Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Екипата на Арсими ја постигна десетата победа во првенството откако денеска на домашен терен го совлада Пелистер со 1:0 во дуел од 27.коло од ПФЛ. Единствениот гол го постигна Мухџедин Дардишта во 44.минута. Во вториот дел гостите од Битола беа подобрата екипа, но не успеаја да изедначат. Арсими остана на седмото место на табелата со 35 бодови, додека Пелистер е на деветтото место со 26 бодови. Последниот натпревар од оваа рунда се игра ...
Претседателот на Франција и британскиот премиер, Кир Стармер и Емануел Макрон на 17 април во Париз ќе бидат домаќини на самитот на кој ќе се разговара за план со кој би се осигурало дека Ормуска Теснина ќе остане отворена за пловидба по завршување на војната на Блиски Исток. Самитот ќе ја унапреди работата на координиран, независен и мултинационален план за заштита на меѓународниот превоз по завршувањето на конфликтот, истакна портпаролот на ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвини Иран за „економски тероризам“ и најави дека САД ќе одговорат на ист начин преку поморска блокада. Она што го прави Иран е чин на економски тероризам против целиот свет. Му се заканија на секој брод што поминува низ Ормуската Теснина. Претседателот покажа дека двајца може да ја играат играта. Ако Иран спроведува економски тероризам, ние ќе се држиме до едноставното начело – нема да помине ...
Во Шанлиурфа, во јужна Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, а првите детали од местото на настанот ги откри гувернерот Хасам Шилдак, кој потврди дека напаѓачот извршил самоубиство. Напаѓачот е поранешен ученик во училиштето. Тој посетувал само 9-то одделение, по што се префрлил на отворено (воннаставно) образование. Роден е во 2007 година. Откако бил опкружен со интервенција на училиштето и ...
Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија од НАТО додавајќи дека ќе го исполни ова предизборно ветување, јави националното радио РТВ Сло. Во интервјуто, Стевановиќ најави и можна скорешна посета на Москва со цел, како што рече, „обнова на мостовите меѓу Истокот и Западот“. „Ресница“, чиј лидер е Стевановиќ, има пет ...
Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор ...
Случај сличен на Коста Кецмановиќ во Србија се случи денеска во Турција.19 годишен поранешен ученик (19) од Стручното и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во Турција утрово пукал во нив, при што повредил најмалку 16 лица, а на крајот извршил самоубиство. At least 16-18 people injured in shooting at high school in Siverek area of Sanliurfa, Turkey. 17-year-old gunman took his own life. pic.twitter.com/qrFWO3s4qX — The Geopolitiks Times ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении. Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на подземната ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Пријавениот К.Ш. на 11.04.2026 ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија. Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што ќе се одржи во Македонска филхармонија, најавено е видео обраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. Претседателот на Владата Христијан ...
По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Во трка се двајца кандидати – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, која е редовен професор на Економскиот институт во Скопје, и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. ...
Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи еднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција нема простор. За криминалот нема да има место онаму каде што од петни жили секој ден се трудиме да градиме силна институција. Промените во системот ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април. Според новата пресметка, од ноќеска на полноќ, односно од 00:01 часот, ќе важат нови пониски цени на горивата. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари за ...
СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња. СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне се повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски. СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив ...
Синоќа во Битола во големата сала на Народниот театар се одржа празничниот концерт „Премин 26“, музички проект на Оливер Јосифовски. На концертот присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Тоа беше проект кој ја бриши границата меѓу жанровите. Звукот, светлината и тишината се испреплетуваа во искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со срце. Концертот е здружен проект на Културен и информативен центар Битола со НУ ...
Дебитантскиот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја доби наградата за најдобар филм во натпреварувачката програма „Нови режисери“ на 44. Интернационален филмски фестивал во Уругвај, кој се одржа од 30 март до 12 април. Филмот беше дел од конкуренција од 13 наслови, а за наградата одлучуваше тричлено меѓународно жири составено од актерката и режисерка Аиноа Артече Уриарте од Шпанија, драмската писателка и театарска режисерка ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира. Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ ...
18 април – Интернационален ден на споменици и археолошки локалитети. По тој повод, во нашиот музеј организираме серија настани посветени на археологијата, истражувањето и современите пристапи кон културното наследство: 15 април предавање – Дигитална документација на археолошки наоди со помош на ласерски цртач на профили на керамика. ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ПРЕДАВАЊЕТО НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ 16 април Археоавантура, археолошка ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на задоволството од работењето на Царинската управа, изјави: Па јас во своето обраќање ги истакнав поентите што мислам дека се значајни, исто така и директорот во своето обраќање имаше поенти коишто ја отсликуваат суштината на работењето на оваа Царинска управа под раководство на Бобан. За прв пат е префрлен месец со наплата ...
СДСМ изминатиот период најблаго кажано живее според онаа читанката „Алиса во земјата на чудата“, јас повеќе би го класифицирал во „СДСМ во земјата на лагите и конструкциите“, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан МИцкоски одговарајќи на новинарско прашање. Во текот на минататаа година, СДСМ велеше дека државата ќе банкротира. Не банкротиравме, напротив ја завршивме со еден од најдобрите 5 економски резултати во Европа ...
Управниот одбор и Дирекцијата на Националната установа – Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Струга распишуваат: КОНКУРС за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик, во период од 01 јуни 2025 до 01 мај 2026 година. Критериуми за учество: Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик. На конкурсот може да ...
Македонскиот КИЦ во Загреб срдечно ве поканува да влезете во длабочините на тишината – на промоцијата на книгата на Љерка Тот Наумова „ПРОНИКНУВАЊЕ НА ТИШИНАТА“, каде зборовите стануваат мостови меѓу срцата и неизреченото, а секој стих шепоти тајни што ветрот ги носи преку границите на јазикот и душата. Во оваа вечер полна со лирска магија, ќе откриеме како тишината не е празнина, туку танц на светлина и сенки, каде македонската и хрватската ...
Националниот џез-оркестар на 16 април, со почеток во 20 часот, ќе одржи ексклузивен концерт со наслов „Кубанска џез-експлозија“ (Cuban Jazz Explosion), заедно со светски реномираниот кубански музичар Алан Перез и неговата осумчлена ритам-секција „Ла оркеста“ во Националната опера и балет во Скопје. Алан Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со интернационална кариера. Своето светско признание го стекнал како член на ...
Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Симфониски хоризонти“ на кој како солисти ќе настапат виолинистката Сихана Бадивуку и виолончелистот Паскал Краповски. Диригент е Десар Сулејмани (Германија), а на програмата се увертира од операта „Поетот и Селанецот“ од Ф. Фон Супе, Концертот за виолина и виолончело ,,Музата и поетот” од К.Сен-Санс, „Тешкото“ од Г.Смокварски и ...
Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност – нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа. Денеска одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа ...
Вечерва со почеток од 19 часот во Музејот на македонската борба во Скопје ќе биде промовиран вториот том „Македонци“ од проф. д-р Бранислав Светозаревиќ. Во книгата се откриваат ексклузивни факти за постоењето на Македонците, Македонија и македонскиот јазик низ вековите, за непроценливите историски вистини за писмата и укази на Цар Леополд за привилегирана заштита на МАКЕДОНЦИТЕ од 1690-та година, за неостварената идеја за создавање ...
Пушењето цигари предизвикува хронично оштетување на белите дробови и крвните садови, што доведува до појава на карцином, хронична опструктивна болест, спонтан пневмоторакс, артериосклероза, аневризми и каротидна стеноза, кои често доведуваат до потреба од хируршка интервенција. На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија бројот на пациенти континуирано се зголемува, лани се третирани повеќе од 3.100, од кои приближно 150 главно пушачи со ...
Македонската култура ќе биде претставена во полн сјај на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), кој ќе се одржи од 17 до 19 април во Тирана, Албанија. Фестивалот, кој има изразен интернационален карактер, ќе обедини уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко, со што ќе се создаде силна глобална платформа за културна размена и соработка. Со сопствен ...
Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација.Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДС од живата кал во која ја втурнаа,велат од ВМРО-ДПМНЕ. А излезот од ова е едноставен, јасно ...
Во петок (17.04) од 12 часот до 18 часот во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи отворен кастинг за испитниот краток филм – Пастрмка. Кастингот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на претходно актерско искуство. Ги покануваме сите љубители на филмот да се пријават и да станат дел од нови авторски приказни! Сите заинтересирани, може да пратите меил на: [email protected] Во петок (17.04) од 12 ...