Отворањето на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, ќе се одржи од 17 до 24 август во Скопје под мотото #пресечи (#cutit). Тематски фокус на фестивалот е монтажата на документарните филмови. Фестивалот ќе се одржи на 4 локации – Куршумли-ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар и Супи-ан, додека мастеркласовите ќе се одржат во Даутпашин амам. Отворањето на фестивалот е на 17 август во ...
Годинешното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал „Поетска ноќ во Велестово“ ќе се одржи од 18-ти до 20-ти август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-ина поети и уметници од пет земји. Годинава во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ ...
Иако веќе по втор пат престојува во Милано интернационалниот модел Горјана Кулишевска – Џоја неодамна го изработи лукбукот за престижниот дизајнер Alexander McQueen. Фотографирањето се случи во главните простории на дизајнерот , а беше наменето за групацијата Net a Porter. Неодамна нашиот модел потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и очекувано следеше добар ангажман. Кулишевска е долги години на модната сцена но сепак ...
По повод јубилејот од 120 години од раѓањето на академикот и ликовен уметник Никола Мартиновски во Крушево ќе биде отворена изложба на која ќе бидат претставени дела инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски, создадени со дигитални алатки. „Овој јубилеј, како и неговото творештво и допринос кон македонската современа уметност беа доволен мотив да 8 млади дизајнери се приклучат на дигиталната ликовна колонија во Крушево и изработат креативни ...
Арбнора Мемети е една од најпознатите фоторепортерки во земјава со освоени многу награди, но и најголемата гласноговорничка и активистка за авторски права на фотографите и фоторепортерите токму поради сопственото негативно искуство со „кражба“ на фотографии. Арбнора гласно зборува и за сите општествени проблеми, се осврнува на важни теми и е инспирација за сите што сакаат да направат позитивна промена. Сте студирале и сте имале желба да бидете ...
Кристина Пулејкова е интердисциплинарна уметница, која живее на релација Скопје-Лондон, чиј уметнички израз е надополнет со наука и технологија. Таа има магистерска диплома по сликарство и анимација, стекната на Универзитетот за применета уметност во Виена и магистерска диплома по уметност и наука од „Сентрал Сејнт Мартинс“ во Лондон. Нејзините дела ги красат ѕидовите на многу престижни изложбени места како: Научен музеј Лондон, МАН Музеј ...
Беше пеколен 15-ти јули во Милано, едвај се дише, на сонце баш и не се стои зошто за многу кратко време ве удира „дамла“. Но, тоа е што е, го прифаќам како факт и продолжувам со подготовките за вечерашниот концерт на еден од моите омилени бендови, Arctic Monkeys. Беше пеколен 15-ти јули во Милано, едвај се дише, на сонце баш и не се стои зошто за многу кратко време ве удира „дамла“. Но, тоа е што е, го прифаќам како факт и продолжувам со ...
Името на брендот „Minnimal“ потекнува од зборот „минимализам“ (стил во уметноста што има чист и едноставен естетски карактер). Моделите на брендот се состојат од едноставни и структурирани линии, текстури, бои и тонови и нивната облека е родена да биде безвременска… Историја и модели „Почетоците на нашата работа се во 2020 година како онлајн-бутик, како и на социјалните мрежи ’Инстаграм‘ и ’Фејсбук‘, каде што секојдневно ја испишуваме нашата ...
Фестивалот за европски авторски анимирани филмови „Флипбук филм фестивал 2023“ ќе се одржи од 10 до 13 август 2023 година, во летното кино на Кинотеката на Македонија. Оваа година, фестивалот е во знакот на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и е под покровителство на претседателот на Македонија. Фестивалот ќе биде отворен со премиерата на четири анимирани омнибус филмови инспирирани од творештвото на ...
Енергичниот град Скопје ќе биде домаќин на спектакуларен настан кој ќе ги собере ентузијасти за тетоважи, уметници и љубопитни умови од целиот свет. „Skopje Tattoo Show 2023“, кое ќе се одржи на 26ти и 27ми август во хотел Парк, ветува дека ќе биде волшебна прослава на уметноста, културата и самоизразувањето преку тетовирањето. Тетовирањето еволуираше од ниска форма на самоизразување до глобално призната форма на уметност која ги надминува ...
Елеонора Венинова, режисерката на нејзиното долгометражно деби „Преекспонирано“, за „Портрет“ вели дека свесно ја одбрала приказната што сакала да ја раскаже во филмот, а темата некако сама се наметнала во текот на целиот процес. „Преекспонирано“ имаше проекција на престижниот Кански филмски фестивал, се прикажа и во неколку други градови, а доби и специјална награда од фестивалот „КинЕст фест 2023“ во Катанија, Италија. Филмот се занимава со ...
Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу грин во сабота (12 август) ќе го одбележи Денот на младите со организирање на Еко-кино на точак со чиста енергија во Паркот на Франкофонијата во Скопје. Со почеток од 20 часот, сите заинтересирани ќе можат да ги погледнат кратките филмови „Приказни за точак“ (Bike Stories) и „Нозете на Амстердам“ (Legs of Amsterdam). Влезот на филмските проекции е бесплатен, а настанот е ...
Под мотото „Неопходна убавина“ од 14 до 17 август во Струга ќе се одржи седмото издание на Фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“. Програмата, како што најави организаторот, и годинава ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“, во селекција на режисерот Иван Бакрач. Покрај натпреварувачките програми, ...
Со нашата успешна концертна пијанистка Ема Попивода разговаравме за чувството и одговорноста како е да се биде на сцената со пијано и пред огромна публика, но и за улогата на професорка која ја исполнува на сосема друго ниво. Нејзините авторски проекти во кои прави вистинска магична фузија помеѓу електронската и класичната музика се автентични и со современ звук, а со нас искрено сподели и за своите најубави животни мигови, креативноста, како и ...
Почнувајќи од следниот месец, само 20.000 туристи дневно ќе можат да влезат во Акропол во Атина, најпопуларното грчко археолошко наоѓалиште. Исто така ќе биде ограничено и колку посетители ќе бидат пуштени секој час. Досега над 23.000 луѓе дневно го посетуваат монументалниот комплекс, со најмногу групи на посетители претпладне. Министерката за култура Лина Мендони изјави дека контролата е потребна за да избегнат тесните грла и пренатрупаноста на ...
Оценка: 5/5 Ниту еден актер не изговорил ниту еден збор на сребрениот екран, уште од пронаоѓањето на камерата и раѓањето на оваа уметност. Сепак, со појавата на филмот Џез Пејачот, бурниот прекин ги скрши границите на тишината, принудувајќи ги сите да се приспособат, за да не бидат оставени во маката на застареноста. Како што се подготвувам да ја напишам оваа рецензија, ја пуштив официјалната музика на „Вавилон“. Неизвесно дали потегот има цел ...
Книгата ја претставува ромската култура и идентитет преку мојот фотоалбум кој е богат со настани од областа на културата на коишто сум присуствувала и била дел уште во детството. Џемилиана Абдулова е авторка на книгата „A Small Roma Memory Book“, чија промоција беше минатиот месец во Private Print Studio. Новинарката и перформативната уметница преку својата книга го прикажува ромскиот идентитет, Романипе, кој е ризница на обичаи, историја и сè ...
Лиса Леона, фотографката и режисерка, ја започна својата кариера фотографирајќи некои од највлијателните имиња во хип-хопот. Многумина не можат да се пофалат со тоа дека биле во студио додека Nas го снимал неговиот историски албум од 1994 година „Illmatic“. Но за Лиса Леона, тоа било само уште еден ден во нејзиниот неверојатен живот како фотографка на улиците на Њујорк, тогаш кога цветал хип-хопот. Потекнувајќи од Бронкс, самопрогласената ...
Симона Аврамова и нејзината професионална приказна се најубав доказ дека со многу труд и посветеност можеш да имаш светска кариера. Македонската мејкап-артистка повеќе од седум години живее и работи во Барселона и зад себе има навистина импресивни проекти. Нејзиниот специфичен начин на работа, изразената креативност и естетика се показатели дека нејзиното време допрва доаѓа. Македонската јавност ве запозна минатата година кога одекна веста дека ...
Дина Јашари се појави на македонската музичка сцена пред неколку години и со својата музика, талент и напорна работа ја освои македонската и интернационалната публика. Со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 година, за најдобра песна во регионот и му покажа на регионот дека Македонија е земја со квалитетни и талентирани музичари, чие време допрва доаѓа. Минатата година ви донесе многу големи професионални победи, награди, ...
Открив дека сакам да станам модел… Од најраното детство почнав да се интересирам за оваа професија и ги следев сите модели кои беа на моја возраст. Моите родители и тогаш и сега се мојата најголема поддршка и со нивната љубов и разбирање секој работен предизвик е многу полесен. Најголема предрасуда за светот на модата… Најчесто, луѓето ја потценуваат оваа професија, ја доживуваат како лесна. Кога ќе видат некој финален продукт, на пример слика ...
Во Галичник од 4 до 6 август ќе се одржува „Галичник Филм Фестивал“ со прикажување на разновиден избор на филмови од светската кинематографија, работилници и мастер класови. Фестивалот полека, но сигурно станува значајна платформа за филмаџиите и љубителите на филмот, привлекувајќи учесници и гледачи од земјата, регионот и пошироко. Како што е најавено, на овогодинешниот, четврти по ред „Галичник Филм Фестивал“ ќе бидат прикажани 33 ...
Деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Рисима Рисимкин е вистинска инспирација за тоа како танцовата сцена во Македонија може да биде успешна, да донесе свежина и новитети и да ја пласира земјата во светот. Со основањето на „Скопје танцов театар“ и „Танц фест“ како многу влијателен и особено важен фестивал на танцот за голем број танчари кај нас, таа со години образува и работи со светски познати ...
Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутиереш на прес конференција вчера изјави дека научниците потврдиле дека јули е најтоплиот месец во светски рамки досега. „Ерата на глобално затоплување заврши, а почна ерата на глобално вриење. Климатската промена е присутна и е застрашувачка. И ова е само почетокот. Сè уште е можно да се лимитира глобалната температура на 1.5 степени ( над пред-индустриските граници) и да се избегне најлошото ...
Тетовирањето е уметност што бара посебен вид креативност, подготвеност и услови за работа. Како изгледа секојдневието на еден тату-артист, поразговаравме со Слободан Ристовски, кој многу години е дел од македонската тату-сцена. Како станавте тату-артист, како изгледаа почетоците и како се развивавте низ годините, како учевте? Мојата љубов кон тетовирањето почна години пред да почнам да тетовирам. Сакав да ја истражувам цела тату-сцена и ...
Овој бренд, основан од страна на Kilian Hennessy, наследникот на познатото семејство кое го произведува познатиот коњак Hennessy, ни носи извонредно богатство на ароматични доживувања низ мирисите кои се неодоливо интригантни и привлечни. Kilian Hennessy е внук на коосновачот на најголемата светска групација на луксузни брендови LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy). Со такво потекло, Kilian Hennessy после студиите за јазици на Сорбона и неколку ...
Очигледно е дека креативноста постојано ви поставува нови предизвици и го проширува вашето поле на интерес во музиката, дизајнот, новинарството. Што ве исполнува најмногу и каде се чувствувате најслободна? Начинот на кој се изразувам е вроден сензибилитет за естетика, љубопитност, набљудување и своевидна опсервација на добрите и лошите карактеристики на кој било субјект. Без таа интуитивност, не би можела да креирам. Секако, од голема помош е ...
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември оваа година. „Домаќинство за почетници” ќе биде дел од натпреварувачката програма „Orizzonti“ и ќе биде во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, ...
ТЕМА: КУЛТУРА НА ПАТИКИ. ЧЕКОР #1: ЧЕКОР #2: Избираме најдобар дизајн и ќе произведеме ограничена линија на маици за кои ќе бидат вклучени во новата Дред колекција! Избраните дела ќе добијат надомест од 100 ЕВРА, ние ќе направиме линија на маици со дизајнот и името на уметникот, процент од секоја продадена маица + ќе биде претставена во продавницата на Dreadpen, и на сите онлајн платформи! Заедно, градиме заедница! Повикот трае до 15 август ...
Просечниот човечки живот не е над 80 години, туку барем трипати по толку, да кажеме најмалку 240 години. Тој не почнува во моментот кога се раѓаме, туку најмалку во моментот кога се раѓа нашиот дедо или некој друг возрасен човек со кој сме постоеле на истата временска линија и оставил некаков печат врз нас, а трае сè до оној момент додека траат и новите генерации кои сме ги инспирирале и врз нив сме оставиле некаков печат. И токму часовниците и ...