Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по седницата на Националниот совет за евроинтеграции, со кој претседава во Собранието, во одговор на новинарски прашања подетаљно го образложи повикот за лидерска средба, која, како што рече, за жал, премиерот Христијан Мицкоски ја одбил, без да го слушне објаснувањето. „Имено, кога разговараме за некои многу битни точки, како што е националниот консензус, кога сите сме свесни дека треба да го ...
Венко Филипче преку можност за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на лидерот на СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски одбил лидерска средба. Ако Венко сака средби, велат од ВМРО-ДПМНЕ, може да ги оствари со своите коалициски партнери – Ахмети, Таравари или Димче Апасиев, тоа се исти луѓе со исти вредности. ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина ...
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар и фирма од Гостивар поради измама. „На 27.12.2017, првопријавениот – сопственик на фирмата, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со фирма од Гостивар. Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар“, велат од МВР. Кога претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека е променeта бравата и дека станот е ...
Нема нови случаи на мајмунски сипаници во земјата, а ризикот од ширење е мал, велат од Институтот за јавно здравје. Од таму наведуваат дека епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица, како и со посочените контакти. „Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на ...
Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата „Immediate Response 25“. Организатори на вежбата се Европската команда на САД/Команда на Копнени сили на САД за Европа и Африка и АРМ. Вежбата ќе се изведе од 26 мај до 9 јуни. Вежбата „Immediate Response 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа како дел од вежбата“Defender Europe 25” предводена од Армијата ...
Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување ...
За над шест илјади парчиња парфеми, пет илјади чифта обувки, пет илјади парчиња облека, но и други производи што Царинската управа ги заплени годинава е утврдено дека се фалсификат. Станува збор за вкупно 20 илјади производи со потпис за вкупно 57 заштитени трговски марки. Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава за неполни пет месеци открија 51 случај на повреда на право од интелектуална сопственост ...
Со осум гласа за и пет против, судијата Африм Фидани е избран за претседател на Врховниот суд. За Беса Адеми која конкурираше за повторен мандат гласаа само двајца членови, додека единаесет беа против. Фидани е судија на Врховен суд од 2017 година. Во неговата биографија објавена на веб-страната на судот стои дека по завршување на средното училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот ...
Видео на кое се гледа како првата дама Брижит Макрон му удира шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон бргу стана вирално, а социјалните мрежи се преполни со теории. Целиот свет шпекулира дали ова бил вистински удар или шега меѓу сопружниците. https://twitter.com/i/status/1926929647159193903 Пристигнувањето на францускиот претседател во Ханој, Виетнам, предизвика бура на социјалните мрежи кога беше објавено видео на кое ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина. Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти. „Кога станува збор за воздухот ...
„Високи вибрации“ е насловен концертот кој ќе одржи в четврток со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија на кој како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Дмитри Маслеев, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.3 во де-мол и Симфонијата бр.4 во еф-мол од Сергеј Рахмањинов. Рускиот пијанист Дмитри Маслеев (1988), е еден од најзначајните солисти од поновата генерација на светската ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина ...
„Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме“, велат од СДСМ. „Наместо да се крие и да се претставува како борец за правда, да излезе и да одговори веднаш. Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги ...
„Венко Филипче, е поранешен министер за здравство. Филипче сега ја врши должноста претседател на СДС и верно му го чува местото на Зоран Заев. Но, Филипче е човекот кој ќе биде запаметен по тоа што во негов министерски мандат македонското здравство е паднато на колена, уништено, девалвирано, полно со криминал и корупциски скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Случајот Онкологаја, каде на тешко болни пациенти од рак, наместо лек им се давало ...
Управата за финансиска полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против В.К – поранешен извршен директор на секторот за воздухопловна техника во воздухопловната навигација М-НАВ поради основи на сомнение за злоупотреба на службена положба, како и против Б. А. во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки поради несовсено работење во службата. В.К. ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што извршил ...
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе широк пакет царини за увезената стока, вклучувајќи основна царина од 10 проценти за повеќето производи и царина од 30 проценти за кинеските производи. Некои артикли, како што се челикот и алуминиумот, имаат уште повисоки стапки. Последиците се веќе видливи – сè повеќе големи компании предупредуваат дека ќе мора да ги зголемат цените. Трамп рече дека трговците на мало не треба да ги „пренесат“ ...
Дакота Џонсон имаше неколку незаборавни настапи на овогодинешниот Кански филмски фестивал. Сепак, со едно издание, го потврди доаѓањето на два нови тренда. На премиерата на филмот „Highest 2 Lowest“, таа се појави во впечатлива розова тоалета. За црвениот тепих, таа избра долг фустан без прерамки од Гучи. Креацијата се карактеризираше и со дебели ресни кои се движеа со секој чекор и му даваа дополнителна динамика на неговиот изглед. Таа ја ...
Кинотеката доби значајна донација од семејството на култниот македонски режисер Кирил Ценевски (1943-2019). Семејството на режисерот ги предаде на чување и изложување дел од наградите и признанијата кои режисерот ги доби во текот на својата извонредна авторска кариера. Наградите и признанијата на Кирил Ценевски се изложени во фоајето до киносалата на Кинотеката, онаму кадешто Ценевски припаѓаше – блиску до филмот и публиката. Имено, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за трговски разговори со Европската унија (ЕУ) до 9 јули, откако претседателката на Европската комисија изјави дека на блокот му е потребно повеќе време за да постигне „добар договор“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно во неделата објави на социјалните мрежи дека ЕУ е подготвена брзо да започне трговски преговори со САД, но дека е ...
Во поголем дел од земјава утрово ќе биде ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, сончево и потопло со ...
Специјалистите од скопските клиники ја завршија евалуацијата на состојбата на повредените пожарот во „Пулс“ во Кочани. Прегледани биле повеќе од 110 пациенти кои се лекуваа во странство, а на прегледот се јавиле и млади луѓе кои се лекуваа во Македонија. Дополнително ќе биде изготвен извештај што ќе ја содржи нивната здравствената состојба. Според податоците на надлежните, четириесет од пациентите добиваат физикална терапија поради проблеми ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4 милиони евра. Портпаролката, Богданка Кузеска, вели дека се работи за договори од милионски износи кои им се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки. Една од двете фирми, според зборовите на Кузеска, била отворена ...
Скопјани од Идризово уценувале мајка на затвореник да им даде пари за да и’ го штитат синот. МВР за случајот извести дека е поднесена кривична пријава притив двајцата, А.Б.(31) и А.Р.(25), поради изнуда и лихварство. Тие, додека ја издржувале казната во затворот, незаконски дошле до телефони и преку „месинџер“ барале од мајката на друг осуденик да им исплаќа по 1.200 евра месечно за нејзиниот син да добие гаранции и заштита во затворот и ...
Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по 26 други членови на оваа криминална мрежа. Оваа банда преку шверц и фалсификување заработила 4.865.200 евра, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој од почетокот на 2024 година правел лажни патни исправи за мигранти, јавува ЕРТ. При претреси на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни исправи ...
Европските лидери размислуваат да купат американско оружје за испорака во Украина доколку САД одбијат дополнителна воена помош, објави Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори. Агенцијата вели дека Европа нема ниту залихи на оружје, ниту капацитет да го произведе во доволни количини за да ги задоволи сите потреби на Украина, и јасно е дека Белата куќа повеќе нема да испорачува оружје на Украина, отфрлајќи ги повиците од Европа да ...
Американецот Чејс Малиган се изјасни за виновен дека принудил најмалку 108 девојчиња на возраст од пет до 17 години да прават експлицитни видеа преку Интернет во период од четири години. Малиган, како дел од договорот за признавање на вината со обвинителите, признал дека ги изнудувал таквите видеа од девојчињата заканувајќи се дека ќе ги објави видеата што веќе ги имал, ќе им каже на нивните родители или ќе ги нападне нивните семејства, ...
Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи. Државната служба за вонредни состојби наведува дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев. Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија. „Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност нема ...
Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание. Таравари изјави дека се исклучени и некои членови на Претседателството кои јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Се работи за 8 од 46 членови. За Мимоза Муса, Таравари рече дека не е донесена одлука оти не е јасно дефинирано дали останува со Алијансата за Албанците, или со Влен. Тој рече дека ќе ...
Вчера на улицата Брегалничка во Штип, полицијата го приведе Т.Н.(44) од селото Уларци, oпштина Чешиново-Облешево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. ...