувале ...

Три жени се повредени откако маж вооружен со нож ги нападнал на линија 3 од париското метро. Според неколку полициски извори, мажот извадил нож и избодел три жени на различни станици на оваа линија. Нападите се случиле помеѓу 16:15 и 16:45 часот, соопшти полицијата. Жртвите брзо биле згрижени од париските пожарникари. Полициски извор изјавил дека трите жени претрпеле полесни повреди, две од нив на грбот и бутовите. Осомничениот потоа избегал ...

Русија изврши жесток ракетен и дронски напад врз Киев и други украински региони, само неколку часа пред најавената клучна средба меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, посветена на можни преговори за прекин на војната. Според украинските власти, во нападот биле употребени хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“. Во Киев загинале 11 лица, а осум биле хоспитализирани, ...

Грчкиот граничен премин Евзони, по четири дена пауза, денеска повторно е блокиран од страна на грчките земјоделци кои најавуваат дека блокадата ќе трае до 15 часот по македонско време. Од 18 часот по локално време или 17 часот по македонско време е најавена нова блокада која според најавите би траела до 21 часот по македонско време. Освен Евзони, останатите гранични премини Меџитлија и Дојран засега се отворени за сообраќај. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран покрај брегот на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот, пренесуваат светските агенции. Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 63 километри југоисточно од градот Килунг, со приближно 397.000 жители, на длабочина од 73 километри, јавува БТА. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а надлежните служби не издадоа предупредување за ...

Првични резултати според ДИК: Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски 59,41%, Амар Мециновиќ 34,80%; Аеродром – Дејан Митески 61,58%, Александар Трајановски 28,55%; Карпош – Сотир Лукровски 47,69%, Стевчо Јакимовски 42,46%; Центар – Горан Герасимовски 51,83%, Мирослав Лабудовиќ 39,31%; Шуто Оризари – Курто Дудуш 54,42%, Ерџан Демир 41,15%; Чучер Сандево – Зоран Бајовски 59,73%, Сашко Комненовиќ 36,62% МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Првични ...

Актуелниот градоначалник на Аеродром, Дејан Митески прогласи победа во Аеродром. -ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО АЕРОДРОМ СО 18.000 ГЛАСА. Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!, напиша Митески. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Актуелниот градоначалник на Аеродром, Дејан ...

Ново научно истражување укажува дека редовната консумација на чај или кафе може да има позитивно влијание врз здравјето на коските кај жените, особено во повозрасна доба. Остеопорозата е чест здравствен проблем кај жените над 50 години – според податоците, секоја трета жена ќе биде дијагностицирана со ова заболување. Болеста предизвикува намалување на коскената густина, што ги прави коските кршливи, склони кон фрактури и со побавно ...

Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видеоконференциска врска, им ги честитаа претстојните празници на припадниците на Армијата ангажирани во мировни мисии и операции во странство. Во обраќањето, претседателката истакна дека ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека доставил барање до Централниот одбор за исклучување на Јован Деспотовски од партијата, обвинувајќи го за дејствување против интересите на СДСМ и за соработка со политички структури насочени кон нејзина дестабилизација. Според соопштението на СДСМ, Деспотовски, кој е долгогодишен член и поранешен функционер, настапува како „петтоколонаш одвнатре“, во координација со кругови блиски до ...

Демократската унија за интеграција најостро го осудува третманот кон 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите од албанска националност, кои биле повикани на работа и сместени во канцеларии без основни човечки услови и без никакви работни обврски. Според партијата, десетици жени и мажи биле собрани во само три простории, без столчиња, работни маси, компјутери и основни средства за работа, при што биле принудени да стојат од ...

СДСМ обвини дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ започнала, како што наведуваат, организирана и координирана операција за уривање на партијата одвнатре, откако Антикорупцискиот тим на СДСМ почнал јавно да објавува информации за наводни криминални тендери и коруптивни зделки поврзани со актуелната власт. Од СДСМ тврдат дека нападите започнале токму по објавувањето на конкретни случаи и по стартот на новата платформа за борба против криминалот и ...

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, јавно да одговори како се стекнал со т.н. златна виза во Дубаи и на чие име е регистриран станот кој, според партијата, бил споменат во јавно сведоштво поврзано со поранешниот премиер Зоран Заев. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека по сведоштвото оти Заев гради 42-катница во Дубаи, следела, како што оценуваат, индиректна потврда од страна на Филипче. Според нив, на новинарско прашање дали заедно ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија ноќва во 03:18 часот регистрира земјотрес со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга, на околу 105 километри југозападно од Скопје. Земјотресот е регистриран од сеизмолошките станици со кои управува Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ, а имал локална магнитуда од 2,2 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Охрид и пошироката ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, ...

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видеоконференциска врска со македонските мировници, во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата испратени во мировни мисии. Со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска- Давкова, министерот за ...

Пак во Македонија е констатирано дека лекарите препишуваат премногу антибиотици на пациентите. Фондот за здравствено осигурување најави дека ќе воведе контрола и казнени мерки за матични лекари кои ги надминуваат квотите за препишување на антибиотици и анксиолитици. Зарем треба контроли и казни за лекарите да увидат дека се претерало со антибиотиците и дека тие не се бомбони за да се делат насекаде? Особено загрижува податокот дека употребата ...

АД МЕПСО соопшти дека успешно завршила постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од висок стратешки интерес – изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола 2 преку ТС Охрид до македонско-албанската граница). „Со овој чекор, компанијата официјално го рестартира проектот кој ќе ја воспостави клучната енергетска поврзаност помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. По ...

На 24 декември 2025 година, во сите основни и средни училишта во Кичево, како и во едно основно училиште во општина Центар Жупа, беше реализирана превентивната кампања „Кажи НЕ за пиротехничките средства“. Пред околу 600 ученици, тим составен од полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, полициски станици Кичево и Дебар, како и доктори по општа медицина и пластична хирургија, одржаа едукативни предавања за штетноста од ...

Кугланата во Битола е во завршна фаза на подготовка за лиценцирање со цел одржување на натпревари, вклучително и меѓународни. Реконструкцијата и замената на дотраената опрема чинеше 5 илјади евра, а работите ги изведе лиценцираниот одржувач Миле Вулетиќ од Апатин, Србија. Денеска увид во завршените работи направија градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорот на „Комуналец“ Горан Степановски, кој е ...

Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на општинските институции. Посетата започна во салата на Советот на Општина Битола, каде што учениците присуствуваа на комисиска расправа и беа пречекани од претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, и советниците, кои ги информираа за улогата и значењето на Советот и ...

Граѓани од Куманово кои со години работеле за американски компании во Ирак и Авганистан денеска одржаа мирен протест на малиот градски плоштад, барајќи од Управа за јавни приходи да ги ревидира известувањата за плаќање персонален данок на доход од 2020 година наваму. Тие нагласија дека протестот нема политичка или партиска заднина, туку е исклучиво граѓански и најавија користење на сите правни механизми. Печалбарите посочија дека даночни ...

Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на годишната прес-конференција упати итни апели до Судски совет и до Собрание на Република Северна Македонија што поскоро да предложат и изберат уставен судија, со цел Судот да функционира во целосен состав. Тој повика и на повисоко ниво на уставно-правна култура кај политичарите и реална посветеност кон владеењето на правото. Костадиновски истакна дека Уставниот суд веќе се соочува со ...

Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители. Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. Нашата цел останува зајакнување на домашното производство и поддршка на земјоделците. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.57
97%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
91%
994
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
996
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
89%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Злато

157055.75