Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Оние кои сега ги блокираат испораките на нафта преку нафтоводот Дружба се истите кои го саботираа гасоводот Северен тек, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека постои потреба Унгарија да се подготви за „можни напади“. Тој на вчерашниот состанок во градското собрание во Кишкунлахаза рече дека Украина била таа која го кренала во воздух гасоводот Северен тек, нарекувајќи го тој чин „државен тероризам“, ...
Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај 2027 година, со којшто се обезбедуваат уште 151 ден за добивање употребна дозвола на автопатот. ...
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денеска започнува официјална посета на Македонија, која ќе трае до сабота. Главниот дел од неговата агенда е предвиден за Скопје, каде што ќе оствари средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со клучни претставници на државниот врв. Посетата ќе вклучува и средба со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, кој најави свечен прием за високата делегација. По приемот, делегациите ќе ја ...
Пред дваесет и две години на 26 февруари во Ротимље близу Мостар во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски во Градските гробишта ...
За оние што не им беше јасно. Сега јасно ви е зошто судстото и обвинителството имаат два посто доверба,. И тоа им е многу. Бегалецот Артан Груби ни еден ден не одлежа во Шутка, Ама барем си остана на зборот. Рече дека ќе се врати и се врати. Кој можеше да поверува дека тоа утро во декември 2024 година кога со дипломатско возило замина од Блаце да заврши некоја работа на Косово дека нема да се врати, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути ...
Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се во целосна конфузија и ...
Потребни состојки за тортата: – Слатки јаболка: 4 средни (околу 600g) – Јајца: 4 големи – Какао: 5 лажици (35g) – Прашок за печиво: 1 лажичка – Маслиново масло: за премачкување на калапот Подготовка на тортата: Загрејте ја рерната на 180°C. Исчистете ги јаболката од семки, излупете ги и исечете ги на средно големи парчиња. Ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса. Додајте ги јајцата, па измешајте. Потоа додајте го ...
Според хороскопските предвидувања, првиот ретрограден Меркур во 2026 година, кој трае од 26 февруари до 20 март во знакот Риби, носи емоционална магла, комуникациски заплеткувања и тест на трпението, а овие знаци особено ќе го почувствуваат неговото влијание. Подгответе се за космички пресврт како што се приближува првиот ретрограден Меркур во 2026 година. Планетата на комуникацијата, технологијата и патувањето ќе ја започне својата очигледна ...
Ужасни сцени се видени во Италија, каде што младиот албански фудбалер Рикардо Меркури од локалниот тим Монтемилоне Поленца ја претепа својата мајка Албана Кастриот за време на вечера во петокот вечерта. Сè се случи во малото гратче Поленца, кога Рикардо Меркури го славеше својот 20-ти роденден со својата мајка, а неговиот татко Марио и постариот брат во тој момент не беа присутни во станот. Се верува дека фудбалерот и Албана (53) се скарале ...
Здружението на лица со дијабет од Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во четврток на 26 февруари организира средба со професионалните нутриционисти Наум Костов и Билјана Трајчевска (НутриДуо) обајцата од Охрид. Темата е посебно актуелна: „Науката и трпезата: микробиомот во време на пост“. Настанот ќе се одржи во читалната на Библиотеката од 16.45 часот и е отворен за сите заинтересирани. Здружението на лица со ...
На 26 февруари 2026/ четврток/ од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „Соучесници“. Влезници на билетарницата од киното од 10 до 13 часот секој работен ден и еден час пред проекцијата на филмот. Податоци за филмот Автор на сценариото: Огњен Обрадовиќ, Режисер: Марко Новаковиќ, Кинематографер: Бојан Ракиќ. „Соучесници“ е психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по ...
Општина Велес распиша конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Македонија. Кандидатите треба да се професионални драмски актери, државјани на Македонија. Конкурсот е во тек, а крајниот рок за ...
Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) го објавува Конкурсот за Награда за најдобар млад преведувач „Вавилон ЗПРМ“ за 2026 г. Рокот за поднесување на преводи е 31 јули 2026. Конкурсот е наменет за млади љубители на книжевноста на возраст до 26 години, државјани на Република Македонија – средношколци, студенти од филолошките и сите други факултети и воопшто лица со добро познавање на некој од официјалните европски јазици и на мајчиниот ...
Проектот „Промотивна турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“, реализиран од Д-р Перо Синадиновски, кустос во нашиот музеј, со поддршка на Министерството за култура и туризам, има за цел да го доближи археолошкото наследство до најмладите. Турнејата започна на 18 февруари 2026 година и ги посетува училиштата во источна Македонија, пренесувајќи приказна стара околу 8000 години. Преку презентации, едукативен филм и ...
Следната недела започнуваме со прва реконструкција на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. За овие година и половина поминавме тежок процес, но успеавме да го легализираме аеродромот. Во меѓувреме работиме на Договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот и очекувам да воспоставиме директна линија меѓу двете земји, вели во поткастот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Веќе поминавме ...
Дваесет и три танчери од клубот Dancers United од Скопје учествуваа на престижниот меѓународен натпревар Italy World Cup 2026, кој се одржа во Legnano, Италија, под покровителство на World Artistic Dance Federation (WADF). Светскиот куп во латино-американски танци собира натпреварувачи од различни земји, а присуството на македонски претставници претставува значаен успех за домашната танцова сцена. Клубот Dancers United ја претстави Македонија ...
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80-годишнината од објавувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески. На настанот ќе се обратат деканот на факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска – Димкова. Пригодни обраќања ќе имаат и проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска. На Филолошкиот факултет ...
Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот, ќе го одржи симфонискиот концерт „Нови хоризонти“. Како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков. На програмата се: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 во бе-мол, оп. 23 од Чајковски и Свитата бр. 2 „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев. Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за ...
„Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како Национален проект за 2026 година. Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, како и кураторка на многу ликовни ...
Во февруари, месецот со најмалку дена во годината со кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по осми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението кај нас. Носител на националната каммања „Ги запознаваме ретките болести“ е здружението „Ретко е да си редок“. СЈОГРЕНОВ СИНДРОМ/ SJÖGREN’S (SHOW–GRINS) SYNDROME MKБ-10 M35.0 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај ...
Членот на Спортскиот комитет на Барселона, Жоан Солер, изјави за радио станицата „Кадена СЕР“ дека каталонскиот клуб има финансиски средства да го купи напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, или напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Солер, кој претходно беше директор на клубот и учествуваше во изборната кампања на Жоан Лапорта, истакна дека Каталонците можат да си дозволат да потпишуваат играчи од ваков калибар. Според ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, во Винисису Жуниор гледа лидер на неговиот тим. Реал синоќа ја победи Бенфика со 2:1 во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите. – Ниеден натпревар не е лесен. Мора да бидете трпеливи бидејќи Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во Европа. Бенфика притискаше, што ни го отежнуваше излегувањето од одбраната. Имавме простор, но не го искористивме. Сè додека не го поправивме тоа кратко по ...
Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, ги искажа впечатоците по синоќешниот натпревар (2:3) со Јувентус во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите и пласманот во осминафиналето. -Знаев дека ќе биде вака вечерва – го познавам овој тим и атмосферата на овој стадион. Знаев дека ќе биде тешко, дека навивачите на Јувентус ќе ни го направат животот кошмар. Благодарност и до навивачите на Галатасарај. Јас ги слушнав и не сакавме да си одат ...
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата. Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати ...
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека до средина на неговиот мандат скопјани ќе ја добијат првата подземна сообраќајница. Смета дека со оваа сообраќајница значително ќе се намали метежот во градот. Булеварот Борис Трајковкси, кој што повеќе децении се работи, од Кисела Вода до Драчева. Последните генерации говорат за тој проект, но никако да се стигне до финале, до реализација. Се сретнавме со сите стопанственици, најдовме ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ буквално го „испратил“ министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ во болница утрово кога го видел во пресрет на комеморацијата на Владислав Јовановиќ, пишуваат српските медиуми. Претседателот бил шокиран кога видел како изгледа Дачиќ и како тешко дишел. Дачиќ е во сериозна здравствена состојба, итно бил хоспитализиран и поврзан на респиратор. Му била дијагностицирана билатерална пневмонија, а неговата ...
Српскиот министер за внатрешни работи з Ивица Дачиќ дише со помош на респиратор откако денес беше итно хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на UKCS поради тешка пневмонија! Дачиќ, како што дознава Телеграф,.рсима билатерална пневмонија, а денеска неговата состојба одеднаш се влошика. Министерот за полиција и лидер на СПС со години страда од дијабетес и други придружни болести. Српскиот министер за внатрешни работи з Ивица Дачиќ дише со ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Икс објави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за утрешните преговори во Женева. Зеленски додаде дека на разговорот присуствувале и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер. – Разговаравме за прашањата со кои нашите претставници ќе се занимаваат утре во Женева за време на билатералната средба, како и за подготовките за ...
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека повеќе од 1.700 Африканци се борат на страната на Русија. – Јасно гледаме дека Русија се обидува да ги вовлече африканските граѓани во ова смртоносна војна. Според наши податоци, во моментот околу 1.780 Африканци се борат заедно со руската армија, посочи Сибиха на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуѕето Аблакава во ...
Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува намалување на платите до 13.000 денари. Пратениците ги изгласаа измените на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на ...