Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, истакна лидерот на партијата. Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ...
– Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со ...
Се вршат последните подготовки за Јубилејното 40- то издание на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“, што ќе се одржи на 23,24 и 25-ти октомври во Штип. Програмата ќе биде поделена во три фестивалски вечери, од кои првата ќе биде дебитантска, посветена на млади луѓе, недоволно познати на пошироката јавност. Меѓу нив ќе имаме можност да ја слушнеме младата и талентирана Анастасија Никова со баладата „Сите sвезди паѓаат“. Текстот и музиката на ...
Државната Изборна Комисија поништи цела советничка листа за Град Скопје на една политичка партија, бидејќи било утврдено дека на неа се наоѓа починато лице. Листата беше поништена едногласно. Секој глас даден за оваа листа ќе се смета за неважечки, бидејќи нема време да се менуваат гласачките ливчиња. На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга ...
Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со предметот за уривањето на спомен-куќата на авторот на македонската химна Владо Малески во Струга, информираат денеска од Обвинителството. „Во врска со предметот за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет и на 16.10 јавен обвинител изврши увид на ...
Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи објави дека „од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година“. “Овој позитивен тренд сведочи за одржливиот развој на туристичкиот сектор и за заедничката посветеност на промоцијата на Албанија како гостопримлива и сè поатрактивна дестинација”, напиша Гонџја. ...
Македонското востание (познато и како Кресненско востание) е вооружен бунт на македонскиот народ против Отоманската империјатаа, покренат на 5 октомври 1878 (17 октомври, по нов стил), во селото Кресна и околните места во Пиринска Македонија. Востанието е кренато во екот на Големата источна криза (1875 – ’81), и главни негови водачи биле Димитар Поп-Ѓорѓиев Беровски и Стојан Карастоилов. Тоа завршило неуспешно во јуни 1879 година. Востанието е ...
– Поранешниот селектор на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини, би можел да стане тренер на Манчестер јунајтед ако Рубен Аморим ја напушти својата функција, објави „Сан“. Шеесетгодишниот италијански фудбалски стручњак, како и косопственикот на клубот Џим Ратклиф, живее на југот на Франција. Тие од неодамна често се гледаат на друштвени настани. Манчини работеше во Англија, тренирајќи го Манчестер сити од 2009 до 2013 година. Под негово ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција во Македонија. Македонската Влада е пред договор за со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари. Непрестано ќе продолжиме да работиме во борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Работиме на тоа најмногу и со сите сили. Објавувам убава вест која ќе ги ...
– Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија. Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори. Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која се избира вистинскиот избор. „Во суштина имаме две понуди една понуда кој не враќа назад во оние ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот профил објави фотографија со фудбалската легенда Дарко Панчев. На последниот ден од кампањата, Ѓорѓиевски доби поддршка од познатата „Деветка“, симболот на македонскиот фудбал. Панчев, кој важи за една од најголемите спортски икони во земјата, со своето присуство испрати силна порака на охрабрување. Ѓорѓиевски во објавата истакна дека му значи поддршката од човек кој со ...
Бојан Јовановски во вториот дел од документарецот насловен „Рекет“ зборува за затворските денови и за вербата што го држела додека бил внатре. Во новото продолжение говори за Зоран Заев и прислушкуваните разговори, за Фросина Ременска која цело време контактирала со мајката на Боки обидувајќи се да разбере дали тој ќе „пропее против неа. Боки го спомена и Александар Кирацовски дека земал плик пари од сега покојниот Сиљан Мицевски. Сепак ...
Денеска во Тирана, Албанија ќе се одржи протест под мотото „Слободата има име“, во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, на кои им се суди во Хашкиот трибунал за воени злосторства. Учесник на протестот ќе биде и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Toj се откажа од митинзи на последниот ден во Македонија за да даде поддршка на УЧК. Во интервју за косовската „Т7“, Ахмети рече дека никој не може да го контролира ...
Роден сум во 1986-тата година, и тоа некој ќе каже, доволно рано за да ги паметам улиците на една земја која штотуку ја губеше својата перспектива, да го чувствувам немирот кај моите дома, но и наоколу, за неизвесноста околу нашата држава и иднина, но и доволно доцна за да ги почувствувам сите нејзини последици. Нашите родители чинам, беа последната генерација која веруваше дека системот, со сè негово, барем обезбедува некаква предвидливост. Но, ...
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...
– Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Чучер Сандево испрати порака дека на изборите се враќа силата на народот, преку одлука која гарантира напредок и сигурна иднина, се враќа и СДСМ. -Ситно броиме до нова победа во Чучер Сандево! За три дена, обединети во борбата за нашиот дом, во надежта за подобра иднина и љубовта кон татковината да испратиме јасна порака: Се враќа силата на народот, ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во поткастот „Проверитас“, истакна дека очекува убедлива историска победа на кандидатите за градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а бројката смета дека ќе биде меѓу 40-50 градоначалници и Град Скопје. „Очекувам убедлива победа повторно на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Очекувам минимум помеѓу 45-50 градоначалника плус главниот град Скопје. Сега имавме точно 42. ...
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, избрани од организаторите да ги одиграат своите први натпревари во полуфиналето, им се придружија на учесниците на егзибицискиот „Слем од шест кралеви“ во Ријад кои вчера беа на теренот. Тегнер број еден во светот од Шпанија ќе го има Тејлор Фриц за противник, седми пат по ред подобар тенисер во натпреварите против Зверев: „Драго ми е што поминав – со подолги периоди квалитетна рутинска игра, иако малку се стегнав ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес даде изјава од Струмица. Николоски се осврна на двете најголеми инфраструктурни инвестиции, од кои едната е изградба на експресен пат, а другата е поврзувања на двата паневропски коридори. Тој исто така кажа дека по изборот на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Петар Јанков, општина Струмица ќе добие специјален финансиски пакет, дополнително од она што ...
Помалку или повеќе турнири? Вечната дилема на сите тенисери. Една од уметностите на добрата сезона е совршено да се избалансира календарот на натпревари. До пред две години, Новак Ѓоковиќ играше повеќе или помалку сè што играа другите, а потоа почна да прави сè поголеми и поголеми паузи. Причината е фактот што има 38 години и мора подобро да се грижи за своето тело, што значи дека го изложува на помалку напор, но не сите се согласуваат со тоа. ...
Бојан Јовановски во својот документарец раскажува за односот кој го имал со Зоран Заев и Венко Филипче. Боки вели дека сегашниот лидер на СДСМ бил чест гостин во неговиот дом и оти е намногу сака пари. Филипче беше во мојот дом, кој да не кажам секој ден, беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене. Најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се ...
Неодамнешниот селектор на нашата национална кошаркарска репрезентација, искусниот стручњак Светислав Пешиќ, откри какви проблеми имал со тимот за време на Евробаскетот во Рига. „Доаѓам на појадок, кога Јокиќ гo нема, Јовиќ го нема. Каде се тие? Професор доктор Гага Радовановиќ ме информира дека се болни. Па, тоа беа нашите проблеми со кои се справувавме. Се чини дека беше некаков вирус. Претходниот ден во хотелот, лифтот ми се отвори, а во него ...
Во документарниот филм на Бојан Јованосвки, познат како Боки 13, а насловен како Рекет, во првиот дел тој раскажува за снимените разговори кои ги имал Зоран Заев и со кои тој тргувал со повеќе работи како промена на името, закони и слично. Зоран Заев ги имаше сите снимени разговори коишто ги предаде во СЈО ги имаше во копија селектирано предаде 600 и кусур илјади разговори, бидејќи имаше околу 2 милиони разговори. И со истите тие снимени ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар. Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во ...
екој има право со кого сака да седи во кафеана, вели лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, коментирајќи ја фотографијата која се појави во медиумите, а на која се прикажани поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски и носителката на советничката листа од ЗНАМ за Охрид и кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков. -Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој ...
Македонскиот и шпанскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер и Барселона синоќа во Битола приредија вистински ракометен спектакл, не штедејќи ги тајните на ракометната игра. Светскиот клупски првак Барселона го совлада Еурофарм Пелистер со 34:30 (17:13) во рамки на петтото коло од групата Б во Лигата на шампиони, но резултатот брзо ќе биде заборавен, а мајсториите на Дикамем, Емил Нилсен и Макуч кај гостите, односно на Филип Кузмановски, Дејан ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, јави ДПА. Запрашан на прес конференција во Белата куќа зошто ја овластил ЦИА да влезе во Венецуела, Трамп рече дека „ги испразнивме своите затворите во САД“ и дека „имаме многу дрога што доаѓа од Венецуела“. Трамп одби да одговори на прашањето дали ЦИА има овластување да го „отстрани“ ...
Еве сме пред крајот на изборната кампања.Ја издржавме некако. И додека сите партии им се обраќааат на македонските граѓани, без разлика на етничката припадност, од ДУИ се растрчани по Европа да бараат гласачи иако ова се локални избори. Раководството на ДУИ е во мисија во Швицарска, Немачка, Австрија за да ги убедуваат во недела да дојдат и да гласаат во Кичево. Мој је живот Швицарска, коментира авторот на ТВ Колумна „5 минути со Чавез“ Е ама се ...