Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Португалија е против создавање посебна европска армија и наместо тоа поддржува зајакнување и модернизација на своите вооружени сили во рамките на НАТО, предводен од САД, изјави португалскиот министер за одбрана Нуно Мело. Според него САД се фундаментален трансатлантски партнер. Тој истакна дека Португалија минатата година ги зголемила расходите за одбрана согласно критериумите на НАТО, до 6,12 милијарди евра или 2,1 проценти од бруто ...
Некои хороскопски знаци се издвојуваат по својата силна енергија, стабилност и способност да носат одлуки без многу двоумење. Токму затоа астролозите често ги опишуваат како речиси непогрешливи кога е во прашање градењето на животен пат и постигнувањето успех. Лавовите се познати по нивната харизма, самодоверба и природно лидерство. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието, но истовремено знаат како да ги мотивираат другите и да водат ...
Европската комисија денеска предложи во Европска Унија да се воведе единствена апликација за проверка на возраста на корисниците на интернет. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен наведе дека нова апликација ќе биде со отворен код, нема да содржи никакви лични информации, нема да дозволи следење на корисниците и ќе може да се користи во сите земји во светот. Таа посочи дека децата на интернет треба да бидат побезбедни. Интернетот им ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради изборниот пораз на неговиот долгогодишен сојузник Виктор Орбан во Унгарија и изрази позитивно мислење за новоизбраниот премиер Петер Маѓар. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, Трамп истакна дека верува оти Маѓар успешно ќе ја извршува функцијата. Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа – тој е добар човек – рече Трамп. Тој додаде дека не е сигурен дали неговото лично ...
По велигденскиот продолжен викенд, граѓаните нема долго да чекаат за нов одмор – веќе во мај следуваат уште неколку можности за продолжени викенди. Првиот е на 1 мај, Денот на трудот, кој во 2026 година паѓа во петок, што автоматски создава услови за продолжен викенд. Вториот неработен ден следува кон крајот на мај, поточно празникот „Св. Кирил и Методиј“ кој се паѓа во недела, поради што се префрла во понеделникот (25 мај) кој ќе биде ...
Лидерот на победничката партија „Тиса“, Петер Маѓар, побара од унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка веднаш по формирањето на новата влада. Пред денешната средба во претседателската резиденција, Маѓар изјави дека Шуљок мора да се повлече од функцијата за да се испочитува волјата на народот. Претседателот Шуљок не е способен да го претставува единството на унгарската нација, не е достоен да биде чувар на владеењето на правото и ...
Европската комисија денеска предложи во Европска Унија да се воведе единствена апликација за проверка на возраста на корисниците на интернет. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен наведе дека нова апликација ќе биде со отворен код, нема да содржи никакви лични информации, нема да дозволи следење на корисниците и ќе може да се користи во сите земји во светот. Таа посочи дека децата на интернет треба да бидат побезбедни. – Интернетот им ...
Израелската армија денеска повторно ги повика жителите на јужен Либан да се евакуираат поради напади врз цели на Хезболах. Итно предупредување до жителите на јужен Либан, јужно од реката Захрани, во моментот се извршуваат воздушните напади против Хезболах. Израелските вооружени сили спроведуваат интензивни операции во регионот, објави на платформата Икс портпаролот на израелската армија, полковник Авишај Адрае. Тој ги повика цивилите да се ...
Водачот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, најави дека оваа недела ќе започне процедура за серија гласања со цел да се ограничи воениот авторитет на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во однос на војната со Иран. Шумер упати остри критики до Белата куќа, повикувајќи се на уставните надлежности на Конгресот над вооружените конфликти. Да ја наречеме политиката на Трамп кон Иран со нејзиното вистинско име. ...
На 14.04.2026 околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани. На 14.04.2026 околу 17:30 ...
Ново истражување покажа дека 66 отсто од Британците се загрижени за својата финансиска состојба во наредните месеци, додека 31 отсто изјавиле дека ги намалуваат трошоците за храна и греење со цел да „врзат крај со крај“, пренесе „Скај њуз. Според истражувањето спроведено од организациите ТСБ и Лајтнинг рич („Lightning Reach“), 38 отсто од испитаниците навеле дека нивната финансиска состојба се влошила во споредба со минатата година. ...
СДС и Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со избори во друга држава на кои сестринските партии им освојуваат 1% од гласовите. Наместо реформи, аргументирани критики и издржани предлози, од СДС и Филипче гледаме само ширење на лаги, демагогии и празни флоскули, посочи Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. СДС и Филипче, овој фокус којшто го имаат во изборниот процес во Унгарија, треба да го ...
Грејната сезона завршува денеска на 15 април 2026 година и започнува таканаречениот преоден период кој трае до 30 април, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е ...
Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниту еден литар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени. Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати рече дека и во него има проток на ...
Следува период на променливо облачно и релативно топло време во земјава. Утрешниот ден ќе биде проследен со повремени врнежи од дожд, како и локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, проследени ...
Анализата на неделникот „Фокус“ за влезот на бизнис и политички кругови во енергетскиот сектор предизвика реакции, откако во текстот беа изнесени тврдења за поврзаности на одредени компании со лица блиски до политиката. Во анализата, „Фокус“ го споменува Орце Тодоровски во контекст на случајот „Делчевски ниви“, наведувајќи дека бил поврзан со лица кои биле опфатени во постапката, како и дека случајот „пропаднал со промена на исказ на сведок“, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека по направените анализи, дојдено е до заклучок дека зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е приближно 0,4 проценти. Во однос на профитните маржи, тие, вели премиерот, се намалени. За лебот, Мицкоски рече дека таму нема зголемување на цената, туку дури и поевтинување, како и дека во разговорите со мелничарите било посочено цената на лебот да остане иста или да ...
Иран на состанокот на Правниот комитет на Меѓународната поморска организација ја отфрли иницијативата на Обединетите Арапски Емирати за воспоставување безбеден поморски коридор низ Ормуската Теснина, оценувајќи ја како правно неоснована и политички мотивирана. Иран на 113-от состанок на Правниот комитет на Меѓународната поморска организација (ИМО) во Лондон го отфрли предлогот на ОАЕ за воспоставување „безбеден поморски коридор“ низ Ормуската ...
На 15 април со почеток во 20:00 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Без иднина“, во Албанскиот театар за деца и млади, изработена според делото „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд. Претставата ја обработува темата за растењето, првите судири со себе и со светот, како и тишината што често ги следи тие моменти. Низ спомени и фрагменти од минатото се отвора простор за разбирање на младоста, промените и неизговорените прашања. ...
Со прикажување на видео-снимки од безбедносни камери, денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за семејно насилство што, според обвинението, довело до трагичниот исход во кој неговата сопруга го загубила животот. Обвинителството презентираше снимки направени во близина на судскиот комплекс во Скопје, каде што, според наводите, се случил дел од насилството. На видеото се гледа како обвинетиот во два наврати ја удира ...
Францускиот институт во Скопје и „Танц фест”, по повод отворањето на 22. издание на „Танц фест” и воспоставувањето на првото издание на наградата „Роксан Стојанов“, организираат ексклузивна гала вечер со настапот на Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во сабота, 18 април 2026, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Натпреварот за наградата „Роксан Стојанов“, со учество на сите 13 учесници, ќе одржи истиот ден, в ...
Работната средба со градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески, претставуваше значаен и содржаен настан, кој ја потврдува важноста на институционалната соработка во процесот на унапредување и интернационализација на македонската култура. Средбата се одвиваше во дух на взаемна почит, отворен дијалог и споделена визија за идниот развој на културните политики и нивната улога во современото општество. Во текот на разговорите, ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека СДСМ продолжува со тоа дека Груевски треба да одговара и пораката до опозицијата, изјави: „Па јас поврзано со таа тема, тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, ...
Европа подготвува план за повторно отворање на Ормутскиот Теснец по завршувањето на војната, пишува „Волстрит џурнал“. Според изданието, таквата ајкција би била изведена под водство на францускиот претседател Емануел Макрон и Велика Британија, но без учество на САД. Идејата е да се формира меѓународна одбранбена мисија што ги исклучува земјите директно вклучени во конфликтот, како што се САД, Израел и Иран, со цел да биде поприфатлива за ...
Денеска присуствував на промоција на 100 нови возила за потребите на АД „Пошта”, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил. Владата преку Министерството за транспорт реализираше набавка на 100 нови возила за потребите на Македонска пошта. Ова не е случајна одлука. Ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше Македонска пошта е околу 15 години. Со новите возила, Пошта ќе може побрзо, ...
ШНАЈДЕРКИТЕ The Seamstresses Гарванлиева Билјана / Македонија / 2010 / 30 мин Приказна за шнајдерките во малиот град Штип во Македонија. Шнајдерките во Македонија се како Пепелашка во глобализираниот свет. Текстилната индустрија во овој град е во процут, а шнајдерките на работното место работат за лојални клиенти како Бенетон, Версаче и H&M, при што својата работа ја изведуваат подобро и од кинеската конкуренција. Една шнајдерка мора да ...
Загрижува фактот дека од опозицијата уште не ја научија лекцијата и живеат во оној свој паралелен свет, порача премиерот Христијан Мицкоски. Никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. Се чудам зошто во нивните прес-конференции, доколку сакаат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски, да го повикаат да се врати и да се ...
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари. Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Биодерма СПФ 50, 300 креми Сикатрикс и 150 сетови Ларош-Поси, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со ...
Жител на Париз доби оригинална слика од шпанскиот уметник Пабло Пикасо вредна повеќе од милион евра на добротворна лотарија. Победникот, 58-годишниот инженер и љубител на уметноста Ари Ходара, дознал дека е добитник на видеоповик од аукциската куќа „Кристи“ во Париз, објави „Би-би-си“. Лозот чинел 100 евра. Организаторите соопштија дека се продадени повеќе од 120.000 ливчиња, со што се собрани околу 11 милиони евра, оваа година – наменети за ...
Русија може да го надомести секој недостиг на кинеска нафта што произлегува од војната со Иран, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Пекинг денеска. Лавров ги даде овие забелешки по средбата со кинескиот претседател Шји Џинпинг. Русија секако може да го надомести недостигот на ресурси што се појави во Кина и другите земји што сакаат да соработуваат со нас на рамноправен и заемно корисен начин, ...