Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Власта со целосно погрешни економски политики ја води државата во погрешен правец, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вчерашната маалска средба со граѓаните во Битола. Филипче предупреди дека државата се наоѓа на работ на сериозна економска и политичка криза. „Актуелната политичка состојба сите ја гледате, станува збор за едно безобразно владеење на ВМРО-ДПМНЕ за кое сметаат дека не треба ...
Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари по километар додека вози и 5 денари по минута додека стои. Словенечката компанија „Авант кар“ ја донесе услугата во Скопје и за почеток стави на располагање 100 електрични автомобили за кои обезбеди посебни паркинзи. Сефте возење денес промотивно направија министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за животна средина Изет Меџити. Тие пред Владата дојдоа со ...
Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче, според оваа партија, не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на ...
На покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, Охајо. За време на престојот Муцунски се обрати на сесијата посветена на унапредувањето на ...
Денеска, во 10 часот, во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на Мухамед Аљи, кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Стојанче Ангелов, новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. „Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде сè од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со ...
Атрактивноста не е само изглед – понекогаш тоа е држењето на телото, гласот, начинот на кој некој влегува во просторијата или насмевката што го привлекува вниманието. Сепак, некои мажи едноставно зрачат со нешто што ги тера да привлекуваат внимание каде и да се појават. Нивниот изглед остава впечаток на самодоверба, харизма и стил, а тие често го поседуваат тоа „нешто“ – енергија што не е лесно да се опише. Според астрологијата, мажите ...
Софија Вергара се појави во елегантно-лежерен стил во Монте Карло, привлекувајќи го вниманието на присутните и покажувајќи дека годините немаат никакво влијание врз неа. Додека кружат гласини дека е повторно заљубена, Софија Вергара се појави во Монако минатиот викенд и блесна во многу привлечна облека, па затоа не е изненадување што беше во центарот на вниманието. Таа се појави на Големата награда на Формула 1, која се одржува во Монте ...
Публиката го поздрави со голем аплауз, громогласно „Рафа“, но и со солзи радосници… Неговата сопруга и дете го гледаа сето ова од трибините. Во недела, на првиот ден од годинашниот Ролан Гарос, се одржа церемонија на крајот од дневната програма во чест на четиринаесеткратниот шампион во Париз – Рафаел Надал. Пред преполните трибини на главниот терен, Рафаел Надал одржа емотивен говор, а публиката го поздрави со голем аплауз, громогласно ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче потврди дека е човек кој не чувствува вина за случајот Онкологија. Филипче докажа дека е човек за кој граѓаните се неважни, туку важен е само профитот и бизнисот, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека после сите случувања и трагедии кои ја потресоа државата, очекувавале барем малку човечност во Филипче, да се извини пред граѓаните и да си замине од политичката сцена, но тој тоа не го направил ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Канцеларијата на амбасадата на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене. На средбата беа потврдени добрите досегашни односи меѓу нашите две земји и посветеноста за натамошно унапредување на соработката на повеќе нивоа. Посебно се разгледа взаемната иницијатива на двете земји за потпишување на договор за полициска соработка чии носители ќе бидат двете ...
Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР, рече Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ. „Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко општество, Азир Алиу, ќе се снајде и во ресорот Здравство. Меџити синоќа рече дека Алиу е предлогот на „Вреди“ за нов министер за здравство откога тој од Алијансата за Албанците премина во „Вреди“. „Министерот треба да биде добар менаџер, кој го познава системот и кој може да придонесе за подобро ...
Спречен е нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, спречени и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти и паметни часовници, информираат од Царинската управа. Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници од МЕКМ – ОГРМ запленија 13 кутии со по 50 ќесички влажни шамивчиња за потенција и четири женски чанти со потпис на „Гучи“. Непријавените производи се пронајдени при контрола на автобус кој ...
Непозната руска хакерска група е одговорна за минатогодишните напади врз мрежите на холандската полиција, НАТО и неколку европски земји, објавија холандските разузнавачки служби. Групата, наречена „ Ландри Бер“ од безбедносните агенции, многу веројатно е поддржана од руската држава, соопштија холандските служби за општа разузнавање и воено разузнавање во заедничко писмо до парламентот. „Сајбер нападите врз холандските институции се дел од ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја осуди денес изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија ќе разгледа предлог во Брисел за намалување на средствата од ЕУ за Словачка доколку таа продолжи да отстапува од заедничката насока на Унијата. „Ако некој сака да ја промовира политиката на едно обврзувачко мислење, тоа значи крај на демократијата во Европа. Никој овде не може да ни се заканува велејќи дека ако не послушаме, ќе ни ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека граѓаните, корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го докажуваат со потврда од центарот за социјална работа. Од оваа институција велат дека досегашните административни бариери се веќе надминати, преку поврзување на ...
Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 49-годишниот С.Н. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе ...
Има луѓе кои лесно преболуваат сè, но има и такви кои никогаш ништо не забораваат. Зодијакот вели дека тие се родени претежно под четири знаци. Бик На Биковите им е тешко емоционално да се отворат кон луѓето и, кога го прават тоа, очекуваат другите да не ја изневерат нивната доверба. Ако ги разочараат, никогаш нема да им простат и ќе го паметат тоа до крајот на животот. Рак Раковите се многу чувствителни и, ако ги повредите, ќе страдаат ...
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3:06 часот наутро по локално време во Грција во Коринтскиот Залив, според податоците од Атинскиот геодинамички институт. Силен земјотрес од 4,8 степени што беше регистриран во Коринтскиот Залив беше почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини. Во соопштението на Атинскиот геодинамички институт се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри југоисточно ...
Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, од денеска ќе ја извршува функцијата в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Ангелов истакнува дека оваа промена е по претходен договор со премиерот Христијан Мицкоски. Тој појаснува дека Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија. „Покрај недостатокот на пилоти, постојат и проблеми со сервисот на ер тракторите. Во овој момент се ...
Изминатите 7 години СДС и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и намалување на аерозагадувањето. За владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е главен фокус. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште, истакнуваат од партијата на ...
Времето денеска, сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, сончево и потопло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...
Кајли Џенер обожава да ги покажува своите облини, па затоа ја искористи можноста да ги покаже своите прекрасни адути на Карибите, но предизвика и негативни реакции од некои поединци. Риалити ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер овие денови ужива на Карибите, каде што привлекува големо внимание на социјалните мрежи, а не и недостасуваат и острите очи на папараците кои случајно се нашле на плажата каде што престојувала атрактивната Кајли. ...
Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е дете, откако 53-годишен маж со автомобил удрил во толпа луѓе што ја гледале победничката парада во Ливерпул, беше објавено на прес-конференција во Ливерпул. Заменик-началникот на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ги потврди претходните извештаи дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен бел маж од областа на Ливерпул, за кого ...
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат: · од 06:00 – 09:00 часот, корисниците од улицата Борка Талевски, Oпштина Центар; · од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од селата: Горно Оризари и Голиево, вклучувајќи го и каменоломот на АД Гранит во село Бразда, Oпштина Чучер Сандево; · ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ги отфрли шпекулациите за виралното видео на кое првата дама на Франција Брижит Макрон го турка во лицето додека се наоѓале во претседателскиот авион по пристигнувањето во Виетнам. Видеото можете да го погледнете на следниот линк: ...
Најмалку 20 лица се убиени, а десетици се ранети по израелскиот напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во Газа, изјавија локалните здравствени власти за Ројтерс рано утрово. Лекарите рекоа дека меѓу десетици жртви во нападот врз училиштето, во населбата Дараџ во градот Газа, имало жени и деца. Некои од телата биле тешко изгорени, според сликите што кружат на социјалните медиуми, кои Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди. ...
Северна Кореја уапси четврти функционер поради неуспешното лансирање на нов воен брод, што го налути лидерот Ким Џонг-ун, објави државната новинска агенција КЦНА. Ри Хјонг-сон, заменик-директор на Одделот за воена индустрија на владејачката Работничка партија, е уапсен и се вели дека е „во голема мера одговорен за сериозниот инцидент“ што се случи минатата недела. Станува збор за разорувач од 5.000 тони кој се превртел при лансирањето и ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти „гневот“ на неговиот американски колега Доналд Трамп кон Русија конечно „ќе се претвори во акција“, особено кога станува збор за закани со „масовни“ санкции меѓу САД и Европа по викендот со катастрофални руски напади врз Украина. Американскиот претседател, кој би сакал да стави крај на војната во Украина, за својот руски колега Владимир Путин рече дека е „целосно луд“. ...
Шпанија повикува на меѓународно ембарго на оружје против израелската влада за да се стави крај на војната и хуманитарната катастрофа во Појасот Газа. „Сите мора да се согласиме за заедничко ембарго за оружје“, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес пред новинарите на почетокот на состаноците на министрите од таканаречената Мадридска група во шпанската престолнина. „Последното нешто што му треба на Блискиот Исток во ...