Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Министерството за здравство и надлежните институции решија со рестриктивен пристап да ја намалуваат стапката на пушење во Македонија. Во образложението на новиот предлог Закон за заштита од пушење се истакнува дека според податоци на Светската здравствена организација над 45% од возрасната популација во земјата пуши. Затоа нашите власти решаваат да го ограничат пристапот до цигарите, но воедно и до алтернативните никотински производи кои ...
Правните застапници на британскиот принц Хари и шест други јавни личности го обвинија „Асошиејтед њузпејперс лтд.“ – издавач на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, за „јасно, систематско и долгорочно незаконско собирање информации“, со цел објавување статии за нив. Во тужбата, војводата од Сасекс изјава дека бил подложен на „застрашувачко нарушување на приватноста“, коешто, според него, извршило голем притисок врз неговите лични односи и имало ...
Одговорот на Европската Унија на царините на Трамп за Гренланд ќе биде „непоколеблив“, изјави Урсула фон дер Лајен. Доколку Доналд Трамп воведе царини од 10% во осум европски земји, Европската Унија ќе возврати со „непоколеблив, обединет и пропорционален“ одговор, изјави Урсула фон дер Лајен во вторник наутро, подавајќи му рака на американскиот претседател за продлабочување на соработката во арктичкиот регион. „Безбедноста на Арктикот може да ...
Кина и Хрватска во вторникотот соопштија дека САД ги поканиле да се приклучат на „Одборот за мир“, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп насочена кон решавање на конфликти низ целиот свет, но не кажа дали ќе ја прифати поканата. „Кинеската страна ја прими поканата од американската страна“, изјави Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовната прес-конференција. Сепак, тој не кажа дали Пекинг ...
Русија ја нападна Украина преку ноќ со повеќе од 300 дронови и „значаен број“ балистички и крстосувачки ракети, соопштија утрово украинските воздухопловни сили, а претседателот Володимир Зеленски рече дека на Украина ѝ се потребни повеќе залихи за својата воздушна одбрана. Украина доби нова серија ракети за воздушна одбрана дури вчера, истакна Зеленски. Тој нагласи дека ова не помогнало во зајакнувањето на одбраната, додавајќи дека има итна ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2026 година изнесува 66.413 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2025 година, која изнесува 65.492 денари, јануарската е „потешка“ за 921 денар. r 03. Станарина, вода, електрична енергија и греење ( со изнајмен стан 60м2 ) = 21.713 денари /Синдикална минимална кошница вкупно: 81.788 100 % Вредноста на ...
Анел Фидоски е новиот раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, по гласањето на Советот на јавните обвинители каде што мнозинството членови ја поддржаа неговата кандидатура. Тој освои 7 гласа, додека досегашниот шеф Гаврил Бубевски доби 5 гласа. Во изборот за една од најзначајните позиции во македонското правосудство, учествуваа вкупно пет кандидати: Фидоски, Бубевски, Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. Анел ...
Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека досега се уапсени десет лица, а акцијата на Дирекцијата за ...
Четиримина возачи биле уапсени вчера и денеска, затоа што возеле под дејство на алкохол. Двајца од нив направиле сообраќајки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Во 40 минути по полноќ ноќеска, на ул.„Орце Николов“ во Свети Николе, бил уапсен А.Ј.(38) од Свети Николе. Претходно тој со автомобил „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки удрил во две паркирани возила. Проверката утврдила дека е под дејство на алкохол, односно ...
На улицата ЈНА во Струга ноќеска кратко по полноќ бил уапсен стружанецот М.Д.(35) затоа што претходно во зграда на истата улица го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување, вели СВР Охрид. По извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,28 промили алкохол во крвта, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На улицата ЈНА во Струга ноќеска кратко по полноќ бил уапсен ...
СВР Охрид поднел кривична пријава против Т.Т.(53) од Охрид и Е.Д.Г.(44) од Радовиш, товарејќи ги за „бесправно градење“. Тие, како инвеститори, на катарстарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект без од надлежен државен орган да им биде издадена градежна дозвола. При контрола извршена на 17 декември лани констатирано е дека објектот се гради без одобрение од инспектор од Одделението за инспекциски надзор и било ...
Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците можат денеска да го почнат второто полугодие од учебната година, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево, таа кажа дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Пораката на министерката следува откако деновиве во ...
Попладне вчера во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти за две интервенции на улични дефекти, поради кои се направени две привремени исклучувања на водата. Поради уличен дефект ф 2“ на ул.Македонско-Косовска Бригада 3/86 (Тенеќе Маало), во 11 часот е прекинато водоснабдувањето на Тенеќе Маало. Водата повторно ќе биде пуштена по завршувањето на санацијата на дефектот. Исто така, поради уличен дефект ф-90 мм на ул.6 и бр.24 во селото Батинци, во 10.30 часот ...
Големиот христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата „Зегин“. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната скопска манифестација, а манифестации се одржаа и во останатите скопски општини, како и во градовите ширум целата земја. Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година, како и сите оние кои со голема ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 200% на француското вино и шампањот откако помошник на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „нема намера“ да прифати покана за приклучување кон „Одборот на мирот“ за Газа. „Никој не го сака затоа што многу наскоро ќе ја напушти функцијата“, рече Трамп откако слушна од новинар дека Макрон веројатно нема да се приклучи на одборот. „Ќе ставам царина ...
Државна лотарија изминатата година ја потврди својата улога како голем поддржувач на културата и спортот во Македонија. Преку својата деловна активност, која е во симбиоза со општествената одговорност, компанијата ја демонстрира својата посветеност кон заедничкото добро и ја зајакнува својата позиција како активен член на општеството и партнер во неговиот развој. Преку одговорно приредување игри на среќа за граѓаните над 18-годишна возраст, ...
Со започнувањето на второто полугодие од учебната година, се зголемува присуството на деца како пешаци и учесници во сообраќајот, особено во зоните околу основните училишта и детските градинки. Имајќи ја предвид нивната ранливост и ограничената способност за навремена проценка на сообраќајните ситуации, безбедноста на децата во сообраќајот претставува приоритет од највисок јавен интерес, порачува Републичкиот совет за безбедност на ...
Претседателот на Комората, Бранко Азески и членови на Управниот одбор, денеска во во 14:00 часот ќе ја посетат компанијата Реплек АД Скопје, долгогодишна извозно-ориентирана членка на Комората. Имајќи предвид дека унапредувањето на извозните потенцијали на компаниите претставува врвен приоритет на Стопанската комора на Северна Македонија и во наредниот период, средбата ќе биде искористена за да се поразговара за интензивните инвестициски ...
И покрај тоа што работи на подготовки на Филхармонија 2, концертот кој Јоце Панов неодамна објави дека ќе прерасне во традиција и ќе се реализира на 18 март оваа година, овој македонски пејач очигледно не запира со новитетите во својата кариера. Иако премиерата на спотот за песната „Нема жена како тебе” се случи пред неполн месец, на радост на неговите обожаватели на социјалните медиуми, во домашна атмосфера, на клавир сподели две видеа. За ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш по состанокот на кабинетот во понеделник изјави дека купил глобус за подобро да се запознае со локацијата на Гренланд, остров околу кој се засилија геополитичките тензии. – Прекрасен глобус, голем, за 15.000 чешки круни (620 евра) за да се види точно каде е Гренланд. „Орешник“ би летал од Русија до Белата куќа за 26 минути, а во единаесеттата минута би бил веднаш над Гренланд. Значи, аргументите на претседателот ...
По вчерашната четиричасовна средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјоделците попладнево на состаноци на блоковите ќе го разгледаат исходот од разговорите и ќе донесат одлука, дали ќе продолжат со протестите и блокадите што траат веќе 52 дена или ќе се повлечат, јави дописничката на МИА од Атина. Првичната реакција на земјоделците кои присуствуваа на средбата со Мицотакис, беше дека не се многу задоволни од дискусијата. Меѓу ...
Појавата на нова политичка партија предводена од сега веќе поранешниот претседател Румен Радев би можела значително да ги преобликува не само внатрешните работи на Бугарија туку и нејзината надворешна политика. Ова се наведува во анализата на „Евроњуз“ по повод оставката на Радев и најавите дека ќе почне нов политички проект само два месеца пред следните предвремени парламентарни избори во земјата, која е зафатена од политичка криза. – Ставот ...
2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ПРЕМИУМ, РОЈАЛ, СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ џекпот! Добитните ВЛТ бројки во 2025: 44 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → заедно поделија 290.200.309 денари 2 ПРЕМИУМ џекпот добитници → освоија 20.793.884 ...
Лепа Брена ретко открива делови од својот приватен живот, но неодамна направи исклучок зборувајќи за нејзината најдлабока интимност со својот сопруг, Боба Живојиновиќ. Имено, Брена се потсети на моментите кога биле млади и откри дека дури и морале да реновираат еден кат од хотел поради нив. – Кога се запознавме со Боба, не излеговме од собата шест месеци. Сега имам многу години, веќе сме баба и дедо. Што, мислите дека немавме момент каде што ...
Грција од 1 јануари ја запре продажбата на цигари и тутун во фри-шопот на граничниот премин Евзони, а властите објаснија дека цигарите и тутунот нема да бидат вратени во понудата бидејќи цените речиси се изедначиле со цените во Грција. Досега, фри-шопот во Евзони беше популарна станица за патниците кои сакаат да заштедат на цигари и на тутунски производи. Одлуката доаѓа во време кога вниманието во регионот е сè повеќе насочено кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“. Во разговор со новинарите, Трамп ја продолжи ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вети дека нема да има присутни турски или катарски војници во Газа, наведувајќи дека Израел има „одреден спор“ со САД во врска со ова прашање. Нетанјаху ги даде овие забелешки за време на жестока дебата со 40 потписници во пленарната седница на Кнесетот и по неодамнешното објавување на американскиот претседател Доналд Трамп за формирање на Одборот за мир во Газа, кој вклучува турска и катарска ...
Двајца кумановци станаа предмет на обработка на Основното јавно обвинителство Куманово, поради брутално насилство врз сопственикот на кафеана во Куманово, кој одбил да ја отвори кафеаната по истек на работното време и да ги услужи. Го удирале по главата, му го повредиле увото, а исто така му ја скршиле десната рака. „На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била ...
Дирекцијата за меѓународна полициска соработка, во координација и соработка со надлежните единици на Косовската полиција и правосудните институции, вчера екстрадрале државјанин на Северна Македонија од Косово во земјава Македонија. Според полицијата, „екстрадираното лице претходно било уапсено од единиците на Косовската полиција, бидејќи се барало со меѓународна потерница издадена од правосудните институции на Северна Македонија, пренесува ...