Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Случајот со бегството на осомничениот бизнисмен и сопственик на „Марковски компани“, Борче Марковски, по враќањето на патната исправа од страна на судот во Струга, добива нова сериозна димензија. Претседателотка на Владата, Христијан Мицкоски, отворено проговори за скандалот со отстранувањето на мерките за обезбедување, посочувајќи дека во целата постапка постојат директни соучесници и фалсификувани записници во правосудните органи. За време ...
Решителни деманти од претседателот на Владата во врска со актуелните јавни шпекулации околу иднината на пензиските столбови во државата. Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли гласините дека извршната власт планира чекори за укинување на вториот пензиски столб или префрлање на средствата со цел покривање на буџетскиот дефицит, ставајќи точка на неофицијалните дебати. Одговарајќи на новинарски прашања за време на ...
На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме ...
Напорите за изнаоѓање достоинствено решение кое ќе ги зајакне македонските позиции и ќе обезбеди предвидлив евроинтегративен процес се во фокусот на актуелната владина политика од првиот ден, истакна министеро за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Гостувајќи во вестите на телевизијата „Канал 5“, тој информираше дека интензивно се води дијалог со земјите членки на Унијата, европските институции и со соседна Бугарија, но ...
Позитивни вести стигнуваат од ресорното министерство во врска со епидемиолошката слика на терен. Според последните официјални податоци, здравствената состојба во Гостивар бележи видливо подобрување, кое е проследено со постојан пад на бројот на граѓани што побарале лекарска помош во изминатиот период. Од Министерството за здравство информираат дека теренските активности и епидемиолошкиот мониторинг продолжуваат со исто темпо, додека ...
Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд – информираат од Царинската управа. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, ...
Благ пад на каматните стапки кај вкупните кредити и стабилизација на депозитите бележат најновите статистички податоци за јуни 2026 година што ги објави Народната банка. Според извештајот, просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа бележи намалување од 0,36 процентни поени, додека кај вкупните депозити е регистрирано минимално годишно намалување од 0,03 процентни поени. Во периодот опфатен со најновата анализа, ...
Здравствените власти излегоа со нови податоци за епидемиолошката слика во државата, посочувајќи дека додека состојбата со водоснабдувањето и пациентите во Гостивар бележи видливо стабилизирање и намалување на бројот на хоспитализирани, бројот на регистрирани случаи со западнонилска треска на национално ниво се искачи на вкупно 13 лица. Според официјалните информации од ресорното министерство, десет пациенти со потврдена дијагноза во моментов ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен – информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите ...
Двегодишно дете било затруено со разредувач на боја во Куманово, соопшти СВР Куманово. Пријавата пристигнала од општата болница Куманово околу 14:00 часот. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани имаше неколку случаи на затруени деца од кумановскиот регион. Дел од децата беа затруени откако испиле средства ...
Екстремно високите температури кои според метеоролошките најави во наредниот период ширум државата ќе достигнуваат до 40 степени носат сериозни предизвици не само за здравјето на граѓаните, туку и висок ризик од појава на труења со храна и нарушување на здравјето кај животните доколку навреме не се обезбедат соодветни количини свежа вода и заштита. Поради најавениот топлотен бран, надлежните институции излегоа со серија строги препораки за ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на седниците за пратенички прашања, како и на прашањата поврзани со употребата на албанскиот јазик во законодавниот дом. Гаши истакна дека координациите и честите паузи за време на седница за пратенички прашања не се вообичаена практика, посочувајќи дека процедуралните обраќања сè почесто се користат за политички блокади ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, според прелиминарните податоци, Русија за првпат по подолг период употребила севернокорејска балистичка ракета за време на нападот врз селото Радушна, каде загинаа шест лица. Нападнатото село Радушна се наоѓа во близина на Криви Рог, родното место на украинскиот претседател. Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски ги објави првичните сознанија од терен и најави дополнителни проверки. ...
Најмалку осум рудари го загубија животот, а уште 28 се водат како исчезнати по силна експлозија што предизвика уривање на дел од рудник за јаглен во пакистанската провинција Балучистан. Несреќата се случи во местото Сорањ, во близина на провинцискиот главен град Квета. Според главниот рударски инспектор Мухамед Атиф, во моментот на експлозијата во зафатениот дел од комплексот се наоѓале вкупно 36 работници. Спасувачките екипи вршат ...
Мистеријата за исчезнувањето на 15-годишно девојче од Милвоки доби разрешница по речиси четири години потрага. Девојката, која исчезна во 2022 година, беше пронајдена во Вирџинија, на повеќе од 1.100 километри од нејзиниот дом, а според истражителите, таа била држена против нејзината волја и подложена на физичко и сексуално злоставување. Триесет и седумгодишниот Овен Андерсон од Блексбург, Вирџинија, е обвинет пред Окружниот суд во Милвоки за ...
Триесет и петгодишниот Хашим Лубеси го загуби животот во Индонезија по нападнат од питон долг околу седум метри, кој прво го задавил, а потоа целосно го проголтал. Инцидентот се случил во раните утрински часови на 27 јули во покраината Малуку. Додека Хашим се враќал дома во селото Гуаксакаи движејќи се низ шумата, змијата ненадејно излегла од грмушките и го зграпчила за ногата. Според информациите на порталот ladbible.com, тој претходно ...
Италијанскиот парламент усвои нов закон со кој дел од затворениците кои имаат проблеми со зависност од дрога или алкохол ќе можат затворската казна да ја издржуваат во домашни услови. Мерката се носи со цел да се намали долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во казнено-поправните установи низ земјата. Според податоците на здружението за заштита на правата на затворениците „Антигона“, италијанските затвори во моментов се исполнети со околу ...
Турција распореди пет борбени авиони Ф-16 и нивните екипажи во Естонија, каде што ќе учествуваат во мисијата на НАТО за воздушна полиција, соопшти турското Министерство за одбрана. Турските летала ќе бидат стационирани во балтичкиот регион во следните четири месеци. „Како дел од зајакнатата мисија на НАТО за воздушна полиција, завршено е распоредувањето на пет авиони Ф-16 и нивниот персонал во воздухопловната база Емари во Естонија, каде што ...
Земјите од Европската Унија одобрија нови, построги имиграциски правила за украинските државјани на воена возраст, соопшти портпарол за германската агенција ДПА. Оваа одлука, донесена на барање на официјален Киев, има за цел да ги спречи лицата кои избегнуваат воена обврска да ги користат бенефициите за олеснет влез во Унијата. Според новиот договор, Украинците на возраст од 23 до 60 години ќе можат да користат привремена заштита во ЕУ само ...
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на Извршниот комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева. Според неа, новото раководство обединува жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство. За генерален секретар е избрана Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука. Функцијата потпретседателки ќе ја извршуваат Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна ...
Лекарите во Германија се борат за животот на 45-годишен маж кој се здобил со тешки повреди откако батерија што ја носел во ранецот експлодирала додека возел велосипед. Во инцидентот со полесни повреди се здобило и деветгодишно момче кое било во негова близина. Несреќата се случила во местото Јушен, во јужниот дел на покраината Тирингија. Мештаните од градот со околу 1.500 жители слушнале силна експлозија, по што затекнале запален човек и ...
Полициски службеници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград уапсија две лица под сомнение за перење пари, додека едно од нив е обвинето и за поткуп на полицајци за да избегне контрола и апсење. Продолжувајќи ја борбата против корупцијата и финансискиот криминал, припадници на Министерството за внатрешни работи, Бирото за борба против корупцијата, Службата за борба против корупцијата, во соработка со полицајци од Управата за гранична ...
На повеќе популарни плажи во Црна Гора е воведена забрана за пливање откако најновите анализи покажаа дека морската вода е небезбедна и под пропишаните стандарди. Надлежните органи поставија црвени знамиња на загрозените локации, упатувајќи предупредување до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето до понатамошно известување. Забраната за пливање се однесува на следните локации: На плажата Жукотрлица во Шушањ, забраната е поставена на ...
На територијата на државата денеска до 19 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, додека останатите седум се целосно локализирани и изгаснати. Според соопштението од Центарот за управување со кризи (ЦУК), еден од активните пожари е во општина Желино, кај селото Горна Лешница, каде што гори сува трева и мешана шума. Вториот активен пожар е лоциран во општина Валандово, на подрачјето на селото ...
Пожарот кај тетовското село Лешница е ставен под контрола и е целосно локализиран, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во акцијата за негово гаснење биле ангажирани и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен за време на интервенцијата излегол и директорот на ЦУК, Мухамет Али, кој раководел со координацијата меѓу службите. „Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената ...
Утре 31.07.2026 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, ќе изврши увид на реконструираните одделенија и набавената нова медицинска опрема, каде што ќе биде дадена изјава за медиуми. Утре 31.07.2026 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја ...
Најголемата нуклеарна централа во Велика Британија е ставена во состојба на тревога поради голем шумски пожар кој се проширил на помалку од пет километри од објектот, пренесува порталот Telegraph.co.uk. Околу 120 пожарникари со 18 противпожарни возила се борат со огнот во областа Данвич Хит, во близина на Листон. Пожарот го загрозува подрачјето околу нуклеарната централа „Сајзвел Б“, која обезбедува околу три проценти од вкупните потреби за ...
Полициската управа во Сомбор го уапси 35-годишниот Р.В. поради основано сомнение дека го убил својот 54-годишен сосед М.Д. по вербална и физичка пресметка. Инцидентот се случил во селото Светозар Милетиќ, каде што осомничениот живеел, откако жртвата М.Д. го превезувала со своето возило од соседното село Станишиќ. Мештаните од двете села раскажуваат за моментите кои претходеле на трагедијата. „Тој млад човек отишол во соседното село Станишиќ ...
Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Како што информираат од ресорното министерство, оваа активност претставува превентивна мерка која се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од ЦЈЗ – Скопје, но и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени ...
Наставничката Думитра Тополијану од Романија преживеа тежок удар од гром за време на екскурзија во близина на градот Падина, благодарение на брзата и присебна реакција на нејзините ученици. По речиси еден месец борба за живот и престој во три различни болници, таа беше префрлена на Одделот за лекување на тешки изгореници во Јаши, каде што за првпат има реални шанси за целосно закрепнување. Здравствените работници од болниците во Трговиште и ...