Две камери на вториот кат, три на првиот кат каде што се наоѓа и неговата канцеларија и три на приземје. Сериозни сомнежи за злоупотреба на видео надзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија, објави а1.on.mk. Како што пренесува порталот, според ...

Технолошкиот универзитет „Шариф“, водечкиот ирански инженерски универзитет, бил погоден во воздушните напади на САД и Израел. Според достапните информации, оштетени се лаборатории, неколку згради, џамија и можен центар за податоци. Исто така, погодена е и блиска гасна централа. Иранските власти тврдат дека во нападот е употребена бомба за уништување на бункер. Универзитетот „Шариф“ често се нарекува „ирански МИТ“ и е клучен центар за наука, ...

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископоот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме Празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, коешто извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме целата ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, во Пентагон оствари средба со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман. На средбата беше потврдено дека стратешкото партнерство и соработката во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. Ова претставува цврста основа за нивно понатамошно продлабочување, унапредување и дополнително зајакнување на ...

Македонија утрово се разбуди со потпросечни температури за овој период од годината. Најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени, а висината на снежната покривка изнесува 41 сантиметар. Под нулата температурите се спуштија и во Берово, Лазарополе, Маврови Анови (-2) и Крива Паланка (-1). Во поголемиот дел од градовите температурите беа ниски, па така во Скопје се измерени 1 степен, во Тетово и Виница 2, додека во Битола и ...

Утре е Велики Петок- ден од Страдалната Седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што ...

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“; и „Палома Бјанка“; каде што наплатата ќе се одвива согласно ...

На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој ...

Приведен бил радовишанец, осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на планината Плачковица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К., 64-годишен радовишанец, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината ...

Русија денеска соопшти дека тврдењето на украинската разузнавачка служба дека руските и иранските хакери се здружиле е неточно. Тврдењата за некаков заеднички напор од страна на руските и иранските хакери се уште една лага на режимот во Киев и терористичката организација во Киев, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Москва, Марија Захарова. Таа ја обвини Украина за масовни кибер напади врз Русија, пренесуваат ...

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават стотина поети од земјава и од странство. Ќе има гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора. „Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…). Со ова мото сакаме да ја ...

Министерството за дигитална трансформација соопшти дека Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, одржан во Вашингтон, завршил со усвојување заедничка изјава и конкретни договори во областа на сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура. Од Министерството информираат дека САД ја најавиле намерата да обезбедат техничка поддршка за зајакнување на дигиталната инфраструктура на институциите во земјава преку ...

Војната како појава секогаш создава тешко замисливи случки, па така е и со конфликтот во Персискиот Залив. Една од највпечатливите такви „филмски сцени“ од војната на САД и Израел против Иран дојде од иранскиот град Бандар Абас, што се наоѓа на самиот Ормутски Теснец. Таму, и покрај воениот виор што го обзеде регионот, едно иранско девојче ужива на лулашка на плажа, додека во позадина се гледа како горат „огновите на војната“. Војната како ...

Лишени од слобода се двајца косовски државјани, во нивното возило се пронајдени мигранти од Пакистан, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода ...

Дејан Дуковски во македонската драма и театар влегува кон крајот на 80-тите и 90-тите години и тогаш се случува превртување на тогашната сцена. Дуковски постави тренд во европскиот театар. Иако многумина умеат да кажат дека фамозниот тренд на постмодерната драма, или познат како „театар на крв, сперма и пот“ (In yer face theatre), започнал од Англија и од Сара Кејн, всушност фактите велат дека тргнал токму од Скопје, од Македонија, од драмите ...

Мисијата „Артемис 2“ и четворицата космонаути на НАСА се подготвуваат за враќање на Земјата утре, откако патуваа до другата страна на Месечината, поточно ја заобиколија, во капсулата „Орион“. Со тоа, човекот стигна на најоддалечената точка од Земјата во историјата на човештвото. Пилотот на „Артемис 2“, Виктор Гловер, колегите астронаути на НАСА, Рид Вајзман и Кристина Кох, и канадскиот астронаут Џереми Хансен се првите астронаути во рамките ...

Астролозите направија интересна ранг-листа на хороскопските знаци според нивната популарност во друштво. Додека некои лесно привлекуваат внимание и пријателства, други повеќе ја ценат приватноста и блискиот круг на луѓе. На дното на листата се најде Шкорпија, знак кој повеќе ја цени довербата отколку популарноста. По неа следуваат Девица и Јарец, кои се фокусирани на стабилни односи и лични цели, наместо на широка социјална мрежа. Во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „очигледно разочаран“ од неколку земји-членки на трансатлантската алијанса, за време на вчерашниот состанок во Белата куќа, јави ДПА. Во разговор за Си-ен-ен Руте ги опиша разговорите како отворена дискусија меѓу „двајца добри пријатели“, но не откри дали е разговарано за потенцијално повлекување на САД од НАТО. Во меѓувреме, Трамп на својата ...

На 9. седница одржана на 8 април 2026 година, Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена иницијатива од страна на адвокат, Томислав Стефков и по сопствена иницијатива поведе постапка за член 78-љ од Законот за култура. Од уставно-судската анализа на овој предмет произлегоа три клучни прашања: дали колективниот договор ја надминува ...

Цената на нафтата ден по договореното примирје на Блискиот Исток повторно расте. Обновените израелски напади врз Либан предизвикаа сомнежи за трајноста на кревкото примирје, додека Ормускиот теснец останува во голема мера блокиран. Утрово фјучерсите за суровата нафта Брент скокнаа за речиси 2% на 96,8 долари за барел, а цената на американската нафта WTI порасна за 3% и сега изнесува 97,3 долари за барел. Иранските медиуми објавија дека ...

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, денеска рече дека е неприфатливо бродовите да плаќаат надомест за премин низ Ормускиот теснец, како што тоа го предложил Иран, оценувајќи дека таквиот потег би претставувал опасен преседан за слободата на пловидбата. Мицотакис потсети дека пловидбата низ Ормускиот теснец секогаш била слободна, порачувајќи дека таквата пракса мора да продолжи. Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател, ...

Дали Македонија се движи во вистинска насока на внатрешен и на надворешен план? Како власта се справува со нафтената криза предизвикана од војната на Блискиот Исток за „Република“ говори политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи. Тој во интервјуто вели дека ДУИ не може да се помири дека не е во Владата, но од друга страна Вреди покажа дека е неподготвена со кадар да биде дел од власта. Како ги оценувате протестите на студентите Албанци ...

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека САД никогаш не ветиле дека ќе го вклучат Либан во договорот за примирје со Иран, и покрај тоа што во Техеран можеби е стекнат поинаков впечаток. „Ако Иран сака преговорите да пропаднат поради Либан, тоа е нивен избор“, рече Венс пред заминувањето од Будимпешта, оценувајќи дека тоа би било „глупаво“. Претходно претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, на платформата Икс ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американските воени бродови и авиони остануваат во близина на Иран и се закани со можност за воена акција ако Техеран не го почитува потпишаниот договор. Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека „сите американски бродови, авиони и воени лица, заедно со дополнителна муниција и вооружување, ќе останат на позициите во и околу Иран се додека договорот целосно не се почитува“. Тој додаде ...

Од утре, 10 април, започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски ...

Сончево време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус три до седум Целзиусови степени, а дневната од 10 до 20 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. ...

На јавна седница Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одлучува по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на општина Струга. Како што најави владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа. Потоа ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на туристичката улица во Струга, каде што ќе даде изјава за медиуми. На крајот од посетата, наведуваат од Владата, ќе присуствува на увид на ...

Пискотници се слушаат од Лешок од Бихачка откако омилениот обвинител на СДСМ си поднесе оставка. Да, Ленче Ристовска реши дека веќе не сака да биде обвинител откако не стана главен ,Државен обинител. Ленче вели дека била многу разочарана од состојбата во која се наоѓало обвинителството. Ова за себе да не го зборува. Да не се пронајде во овие два посто доверба што го има обвинителство. Таа заборави или мисли дека ние заборавивме од каде доаѓа. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
87%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1017
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
84%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.17
93%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
59%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1015
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
90%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0037

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Калај

52.70

Родиум

319899.93