Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Иран и Оман постигнаа договор за географските координати на новата бродска рута низ Ормускиот теснец, а заедничко соопштение е во завршна фаза на подготовка, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи. Според Багаеи, преговорите меѓу Техеран и Мускат се одвиваат „професионално“ и двете страни постигнале заедничко разбирање за географските параметри на предложената рута. Тој додаде дека документот би ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди вознемирување врз основа на етничка и национална припадност во работен однос, по пријава од работник од ромска националност против негов претпоставен Албанец пишува скд.мк. Инцидентот се случил во ноември 2025 година во Тетово, при монтажа на противпожарни врати. По расправија околу погрешно измерена врата, работникот пријавил дека претпоставениот го навредувал и го нарекол ...
Новите авио линии го зголемија бројот на туристи во Охрид. Во текот на јули, охридскиот аеродром бележи раст од 41 отсто во споредба со истиот месец минатата година и реализирани 443 летови, односно 34,65% повеќе отколку во јули 2025 година. Градот станува атркативна дестинација, хотелиерите задоволни од исполнетоста велат само со добра понуда може да се биде конкурентен на пазарот. Гостите кои одмараат во главниот туристички центар најчесто ...
Инцидент во такси возило во Тетовско пријавил 20-годишен жител, кој навел дека неговата девојка и нејзината 16-годишна другарка биле изложени на непримерно однесување од страна на возачот, по што успеале да излезат од возилото во движење и да побараат помош. Според пријавеното, на 4 август околу 16:30 часот, во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И. (20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од село Пршовце, ...
53-годишна државјанка на Република Белорусија била пронајдена почината во хотел во Охрид. Случајот во СВР Охрид бил пријавен денеска во 07:45 часот. Станува збор за И.Т., која била пронајдена во хотелскиот објект. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, со цел да се утврдат причините и околностите за смртта. Од полицијата информираат ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село). Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и од Македонија, кои се наменети за ...
Владата денеска излезе со демант во врска со соопштението на СДСМ, во кое опозициската партија тврди дека договорот со „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните во Гостивар е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Од Владата нагласуваат дека станува збор за обид за манипулирање на јавноста и дезинформации и дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот преку тендер го ...
Жителите на кочанското село Тркање веќе две недели секојдневно се соочуваат со прекини во водоснабдувањето. Велат дека без вода остануваат по еден до два часа дневно, а кога повторно ќе потече од чешмите, таа е матна и нечиста. Поради тоа стравуваат од оштетување на апаратите во домаќинствата, но и од можни здравствени ризици. Дополнително реагираат дека и кога низ водоводната мрежа поминува само воздух, водомерите продолжуваат да ...
Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени ...
На 05.08.2026 во 02:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче“, полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште, во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови. -Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична ...
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По низата европски титули и бројните успеси на ридските патеки, македонскиот возач оваа сезона ќе настапува со прототип болид „Норма“, во најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој чекор, Стефановски станува првиот возач од Балканот кој ќе настапува со ваков прототип на официјални меѓународни натпревари. ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти. Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинале 14 жители, а најмалку 22 лица се повредени. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е ...
Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, предупреди дека Пјонгјанг ќе усвои „дополнителни воени опции“ како одговор на она што го нарече трансформација на Јапонија во воена сила, откако Токио тестираше крстосувачка ракета „Томахавк“ од американско производство. Во соопштението што го пренесе севернокорејската државна агенција КЦНА, Ким ја обвини Јапонија дека го надминала одбранбениот став и ги претворила своите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде отворена „многу брзо“ или Иран ќе биде „многу силно“ погоден во напад на Соединетите Американски Држави. -Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие (Иран) ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен – рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Трамп во јужна Калифорнија присуствуваше на вечера за собирање средства ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт. Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот ...
Неколку американски градови кои беа домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2026 година бараат ФИФА да ги исплати ветените средства, објавува „The Athletic“. Раководството на ФИФА постојано ги уверувало градските претставници дека секој ќе добие по еден милион долари. Средствата требало да се користат за развој на фудбалската инфраструктура и спроведување социјални проекти, но исплатите сè уште не се примени. ФИФА јавно нема ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува ...
Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако вчера официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако вчера со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина. Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк. Турнирот во Лајпциг ...
Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) од денеска до 15 август ќе биде организатор на кадетското Европско првенство од Б дивизијата. Во изминатите години КФСМ беше домаќин на повеќе младински европски првенства, а со организацијата на претстојниот У16 Евробаскет, како што е соопштено, уште еднаш ја потврдува својата позиција на сигурен и доверлив партнер на европската кошаркарска федерација. Домаќини на шампионатот ќе бидат Скопје и ...
Бразилскиот фудбалер Ендрик го информирал раководството на Реал Мадрид дека сака да го напушти клубот ова лето, напиша новинарот Јагиз Сабунџуоглу на социјалната мрежа Икс. Дваесетгодишниот напаѓач има тековен договор со „Кралевите“ до 2030 година. „Трансфермаркт“ ја проценува фудбалската вредност на Ендрик на 40 милиони евра. Фудбалерот ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Лион. На 21 натпревар за францускиот клуб, ...
Ако имате чувство дека комарците секогаш ве пронаоѓаат токму вас, додека луѓето околу вас минуваат без ниту едно каснување, можно е навистина да сте попривлечни за овие инсекти. Ново истражување на научници од Florida International University покажува дека луѓето не се подеднакво привлечни за комарците. Во експериментот учествувале 119 луѓе од Мајами, чиј мирис бил тестиран со три различни вида комарци – Aedes aegypti, Aedes albopictus и ...
Археолози открија ретка монументална мермерна статуа стара 2.500 години за време на ископувањата кај древниот град Сардис, во западна Турција, објави „Туркие тудеј“. Споменикот, висок 2,2 метри, прикажува млад човек во стоечка положба и се верува дека датира меѓу 470 и 450 година пр.н.е. - време кога градот Сардис бил стратешка точка на Персиското Царство. Наодот е откриен во два дела, поставени со лицето надолу. Научниците забележаа дека ...
Властите во Сингапур им забранија на двајцата водечки членови на британскиот трип-хоп-состав „Масив атак“ повторно да влезат во државата, откако развеале палестинско знаме и изразиле поддршка за палестинската кауза на концертот минатата недела. Сингапурската полиција соопшти дека двајца мажи се под истрага за нивните постапки за време на концертот на островската град-држава на 29 јули, кога, меѓу другото, развеале странски знамиња, а еден од ...
Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative). Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Демократска Република Конго. Победата на Афлек доаѓа една година по триумфот на ...
Меколи Калкин, детето-ѕвезда на првите два филма од серијалот „Сам дома“, наводно, разговарал со „Дизни“ за можно враќање во приказната. Според наводите што новинарот Мет Белони ги објави во својот подкаст, продукциската куќа е заинтересирана за американскиот глумец како Кевин Мекалистер кој сега е родител. Според замислата претходно претставена од самиот Калкин, навестеното продолжение би го следело возрасниот Кевин кој се соочува со ...
На Марс е откриено пространо подрачје покриено со необични шестоаголни структури што потсетуваат на саќе. Ваквите необични структури се откриени од роверот „Кјуриосити“ (Curiosity) на НАСА, кој во тој момент се движел по планината Маунт Шарп. Така наречените полигонални пукнатини и претходно биле забележани на Црвената Планета, но на помала површина. -Откритието на роверот навистина нè изненади, пред сè поради нивната голема ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација вчера ја совлада Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5. Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на ...