Венко Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество, мекотелите се тврди карпи во споредба со националната и исплакната свест на Филипче. Лагодно си кажа дека Бугарите сме требале да ги внесеме во Уставот, без Македонија да добие ништо. Тоа значи дека Филипче самиот кажа дека е на услуга на бугарската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Што се однесува до темата Груби, видливо е од месечината дека Филипче е уплашен, особено од тоа ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска воведе нов пакет санкции за поединци и компании кои работат на развој на иранската балистичка програма, произведуваат дронови и незаконски продаваат нафта. Санкционирани се 30 поединци, компании и бродови во сенка. Санкциите се воведени еден ден пред новата рунда преговори помеѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран. Администрацијата на американскиот претседател ...

Исландската премиерка Криструн Фростадотир, по денешната средба со полскиот премиер Доналд Туск во Варшава, изјави дека Исланд следните месеци ќе одржи референдум за членство во Европска Унија. – Во текот на следните неколку месеци ќе работиме на подготовка на референдум за евентуално повторно отворање на пристапните преговори со ЕУ, наведе Фростадотир. Исланд во 2013 година се откажа од преговорите за членство во ЕУ по четири години ...

Венко Филипче и СДС се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС. Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Нема скандал, криминал и ...

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д – р Александар Станков за МИА изјави дека станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена, но дека се подготвува писмениот извештај кој најверојатно до понеделник ќе биде доставен до Обвинителството. – Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада ...

Бугарскиот сервис Радио Слободна Европа ќе престане со работа на 31 март поради прекин на финансирањето од САД, изјавија неименувани извори од Радиото. Тие додадоа дека активно работат на решение што „ќе ни овозможи да продолжиме да и служиме на нашата публика“. Директорката на романскиот сервис на Радио Слободна Европа, Елена Вијулие Танасе пред две недели на Фејсбук објави дека на 31 март ќе се затвори сервисот. Бугарија и Романија беа меѓу ...

Полициски инспектор од полициската станица Камза, со уште две други лица, се уапсени на преминот „Мердаре“ при влез од Србија во Косово, со непријавени милион евра. – Дирекцијата за професионални стандарди во државната полиција веднаш го суспендираше инспекторот Аурел Казиу, откако косовската страна извести дека тој вчера бил уапсен заедно со уште две лица, откако се обидел да прошверцува еден милион евра непријавени, објави Дирекцијата. ...

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години денеска во Дојран ги почна мини подготовките за настап на претстојниот квалификациски турнир. Избраничките на селекторот Катерина Милевска од сабота во Струмица ќе бидат домаќини на квалификациската група 2 во Б-сегментот во Лигата на нации во која ќе играат против Грузија, Северна Ирска и Луксембург. Македонската репрезентација во воведното коло ќе игра против Грузија, в сабота од 13 ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс за „Фокс њуз“ изјави дека претседателот Доналд Трамп и понатаму преферира дипломатско решение со Иран. Тој додаде дека Трамп се надева дека Иранците сериозно ќе ги сфатат утрешните преговори. – Претседателот беше кристално јасен, колку што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје … Ќе се обиде тоа да го постигне по дипломатски пат – посочи Венс. Утре во Женева ќе се одржи нова рунда ...

Сириските власти денеска соопштија дека пронашле илјадници луѓе кои живеат во „шокантни“ услови во озлогласениот притворски камп во североисточната покраина Ал-Хасаке, откако владините сили ја преземаа контролата врз местото, јавува ДПА. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нуредин ал-Баба, на прес-конференција во Дамаск изјави дека инженерските единици на армијата прво го обезбедиле кампот Ал-Хол пред силите на Министерството ...

Швајцарската влада соопшти дека ќе им исплати по 56.000 долари на повредените и на семејствата на жртвите во пожарот што изби во бар во ски-центарот Кранс-Монтана на новогодишната ноќ, при што загинаа 41 човек, а 115 беа повредени. Ова е финансиска помош за семејствата на жртвите и гест на сочувство, објави владата, додавајќи дека обесштетувањето се однесува на секое лице што починало или било хоспитализирано. Исто така, наведе дека ќе ...

Кинотеката на Македонија со голема чест најавува промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, која ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Кинотеката. Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и ...

Бројот на загинати во поплавите во југоисточен Бразил се искачи на 36, соопштија властите на бразилската сојузна држава Минас Жераис. Противпожарната служба на Минас Жераис соопшти дека 33 луѓе се водат како исчезнати, а поради надојдената вода околу 3.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови. Метеоролозите најавуваат нови обилни дождови наредните денови, поради што се стравува дека ќе предизвикаат дополнителни свлечишта. Во ...

Фудбалерите на Силекс не дозволија изненадување во четвртфиналното соочување од Купот на Македонија против второлигашот Детонит Плачковица, триумфирајќи попладнево со 3:0. Головите за Силекс ги постигна Дарко Додев, Дарко Ангелески и Мигел Фереира Пиреш. Силекс во полуфиналето за противник ќе го има Охрид, кој вчера го елиминираше Вардар додека Шкендија Арачиново по победата над Работнички го чека епилогот од дуелот меѓу Струга Трим Лум и ...

Австралиската влада им нареди на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Израел и Либан да ги напуштат овие две блискоисточни земји, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација во регионот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Владата, исто така, понуди доброволно заминување на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Катар, соопшти официјалното ...

Англиската фудбалска федерација (ФА) им изрече денеска високи казни на лондонските премиерлигаши Челзи и Вест Хем Јунајтед поради масовната тепачка меѓу фудбалерите на крајот од натпреварот одигран на Стемфорд Бриџ на 31 јануари, во кој домашниот тим победи со 3-2. Челзи ќе мора да плати 325.000 фунти, додека Вест Хем Јунајтед 300.000 фунти поради конфликтот во кој учествуваа околу 20 играчи. Сè започна кога крилниот напаѓач на Вест Хем, Адам ...

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски оствариле средба со гувернерот на Народната банка Трајко Славески на која дискутирле за клучните макроекономски показатели во државата, ценовната и финансиската стабилност, како и тековите на инфлацијата. Соговорниците, како што информира Министерството за економија и труд, оцениле дека економијата е стабилна и бележи солиден ...

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. Тие предвидуваат дека зголемувањата на пензиите од 2024 година нема да се исплатуваат на пензионери кои престојуваат надвор од земјата. Со иницијативите од петмина подносители се бараше оценка на уставноста поради наводна дискриминација и повреда на стекнатите права, но мнозинството судии одлучи ...

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, заедно со членовите на Комисијата, остварил работна средба со амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер, на која во фокусот биле измените на Изборниот законик и зајакнувањето на институционалниот капацитет на Комисијата како клучен столб во напредокот на земјата кон Европската Унија. Како што информираат од ДИК, на состанокот членовите на Комисијата изразиле благодарност за ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска ја обвини Украина дека планира да го дестабилизира унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војници и опрема за заштита на критичната инфраструктура. Тој во видео објавено на Фејсбук повтори дека затворањето на нафтоводот „Дружба“ е од „политички, а не технички причини“, потенцирајќи оти разузнавачките извештаи укажуваат на можно понатамошно нарушување на енергетскиот систем на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска ја посети централната лабораторија при Министерството и најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Хоџа, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени ...

Собранието денеска во рамки на 89. пленарна седница ја утврди потребата за носење на пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува платите на овие лица да им се намалат до 13.000 денари. Станува збор за измени на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, ...

Португалската фудбалска федерација (ФПФ) изрази загриженост за безбедносната ситуација во Мексико, кое треба да биде домаќин на Светското првенство во 2026 година ова лето. На 22 февруари, мексиканското Министерство за одбрана објави специјална операција за апсење на Рубен Немесио Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“. Тој почина од повредите додека беше транспортиран во Мексико Сити. По ова, избувнаа немири во неколку градови и општини. ...

Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години, додека пијалаците кои содржат 32 милиграми кофеин на 100 милилитри ќе бидат забранети за лицата помлади од 18 години, бидејќи нивната консумирање доведува до нарушување на сонот и предизвикува кардиоваскуларни болести, изјави денеска министерот за социјални права и потрошувачка Пабло Бустиндуј. Но, тој не прецизира кога ќе стапи во сила забраната. Бустиндуј ...

Мексиканската инфлуенсерка Марија Хулис била во врска со нарко-босот Ел Менчо.Таа последна била видена во друштво на Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, водачот на картелот CJNG. Фотографиите на кои наводно се гледа во ноќен клуб со жена за која се тврди дека е Марија Хулиса почнаа да кружат на социјалните мрежи, неколку часа пред големата полициска операција. Која е Марија Хулиса Марија Хулиса е родена во северната мексиканска ...

Во нашата музејска поставка се изложени артефакти што сведочат за историскиот и културниот развој на нашите простори, информираат оттаму. Меѓу нив, посебно место заземаат кубурите – мајсторски изработени примероци кои, покрај својата воена функција, претставуваат и врвни достигнувања на занаетчиската уметност. Нивната орнаментика, материјал и изработка зборуваат за времето во кое настанале и за општествениот контекст во кој биле користени. ...

„Нека 2026 година биде доказ дека Кичево знае, умее и може да биде пример како се негува и развива културниот дух“, порача министерот за култура и туризам на денешната прес-конференција, со што започна културната мисија на Кичево како „Град на културата за 2026 година“. Според Љутков, ова е признание за културната зрелост, истрајноста и творечката енергија што градот ги гради со децении, но е и обврска за уште посилен развој во периодот што ...

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината. Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон, вели пратеникот Бране Петрушевски откако поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев објави на неговиот фејсбук профил дека поднел тужби за клевета и ...

Русија испраќа мигранти преку подземни тунели од Белорусија во Европа како дел од својата хибридна војна против Западот, објави „Британски Телеграф“. Белорусија наводно користела експерти од Блискиот Исток со „високо ниво на експертиза“ за да го дизајнираат тунелот, изјавија полските власти. Полските власти изјавија дека експертите кои ги дизајнирале и ископале тунелите имале „високо ниво на експертиза“. И додека експертите велат дека е тешко ...

Европската комисија предложи отворање преговори со шест земји од Западен Балкан за да ги вклучи во шемата на ЕУ „Роаминг како дома“. Оваа програма на Европската комисија е регулатива на ЕУ што дозволува мобилни телефони да се користат во други земји-членки по исти цени како и во вашата матична земја. Тоа значи дека кога се користи мобилен телефон во зоната на ЕУ, нема дополнителни трошоци за роаминг за повици, СМС-пораки или користење на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
44%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 13ᴼ
4.63
46%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
2.57
48%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.58
84%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
58%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
66%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
58%
1013
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
36%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
38%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

60154.05

Сребро

2840.84

Родиум

350443.14

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Алуминиум

3.18

Калај

43.90

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Иридиум

258288.78

Паладиум

45911.27

Злато

166450.52