Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Ретко се појавува оглас што привлекува толку големо внимание кај ентузијастите за стари автомобили. На продажба е Мини Ровер 1000 Класик од 1990 година, автомобил кој поминал три децении во гаража, целосно зачуван и подготвен за нови авантури. Цената е 14.995 евра. Автомобилот е испорачан кон крајот на 1990 година, а неговиот прв и единствен сопственик го возел редовно до 1996 година, кога ја изгубил возачката дозвола. Наместо да го продадат, ...
Грабежот на векот се случи во Лувр, а се сомнева дека зад сето тоа стои познатата банда од Балканот Пинк Пантери. Според првите проценки, крадците украле вредни предмети во вредност од вртоглави 88 милиони евра! Криминалци преправени како градежни работници на кран со корпа влегле во музејот, а потоа извршиле грабеж! Осомничените се уште се во бегство, а се стравува дека уникатните предмети ќе бидат стопени и уништени пред крадците да можат да ...
Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат. Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%). Гледајќи ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти ...
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети сериозно размислува да се повлече од активната политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“. Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово. Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не ...
Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои ...
Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет-а-тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема, бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои исто така беа примени од кралот, вели вицепрeмиерот и министер за ...
Коалицијата „Влен“ се изјасни против ДУИ во Кичево. „Влен“ се произнесе по прашањето кого ќе поддржат во вториот круг во Кичево. Тие ги демантираа шпекулациите по медиумите и изјавата на тетовскиот градоначалник Билал Касами, кој побара нивното членство да гласа за кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, во Кичево. Од коалицијата порачаа дека нема да дадат поддршка на кандидат кој, како што велат, има „голема дамка“ алудирајќи на неговиот тековен секс ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски за Радио Лидер ги демантираше шпекулациите кои се шират по опозициските медиуми дека ќе се градат мигрантски кампови во Македонија. Мислам дека досадни сами на себе ќе станеме, но еве во ред СДСМ се уште е втора политичка партија во Македонија, ќе видиме до кога. Ова нивно однсесување и оваа нивна политика ги донесе до дебакл, до бродолом во првиот круг на локалните избори, кои што ...
Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби. Секој народ си ...
Леле леле каков дебакл. Газење. Венко бе, што направи од СДСМ, ја урниса, народски кажано и еба мамата. Кога ти викавме дека разликата е 3-1, 4-1 ти нееее. Вмровците спинувале. Веќе не сте ни втора партија во Македонија. Со што ли те држи толку Заев, какви ли бизниси се во прашање. За политика сигурно не се работи. Убаво си кажа Боки дека ти ништо не правиш за џабе и оти најмногу од се љубиш пари. Кеш. Венко уште во надмен стил вели дека ...
Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред утрешниот дуел во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Лигата на конференции, а тренерот Јетон Беќири верува дека со добра игра и поддршка од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, македонскиот првак може да дојде до победа над противникот од Ирска. „Имавме доволно време да се подготвиме. Иако противникот има различен стил на игра од нашиот, посакувам со добра и ...
Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III, напиша премиерот Мицкоски Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, ...
Што ти е карма, човекот што му„ пресуди“ на Зоран Заев му пресуди и на Венко Филипче. Бојан Јовановски тврди дека Филипче бил редовен гостин во неговиот дом а оти рекетот почнал од Заев и од бомбите наречени „Вистината за Македонија“. Лидерот на во моментов третата или четвртата партија во Македонија е главен лик во шестата епизода од ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Секако не можеме да го пресконеме и несудениот градоначалник на Чаир Бујар ...
Екипите на Голден Стејт вориорс и Оклахома Сити тандер со победа ја почнаа новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Бранителот на шампионскиот трофеј, Оклахома на домашен терен по две продолженија успеа да го совлада Хјустон рокетс со 125:124. Центарот на Рокетс, Алперен Шенгун, беше најефикасен на теренот со 39 поени, во победничкиот тим се истакна Шеј Гилџес-Александар со 35 поени. Голден Стејт на гостински терен славеше ...
Шоте, пријателот на Сотир Лукровски раскажува за кандидатот за градоначалник на Карпош. Шоте вели дека зборот на Сотир вреди, и оти сака да го направи Карпош пристојно место за живеење каде што во иднина ќе шетаат внуци. „Во Карпош живеам 62 години, од кога сум роден, а со Сотир Лукровски сме и соседи. Зборот на Сотир вреди и сигурен сум дека ќе се држи до она што го ветил, затоа што ние немаме резервно маало. Ќе го направи Карпош мирно, убаво, ...
Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, кое МИА го пренесува интегрално. Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари. Иако се обидуваат да ...
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно примените оригинални записници од сите ОИК во текот на денешниот ден, во 33 општини за две недели на 2 ноември ќе има втор изборен круг за избор на градоначалник. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг ќе одат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ. -Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои ...
Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што ...
Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ...
Големиот број неважечки ливичиња на овие избори треба да биде сигнал и поука за сите партии дека граѓаните се незадоволни од работата на политичарите. Шкртањето на гласачкото ливче е аларм дека не доволно се работи во интерес на граѓаните и гласачите. Според податоците на Државната изборна комисија 53.713 се неважечки гласови, речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, Во споредба ...
Раст на гласовите на советничките листи споредено со минатите локални избори бележи ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017 година од позиција на опозиција освои 290,097 гласови а на вчерашните избори за советници освои 301.919 гласови, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. За потсетување СДСМ на минатите избори имаше 237.067 гласови од советничките листи. Останува да се види по вториот круг колку гласови ќе имаат на градоначалници иако тоа нема да биде ...
Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е коалицијата ...
На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, ...
Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности. Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но, оваа убедлива победа не е крајот. Ова е само почеток на новата македонска енергија: мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство, со поглед право во очи, ...
„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. -Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но оваа убедлива победа не е крајот, ова е само почеток на новата македонска енергија – мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција вечерва им честиташе на сите градоначалници кои победија во првиот круг од локалните избори, истакнувајќи дека изборниот процес бил добро организиран и мирен, иако со одредени забелешки. – Според обработените податоци, СДСМ во првиот круг обезбеди победа во три општини – Крива Паланка, Богданци и Кривогаштани. Дополнително, од приближно 70% обработени гласови водиме во уште девет општини – ...
Иако зад Каја Шукова стои втората најголема партија во Македонија, СДСМ, со освоените 8766 гласови таа не успева ниту да им се доближи на противкандидатите од Левица, Влен и НАИ. Кандидатката за градоначалничка за која се очекуваше да биде втора во првиот круг во трката за Скопје, на 35% обработени гласови е на петтото место, зад Амар Мециновиќ, Башким Бакиу и Скендер Реџепи . Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски е убедливо на првото место ...
Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега обработени речиси 30 отсто од гласовите и податоци од 1 191 избирачко места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 52 општини, Коалицијата ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум, Националната алијанса за интеграција во шест и Демократската партија на Турците во една ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, вечерва прогласи победа на денешните избори и втор негов мандат како прв човек на локалната самоуправа. Пецаков пред медиумите рече дека според податоците со кои располага партијата ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за историска победа со предност од повеќе од десет илјади гласа пред противкандидатот од СДСМ, како втор кандидат според добиените гласови. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата рече дека и ...