Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење на водата за пиење од шест водоснабдителни објекти во градот и околните населени места. Мерката е донесена по добиено официјално решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Одлуката за забрана е донесена врз основа на добиените резултати од лабораториските физичко-хемиски и микробиолошки анализи на примероците од водата, кои ги изврши ЈЗУ Центар за ...
Утре во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува во Дебар на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани, при што ќе биде дадена изјава за медиумите. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители; корисници на правото на гарантирана ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во градот Кампулунг во романскиот округ Аргеш, кога минибус во кој се превезувале играчите од резервниот тим на Динамо Букурешт излетал од патот и удрил во дрво. До несреќата дошло откако 83-годишниот возач на возилото доживеал срцев удар за време на возењето. Во моментот на сообраќајката во минибусот имало 16 лица. На лице место починал масерот на тимот, додека уште 10 лица се повредени. Надлежните ...
Телото на руската државјанка Људмила Туркова Константиновна, која се водеше за исчезната од 25 јули, е пронајдено во куфер во канал во населбата Падинска Скела во Србија. Нејзиното тело било пронајдено синоќа, по што полициски екипи веднаш излегле на терен и извршиле увид на местото на настанот. Според првичните информации, критичната вечер Људмила се подготвувала за излегување во клуб, но засега нема потврда дали стигнала на планираната ...
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Охрид беа домаќини на српскиот премиер Ѓуро Мацут и висока владина делегација од Србија. За време на престојот на српската делегација беа потврдени одличните односи меѓу двете соседни земји. Како што истакна Николоски, соработката меѓу Скопје и Белград продолжува да се развива со засилено темпо во сите сектори. ...
Пожарот што денеска по 13:00 часот изби на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово е целосно локализиран по соодветната интервенција на терен и ангажирањето на воздушна поддршка. Огнот, под влијание на ветерот, брзо се проширил врз околната ниска вегетација и претставувал опасност за опфаќање на поголема површина, поради што беа активирани два „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Првиот човек на општината потврди дека ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави серија препораки за заштита на здравјето на граѓаните поради најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за екстремно високи температури кои ќе ја зафатат земјата од утре, 1 август, па сè до 7 август. Според УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ, во деновите од продолжениот викенд и во текот на следната седмица времето ќе биде многу топло, со дневни температури кои насекаде ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници од повеќе земји од светот. Манифестацијата ќе се одржува од 31 јули до 6 август 2026 година, со цел младите генерации од дијаспората да ги продлабочат знаењата за македонскиот јазик, културата, историјата и традицијата. Премиерот преку својот Фејсбук профил ја истакна важноста од чувањето на ...
Премиерот Христијан Мицкоски оствари тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут. Како што соопшти Мицкоски, за време на средбата биле разменети мислења за повеќе клучни теми од взаемен интерес за двете земји. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и ...
Европската комисија објави дека испратила документ со прелиминарни забелешки до кинеската групација „ПДД Холдингс“ (PDD Holdings), сопственик на платформата „Тему“ (Temu), и нејзината европска подружница „WhaleCo Technology“, поради сомнение за попречување на инспекциска контрола. Постапката е покрената поради сомневања дека компанијата го попречила спроведувањето на инспекцијата која била дел од пошироката истрага за можни странски ...
Илјадници нови случаи на инфекција со паразитот Cyclospora cayetanensis се регистрирани низ САД, и покрај претходните тврдења на властите дека ситуацијата е ставена под контрола. Иако министерот за здравство и човечки услуги на САД, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, пред десетина дена објави дека епидемијата стивнува, нови случаи постојано се пријавуваат, објави Futurism. Според најновите податоци од американските Центри за контрола и превенција на ...
Триесет и едногодишна жена по име Лидија заврши на болничко лекување во Чељабинската област во Русија, откако била касната од пајак за кој тврди дека е црна вдовица. Инцидентот се случил за време на прошетка со нејзината ќерка на околу 20 километри надвор од градот, кога почувствувала ненадејна и силна болка под раката. Според нејзиното сведоштво, на телото забележала црно-црвен пајак со специфичен изглед, кој веднаш го истресла. Неколку ...
Шпанија ќе распореди армиски сили за да воспостави ред на границата со Мароко во енклавата Сеута, откако илјадници мигранти влегоа во оваа шпанска територија во северна Африка. Одлуката доаѓа по барањето на локалните власти во Сеута до централната влада во Мадрид за итно засилување, откако толпи луѓе ја пробија граничната ограда. Шпанската влада објави дека ги испраќа вооружените сили како испомош на Цивилната гарда за одржување на ...
Јавниот долг стигна речиси 11 милијарди евра. Речиси 60 отсто од БДП, велат од СДСМ. „За две години ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја задолжија државата и народотр со над две милијарди евра. А што добија граѓаните? Најниски плати во Европа. Празни фрижидери. Нема зголемување на минималната плата. Нема чиста вода за пиење. Нема реформи. Нема Европа. Само нови кредити. Само нови тендери. Само нови лаги. Мицкоски и Кочоска се фалат со „стабилност“. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Охрид го пречека премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на земјава. Главен домаќин на посетата на српскиот премиер е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Според најавите, во фокусот на средбите и разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете ...
Два пожара попладнево избија во Валандовско, од кои едниот кај градот сè уште е активен и бараше интервенција од воздух, додека вториот кај селото Удово е успешно изгаснат. Првиот пожар бил пријавен околу 13:00 часот во атарот на селото Удово, каде што веднаш биле упатени противпожарни екипи. Меѓутоа, веднаш потоа избил нов пожар на локалната депонија до Валандово, кој под влијание на слабиот ветер брзо се проширил врз околната ниска ...
Највисока максимална температура денеска е измерена во Велес каде термометрите достигнаа 38,9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците од мерните станици за измерената температура во 17 часот, веднаш зад Велес по топлото време се Демир Капија со максимални 38,5 степени, Виница со 37,7 и Кавадарци со 37,6 степени. Во Гевгелија е измерена максимална температура од 37,2 степени, додека во Скопје ...
Христијан Мицкоски денеска за случајот со Борче Марковски рече: „има груба манипулација“, велат од СДСМ. „Повторно некој друг е крив. Повторно не е тој. Човекот што управува со правосудството. Што му се јавува на обвинителот по телефон. Што се заканува од собраниска говорница и преку телевизија. Што во живо на телевизија кажува кој ќе биде обвинител. Што поставува свои советници и сопруги на членови на ВМРО во судовите. Тој сега, откако беше ...
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани ...
-Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар – му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење. -Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше и се обрати на свечената промоција на новата генерација полициски службеници 2025–2026, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и ...
Вчера во 14:10 часот во ОВР Берово било пријавено дека при извршување работни задачи за ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Мелешево“-Берово, со тешки телесни повреди се здобил вработениот С.Ј.(61) од с.Митрашинци, беровско. Според пријавеното, околу 08:00 часот на место викано „Беровско езеро“, С.Ј. бил со уште двајца колеги и во еден момент се доближил до приколка, каде што еден неговите колегите вршел утовар на дрва и сакал ...
Ноќеска во 02:20 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.С.(34) од Гостивар. Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријавила дека околу 23:00 часот, по кратка расправија, физички ја нападна во семејниот домот и од нејзината чанта одзел пари и клучеви од нејзиното возило и заминал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Првопријавениот Т.М., полицски ...
Службената електронска адреса на главниот државен ревизор Максим Ацевски била цел на безбедносен инцидент, при што од неа биле испраќани неовластени пораки до повеќе приматели. Ацевски преку официјално соопштение ги повика сите што добиле порака од неговата адреса maksim.acevski@dzr.gov.mk да ги игнорираат и веднаш да ги избришат мејловите во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други лични податоци. „Доколку сте кликнале на ...
Времето утре сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УХМР најави дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои ...
На 30/31.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(34), И.Е.(22), А.С.(30), Р.К.(25), А.П.(30), Н.Ч.(32), сите од Скопје, како и О.В.(18) од с.Стајковци, скопско, П.М.(31) од с.Миравци, гевгелиско и Ф.С.(31) од Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни ...
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило ...
Инвестициите во македонското здравство остануваат во врвот на државните приоритети, но целосното обновување на системот кој со децении бил руиниран бара време, енергија и огромни финансиски средства. Ова го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за време на денешната работна посета на ЈЗУ Клиничка болница во Битола, каде заедно со министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на промоцијата на новиот влез и новата ...
Нови економски пресеци, регуларни контроли на горивата и категорични деманти во врска со шпекулациите за пензиските фондови стигнаа од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За време на неговата работна посета на Битола и обиколката на тамошната Клиничка болница, премиерот се осврна на актуелните економски прашања, најавувајќи ги новите извештаи за инфлацијата и следењето на цените преку институционалните механизми. Во врска со ...