Новиот дигитален систем за влез/излез на ЕУ се соочува со „технички проблеми“, призна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петокот. „Работиме со земјите-членки [за] да се решат техничките проблеми“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција во Корк, Ирска. Системот за електронска гранична контрола е предмет на загриженост од неговото постепено воведување минатата година, но проблемите станаа поакутни како што ...

Министерството за внатрешни работи регистрира два нови случаи на физичко насилство врз малолетници. Двата одвоени случаи се случиле вчера во Шуто Оризари. Според информациите од дневниот полициски билтен, во едниот случај со остар предмет повреден е 12 годишник од друг малолетник, а во вториот случај малолетник бил нападнат со остар предмет од четворица други малолетници. – На 03.07.2026 во 14:53 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена ...

Лекарите сè повеќе пријавуваат случаи на целосно седа коса кај луѓе во нивните дваесетти и триесетти години, а новите истражувања покажуваат дека недостатокот на витамини и минерали игра важна улога. Генетиката останува главен фактор, но дерматолозите велат дека исхраната игра многу поголема улога отколку што се мислеше претходно. Најчест е витаминот Б12. Студија спроведена врз млада индиска популација покажа дека луѓето со предвремено ...

Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов ...

Жена уценувала тетовец дека ќе објави компромитирачки фотографии ако не ѝ даде пари, објавија од СВР Тетово. На 03.07.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово, 27- годишник од Тетово пријави дека бил уценуван од женско лице дека доколку не и даде пари ќе објави компромитирачки фотографии од него, по што во неколку наврати и дал пари, но таа продолжила со уценувањето, по што случајот го пријавил во полиција. СВР Тетово презема мерки за расчистување ...

Кучето Броди и неговиот сопственик Клиф Браш Џуниор беа главни ѕвезди на стадионот „Хард Рок“ за време на натпреварот помеѓу Аргентина и Капо Верде, а многумина не можеа да поверуваат дека кучето всушност е на трибините. Броди беше виден во една од кутиите за време на натпревар од Светското првенство како носи чепови за уши, а неговиот сопственик седеше до него. Дуото има 18 милиони следбеници на социјалните мрежи и е познато по тоа што ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на затворен базен во Основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Според него, со доградбата на училиштето ќе се подобрат условите за учениците и ќе се зголеми квалитетот на животот на жителите од овој дел на Радишани. „Со овие проекти полека, но сигурно обезбедуваме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ државата. Тоа значи ...

Светскиот центар за дијаманти во Антверпен му подари на американскиот амбасадор во Белгија прстен за Доналд Трамп, неколку месеци откако белгиската индустрија за дијаманти беше укината со американските царини за увоз на дијаманти. Златниот прстен од 18-каратно злато е украсен со 321 дијамант, 56 сафири, 13 смарагди и шест рубини. На него се прикажани мотиви во форма на Т, американски знамиња, броевите 1776, 2026, 45 и 47, орел со рубински ...

Апелацискиот суд во Скопје донесе правосилна одлука со која ја потврди затворската казна од 12 години за Стојанче Јовановски. Судот ја оцени неговата жалба како неоснована и по одржана јавна седница ја потврди пресудата што во мај годинава ја донесе Основниот кривичен суд Скопје. Според правосилната пресуда, Јовановски е прогласен за виновен бидејќи по долгогодишно семејно насилство ги навел својата сопруга Ивана и нивната ќерка Катја да ...

Денеска објавуваме уште еден скандал. Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните, изјави денеска на прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски. Газдата останува ист, Христијан Мицкоски. ...

Тејлор Свифт и Тревис Келс се венчаа во петокот вечерта во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, а актерот Адам Сендлер беше изненадувачки свештеник на церемонијата полна со спортски и забавни ѕвезди. Длабоката тајност околу подготовките за свадбата исчезна кога на екранот пред арената откако свадбата беше завршена, беше напишано „JUST&T MARRIED“. Двојката немаше деверуши ниту кумови, но помладиот брат на Свифт, Остин Свифт, беше нејзин ...

Соединетите Американски Држави денес ја одбележуваат 250-годишнината од прогласувањето на независноста, а по тој повод, рускиот лидер Владимир Путин упати честитка до американскиот претседател Доналд Трамп. Претседателот на Русија особено го нагласи историското значење на потпишувањето на Декларацијата за независност на САД. „Потпишувањето на Декларацијата за независност на САД не само што го означи почетокот на постоењето на вашата земја, ...

Апелациониот суд во Скопјe ја отфрли жалбата на Стојанче Јовановски, кој беше осуден во прв степен за поттикнување на неговата сопруга Ивана да скокне од балкон додека ја прегрнува нивната ќерка и за долготрајно семејно насилство, потврдувајќи ја казната затвор од 12 години што му ја изрече Кривичниот суд. „Апелациониот суд во Скопје, во интерес на јавноста и медиумите, објавува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЗ-549/26, по јавна ...

МВР информира дека рано утринава околу 00:10 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај село Страцин, кратовско, патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(28) од Крива Паланка, излетало од патот и удрило во бетонски заштитен sид. При тоа, на местото на настанот починал Н.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото било ...

Турски суд во петокот нареди притвор на комичарот Дениз Гокташ, додека се чека почетокот на неговото судење по обвинението за навреда на религиозните вредности и претседателот Реџеп Таип Ердоган. Гокташ беше приведен на главниот аеродром во Истанбул во четврток по враќањето од странство, неколку дена откако обвинителите започнаа истрага за неговиот стендап настап кој беше гледан милиони пати на интернет. Државната агенција Анадолија објави ...

Во Соединетите Американски Држави денес се слави Денот на независноста, односно празникот поврзан со потпишувањето на Декларацијата за независност од Обединетото Кралство во 1776 година. Иако Американците ќе го прослават 250-годишниот јубилеј на својата земја со скари, огномет и музички програми, вреди да се вратиме во 1776 година и да разбереме како биле формирани првите контури на денешна САД. Датумот кога се гласаше за независност беше ...

Еве што предвидуваат ѕвездите за секој знак за сабота и недела, 4-ти и 5-ти јули. Овен Работа: Вашата енергија е на врвот, но избегнувајте непотребни конфликти со претпоставените за ситници. Саботата носи можност за нов проект кој бара храброст, но внимавајте на избрзани одлуки. Може да добиете неочекувана порака за зголемување на платата или бонус што не сте го планирале. Љубов: Страста ќе се разгори во сабота навечер за време на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да ги заштитат своите слободи од „комунистичка“ закана од прогресивните членови на Демократската партија, зборувајќи пред планината Рашмор пред 250-годишнината од независноста на САД. „Стоиме под споменикот на овие херои, вистинска група неверојатни луѓе, и повторно се посветуваме на тоа да бидеме нација голема, храбра, благородна и силна како овие американски гиганти. Не е ...

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција оцени дека блокадата на новиот Изборен законик е резултат на долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за зачувување на изборниот модел што, според него, нив им носи најголема корист, стои во соопштението на Левица. Зошто немаме нов Изборен законик и зошто тој сега е блокиран во Собранието? Триесет години правилата на игра на изборите се кројат според волјата ...

Мадона и нејзината ќерка Лурдес Леон ја издадоа заедно песната „The Test“, во која зборуваат за тоа како животот под рефлекторите влијаел на нивната турбулентна врска. Песната е вклучена во новиот албум на Мадона „Confessions II“, кој беше објавен во петокот, и е 15-та песна од изданието. Во текстот, Мадона признава дека не сфатила навреме колку вниманието на јавноста може да влијае на нејзината ќерка. Леон, исто така, ја нагласува својата ...

Врховниот командант на НАТО, Алекс Гринкевич, изјави во Брисел дека за неколку недели европските сојузници го надоместиле поголемиот дел од дефицитот што се појавил по одлуката на САД да намали дел од воената поддршка за Европа. Гринкевич за Асошиејтед Прес изјави дека Европејците сè уште треба да стават на располагање повеќе опрема, откако Вашингтон на 3 јуни сигнализираше дека повеќе нема да обезбедува носач на авиони и придружни бродови, ...

Лидерите на земјите-членки на НАТО, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, на самитот што ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара ќе ја потврдат „непоколебливата посветеност“ на принципот на колективна одбрана, предвиден со членот 5 од Вашингтонскиот договор, се наведува во нацрт-декларацијата што ја одобриле амбасадорите на Алијансата, а во која увид имала агенцијата „Ројтерс“. Во документот се истакнува дека напад врз една членка ...

Изборниот законик има добра законска основа, останува да се усогласат модалитетите и да се донесе со консензус, оценува евроамбасадорот Михалес Рокас. ОДИХР и Европската Комисија дадоа позитивна оценка. Она што останува да се усогласи се модалитетите. Разбирам дека постојат несогласувања, но чувствувам дека постои добра волја тие да бидат надминати. Парламентарната комисија веќе работи и се надевам дека партиите ќе седнат и ќе постигнат ...

Околу Пробиштип сѐ уште е активен пожарот кој попладнево се доближи и зафати повеќе села. Пожарникарите, помогнати од доброволци и од локалните жители, се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон селото Ратавица, информираат од Центарот за управување со кризи. Во моментов сите расположливи сили се насочени кон подрачјето меѓу Пробиштип и селото Ратавица, каде изгореа голема површина сува трева и грмушки. Како што изјави Златко Илиев од ...

Популарната пејачка Индира Инди Арадиновиќ никого не остава рамнодушен со своите провокативни изданија. Сега таа го покажа своето згодно тело во мини бикини во боја на кожа со светкави детали кои совршено ја истакнуваа нејзината сè потенка фигура, зголемувајќи ја жештината кај посилниот пол. Пејачката со едната рака си ја среди косата, а очите ги скри зад очилата, додека со другата држеше луксузна сина чанта за плажа од „Кристијан Диор“. ...

По кратко боледување почина Катерина Мирчевска (12 мај 1972, Скопје – 3 јули 2026, Скопје) македонски историчар, редовен професор и долгогодишен научен советник во Институтот за национална историја. Катерина во Скопје го завршила основното и средното образование. Во 1995 година дипломирала на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1995 година ги следела постдипломските студии на ...

ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено ...

Прославениот српски кошаркар, Никола Јокиќ, поседува резиденција во Соединетите Американски Држави која е апсолутно спектакуларна според сите стандарди. Веб-страницата специјализирана за недвижности, „Realtor“, неодамна повторно го привлече вниманието кон луксузната куќа на нашиот ас, во која тој и неговото семејство уживаат веќе неколку години. На крајот од 2021 година, Никола Јокиќ купи имот вреден 4,5 милиони долари, опремен со дури 29 ...

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека извршила напади со беспилотни летала врз воените аеродроми „Саки“ и „Гвардејское“ на Крим, наведувајќи дека биле погодени хангари со авиони и беспилотни летала. Според СБУ, аеродромот Саки бил цел на украински напад по втор пат за една недела, а овој пат беспилотните летала погодиле седум хангари за складирање на воздухопловна опрема во кои биле распоредени ловци и бомбардери од ...

Назначувањето на Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа претставува сериозен политички сигнал и уште еден обид за релативизирање и ревидирање на Охридскиот рамковен договор, обвини денеска членот на претседателството на генералниот совет на ДУИ, Фатон Алити, на прес-конференција. Според партијата, по укинувањето на „балансерот“, слабеењето на Агенцијата за примена на јазикот и ударите врз албанскиот јазик, сега на ред е ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.18
40%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
0.88
56%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.92
62%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
42%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.82
66%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
0.43
82%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.02
38%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.8
50%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
67%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.4
90%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

55652.94

Родиум

278103.96

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27