Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Се одложи јавната расправа на која Апелациониот суд требаше да ги разгледа жалбите поднесени од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски и жалбата поднесена од Обвинтелството за ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска. Расправата беше одложена поради тоа што адвокатот на Боре Видевски, еден од обвинетите, не обезбедил согласност дека јавната расправа може да се одржи без него бидејќи ...
Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз, извести Царинската управа. Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за директна средба со рускиот претседател Владимир Путин на неутрална територија, објави РТВ. „Подготвен сум да се сретнам со Путин. Секако не во Москва, не во Киев, но има многу други места – на Блискиот Исток, во Европа или во Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски во интервју за италијанското Радио Раи. Зборувајќи за Донбас, украинскиот лидер ја отфрли ...
Видео од рускиот претседател Владимир Путин и англиската кралица Елизабета стана вирално само по себе. Под насловот: „Можеби еден од најретките видеа на Владимир Путин како зборува англиски – повеќето луѓе никогаш порано не го слушнале да зборува англиски“, видеото се појави на социјалната мрежа X. Стана вирално многу брзо, со повеќе од 146.000 прегледи за помалку од 10 часа. Како што може да се види, сега починатата кралица ги пречека ...
Ормутскиот теснец е затворен и Иран мора да го отвори без услови и да биде одговорен за штетите по нападите врз објектите, вели извршниот директор на државниот нафтен гигант на Обединетите Арапски Емирати, АДНОК. Тесниот воден пат што Иран ефикасно го затвори откако започна војната меѓу САД и Израел на 28 февруари не е отворен, вели Султан Ал Џабер во објава на LinkedIn, додавајќи дека пристапот е ограничен, условен и контролиран. „Иран ...
Просечната старост на населението е зголемена од 32,3 години во 2000 на 41,8 години во 2024 година. Учеството на лицата над 65 години расте, додека уделот на помладите генерации опаѓа. Главната причина за демографскиот пад не е само нискиот наталитет, туку и емиграцијата на населението, се наведува во Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на успешност на тема „Стареење на населението“. Истражувањето е направено со цел да се ...
Германската влада денес објави дека цените на горивата во земјата нема брзо да паднат и покрај двонеделното примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кое вклучува и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Заменик-портпаролот на владата, Себастијан Хиле, изјави дека иако примирјето е добра вест, треба да се биде реален во очекувањата, објави „Виршафтсвое“. „Сè уште сме далеку од договор, а значителни одложувања се секогаш можни“, ...
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме Празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, коешто извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме целата ...
Екипата на порталот Telegraf.rs е на местото на ужасниот напад во Сопот , каде што куче од расата белгиско малоа го изеде петгодишното девојче С.Ј. по лицето и главата. По вчерашната драма и итна операција во Институтот за мајка и дете, има охрабрувачки вести – детето е стабилно и надвор од животна опасност, но го очекува долго закрепнување од сериозни повреди на лицето. Сопственикот е во шок: „Сè се случи за секунда“ Нашиот тим разговараше ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вели дека Израел „ќе продолжи да го напаѓа Хезболах каде што е потребно“ откако ИДФ објави дека го убила Али Јусуф Харши, секретарот на лидерот на Хезболах, Наим Касем. „Нашата порака е јасна: секој што ќе дејствува против израелските цивили ќе биде цел. Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах каде што е потребно, сè додека не ја вратиме целосната безбедност на жителите на север“, пишува Нетанјаху во ...
За да им помогне на купувачите да донесуваат информирани одлуки, непрофитната организација „Работна група за животна средина“ (EWG) го објави својот годишен Водич за купувачи за пестициди во производите. Објавени се листи наречени „Чиста петнаесетка“, со најмалку остатоци од пестициди , и „Валкана дванаесетка“, со најмногу остатоци. Овогодинешниот извештај посебно го истакнува присуството на таканаречените „вечни хемикалии“ PFAS во одредени ...
Моментално најпопуларниот рапер, Драгомир Депиќ Десингерица, заработува сериозни пари секој месец на сцената, но сепак живее во стан на периферијата на Белград. Иако често се фали со своите луксузни автомобили, Десингерица живее многу поскромно. Десингерица решил да ја купи својата оаза на мирот, или поточно станот каде што живее, во населба лоцирана на периферијата на Белград. Десингерица го започнал својот семеен живот во дел од населбата ...
Соопштение за јавност од СДСМ Со изборот на Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Христијан Мицкоски официјализираше уште една алка во својата бизнис мрежа во енергетиката. Уште една институцијата што треба да ги штити граѓаните, сега станува алатка за задоволнување на бизнис интерес. Тело кое ги одредува цените на струјата, горивата и енергенсите е ставено под контрола на партиски човек на Мицкоски со директни ...
Од утре стартува ЕЕС системот на Европската Унија за биометриска проверка на патници при влез во Шенген-зоната, со што значително се менуваат правилата на граничните премини. Со новиот систем, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Тоа значи дека ако утре ...
За многумина, кафето е секојдневен ритуал без кој денот не може да започне, но неговата поврзаност со крвниот притисок сепак предизвикува конфузија, честопати базирана на едноставни или застарени толкувања. Кафето не е ниту непријател ниту универзален сојузник на здравјето на срцето, туку пијалок чие дејство зависи од начинот на консумирање, индивидуалната чувствителност и претходно постоечката здравствена состојба, според „SciTech Daily“. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да се придржува до договорот или ќе започне вооружен напад. Трамп објави на својата мрежа Truth Social дека сите американски бродови, авиони и воен персонал потребни за „гонење и уништување на значително ослабен непријател“ ќе останат на место сè додека Иран целосно не се придржува до вистинскиот договор. „Ако од која било причина тоа не се случи, што е многу малку веројатно, тогаш ...
Проценетата вредност на боровите ресурси во Пискања кај Рашка е дури 5,5 милијарди долари. Оваа проценка е базирана на податоци од IMARC Group, фирма која обезбедува пазарни проценки за цените на минералите, која го процени борот на огромни 780 долари по тон во четвртиот квартал од минатата година. Информацијата ја објави канадскиот финансиски портал „Стокхаус“ во соработка со „Борон Уан Холдингс Инк.“ од Канада, која го развива овој проект ...
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. „Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување ...
Индија ја чека првата пратка нафта од Иран за седум години, искористувајќи ја можноста што ја отвори САД со суспензијата на санкциите врз иранската нафта и нафтени производи за ублажување на кризата со снабдувањето. Ова го покажуваат податоците за поморскиот сообраќај од компаниите LSEG и Kpler. На 20 март, Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД официјално ги суспендираше санкциите за ...
Сè повеќе луѓе под 50 години ширум светот страдаат од рак на дебелото црево, а експертите го поврзуваат со ултра-преработена храна, дебелина и седечки начин на живот. Сè повеќе луѓе под 50 години страдаат од рак на дебелото црево . Додека напредокот во науката и технологијата доведува до намалување на бројот на пациенти со одредени други видови рак , ситуацијата е спротивна со ракот на дебелото црево. Точната причина за зголемувањето на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обновува својата закана дека ќе употреби невидена сила против Иран доколку не ги почитува условите од прекинот на огнот. „Сите американски бродови, авиони и воен персонал – со дополнителна муниција, оружје и сè друго што е соодветно и неопходно за смртоносно гонење и уништување на веќе значително деградиран непријател, ќе останат на место во и околу Иран сè додека целосно не се исполни ВИСТИНСКИОТ ...
Велики петок оваа година носи не само силна духовна енергија, туку и сериозен астролошки пресврт што би можел да потресе многу знаци. На небото се формира интензивен аспект помеѓу планетите што симболизираат промени, судбина и ненадејни настани. Ваквите транзити често носат ситуации што се појавуваат ненадејно – и го менуваат текот на плановите преку ноќ. Овие 3 знаци ќе бидат особено погодени: Близнаци Неочекуваните информации или одлуки ...
Реформи за одржлив пензискиот систем и соодветна грижа за старите лица се неминовни, вели заклучокот на Државниот завод за ревизија кој согласно Годишната програма за работа за 2025 година изврши ревизија на успешност на тема „Стареење на населението“. Со ревизијата е опфатен периодот од 2014 до јуни 2024 година, со цел да се даде одговор на прашањето во врска со мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции во Република ...
Милош М. (28) од Зрењанин почина неколку часа откако врз него падна семафор на раскрсницата на булеварот Ослобоѓења и булеварот Цар Лазар во Нови Сад , кој беше откорнат од силината на судирот меѓу две возила. Неутешни пријатели, кумови и роднини се збогуваат со Милош на социјалните мрежи, сè уште во шок и совладани од тага. „Нашиот Милош, кум, Зрењанинац… Нашето дете. Никогаш нема да се опоравиме.“ View this post on Instagram A post shared ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за можноста САД да ја напуштат Алијансата, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит . Според неа, двајцата веќе разговарале „искрено и отворено“ порано денес, објави Си-Ен-Ен. Трамп наводно рекол дека „ НАТО е тестиран и не го поминал (тестот)“. „Тие не го положија тестот затоа што ни го свртеа грбот“, рече таа, алудирајќи на ...
„Секоја промена на европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Македонија во Европската Унија“. Ова го изјавил бугарскиот европратеник Илија Лазаров од Европската народна партија, коментирајќи ги, како што вели, обидите за ревидирање на европските услови за официјално Скопје. Според него, известувачот во Европскиот парламент Томас Вајц дејствува во близок контакт со македонската Влада. „Томас Вајц е ...
Родители на починатите од дискотеката „Пулс“ остварија средба со директорот на Судска медицина Александар Станков на која им било укажано дека се направени анализи на сите починати, но дека не може да кажат какви се резултатите додека трае судската постапка. Александар Наумов, татко на почината Надица, за медиумите изјави дека ќе се чека вештаците од судска медицина да се изјаснат пред суд. – Направени се сите токсиколошки анализи на нашите ...
Жената позната како „Кралица на кетаминот“, која ја обезбеди фаталната доза на дрогата што го уби актерот Метју Пери , е осудена на 15 години затвор. Јасвин Санга првично ги негираше обвиненијата, но се согласи да го промени своето сведочење во потпишана изјава минатата година, само неколку недели пред почетокот на нејзиното судење. Во изјава за влијанието на жртвата, поднесена пред рочиштето за изрекување на пресудата, маќеата на Пери, ...
Започнува големото патување за Велигден . Денес – последниот работен ден од неделата, се очекува густ сообраќај на излезите од поголемите градови, и секако автопатиштата и граничните премини. Прогнозите се дека, најголем дел на граќаните ќе го напуштат Скопје, и ќе заминат во своите родни места во внатрешноста на државата . Сепак најпрометниот сообраќај ќе биде на автопатиштата кои водат кон соседна Грција, Србија и веќе распродадените ...
Родителите на жртвите од Кочани денеска остварија средба со директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. По средбата изјава за медиумите дадоа и родителите и директорот Станков. – Денеска не прими директорот Александар Станков, не може тој да каже какви се резултатите, мора вештаците да се изјаснат на суд. Направени се анализи за сите наши починати деца, ни објаснија дека сите материјали се дадени во Обвинителство и дека ...