Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија. На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени. Од ...
Градоначалничката Данела Арсовка им порача на Владата и на МВР да не филозофираат многу и да се фатат за работа со дивоградбите кои никнуваат, да ги научат надлежностите на Град Скопје и да ислушаат внимателно изјавите на затекнатите работници, бидејќи повторно на терен има проблеми со непостапување на МВР. Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на “принцезата на дивограбите” и неговиот ментор, повторно во обид да ги ...
Низ цела Македонија, викендов има врнежи од дожд, а во изминатите 24 часа, најмногу дожд 20 литри на метар квадратен се забележани во Крива Паланка, Виница и Струмица. Според информацијата на УХМР, 16 литри на метар квадратен дожд паднале во Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 во Претор, 8 – Демир Капија, 7 во Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, ...
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да ја испита улогата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за случајот Онкологија, и да не го иззема од случаите настанати во негов министерски мандат. Од владејачката партија велат дека после пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се спасува од ...
Во Кочани почна „Маршот на ангелите“ кој го преводат родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во атмосфера на длабока, долга и гласна тишина тие чекорат низ улиците, во рацете држејќи фотографии од своите деца и барајќи неслективна правда. Кон протестот се приклучија голем број граѓани, а поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз до градот. Маршот почна од Паркот на ...
Контактите на лицата позитивни на мајмунски сипаници не развиле никакви симптоми на заболување. Институтот за јавно здраваје информира дека нивни епидемиолози стапиле во комуникација со контактите и тие немаат симптоми, додека позитивните лица се во добра состојба. Од тука велат дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, ниту нови позитивни случаи. Институтот за јавно здравје денес отвара две нови телефонски линии за ...
В среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред. За оваа позиција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи актуелниот претседавач на Советот на Град Скопје, професорот Трајко Славески. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на ...
Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес. Од МВР информираа дека животот го загубил А.Ѓ. кој управувајќи товарно возило „рено мастер“ излетал од коловозот и удрил во заштитна ограда. Тој првично бил пренесен во велешкта болница со тешки повреди, каде околу четири часа подоцна починал. На погршно ...
Европската унија работи со добра волја за да обезбеди спроведување на трговскиот договор со САД заснован на почитување, а не на закани, рече европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ, по коментарите на Доналд Трамп за можни царини од 50 отсто. Американскиот претседател рече дека не бара трговски договор со Европската унија, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 50 отсто на увозот од 27 земји-членки почнувајќи од 1 јуни. „ЕУ е целосно ...
На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува и денес, порача премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод празнувањето на 24. мај. „Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам 24 Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на ...
Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип. „Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче. И во Штип, Филипче повтори дека долгот се префрла врз идните генерации, што значи дека секое дете што ќе се роди следните ...
Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а федералната полиција уапси една жена (39). Железничкиот сообраќај е целосно запрен на главната станица. Нападот се случил помеѓу пероните 13 и 14. Крвавите дамки на подот сведочат за ужасниот злостор. Првично се зборуваше за осум повредени лица, но потоа полицијата прецизираше дека три жртви се на работ на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнаа во Белград каде што разговараа за зајакнување на односите меѓу Србија и Унгарија, кои двајцата лидери денес ги нарекуваат најдобри во историјата. Вучиќ по средбата се огласи на Инстаграм, велејќи: „Горд сум на нашето пријателство и најдобрите односи во српско-унгарската историја“. Заедно со објавата, тој сподели заедничко видео со Орбан, на кое му се ...
Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за стоките од Европската Унија од 1 јуни, пристигнаа првите реакции од економските сектори од двете страни на Атлантикот. Американските производители на виски ја поздравуваат одлуката на ЕУ засега да не воведува царини Американските производители на алкохолни пијалаци ја поздравија одлуката на Европската Унија сепак да не ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена од претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод чествувањето на денот на светите браќа Кирил и Методиј. Делегацијата денеска присуствуваше на молебенот во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, со кој чиноначалствуваа владиците Јосиф и Јаков, заедно со претставници од ...
Споредувајќи ги цените за сместување, дневните трошоци за храна и пијалаци, локалниот превоз и основните активности на популарните сончеви дестинации во Европа, ова се трите најевтини дестинации за оваа сезона. Како Travel Off Path ги откри најисплатливите дестинации за одмор во Европа во 2025 година? Тие не се потпираа на еден извештај. Тимот спроведе сеопфатна анализа споредувајќи ги цените за сместување, дневните трошоци за храна и ...
Познатиот руски астролог Тамара Глоба неодамна даде сензационално предвидување: во следните три месеци (мај, јуни, јули 2025 година), уникатното подредување на планетите ќе им донесе на некои хороскопски знаци неверојатна финансиска среќа – среќа каква што не е видена во последните 50 години. Затоа, хороскопот предвидува дека универзумот ќе им даде шанса драстично да ја подобрат својата финансиска состојба и одеднаш да се збогатат. Дали сте ...
Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега се собрани 156.542.967 денари или околу 2,5 милиони евра. Од Црвениот крст велат дека заклучно со денес, во неколку наврати извршиле исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. „Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Епл“ мора да ги произведува своите „ајфон“ телефони во Соединетите држави – или ќе се соочи со царина од 25 проценти. „Го информирав Тим Кук од „Епл“ одамна дека очекувам ајфоните кои се продаваат во Соединетите Американски Држави да се произведуваат во САД, а не во Индија или на кое било друго место“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“. „Ако тоа не е случај, „Епл“ ќе мора да плати ...
Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на високи претставници од ЕУ, НАТО и САД. Темата за билатералната средба со Бугарија била отворена уште за време на посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта. Доколку се случи, покрај македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Радев, би присуствувале и претседателката на ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè уште се надеваат дека планот А ќе функционира. Калас за време на денешната посета во Скопје беше прашана за став по нејзината изјава дека ЕУ има план Б за Украина, па дури и план Ц во случај Унгарија да не се откаже од ветото, а Кошта претходно рече дека дека ЕУ нема план Б за Северна Македонија. „Како и за ...
„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар. „ Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето тоа се крие со еден стратешки договор со Велика Британија. Ја слушав министерката за финансии она кажува британски фирми ќе работат па ...
Свечената културна манифестација посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј по 11-ти пат традиционално ќе се одржи в сабота, 24 мај, со почеток во 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид. Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патчев“, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и ...
Маж роден во Чикаго е уапсен како единствен осомничен за пукањето во кое беа убиени двајца вработени во израелската амбасада пред Музејот на еврејското наследство во Вашингтон. Вчера тој беше обвинет во федералниот суд по две точки за убиство од прв степен. Елијас Родригез, 31, е обвинет дека отворил оган врз група луѓе во средата навечер додека тие излегувале од настан за млади дипломати организиран од Американскиот еврејски комитет, група ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска доаѓа во Скопје. Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе ...
Вчера вечер во Штип, полициски службеници го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде ...
Обединетото Кралство и Македонија имаат навистина силни билатерални односи како сојузници во НАТО и ова ново партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу нашите две држави, вели во изјавата Гарет Томас, министер за трговија и извоз на Обединетото Кралство по потпишување на меѓувладиниот договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство. „Навистина е задоволство да бидеме домаќини на вицепремиерот Николоски тука во Лондон, како и ...
Вицепремиерот Александар Николоски денеска во Лондон во име на Владата го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Со Договорот на Македонија и се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти. „Навистина сме почестени што, не само што сме во Лондон и во Министерството за трговија и бизнис, туку и во оваа историска просторија, “Черчиловата ...