Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски повторно ја манипулира јавноста, овојпат со тврдењата поврзани со измените на Изборниот законик и гласањето на дијаспората. Од партијата велат дека не е точно оти дијаспората нема право на глас, посочувајќи дека македонските државјани кои живеат во странство и сега гласаат според важечките законски правила. Според СДСМ, предложените измени се однесуваат на изборниот процес во ...
Според својот состав, ајранот е совршен пијалок за лето. Ајранот е едноставен пијалак направен од јогурт , вода и малку сол. Лесен е, сув, освежителен и значително помалку сладок од многу готови млечни пијалаци. Со добро избран јогурт, може да биде и пријатен додаток за дигестивниот систем. Домашната верзија е многу едноставна. Доволно е да измешате чаша јогурт со половина чаша ладна вода, да додадете прстофат сол и кратко да мешате додека ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата е активен партнер на стопанството, и дека е создадена предвидлива деловна клима, ефикасни институции, модерна инфраструктура и квалитетно образование. „Денес успешни не се само компаниите кои произведуваат квалитетен производ. Успешни се оние кои знаат како одговорно да управуваат со ресурсите, како да инвестираат во своите луѓе, како да создаваат доверба кај инвеститорите, партнерите ...
Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе ...
Куќата е многу убава, но не е претерано впечатлива, а пред неа има паркинг за автомобили на пејачи. Во дворот има базен, а вредноста на оваа куќа се проценува на над два милиони евра. Куќата на Петра Граш се наоѓа во близина на плоштадот Стари Хајдук во Сплит, подалеку од улицата и опкружена со голем двор. Грашо живеел во таа куќа повеќе од 20 години со својата поранешна сопруга Данијела Мартиновиќ, од која се развел во 2021 година. Сепак, ...
Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите, информираат од таму. Градоначалникот Горан Герасимовски кажа дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се ...
Португалската фудбалска репрезентација се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство по одличен пресврт, победувајќи ја Хрватска со 2:1 на „БМО Филд“ во Торонто! Очекувавме спектакл – тоа и го добивме. Точно, само во второто полувреме, но вредеше малку да се почека за огнометот на „БМО Филд“. Веќе на почетокот од нокаут фазата, ждрепката им обезбеди на навивачите ширум светот големо дерби, Торонто беше сцена на драматична битка ...
Екс-премиерот и актуелен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски смета дека Македонија губи многу финансиски средства поради закочениот европски пат. „Многу бледо помина во македонскиот информативен простор дека Хрватска досега од ЕУ добила 21 милијарди евра нето, а Црна Гора веќе е вклучена во новиот буџет на ЕУ со 3.2 милијарди евра како нова членка. По оваа логика нашата Македонија губи околу 8 милијарди евра“, тврди ...
Почнува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Поднесени се 224 амандмани. Вкупните приходи се ревидирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди ...
Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на краткотрајно невреме со град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати остри пораки до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повикувајќи го „да се смири“ поради неговата реторика кон Израел и оценувајќи дека Турција претставува „оска на Муслиманското братство“. Во интервју за израелскиот Канал 14, Нетанјаху изјави дека промените во регионот се должат на слабеењето на влијанието на Иран, што, според него, отвора простор за засилување на улогата на Турција. „Она ...
Владимир Путин е во последната фаза од своето владеење. Кога подетално ќе се погледне сериозноста на неговата ситуација, потенцијалните исходи и временската рамка, станува јасно дека неговиот крај е близу. Ова е заклучокот од анализата објавена во списанието Форбс, која го предвидува падот на Путин, а слични проценки во подкастот ги даде Себастијан Јунгер – светски познат воен дописник, наградуван автор и режисер на документарни филмови, ...
14-годишно момче е тешко повредено во брутален напад што се случил на 22 јуни во скопската населба Ченто, информира 24инфо. Според тврдењата на неговото семејство, тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го ...
Руски ракети и беспилотни летала го нападнаа Киев преку ноќта меѓу среда и четврток во еден од најмоќните напади од почетокот на војната. Во нападите загинаа најмалку 21 лице, беа повредени речиси 90, а беа оштетени станбени згради, хотели, енергетска инфраструктура и други цивилни објекти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа е уште еден обид на Москва да ги тероризира цивилите и повторно ги повика сојузниците да ја ...
Многу луѓе сакаат да заспијат со музика, подкасти или смирувачки звуци како звукот на брановите, но користењето слушалки ноќе, иако е практично, носи одредени ризици. Иако често се користат за да се избегне вознемирување на членовите на семејството, експертите предупредуваат дека спиењето со слушалки не е секогаш идеално решение и советуваат мерки на претпазливост, пишува Експрес. Мерки на претпазливост и стручни совети Доколку одлучите да ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја прошири централната администрација на Федералната служба за безбедност (FSO) по четврти пат од почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година. Новиот декрет го зголемува бројот на вработени во агенцијата од 785 на 812. Овој потег следи по низа безбедносни мерки засилени за време на војната, а доаѓа по медиумските извештаи дека Путин се плаши од можен атентат или државен удар, што доведе до зголемени ...
Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни на дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво. Ова е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените долгови што Владата ги трупа преку ...
Во моментов имаме историски најниска бројка на невработеност после осамостојувањето на Македонија, порача денеска од Штип заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој одговараше на новинарски прашања за колкава е невработеноста во земјата. Ристески забележа дека оваа Влада кога дојде затекнала околу 100.000 невработени лица, а сега се околу 86.000 лица. -Целта беше првата година да се намалат под 90.000, па потоа наредната ...
Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска? Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“. Прашуваме: За кои реформи?, се вели во соопштението од СДСМ . За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата и порача дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата до нова убедлива победа на следните парламентарни избори. Во интервју за „Тема на денот“ на Сител, Мицкоски рече дека по завршувањето на политичката кариера планира да се врати на факултетот, но нагласи дека во моментов има уште многу работа како претседател на ...
Ново истражување покажа дека луѓето кои пијат кафе секој ден имаат помалку масти во црниот дроб, според краток текст објавен на веб-страницата на „Тајмс“. Затоа, дополнителните здравствени ефекти споменати во насловот на статијата не се познати, иако во неа се објавуваат шест причини зошто кафето е добро за здравјето. Достапниот извадок само го истакнува фактот дека дневното консумирање кафе е поврзано со помали количини на масти во црниот ...
Инстаграм наскоро воведува нови опции што ќе им овозможат на корисниците значително поголема контрола врз содржината што им се прикажува. Првиот човек на оваа социјална мрежа, Адам Мосери, претстави подобрени начини за пристап до функцијата „Вашиот алгоритам“ . Оваа опција им дава можност на корисниците прецизно да одредат кои теми сакаат да ги гледаат почесто, а кои поретко. Иако функцијата првично беше лансирана минатата година, Инстаграм ...
Судењето за апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжи со нови форензички сведоштва, откако вештаци од Министерството за внатрешни работи изјавија дека на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра пронајдени во ѕид од семејна куќа во Неготино биле откриени негови биолошки траги. Парите, спакувани во банкноти од 500 и 200 евра, според обвинителството биле сокриени зад плочки и кујнски елементи. Ристов се товари за противправно ...
По период што многу астролози го опишуваат како време на преиспитување, Јупитер влегува во знакот на Лав на 30 јуни. Во астрологијата, Јупитер се смета за планета на експанзија, оптимизам, среќа и нови можности, додека Лав симболизира самодоверба, креативност, храброст и желба за истакнување. Затоа многу астролози го нарекуваат овој транзит почеток на „голема ера на самодоверба“. Според астролошките толкувања, во текот на наредните месеци, ...
Јелена Розга неодамна откри дека ѝ е дијагностицирана инсулинска резистенција, состојба што ја принудила значително да го промени својот животен стил. „На терапија сум. Имам инсулинска резистенција и шеќерот во крвта ми варира многу. Се случува на сцената шеќерот во крвта нагло да ми падне и да се чувствувам многу слабо. Потоа морам да испијам нешто благо. Нутриционистот ми состави мени и морам да јадам пет пати на ден. Со оглед на мојата ...
Гугл ја загуби својата правна битка во четврток против рекордната казна што ја изрекоа антимонополските регулатори на Европската унија пред осум години. Одлуката на судот е значаен удар врз европските напори за ограничување на моќта на големите технолошки гиганти. Европскиот суд на правдата, највисокиот суд на ЕУ со седиште во Луксембург, застана на страната на антимонополските регулатори и ја отфрли жалбата на технолошкиот гигант против ...
Четиринаесетгодишник бил излезен во Ченто со своите братучеди. Добил повик од другарите да се најдат во парк, но таму наместо со нив, се сретнал со тројца возрасни кои веднаш почнале со навреди и насилство. Прво бил претепан, а потоа седум пати избоден со нож, по што останал да лежи крвав сам среде парк. Ова е голготата што пред 10 дена ја преживеал тинејџер во Ченто. Неговата мајка вознемирена зборуваше за настанот. „Едниот го удрил со ...
Немам амбиција да се кандидирам за претседател на државата, но како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на следните парламентарни избори, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, 5, 10 години. Ќе треба овие кои што се ...
Пијалоците што ги избирате за да го започнете денот можат да влијаат на повеќе од само вашите нивоа на енергија. Одредени пијалоци, особено кога се комбинираат со избалансиран појадок, можат да помогнат во одржувањето на нивото на шеќер во крвта постабилно во текот на денот. Клучот е да изберете пијалоци без додаден шеќер што содржат протеини или влакна, а добрата хидратација исто така игра важна улога. Одржувањето на стабилна енергија без ...
Додека поголемиот дел од Европа претрпе екстремна топлина кон крајот на јуни со температури над 40 степени, првиот ден од јули донесе сосема поинаква слика во највисоките региони на Алпите, падна снег. Продирањето на студениот фронт и воздухот ја спушти снежната линија на околу 2.800 до 3.000 метри надморска височина, па бројни алпски врвови и глечери во Швајцарија повторно се појавија под бела покривка. Неколку сантиметри нов снег, локално ...