Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во вакви проекти. - За мене претставува посебна чест и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Дебар изјави дека доделувањето на 47 нови социјални станови претставува значаен чекор во обезбедувањето достоинствени услови за живот за најранливите категории граѓани. - Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории ...
Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...
Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. – Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид. Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со ...
По големиот мигрантски бран врз Суета, стотици мигранти вчера се обиделе од Мароко да влезат во шпанската енклава Мелиља. Околу 500 лица се обиделе да влезат во Мелиља, но биле спречени од шпанските безбедносни сили. Два часа подоцна мигрантите се обиделе да ја пробијат граничната ограда. Мигрантите фрлаа со камења кон безбедносните сили, кои одговорија со солзавец. Сè уште е непознато дали некој од мигрантите успеал да влезе во Мелиља. ...
Мигрантската криза во шпанската енклава Суета повторно ги зголеми тензиите помеѓу Шпанија и Израел, а според Мадрид истата е дел од поширока геополитичка борба. Изјавата на шпанската политичка аналитичарка Каролине Алонсо дека Израел се обидува да ја ослабне владата на Шпанија поради нејзиниот став кон војната во Појасот Газа предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим. Според неа, барањето на Италија, Шпанија привремено да се ...
Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо се прошири и утрово се ...
Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година. Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне во Албанија. – Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...
Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година. Како што информираа од МВР, обраќања на настанот ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Полициската академија Влатко Митковски. МИА Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се ...
Цените на становите уриваат рекорди. Во Центар стан од 50 квадрати е продаден за 168 илјади евра или 3.360 евра за квадрат. Агенцијата за катастар го објави Извештајот за 2 квартал годинава, кој покажува дека растот на цените продолжил. Кај старите станови, најголема постигната цена по метар квадратен регистриран е во Охрид. За 66 квадрати платени се 211 илјади евра или 3,200 евра за квадрат. Споредено со првиот квартал, бројот на продадени ...
Непознати сторители извршиле вандалски чин на гробиштата во селото Бороец, Струшко, каде што се искршени повеќе надгробни споменици и се осквернавени вечните почивалишта на многу Македонци. Жителите се вознемирени и револтирани од случувањето, оценувајќи дека станува збор за недозволив напад врз споменот на починатите и врз достоинството на нивните семејства. Тие бараат надлежните институции итно да преземат мерки, да го расчистат ...
Расте бројот и на новодијагностицирани и на критични пациенти со западно-нилска треска. Од 10 хоспитализирани со вест најл вирусот на Клиниката за инфективни болести, тројца се на респиратор.. Покрај 66 и 76 годишните пациенти кои се на одделот за интензивно лекување, од ноќеска поради влошување на состојбата на механичка вентилација е и 70 годишен скопјанец кој е со коморбидитети а заразата ја добил во земјата. -Пред да му се појават ...
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање. Инспекторите на ДИЖС, како што се посочува, спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските ...
Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април - јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...
Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34, Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 - покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што информира УХМР, попладнево ќе се ...
Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. - ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут. - Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша Мицкоски на Фејсбук. На средбата, ...
Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено ...
Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на ...
Ужасните снимки на кои се гледаат илјадници мигранти како ја преплавуваат шпанската енклава Сеута се предупредување за тоа што може да им се случи на Соединетите Американски Држави ако демократите се вратат на власт, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“. Запомнете ги овие снимки. Тоа ќе бидеме ние по три години, доколку победи погрешната страна – истакна Трамп. Ако демократите победат на изборите, вашиот живот нема да ...
Бугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, додека евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември. За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите Прогресивна Бугарија, Движење за права и слободи (ДПС) и Препород, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „Промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање, пренесе БТА. Пратениците на коалицијата ...
Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд - информираат од Царинската управа. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Првопријавениот Т.М., полицски ...
Реформа во пензискиот систем за сигурна пензија на идните пензионери. Од Асоцијацијата на.пензиски друштва од задолжителниот – 2 столб предлагаат воведување мултифондови, каде парите би се оплодувале со повисоки приноси, и зависно од возраста, би се вложувале во поризични акции. Моменталниот, конзервативен модел, им носи годишен принос од само 5,5% на идните пензионери и според законот, над половина од сумата мора да се вложува во државни ...
На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и директорот на Хидросистемот „Злетовица“, Златко Стојановски потпишаа договор за соработка, а предвидена е и реализација на грант од два милиони долари обезбеден од Светска банка. Министерот Серафимовски истакна дека со овие средства ќе се подготвува документацијата за проектите за наводнување и производство на електрична енергија, кои се дел од втората и третата фаза ...